Промени тема
Контакт

ИЈЗ со вонредни препораки поради чадот од пожарите – граѓаните да ги исклучат климите и да не излегуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-07-09-at-18.03.05

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) издаде вонредни препораки до населението поради зголеменото загадување на воздухот предизвикано од активните пожари ширум државата. Граѓаните кои се наоѓаат во подрачја погодени од чад и дим се повикуваат веднаш да ги исклучат климатизерите и вентилационите системи што внесуваат воздух однадвор.

Препораките доаѓаат откако, според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК), до 13 часот денеска биле регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 10 сè уште се активни. Најмногу чад се чувствува во неколку скопски општини, каде ситуацијата дополнително се влошува поради силен ветер што ја шири прашината и отпадот.

— реклама —

ИЈЗ апелира граѓаните да ги држат прозорците и вратите затворени, да останат во затворени простории со минимален контакт со надворешниот воздух, и да ги следат следните препораки:

• Да се запечатат сите процепи околу прозорците и вратите со влажни крпи или самолеплива лента;

— реклама —

• Да се користи заштитна маска од типот FFP2, FFP3, N95 или специјални противгасни маски;

• Во недостаток на маска, носот и устата да се прекријат со влажна крпа (привремена заштита);

— реклама —

• Најзагрозените категории – деца, постари лица, бремени жени и лица со хронични болести – да не излегуваат од затворени простории;

• При симптоми како што се отежнато дишење, кашлица или вртоглавица, веднаш да се побара медицинска помош;

— реклама —

• Да се подготви торба за евакуација со основни документи, лекови, вода, храна и заштитна опрема.

Институтот предупредува дека изложеноста на чад и токсични честички може да има сериозни последици врз здравјето, особено кај ранливите категории. Надлежните институции апелираат на будност и строго придржување до препораките.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv97mbmnhbd5m1SmIn7E

ИЈЗ со совети како полесно да спиете во топлите ноќи: На ова особено внимавајте

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
toplo-vreme-768x556

Топлотниот бран е најопасен за повозрасните: ИЈЗ со совети како да се заштитат лицата над 65 години

Македонија | пред 1 месец

toplo-vreme-768x556

ИЈЗ со апел: Пијте повеќе вода и избегнувајте сонце од 11 до 17 часот поради високите температури

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

ИЈЗ: Фекалии и отпадни води се влеваат во Охридското Езеро, но водата е безбедна за капење

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања