Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Поради ризик од зарази: воведени итни мерки за чистење, дезинфекција и заштита на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
image-169785

Министерството за здравство ги објави итните мерки и препораки на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во врска со актуелната состојба со отпадот во Скопје, со цел спречување на можни заразни заболувања и заштита на населението.

— реклама —

Граѓаните се повикуваат да ја одржуваат личната хигиена, да користат ракавици, маски и дезинфициенси при ракување со отпад, да го фрлаат отпадот совесно и само на означени локации, да ги затвораат капаците на контејнерите и да избегнуваат физички контакт со отпад или со исцедок од него. Се препорачува внимателност при шетање миленици и избегнување на застојана вода, како и заштита на сите лица кои професионално доаѓаат во контакт со отпад.

— реклама —

Меѓу итните мерки Министерството бара итно отстранување на насобраниот отпад, вклучувајќи расфрлани ѓубришта во близина на болници, училишта, паркови и детски игралишта. Предвидени се вонредна дезинфекција, дератизација и дезинсекција, како и поставување физички бариери каде што отпадот не може веднаш да се исчисти.

Се препорачува редовно празнење на контејнерите најмалку еднаш дневно, нивна дислокација подалеку од јавни простори и обезбедување заштитна опрема и задолжителна вакцинација за работниците во комуналните служби.

— реклама —

Институтот за јавно здравје воведува и засилен епидемиолошки надзор со фокус на заболувања како лептоспироза, дијареи и зоонози, а граѓаните ќе бидат едуцирани преку јавни кампањи за хигиена и препознавање симптоми на можни инфекции.

— реклама —

Како долгорочни решенија, Министерството предлага интегриран систем за управување со комунален отпад, редовна едукација за селекција на отпадот, воведување казни за несовесно одлагање и вклучување на локалните заедници во решавањето на проблемот преку програми за наградување и рециклирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

toplo-vreme-768x556

Топлотниот бран е најопасен за повозрасните: ИЈЗ со совети како да се заштитат лицата над 65 години

Македонија | пред 19 часа

toplo-vreme-768x556

ИЈЗ со апел: Пијте повеќе вода и избегнувајте сонце од 11 до 17 часот поради високите температури

Македонија | пред 6 дена

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

ИЈЗ: Фекалии и отпадни води се влеваат во Охридското Езеро, но водата е безбедна за капење

Македонија | пред 3 седмици

media-library1a5f45ubap242imkjSY

Од кабел вреден 15.000 евра до прослава од 50.000 евра: Антикорупциската ги истражува наодите за ИЈЗ

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања