Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Инспекции во основното училиште во Влае по сомнеж за труење: денес резултатите, родителите сведочат за тешки симптоми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека првичните сознанија за причините поради кои десетици ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопско Влае добија стомачни тегоби, повраќање и симптоми слични на труење ќе бидат познати денес. Директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, потврди дека целата вечер се вршат лабораториски анализи на земените примероци од храна, вода, работни површини и од вработените во училишната кујна.

Случајот предизвика огромна загриженост меѓу родителите, особено по сведоштвата дека дел од децата имале сериозни симптоми и барале итна медицинска помош. Еден родител за редакцијата опиша драматична ноќ:

— реклама —

„Цела ноќ беше со повраќање на секои десет минути, со тешки болки и дехидрација. Состојбата беше страшна“, сведочи еден од родителите.

— реклама —

Во меѓувреме, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ја затвори училишната кујна како потенцијален извор на зараза. Директорот Кирил Лазов информира дека е наредено вонредно чистење, дезинфекција, дезинсекција и дератизација, како и вонредни здравствени прегледи на сите вработени. „Ќе мора да се почекаат официјалните резултати“, изјави тој.

Од Детската клиника соопштија дека двајца ученици се задржани на болничко лекување, а повеќе од десетина побарале медицинска помош. Директорот Реџеп Мемеди вели дека децата имале изразени стомачни тегоби и повраќање, но нивната состојба е стабилна.

— реклама —

Меѓу учениците кои биле затруени бил и помалиот син на премиерот Христијан Мицкоски, кој по два дена лекување е пуштен на домашна нега.

Училиштето вчера беше со значително намалена присутност – многу родители ги земаа своите деца веднаш по дознавањето на информациите.

ИЈЗ, АХВ и ДСЗИ продолжуваат со координирани проверки. Првичните резултати се очекуваат денес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3oil7fitfo4reoPMrbM

Не мора секој да студира, некој треба да остане и кај пештерите ако му е до таму развојот, вели Ина за тие кои оштетуваа студентски дом

Коментари | пред 2 часа

— реклама —
skolo

Околу 10.800 средношколци од септември учат по нови стручни програми

Македонија | пред 1 месец

media-libraryl9unevo1tj5s4SAL6Kq

Мајка на две деца со аутизам: „Седам со нив на училиште бидејќи немаат образовни асистенти - не барам привилегија, туку да се рамноправни!“

Коментари | пред 1 месец

media-library6urum74kfps0eJ5qOvU

Охридскиот студентски дом под клуч, проверки во пет универзитети, 18 институти се затворени поради незаконско работење, рече Јанева

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања