„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ијз

media-libraryoepo6p4phpe53JaqnxH

ИЈЗ: Во ниту едно училиште во Карпош нема патогени бактерии, освен во „Димо Хаџи Димов“

Во ниту едно основно училиште на територијата на општина Карпош, освен во ОУ „Димо Хаџи Димов“, не се пронајдени патогени бактерии во храната или на работните површини, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).На 27 ноември, Агенцијата за храна и ветеринарство заедно со стручни тимови од Институтот спроведе вонредна хигиенска контрола во девет училишта. Од секое училиште биле земени мостри од подготвена храна и брисеви од работните површини во кујните.Според лабораториските анализи, кај испитаните примероци не е утврдено присуство на патогени бактерии, со исклучок на едно училиште каде на две површини биле откриени ентеробактерии – показател за недоволна хигиена при одржување на просторот.Резултатите од испитувањата во ОУ „Димо Хаџи Димов“, каде претходно беа откриени бактерии, веќе се доставени до надлежните институции за понатамошно постапување.ИЈЗ најавува дека ќе предложи измени во Националната годишна програма за јавно здравје и релевантната подзаконска регулатива. Целта е да се подигнат хигиенските стандарди во училиштата и градинките, како и да се обезбеди посигурна храна и вода, со што ќе се зајакне заштитата на јавното здравје.

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

ИЈЗ: Шест деца од „Димо Хаџи Димов“ се позитивни на норовирус

Комплетно се завршени анализите на мострите од вода земени од ООУ „Димо Хаџи Димов“ и физичко-хемиската анализа и микробиолошката анализа се во рамките на реферетните вредности, а тешки метали не се пронајдени, соопшти Институтот за јавно здравје.„Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храната и од работните површини, најдени се фекални бактерии enterobacteriacea во мусаката и на неколку површини од кујната и училиштето кои укажуваат на нехигиена во училиштето и во кујната. Од добиените 7 примероци на биолошки материјал кои ги имаме примено во ИЈЗ од децата кои јавиле симптоми, 6 се позитивни на норовирус“, стои во соопштението од ИЈЗ.Норовирусот, познат е и како зимски стомачен вирус.Норовирусот е заразен вирус и предизвикува акутен гастроентеритис или воспаление на желудникот и цревата. Се манифестира со повраќање и дијареја, и е една од најчестите причини за масовни труења со храна и стомачни инфекции во училишта, градинки и домови за стари лица.Ако детето покаже симптоми на норовирус веднаш треба да се побара медицинска помош. Лекувањето вклучува внесување на течности и електролити, антибиотиците не се ефикасни, бидејќи ова е вирусна инфекција.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

ИЈЗ: Водата во ООУ„Димо Хаџи Димов“ е безбедна, бактерии има во храната и кујната

Институтот за јавно здравје соопшти дека физичко-хемиската и микробиолошката анализа на водата земена од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ не покажала никакви неправилности и дека сите параметри се во рамките на референтните вредности.Од мострите не се утврдени присуство на тешки метали.Од ИЈЗ нагласуваат дека дежурните и приправни екипи продолжуваат да работат и за време на викендот, анализирајќи ги добиените мостри од училиштата, како и биолошки материјали доставени претходните денови, со цел навремено и ефикасно справување со ситуацијата.ИЈЗ потсети дека претходните резултати од анализите на храна и работни површини од истото училиште откриле фекални бактерии Enterobacteriaceae во мусаката и на неколку локации во кујната и училиштето, што укажува на сериозни пропусти во хигиената.Од седумте примероци на биолошки материјал доставени од деца со симптоми, шест биле позитивни на норовирус, потврди Институтот.За дополнителните мостри што пристигнале од уште девет училишта, јавноста ќе биде информирана во понеделник. ИЈЗ истакнува дека останува во континуирана комуникација со сите надлежни институции и ќе ги објави сите нови информации веднаш по нивното добивање.

Македонија | пред 3 седмици

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Инспекции во основното училиште во Влае по сомнеж за труење: денес резултатите, родителите сведочат за тешки симптоми

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека првичните сознанија за причините поради кои десетици ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопско Влае добија стомачни тегоби, повраќање и симптоми слични на труење ќе бидат познати денес. Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, потврди дека целата вечер се вршат лабораториски анализи на земените примероци од храна, вода, работни површини и од вработените во училишната кујна.Случајот предизвика огромна загриженост меѓу родителите, особено по сведоштвата дека дел од децата имале сериозни симптоми и барале итна медицинска помош. Еден родител за редакцијата опиша драматична ноќ:„Цела ноќ беше со повраќање на секои десет минути, со тешки болки и дехидрација. Состојбата беше страшна“, сведочи еден од родителите.Во меѓувреме, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори училишната кујна како потенцијален извор на зараза. Директорот Кирил Лазов информира дека е наредено вонредно чистење, дезинфекција, дезинсекција и дератизација, како и вонредни здравствени прегледи на сите вработени. „Ќе мора да се почекаат официјалните резултати“, изјави тој.Од Детската клиника соопштија дека двајца ученици се задржани на болничко лекување, а повеќе од десетина побарале медицинска помош. Директорот Реџеп Мемеди вели дека децата имале изразени стомачни тегоби и повраќање, но нивната состојба е стабилна.Меѓу учениците кои биле затруени бил и помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски, кој по два дена лекување е пуштен на домашна нега.Училиштето вчера беше со значително намалена присутност – многу родители ги земаа своите деца веднаш по дознавањето на информациите.ИЈЗ, АХВ и ДСЗИ продолжуваат со координирани проверки. Првичните резултати се очекуваат денес.

Македонија | пред 4 седмици

media-librarylclhl6kn1v3j2FxZ14P

Почна „сезоната” на грип, стотина прегледи на деца дневно

Почна периодот на вируси и инфекции. Зголемен е бројот на деца со респираторни инфекци. Во детската болница Козле само дневно се вршат и по стотина прегледи, иста е сликата и ви другите ординации и клиники.Симптоми за вирусите се зголемена температура и отежнато дишење, се најчестите симтоми кај децата кои доаѓаат на лекар, а децата од јасли, градинка и школските деца се најмногу подложни на заболување.Загадениот воздух дополнително влијае негативно врз дишните патишта кај децата, а есента е проблематична и за децата со астма и алергии.Според последниот извештај на ИЈЗ за една недела регистрирани се 117 случаи на грип и слични заболувања, а најмногу заболени има во Гостивар, Куманово и Тетово.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrnb2esi0g8jdbD5hEwW

ИЈЗ со препораки за населението во поплавените подрачја: Користете безбедна вода, фрлете ја контаминираната храна

Институтот за јавно здравје вечерва излезе со препораки за населението во поплавените подрачја во земјава. Најпрво препорачуваат да се обезбеди безбедна вода за пиење и да се следат информации од локалните служби.Ова се препораките на Институтот до населението во целост:1. Обезбедете безбедна вода за пиењеСледете информации од локалните служби за тоа дали водата е безбедна. До добивање официјална информација за исправноста на водоснабдувањето, користете флаширана вода или вода што е превриена најмалку 10 минути.На населението од поплавените подрачја се препорачува да користи флаширана вода за пиење, готвење, а доколку користат вода за пиење од локални водоводи, како и од индивидуални или јавни бунари, извори, кладенци, им се препорачува, како превентивна мерка, водата за пиење да ја превриваат во времетраење од 10 минути.2. Одржувајте лична хигиенаИзбегнувајте директен контакт со поплавена вода и редовно мијте ги рацете со сапун и чиста вода. Користете средства за дезинфекција како дополнителна мерка за заштита.Избегнувајте контакт со вода од поплавите бидејќи може да биде контаминирана со отпадни материи, микроорганизми или хемикалии што може да имаат штетно влијание врз здравјето.3. Постапување со хранаФрлете ја храната која дошла во контакт со поплавена вода — може да се контаминирала.Пред употреба, добро миење на прехранбените производи (овошје и зеленчук од пластениците) со безбедна вода за пиење. Храната да се подготвува со безбедна вода и задолжително термички да се обработува.4. Спречување појава на глодари и комарциПоплавите можат да поттикнат размножување на комарци (застојни води), а можна е појава и на глодари - тие можат да бидат преносители на болести.Иако бројот на комарци е значително намален во овој период, сепак потребно е да се отстрани застојната вода и да се исчисте околината за да се спречи нивно појавување при евентуални потопли денови.Поголемо внимание посветете на глодари (глувци, стаорци), кои често навлегуваат во објекти по поплави и во студените месеци бараат храна и засолниште. Чувајте ја храната во добро затворени садови. Редовно собирајте смет и држете го добро затворено.Елиминирајте влажни и оштетени материјали во домот и околината — тоа спречува појава на мувла и на инсекти што можат да се активираат и во ладни месеци.Се препорачува од јавно здравствен аспект, единиците на локална самоуправа во соработка со ЦЈЗ по повлекување на водата и исушување на почвата во дворните места, да пристапат кон детално механичко (физичко) чистење со отстранување на 2-3 сантиметри од површината на почвата (тињата) поради фекална контаминација и да се спроведе дезинфекција, дезинсекција и дератизација (ДДД) од овластена јавна здравствена установа (ЦЈЗ) по епидемиолошки индикации.5. Следење на здравствената состојбаБидете внимателни на симптоми како треска, стомачни проблеми (пр. дијареа), кожни инфекции — тоа може да бидат знаци на болести поврзани со контаминирана вода. Побарајте веднаш лекарска помош при појава на симптоми како треска, дијареа, кожни инфекции.Потребно е да се обезбеди присуство на лекар и медицинска во местата најпогодени од поплавените подрачја, со цел пружање на здравствена помош на сите категории население, посебно на лица со хронични заболувања, лица над 65 години, бремени жени и мали деца. Здравствената екипа да биде снабдена со неопходни медицински помагала и лекови за брза интервенција на терен.6. Информирање и следење на упатстваСледете ги препораките од надлежните служби и постапувајте согласно насоките. Редовно следете ги известувањата од надлежните служби – општинските органи, Центарот за јавно здравје и службите за водоснабдување.Стриктно придржувајте се до сите препораки поврзани со употреба на вода, движење во ризични подрачја и евентуални мерки за заштита.Надлежните ЦЈЗ редовно ја следат состојбата на терен, се во контакт со матичните лекари/ инфектолози и редовно го информираат ИЈЗ за евентуална појава за поголем број заболувања поврзани со поплавените подрачја со цел навремено превземање на мерки за превенција и контрола.цел навремено превземање на мерки за превенција и контрола.

Македонија | пред 1 месец

grip-12

Годинава поголем број на болни од грип отколку лани во истиот период

Според извештајот на ИЈЗ од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани  56 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела. Сепак, како што е наведено во извештајот, бројот на заболени од грип годинава е поголем, за разлика од ланската година во истиот периодЗа споредба, во 43. недела од минатата сезона, регистрирани беа 42 заболени лица - зголемување од 33,3 проценти, додека во однос на моделот за последните 15 сезони, се регистрира намалување од 10,5 отсто, појаснија од ИЈЗ.Најмногу има во Гостивар - 20 и Куманово - 15, а потоа во Прилеп - 7, Тетово и Радовиш - по 5, Струмица и Македонски Брод - по 2.Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 48 лица, лица над 65 години - 5, од 5-14 години - 2 лица и од 0-4 години - едно лице. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=22,03/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грипот изнесува 244, според податоците на ИЈЗ. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи бил зголемен за 64,9 проценти, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрирало зголемување од 21,9 отсто.Според ИЈЗ, вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот препорачува вакцинација на целото население, особено на лица од ризичните групи, а тоа се постарите лица над 65 години, деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени, здравствени работници.

Македонија | пред 1 месец

image-169785

Поради ризик од зарази: воведени итни мерки за чистење, дезинфекција и заштита на граѓаните

Министерството за здравство ги објави итните мерки и препораки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во врска со актуелната состојба со отпадот во Скопје, со цел спречување на можни заразни заболувања и заштита на населението.Граѓаните се повикуваат да ја одржуваат личната хигиена, да користат ракавици, маски и дезинфициенси при ракување со отпад, да го фрлаат отпадот совесно и само на означени локации, да ги затвораат капаците на контејнерите и да избегнуваат физички контакт со отпад или со исцедок од него. Се препорачува внимателност при шетање миленици и избегнување на застојана вода, како и заштита на сите лица кои професионално доаѓаат во контакт со отпад.Меѓу итните мерки Министерството бара итно отстранување на насобраниот отпад, вклучувајќи расфрлани ѓубришта во близина на болници, училишта, паркови и детски игралишта. Предвидени се вонредна дезинфекција, дератизација и дезинсекција, како и поставување физички бариери каде што отпадот не може веднаш да се исчисти.Се препорачува редовно празнење на контејнерите најмалку еднаш дневно, нивна дислокација подалеку од јавни простори и обезбедување заштитна опрема и задолжителна вакцинација за работниците во комуналните служби.Институтот за јавно здравје воведува и засилен епидемиолошки надзор со фокус на заболувања како лептоспироза, дијареи и зоонози, а граѓаните ќе бидат едуцирани преку јавни кампањи за хигиена и препознавање симптоми на можни инфекции.Како долгорочни решенија, Министерството предлага интегриран систем за управување со комунален отпад, редовна едукација за селекција на отпадот, воведување казни за несовесно одлагање и вклучување на локалните заедници во решавањето на проблемот преку програми за наградување и рециклирање.

Македонија | пред 2 месеци

trubarevo-mehanizacija-kamioni-bulduzer-1546

ИЈЗ: Нема зголемена радијација во воздухот, сите мерења се во рамки на нормалниот фон

Институтот за јавно здравје на Република Македонија соопшти дека во периодот од 7 до 14 септември 2025 година автоматскиот систем за мерење на радијација во воздухот работел непрекинато и ги следел податоците од сите 14 мерни станици во земјата.Според резултатите, во Скопје (станица MKMP-1) просечната вредност изнесувала 51 нано сиверт на час, со најниски и највисоки регистрирани вредности од 51 до 69 нано сиверти на час.Денес, на 14 септември во 11:30 часот, регистрирани биле 50 нано сиверти на час – што, како што нагласуваат од ИЈЗ, е во рамки на природниот радијациски фон и не претставува никаква опасност за здравјето на граѓаните.„Нема никакви вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или на ризик за здравјето на населението. Во моментот нема одстапувања од нормалните референтни вредности“, велат од Институтот.Екипи на ИЈЗ по насока на Министерството за здравство и инспекторатот за животна средина земаат примероци од почва и вода во непосредна близина на засегнатите подрачја за физичко-хемиска анализа и за дополнителна проверка на евентуално присуство на јонизирачко зрачење.Институтот најавува дека по обработката на податоците резултатите ќе бидат објавени за јавноста и додава дека состојбата внимателно се следи во координација со сите надлежни институции. Препораката до граѓаните е и понатаму да ги следат официјалните насоки и информации од ИЈЗ.

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2025-07-09-at-18.03.05

ИЈЗ со вонредни препораки поради чадот од пожарите – граѓаните да ги исклучат климите и да не излегуваат

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) издаде вонредни препораки до населението поради зголеменото загадување на воздухот предизвикано од активните пожари ширум државата. Граѓаните кои се наоѓаат во подрачја погодени од чад и дим се повикуваат веднаш да ги исклучат климатизерите и вентилационите системи што внесуваат воздух однадвор.Препораките доаѓаат откако, според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 13 часот денеска биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 10 сè уште се активни. Најмногу чад се чувствува во неколку скопски општини, каде ситуацијата дополнително се влошува поради силен ветер што ја шири прашината и отпадот.ИЈЗ апелира граѓаните да ги држат прозорците и вратите затворени, да останат во затворени простории со минимален контакт со надворешниот воздух, и да ги следат следните препораки:• Да се запечатат сите процепи околу прозорците и вратите со влажни крпи или самолеплива лента;• Да се користи заштитна маска од типот FFP2, FFP3, N95 или специјални противгасни маски;• Во недостаток на маска, носот и устата да се прекријат со влажна крпа (привремена заштита);• Најзагрозените категории – деца, постари лица, бремени жени и лица со хронични болести – да не излегуваат од затворени простории;• При симптоми како што се отежнато дишење, кашлица или вртоглавица, веднаш да се побара медицинска помош;• Да се подготви торба за евакуација со основни документи, лекови, вода, храна и заштитна опрема.Институтот предупредува дека изложеноста на чад и токсични честички може да има сериозни последици врз здравјето, особено кај ранливите категории. Надлежните институции апелираат на будност и строго придржување до препораките.

Македонија | пред 5 месеци

Toploten-bran

Екстремни горештини од утре го зафаќаат регионот – здравствените власти апелираат на внимателност кај најранливите!

Македонија се подготвува за нов, интензивен топлотен бран кој се очекува да го зафати целиот регион. Под влијание на многу топла воздушна маса од јужните краишта, од утре па сè до средината на наредната недела, земјава ја очекува период со исклучително високи температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) преку официјален допис.Времето ќе биде претежно сончево со слаба до умерена облачност, а температурите речиси насекаде ќе надминуваат 30°C. Во одредени делови од земјата термометрите ќе покажат и над 40°C. Според најавите, неделата попладне и вечерта може да донесе краткотрајна нестабилност со локални врнежи и грмежи.Во пресрет на жештините, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати сериозни препораки, особено насочени кон заштита на повозрасните граѓани, хронично болните и другите ризични групи.Според ИЈЗ, повозрасните лица треба да избегнуваат директно изложување на сонце и физички активности на отворено, особено во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува носење светла, лесна и памучна облека, капи со широк обод, очила за сонце и задолжително користење заштитен крем со УВ фактор од најмалку 30 кога се излегува надвор.Исто така, важно е да се внесува повеќе течност од вообичаено – најдобро обична вода – и да не се чека до појава на жед. Се апелира на избегнување алкохол, пијалаци со кофеин и екстремно студени напивки, кои може да предизвикаат шок за телото. Доколку лицето има медицински препораки за ограничен внес на течности, неопходно е претходно да се консултира со лекар.Во делот на домашните активности, ИЈЗ советува да не се користат шпорети, рерни и други извори на топлина во најжешкиот дел од денот, бидејќи тоа дополнително ја зголемува температурата во затворените простории.– Хронично болните лица, особено оние со срцеви, белодробни и невролошки заболувања, мора строго да се придржуваат до овие насоки и редовно да ја земаат својата терапија – порачуваат од Институтот.Во случај на било какви промени во здравствената состојба, граѓаните треба веднаш да се јават кај својот избран матичен лекар – се наведува во соопштението.

пред 5 месеци

sonce-so-termometar

ИЈЗ со препораки за претстојниот пеколно топол бран

Оваа недела не очекува пеколно топло време, сончево и топло време со температури до 39 степени.Со препораки за заштита излезе Институтот за јавно здравје за почитување на мерките за заштита на здравјето на популацијата , а посебно на ранливите групи на население во услови на високи температури.ИЈЗ предлага разгледување на можноста за потенцијално работење онлајн, флексибилно работно време, двократно работење или надополнување на изгубеното работно време. ИЈЗ препорачува избегнување на работа на отворено во периодот од 11 до 17 часот, почести паузи и постојано конзумирање на течности и електролити.За вработените, ИЈЗ препорачува урамнотежена исхрана, внесување минимум два литра вода дневно, избегнување алкохол и кофеин, и внесување електролити при засилено потење.За целата популација ИЈЗ препорачува редовен одмор, доволно спиење, туширање, носење лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капи и крем со УВ фактор 30+ при работа на отворено. Клучно е и препознавањето на симптомите на топлотен удар како што се вртоглавица, замор, вознемиреност, повраќање.При симптоми на топлотен удар веднаш да се повика 194 или 112. Лицето треба да се префрли во разладена просторија, да легне хоризонтално со подигнати нозе, да се лади со ладни облози и прскање со вода како и да не се дава терапија додека не пристигне лекарска помош. Ако лицето е во бессознание, да се постави во странична положба.

Македонија | пред 6 месеци

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Пеколно топло, ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Температурите растат и нема најава за заладување.Институтот за јавно здравје објави низа препораки за заштита на населението од потенцијално опасните ефекти на топлотните бранови. Апелот е насочен кон сите граѓани, со особен фокус на најранливите категории – постари лица над 60 години, деца, бремени жени, хронично болни, лица со прекумерна тежина, оние со ментални нарушувања и граѓани кои се подложени на специфични терапии.ИЈЗ предупредува дека ризикот од здравствени компликации е најголем кај оние кои работат или престојуваат на отворено во текот на најжешките делови од денот.Ова се препораките од ИЈЗ:-Избегнувајте престој на сонце од 11 до 17 часот.-Облечете лесна, широка облека во светли бои; носете капа со широк обод и очила за сонце.-Престојувајте во климатизирани простории, кога е можно.-Ако морате да бидете надвор, одмарајте често во сенка и избегнувајте директна изложеност на сонце.-Пијте доволно течности – вода пред сè – и не чекајте да се појави жед.-Никогаш не оставајте луѓе или животни во паркирани возила, дури ни за кратко.-Туширајте се со млака вода или ставете ладни облоги на телото.-Лицата со хронични болести строго да ги следат препораките и редовно да ја земаат терапијата, по консултација со матичен лекар.Институтот предупредува: ако некое лице покажува знаци на топлотен удар – како што се топла и сува кожа, болки во стомакот или губење на свест, веднаш да се повика итна медицинска помош на броевите 194 или 112.

Македонија | пред 6 месеци

272805272_268309175433840_3108812876655375720_n

Грипот зема замав, еден починат и нови 3.035 заболени

Извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 17 до 23 месецов покажува раст на заболените од грип. Пријавени се 3.035 случаи на заболени од грип или за 11,3 проценти повеќе во споредба со претходната недела. Пријавен е и еден смртен случај на Клиниката за пулмологија. Починатото лице било на 78 годишна возраст, кое било невакцинирано, и со хронични заболувања.„Сѐ уште сме во широка географска распространетост, но, со средна активност на вирусот на грип. Се очекува и според историските податоци, постепено намалување и да излеземе од овој период”, изјави д-р Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија во ИЈЗ.Според анализата на ИЈЗ годинава имаме пријавено повеќе од 17.000 болни од грип, што се должи пред сѐ на некои на мутации на вирусот.„Тоа на што апелираме уште од почетокот на сезоната, е, почитување на општите мерки на превенција за респираторни заболувања воопшто, каде припаѓа и грипот. Избегнување контакт со заболени лица, избегнување простории каде што има голем број лица, често проветрување на просториите каде што се престојува, слоевито облекување, топло во ладните зимски денови и консумирање свежи продукти богати со витамини и минерали - овошје и зеленчук. Кога би се појавиле симптоми, тогаш да се избегнува контакт со други луѓе, да не ги доведуваат во ризик, да се остане дома, да се пијат многу течности и секако, доколку се чувствува влошување на симптомите, веднаш да се контактира матичен лекар или инфектолог“, рече д-р Кочински.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-02-20-at-13.09.09

Се намалува бројот на заболени од грип: избегнувајте да седите во простории со повеќе луѓе, проветрувајте и грејте дома

Оваа и претходната недела има намалување на заболени од грип. Но, ако бројките на заболени се споредат со истиот период од минатата година - тие се драстично зголемени. Во сезоната 2024-2025 година, вкупен број на случаи на грип е 14.340, во споредба со истиот период минатата година бројот бил 11.921. Ова значи дека бројот на пријавени случаи е за 20,3% повеќе. Досега, нема смртни случаи од грип и инфуенца.„Бројката во овој период е значително повисока, од минатата година. Среќа, имаме втора недела по ред намалување“. 1.494 лица се од 15 до 64 години, 655 лица се деца од 5 до 14 години, 289 се лица од 65 години и 288 лица се деца од 0 до 4 години. Најмногу пријавени, 616 лица во Скопје, 286 лица во Битола, во Куманово 149, Струмица 202“, рече директорката на ИЈЗ Марија Андоновска.Директорката додаде да се следат препораките, а тоа значи да се избегнуваат простории каде има повеќе луѓе, да проветруваат, да затоплуваат, да мијат раце. За заболените, треба да остнаат дома, децата да не одат во училиште, да немаат контакт со здрави лица.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања