Промени тема
Контакт

ИЈЗ: Тетовец почина по компликации од грип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
grip

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице по компликации од грип, соопшти Институтот за јавно здравје во неделниот извештај.

Лицето било хоспитализирано на инфективното одделение во Клиничката болница Тетово. Кај починатото лице било утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Лабораториски е потврдена Influenza А(H3), соопштија од Институтот.

— реклама —
— реклама —

Инаку во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија биле пријавени 1.498 случаи на групни пријави за заболени од грип или 12,3% помалку во споредба со претходната недела , кога биле 1.708. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со петтата недела од минатата сезона (3.036) е намален за 50,7%.

— реклама —

„Во однос на возраста, 866 лица се на возраст од 15-64 години, 247 се деца на возраст од 5-14 години, 224 се лица на возраст над 65 години, 161 – деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца ) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години. Заболените лица се пријавени од Скопје – 473, Прилеп – 146, Струмица – 139, Охрид – 99, Битола – 77, Штип – 70, Тетово – 63, Гевгелија – 61, Куманово – 59, Дебар – 43, Велес 36, а во Радовиш, Кичево, Кавадарци, Струга, Гостивар, Ресен, Неготино, Свети Николе, Кратово, Крушево, Виница, Демир Хисар, Пробиштип, Кочани, Македонски Брод, Пехчево, Валандово, бројот на заболени е помал од 30. Во Берово, Делчево и Крива Паланка нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип. Во Охрид, Дебар, Гевгелија се бележи висока активност, средна активност се регистрира во осум центри, во 14 се бележи сезонска активност, додека во три единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип“, според ИЈЗ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryv97mbmnhbd5m1SmIn7E

ИЈЗ со совети како полесно да спиете во топлите ноќи: На ова особено внимавајте

Македонија | пред 1 седмица

toplo-vreme-768x556

Топлотниот бран е најопасен за повозрасните: ИЈЗ со совети како да се заштитат лицата над 65 години

Македонија | пред 2 седмици

toplo-vreme-768x556

ИЈЗ со апел: Пијте повеќе вода и избегнувајте сонце од 11 до 17 часот поради високите температури

Македонија | пред 2 седмици

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

ИЈЗ: Фекалии и отпадни води се влеваат во Охридското Езеро, но водата е безбедна за капење

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања