Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ИРАН

Нема фотографија

(ВИДЕО) Уапсенa актерка во Иран оти во видео ја извадила марамата

Иранската полиција ја уапси актерката Хангамех Газиани бидејќи на една видеоснимка ја извадила марамата во знак на протест поради смртта на 22-годишната Маса Амини.Газиани е уапсена поради поттикнување и поддршка на „немири“ и комуникација со опозициските медиуми, објави државната новинска агенција ИРНА.Иранското правосудство соопшти дека ја повикало актерката, како и седум други личности од светот на филмот, политиката и спортот, поради објавување „провокативна“ содржина за поддршка на протестите.Актерката претходно изјави дека добила покана од судот, а на Instagram објави видео на кое го симнува превезот.– Можеби ова ќе биде мојата последна порака. Отсега, што и да ми се случи, знајте дека како и секогаш, јас сум со иранскиот народ до последен здив“, напиша актерката во саботата навечер.Таа изминатите недели силно го критикуваше задушувањето на демонстрациите, обвинувајќи ги властите за убивање деца и млади луѓе за време на протестите.Протестите во Иран почнаа на 16 септември, откако Амини почина откако беше уапсена од полицијата за морал поради непочитување на строгите ирански кодекс за облеката на жените.Демонстрациите подоцна се претворија во движење против иранските верски власти. Според податоците на невладините, во задушувањето на тие протести загинале неколку стотици луѓе, додека околу 15.000 се уапсени. Некои од уапсените се осудени на смрт.

Магазин | пред 3 години

tramp-1

Во куќата на Трамп пронајдени чувствителни информации за Кина и Иран

Во куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се пронајдени чувствителни информации за Кина и Иран.Високочувствителните разузнавачки информации за Иран и Кина се содржани во некои документи што ги пронашло ФБИ за време на августовскиот претрес на домот на поранешниот американски претседател во Флорида, објави денеска „Вашингтон пост“, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.https://twitter.com/washingtonpost/status/1583474401239920643?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1583474401239920643%7Ctwgr%5Ed99ad7ee28273548123530eee691044ce2243678%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0bfd180d0bed0bdd0b0d198d0b4d0b5d0bdd0b8-d182d0b0d198d0bdd0b8-d0b4d0bed0bad183d0bcd0b5d0bdd182d0b8-d0b2d0be-d0bad183d19cd0b0d182d0b0%2FСтанува збор за тајни документи кои ја опишуваат разузнавачката работа поврзана со Кина, а барем еден од нив се однесува на ракетната програма на Иран, пренесува „Ројтерс“.Објавувањето информации од документите би донело повеќекратни ризици, вклучително и загрозување на луѓето кои ја помагаат работата на американските разузнавачки служби, цитира американски експерти.Министерството за правда истражува дали Трамп го прекршил законот земајќи владини документи откако ја напушти функцијата во 2021 година, вклучително и околу 100 доверливи документи што ги преселил во својот имот на Флорида.

Актуелно | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања