Промени тема
Контакт

Бројот на заболени од овчи сипаници во пораст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
272805272_268309175433840_3108812876655375720_n

Овчите сипаници - најчесто регистрирано акутно заболување во месец декември минатата година се овчите сипаници или познати како варичела. Вкупно има 1 025 лица, стои во месечниот билтен на Институтот за јавно здравје.

„Овие бројки се сериозен показател за состојбата со заразните заболувања во земјава. Порастот на овчите сипаници, како и зголемената бројка на сексуално и крвно преносливи инфекции, бараат засилени превентивни мерки“, велат од ИЈЗ.

— реклама —

Во споредба со истиот период минатата година, бројот на пријавени случаи пораснал за 4,6%, а во однос на десетгодишниот просек, порастот изнесува 8%.

— реклама —

„Овој тренд укажува на потребата од редовна вакцинација и зголемена јавна свест за рано препознавање и превенција“, децидни се од Институтот.

Во месец декември евидентирани се и 6 случаи на Ковид-19. Но ова не е реална бројка бидејќи граѓаните не се тестираат и често сами се лекуваат.

— реклама —

Забележани се 7 случаи со сифилис, 6 со вирусен хепатит Б, 5 со вирусен хепатит Ц и 4 со инфекција со хламидија.

— реклама —

Од ретките заболувања има 4 случаи на голема кашлица и 2 на заразни заушки.

Еден случај на СИДА завршил со смрт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv97mbmnhbd5m1SmIn7E

ИЈЗ со совети како полесно да спиете во топлите ноќи: На ова особено внимавајте

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
toplo-vreme-768x556

Топлотниот бран е најопасен за повозрасните: ИЈЗ со совети како да се заштитат лицата над 65 години

Македонија | пред 1 месец

toplo-vreme-768x556

ИЈЗ со апел: Пијте повеќе вода и избегнувајте сонце од 11 до 17 часот поради високите температури

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

ИЈЗ: Фекалии и отпадни води се влеваат во Охридското Езеро, но водата е безбедна за капење

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања