Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ИРАН

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Белата куќа одби да коментира за новиот ирански предлог

Белата куќа во петокот соопшти дека нема да открива детали од приватните дипломатски разговори, откако беше поставено прашање за нов ирански предлог за продолжување на преговорите со САД, кој бил доставен преку посредници од Пакистан.Портпаролката Ана Кели изјави за „Ројтерс“ дека администрацијата не споделува детали од приватни дипломатски контакти, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп останува јасен во ставот дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје и дека разговорите продолжуваат со цел да се обезбеди краткорочна и долгорочна национална безбедност на САД.Според иранската државна агенција ИРНА, Техеран доставил нов предлог за продолжување на преговорите со САД со цел трајно завршување на конфликтот. По речиси 40 дена размена на воздушни напади меѓу Израел, САД и Иран, прекинот на огнот стапи на сила на 8 април, но мировните преговори останаа во застој.Досега е одржана само една рунда разговори, на 11 април во Пакистан, која не донесе резултат. Во меѓувреме, според извештаите, ситуацијата околу Ормускиот теснец останува напната, додека Вашингтон одржува ограничувања кон иранските пристаништа.Претходно оваа недела, Трамп одби претходен ирански предлог, кој, според „Аксиос“, предвидувал одложување на разговорите за нуклеарното прашање, што останува клучна точка на спор меѓу САД, Израел и Иран.

Свет | пред 10 часа

media-libraryltgfciv6kg2k8VHrvtt

Иран егзекутира млад каратист осуден за учество во протести

Иран изврши смртна казна над 21-годишниот каратист Сасан Азадвар, кој беше уапсен за време на протестите, во период кога Обединетите нации и организациите за човекови права предупредуваат на нагло зголемување на смртните казни и масовни апсења, пренесува Еуроњуз.Сасан Азадвар Џонкани, млад спортски првак во карате, беше погубен во затворот Дастгерд во Исфахан. Тој беше уапсен на почетокот на јануари за време на протестните собири.Според иранските правосудни органи, Азадвар бил осуден за „непријателство против Бог“ и за наводна соработка со „непријателот“. Обвиненијата се поврзани со наводни инциденти за време на протестите, вклучително и напади врз безбедносните сили.Од друга страна, организациите за човекови права тврдат дека случајот е обележан со сериозни правни нејаснотии и дека обвинетиот бил подложен на тортура со цел да се изнуди признание. Тие наведуваат и дека немало веродостојни докази против него.Според податоци на Обединетите нации, Иран од почетокот на конфликтот извршил смртна казна над најмалку 21 лице и привел повеќе од 4.000 луѓе, додека Амнести Интернешнл предупредува на зголемен број егзекуции, присилни исчезнувања и случаи на мачење.Претставници на иранското правосудство порачаа дека судските процеси ќе се водат забрзано и дека земјата нема да ги прифати меѓународните повици за прекин на извршувањето на смртните казни.

Свет | пред 11 час

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Нова надеж за договор меѓу Иран и САД, но главниот спор може да го сруши процесот

Иран испрати нов предлог за продолжување на преговорите со САД, во обид да се придвижи процесот што со недели е во застој, но без јасни сигнали дека договор е блиску.Според иранската државна агенција ИРНА и повеќе извори, Техеран го доставил предлогот преку посредници од Пакистан. Деталите не се објавени, но станува збор за уште еден обид да се најде решение за ставање крај на конфликтот.Веста влијаеше и на енергетските пазари, при што цените на нафтата бележат пад по претходниот раст предизвикан од блокадата на Ормускиот теснец – клучна рута низ која поминува околу 20 проценти од светските резерви на нафта и гас.Иако новиот предлог покажува дека дијалогот не е целосно прекинат, останува нејасно дали ги адресира главните точки на спор. Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно одбил ирански предлог со кој се барало одложување на разговорите за нуклеарната програма и фокусирање на укинување на поморската блокада во Ормускиот теснец.Вашингтон инсистира нуклеарното прашање да се решава веднаш. Предлозите доставени од американскиот пратеник Стив Виткоф вклучуваат барања Иран да не преместува збогатен ураниум од погодените постројки и да не ги обновува активностите на тие локации за време на преговорите – прашање што останува главна пречка.Во меѓувреме, неизвесна останува и судбината на Ормускиот теснец. Иран го држи затворен, додека американската морнарица го блокира извозот на иранска нафта. Иранскиот врховен лидер Мојтаба Хамнеи порача дека Техеран ќе ја задржи контролата врз овој стратешки премин, што предизвикува остри реакции кај сојузниците на САД во регионот.Советникот на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Анвар Гаргаш, предупреди дека не може да се има доверба во еднострани решенија од Иран по, како што рече, „агресијата врз соседните земји“.И покрај тоа што примирјето е во сила од 8 април, по речиси 40 дена израелски и американски воздушни напади врз Иран и возвратни удари од Техеран, тензиите не стивнуваат. Преговорите заглавија уште по првата рунда одржана на 11 април во Пакистан.Иран веќе ја активирал противвоздушната одбрана, проценувајќи можност за ограничен американски напад, по што би следел поширок одговор. Од Иранската револуционерна гарда предупредија дека секој нов напад би довел до „долготрајни и болни удари“ врз американски цели во регионот.Во меѓувреме, администрацијата на Трамп се соочува со рокови според Законот за воени овластувања, додека во Белата куќа се разгледуваат различни сценарија – од засилена блокада и дипломатски решенија, до можни воени операции за отворање на Ормускиот теснец за трговски сообраќај.И покрај размената на предлози, и двете страни предупредуваат дека брз напредок не се очекува. САД повторуваат дека нема да дозволат развој на нуклеарно оружје, додека Иран тврди дека неговата програма е исклучиво цивилна.Новиот предлог остава простор за продолжување на разговорите, но без решавање на клучните спорови, особено околу нуклеарната програма и контролата врз Ормускиот теснец, постои ризик застојот да продолжи и дополнително да се продлабочи.

Свет | пред 14 часа

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Тензии меѓу Иран и САД растат: Техеран обвинува за агресија и најавува воено зајакнување

Иранските власти ја заоструваат реториката кон Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху, обвинувајќи ги САД и Израел за, како што наведуваат, агресија и погрешно прикажување на трошоците од конфликтот што започна на 28 февруари.Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека Вашингтон ги преувеличува финансиските последици од војната и дека вистинските трошоци се далеку повисоки од официјално објавените процени. Тој додаде дека товарот од конфликтот директно паѓа врз американските даночни обврзници.Во меѓувреме, иранските правосудни и политички претставници нагласуваат дека Техеран не се откажал од можноста за преговори, но дека нема да прифати услови под притисок. Според нив, дипломатијата мора да се заснова на рамноправност и меѓусебно почитување, а не на закани и наметнување решенија.Иранскиот став дополнително се заострува и во однос на безбедноста во Персискиот Залив и Ормутскиот теснец, каде што властите најавуваат засилено воено присуство и развој на нови капацитети. Техеран испраќа порака до земјите од регионот да не дозволуваат присуство на странски воени сили, особено американски бази.Според иранските официјални изјави, контролата врз стратешките поморски рути се смета за клучна за националната безбедност, а најавите за ново вооружување дополнително ги зголемуваат тензиите во регионот.

Свет | пред 19 часа

media-library4p18jn9maob39SFldnK

Хиперсоничното оружје на Америка во фокус: САД размислуваат за распоредување на „Dark Eagle“ на Блискиот Исток

Американската војска разгледува можност за распоредување на новото хиперсонично оружје „Dark Eagle“ на Блискиот Исток, откако Иран ги преместил своите балистички ракети надвор од досегот на постојните американски системи.Според наводи на американски медиуми, Централната команда на САД побарала испраќање на овој систем со долг дострел, што би значело значително проширување на ударните способности на Вашингтон во регионот. Барањето доаѓа како директен одговор на проценките дека иранските лансирни позиции повеќе не можат да бидат погодени со оружјето што моментално го поседуваат американските сили.Претставник на Министерството за одбрана потврдил дека системот веќе достигнал почетна оперативна способност, што практично значи дека САД за првпат располагаат со копнено хиперсонично оружје подготвено за евентуална употреба. Сепак, засега нема официјална потврда дека ќе биде распоредено во регионот, а иранско-американското примирје сè уште е во сила додека се очекуваат пошироки преговори за нуклеарната програма на Техеран.„Dark Eagle“ е дизајниран да се движи со хиперсонична брзина и да маневрира во текот на летот, што овозможува погодување цели на далечини поголеми од 2.700 километри. За разлика од класичните балистички ракети со предвидлива траекторија, овој систем е значително потежок за следење и пресретнување, што го прави особено ефикасен против подвижни или силно утврдени цели.Американската копнена војска започна со негово воведување во декември 2025 година, по серија тестирања и вежби. Оружјето е наменето за специјализирани единици за прецизни удари на големи растојанија. Цената на еден проектил се проценува на околу 15 милиони долари, додека комплетна батерија со лансери и придружна опрема достигнува вредност од околу 2,7 милијарди долари.Овој потег се случува во време кога Пентагон ги засилува напорите за развој на хиперсонично оружје, во услови на растечка конкуренција со Кина и Русија, кои веќе имаат оперативни системи од ваков тип. Американските власти нагласуваат дека развојот и проширувањето на ваквите технологии е меѓу највисоките приоритети, со цел побрзо и поефикасно справување со современите безбедносни предизвици.

Свет | пред 22 часа

media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Во Иран расте моќта на контроверзен генерал: „најлошото сценарио за Трамп“

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека постојат знаци на внатрешни тензии во иранското воено раководство, додека, според анализа на „Њузвик“, се издвојува нов клучен играч кој може значајно да го обликува правецот на Исламската Република, како на бојното поле, така и на преговарачката маса.Станува збор за бригадниот генерал Ахмад Вахиди, чие влијание, според анализата, нагло расте во рамките на сложената структура на моќ во Иран. Тој е именуван за командант на Корпусот на чувари на исламската револуција (КВИР) по убиството на неговиот претходник Мохамад Пакпур, кој ја презел функцијата по елиминацијата на поранешниот шеф на КВИР Хосеин Салами.Вахиди претходно бил заменик-командант на КВИР, министер за внатрешни работи во владата на Ебрахим Раиси и министер за одбрана во времето на Махмуд Ахмадинеџад. Тој бил и еден од основачите на елитните сили „Кудс“, кои подоцна ги водеше Касем Сулејмани, убиен во американски напад во 2020 година, нареден од Доналд Трамп.Според аналитичари цитирани од „Њузвик“, Вахиди во моментот ја консолидира моќта во услови кога Иран се соочува со сериозна безбедносна и политичка криза. Дел од експертите го опишуваат како фигура која „ги влече конците“ во актуелниот систем.Неговата биографија, според извештајот, е обележана и со контроверзии, вклучително и меѓународна потерница и санкции од САД и Европската Унија поради наводна поврзаност со терористички напади во Аргентина во 1990-тите, обвинувања кои Техеран ги отфрла.Во анализата се наведува дека слабеењето на улогата на врховниот лидер и ограниченото присуство на неговите наследници во политичкото одлучување дополнително придонеле за раст на влијанието на КВИР и воените структури.Истовремено, дел од американските аналитичари сметаат дека отсуството на јасен врховен авторитет во Иран создава простор за внатрешно прегрупирање на моќта, при што Вахиди се издвојува како една од централните фигури.Иако постојат различни фракции во рамките на иранското раководство, дел од експертите оценуваат дека надворешните притисоци од САД и Израел придонесуваат за поголема внатрешна кохезија, а не за поделби, додека идниот правец на земјата останува неизвесен.

Свет | пред 1 ден

Pentagon

Пентагон подготвува воени опции против Иран

Пентагон подготвува можни воени опции против Иран, кои треба да му бидат презентирани на американскиот претседател Доналд Трамп, јави Ројтерс, повикувајќи се на американски претставник.На брифингот ќе учествуваат и министерот за одбрана Пит Хегсет, како и началникот на здружениот генералштаб Ден Кејн. Засега не се откриваат конкретните опции, но се очекува тие да бидат насочени кон притисок врз Техеран да влезе во преговори за прекин на конфликтот.Според Аксиос, подготвен е план за „краток и силен“ бран удари врз инфраструктурни цели во Иран, како и сценарио за преземање контрола врз дел од Ормуски теснец со цел повторно отворање за комерцијален бродски сообраќај.Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека евентуалната американска блокада на иранските пристаништа е „осудена на пропаст“ и ќе ја влоши нестабилноста во регионот.Дополнително, иранскиот функционер Мохсен Резаи предупреди дека Техеран нема да толерира поморска блокада и дека ќе возврати доколку таа продолжи.Врховниот лидер Моџтаба Хамнеи порача дека во Персискиот Залив и Ормускиот теснец се отвора „ново поглавје“, обвинувајќи го американското воено присуство за нестабилноста во регионот и најавувајќи дека Иран нема да се откаже од своите воени капацитети.

Свет | пред 1 ден

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Хамнеи: Единственото место за Американците во Персискиот Залив е на дното на неговите води

Врховниот лидер на Иран Моџтаба Хамнеи изјави дека „единственото место за Американците во Персискиот Залив е на дното на неговите води“. Изјавата била прочитана на иранската државна телевизија и е пренесена од меѓународни медиуми.Тој наведе дека од почетокот на конфликтот меѓу Иран, Соединетите Американски Држави и Израел на 28 февруари се отвора ново поглавје за регионот, особено во однос на Ормутскиот теснец. Според него, Иран ќе обезбеди безбедност во Персискиот Залив и ќе ги спречи, како што ги нарече, злоупотребите на странските сили на ова стратешко поморско подрачје.Исто така истакна дека нов модел на управување со Ормутскиот теснец би донел стабилност, напредок и економски придобивки за земјите од регионот.Во меѓувреме, дел од странските медиуми објавија дека постојат информации за наводно тешко повредување на Хамнеи, кој не се појавил во јавноста по назначувањето на функцијата, но овие тврдења не се официјално потврдени.

Свет | пред 1 ден

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Хамнеи со остри пораки: САД нема да ја гарантира безбедноста на регионот

Врховниот лидер на Иран Моџтаба Хамнеи изјави дека во Ормутскиот теснец се отвора „ново поглавје“ по, како што го нарече, „срамниот неуспех“ на Соединетите Американски Држави. Пораката беше пренесена преку иранските државни медиуми по повод Националниот ден на Персискиот Залив.Тој нагласи дека американското воено присуство на Блискиот Исток е главен извор на регионална нестабилност, додавајќи дека странските воени бази не можат да обезбедат сопствена безбедност, а уште помалку да гарантираат стабилност за сојузниците во регионот.Според него, иднината на Персискиот Залив и Ормутскиот теснец ќе биде без американско влијание и ќе се темели на развој и просперитет на регионалните држави. Тој се повика и на историски настани, истакнувајќи дека регионот низ вековите бил предмет на надворешни интервенции.Хамнеи нагласи и дека Иран ќе ги зачува своите стратешки капацитети, вклучително нуклеарните и ракетните програми, кои ги опиша како национално богатство од клучно значење за безбедноста на земјата.

Свет | пред 1 ден

media-libraryauk52e2nvaoi6s7zbhP

Нови закани и можни воени операции против Иран

Претседателот Доналд Трамп, според информации од американски медиуми, побарал од своите соработници да бидат подготвени за можни сценарија на блокада на ирански пристаништа и за нови воени операции, во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток.Според истите извештаи, Вашингтон не е задоволен од иранскиот предлог за одвојување на нуклеарното прашање од договорите за безбедност на Ормутскиот теснец, што дополнително ги усложнува преговорите меѓу двете страни. Во меѓувреме, Иран најави дека ќе одговори со „невообичаена воена акција“ доколку се продолжи со блокадите и притисоците.Конфликтот, кој трае повеќе од два месеца, според достапните информации, сè уште не покажува знаци на смирување, иако одредени фронтови, како оној меѓу Израел и либанската група Хезболах, моментално се со намален интензитет.Во контекст на кризата, претседателот Трамп разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин, при што било споменато дека Москва би можела да има улога во евентуално посредување.Ескалацијата веќе има сериозни економски последици, а цената на нафтата на светските пазари достигна значително повисоки нивоа, надминувајќи 119 долари за барел, што дополнително ја зголемува загриженоста за глобалната стабилност.

Свет | пред 1 ден

putin-tramp

Путин го предупреди Трамп: Ескалацијата со Иран носи сериозни ризици

Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека продолжувањето на воените операции против Иран би било „опасно и неприфатливо“, истакнувајќи дека таков потег може да има сериозни последици за глобалната безбедност.Според информациите од Кремљ, за време на телефонски разговор меѓу двајцата лидери било нагласено дека евентуална ескалација, особено копнена операција на иранска територија, претставува висок ризик не само за регионот, туку и за меѓународната стабилност. Советникот за надворешна политика Јуриј Ушаков пренел дека Москва предупредува на тешки последици доколку борбите продолжат и покрај постојното примирје.Тензиите дополнително се зголемија откако Трамп го одби најновиот предлог од Техеран за повторно отворање на Ормускиот теснец, со што поморската блокада останува во сила, а кризата влегува во нова фаза на застој.Во разговорот било отворено и прашањето за дипломатските напори. Путин оценил дека продолжувањето на примирјето е исправен чекор кој создава простор за дијалог и стабилизација, додека Трамп изнел сопствена оценка за досегашниот тек на воените активности.Американскиот претседател пред новинарите изјави дека разговорот со Путин бил „многу добар“, додавајќи дека рускиот лидер понудил и соработка во врска со прашањето за збогатување на ураниумот. Сепак, Трамп нагласи дека би претпочитал Москва да се ангажира повеќе околу завршувањето на војната во Украина.Во меѓувреме, конфликтот меѓу Русија и Украина, кој трае повеќе од четири години, останува еден од клучните безбедносни предизвици на глобално ниво.Во Вашингтон, изјавите на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, кој пред Конгресот тврдеше дека иранските нуклеарни постројки се уништени, предизвикаа силни реакции и сомнежи кај пратениците. Расправата се одвива во рамки на разгледувањето на предложениот одбранбен буџет за 2027 година, кој предвидува рекордни средства за Пентагон.Сукобот со Иран, започнат без одобрение од Конгресот, веќе е проценет на десетици милијарди долари, што дополнително ги продлабочува политичките тензии во САД. Пратеници од двете партии бараат појасни одговори за целите и последиците од воената интервенција.И покрај изразената желба за брзо решение, актуелните позиции на Вашингтон и Техеран укажуваат на продолжена неизвесност. САД не покажуваат подготвеност да го прифатат иранскиот предлог за отворање на Ормускиот теснец во замена за прекин на војната и укинување на блокадата, додека Иран не се откажува од своите нуклеарни амбиции, што останува главна пречка за постигнување трајно решение.

Свет | пред 1 ден

media-library0tufam702kgueNKE2lP

Хегсет за Иран: Апсолутно победуваме

За време на обраќање пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, американскиот функционер Пит Хегсет остро го критикуваше конгресменот Џон Гараменди, демократ кој американската воена стратегија во Иран ја оцени како некомпетентна и како политика што ја турна земјата во „кал“.„Таквите изјави се неодговорни кон нашите војници“, рече Хегсет, по што праша: „За кого навивате?“ и додаде дека со тоа се поткопува мисијата.На прашањето дали САД победуваат во војната против Иран, Хегсет одговори потврдно.„Апсолутно“, изјави тој, оценувајќи го конфликтот како „неверојатен воен успех“.Запрашан дали пред почетокот на судирот Вашингтон ја разгледал можноста Иран да го затвори Ормускиот Теснец, Хегсет рече дека Министерството за одбрана ги разгледало „сите аспекти на тој ризик“, пренесува Ал Џезира.Осврнувајќи се на американскиот напад што на почетокот на војната погодил иранско училиште за девојчиња, при што загинале околу 170 лица, претежно деца, Хегсет изјави дека „тој несреќен случај сè уште се истражува“.На прашањето колку чинел нападот, тој одговори: „Не би ставил цена на тоа.“Според тековните истраги, нападот можеби бил резултат на грешка на американската војска поради користење застарени разузнавачки податоци.Во американско-израелските напади врз Иран, според наводите, уништени или тешко оштетени биле стотици училишта и образовни установи, при што загинале стотици ученици и наставници.

Свет | пред 2 дена

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп ја одби понудата на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе ја задржат поморската блокада на Иран сѐ додека Техеран не прифати договор што ќе одговара на американските барања поврзани со иранската нуклеарна програма.Со тоа, Трамп го отфрли иранскиот предлог најпрво да се отвори Ормускиот теснец и да се укине блокадата, а разговорите за нуклеарната програма да се одложат за подоцна.Според извори запознаени со ситуацијата, американската Централна команда (CENTCOM) подготвила план за „краток и силен“ бран удари врз Иран со цел да се прекине застојот во преговорите.По евентуалните напади, кои би можеле да опфатат цели поврзани со инфраструктурата, Вашингтон би се обидел да го принуди Иран повторно да седне на преговарачка маса и да покаже поголема флексибилност.Трамп за „Аксиос“ изјави дека блокадата ја смета за „донекаде поефикасна од бомбардирањето“, но засега не издал наредба за воена акција.„Блокадата е донекаде поефикасна од бомбардирањето. Се гушат како преполнета свиња. А ќе им биде уште полошо. Не смеат да имаат нуклеарно оружје“, изјавил Трамп.Тој додаде дека Иран сака договор за да се укине блокадата, но дека Вашингтон нема намера да попушти додека останува опасноста од нуклеарно вооружување.Од друга страна, висок ирански безбедносен извор, пренесен од државната телевизија „Прес ТВ“, порача дека американската поморска блокада „наскоро ќе наиде на конкретен и досега невиден одговор“.Истиот извор наведе дека иранските вооружени сили досега покажувале воздржаност за да ѝ се даде шанса на дипломатијата, но предупреди дека „трпението има граници“ доколку блокадата продолжи.

Свет | пред 2 дена

media-librarye1qpib96r8ag6YaWsF2

Хегсет го брани рекордниот воен буџет: „Ситуацијата е итна“

Војната на САД против Иран досега ја чинела американската држава околу 25 милијарди долари, соопштија претставници на Пентагон, додека администрацијата на Доналд Трамп бара рекорден одбранбен буџет од 1,5 билиони долари за фискалната 2027 година.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за првпат се појави пред Конгресот од почетокот на конфликтот, каде што го бранеше предлог-буџетот, оценувајќи дека тој „ја одразува итноста на ситуацијата“.„Претседателот има намера да ја врати американската одбранбена индустриска база на воена основа“, изјави Хегсет пред законодавците.Тој повтори дека САД нема да дозволат Иран да развие нуклеарно оружје и дека се работи на нов договор.„Мора да ги доведеме до точка во која ќе седнат на маса и ќе се откажат од тоа“, рече Хегсет, додавајќи дека Иран, и покрај претходните напади, сè уште има нуклеарни амбиции и значителен ракетен капацитет.На сослушувањето беа изнесени и првите конкретни податоци за трошоците од конфликтот. Претставникот на Пентагон, Џулс Херст, изјави дека најголем дел од средствата се потрошени за муниција.Сослушувањето се одржува во услови на зголемени тензии во Конгресот, каде што дел од пратениците бараат детални информации за стратегијата, употребеното оружје и вкупните трошоци од војната.Според американскиот Устав, само Конгресот може да одобри војна, но во овој случај не било спроведено гласање, што дополнително ги засилува политичките притисоци.Пратениците изразуваат загриженост и за економските последици од конфликтот, особено за влијанието врз цените на горивата и храната.

Свет | пред 2 дена

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп ја заострува реториката: Опаметите се, го нема више доброто момче, расте цената на нафтата

Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон повторно ескалираат, откако Иран ги обвини САД за „пиратерија“ и заплена на бродови, со најава за можен воен одговор од страна на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили (ИДФ) и утрово гаѓаа цели на југот на Либан, тврдејќи дека мета се позиции на Хезболах. Техеран го повика Советот за безбедност на ОН да го принуди Тел Авив да ги запре нападите, предупредувајќи на можни сериозни последици од понатамошна ескалација.На светските пазари, неизвесноста веќе се чувствува – цената на нафтата порасна од 112 на 114 долари за барел, што дополнително ги засилува стравувањата од пошироки економски последици.Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја заостри реториката, изјавувајќи дека Иран „не може да се среди“ и дека „подобро би било наскоро да се вразуми“ кога станува збор за нуклеарниот договор.„Не знаат како да потпишат ненуклеарен договор. Подобро би било наскоро да се вразумат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.Покрај пораката, тој објави и фотографија генерирана со вештачка интелигенција на која држи оружје, со експлозии во позадина и натпис „No more Mr. Nice Guy”( Го нема веќе доброто момче), дополнително подгревајќи ја веќе напнатата атмосфера на Блискиот Исток.

Свет | пред 2 дена

media-libraryo3u9oto0qlo094TPaKh

Иран го обвинува Вашингтон за „пиратерија“ и се заканува со одговор

Иран ги обвини Соединетите Американски Држави за „пиратерија“ и незаконска заплена на ирански трговски бродови, наведувајќи дека ваквите потези претставуваат сериозно кршење на меѓународното право.Во писмо до Обединетите нации, иранскиот амбасадор Амир Саеид Иравани изјави дека американските сили наводно пресретнуваат и запленуваат ирански бродови на отворено море, меѓу кои и танкери со нафта. Тој оцени дека станува збор за „чин на агресија“ и „државно поддржана пиратерија“.Техеран побара од Советот за безбедност на ОН да ги осуди овие дејства и да наложи итно ослободување на бродовите и имотот, предупредувајќи дека последиците ќе ги сносат Соединетите Американски Држави.Иранските власти дополнително порачаа дека нема да се вратат на преговори со Вашингтон додека, како што наведуваат, продолжуваат заплените и блокадите. Во исто време, воени претставници предупредија дека, во случај на понатамошна ескалација, би можеле да следат воени одговори со „нови капацитети“ и „изненадувачки тактики“.Ситуацијата дополнително ја зголемува напнатоста во регионот, додека двете страни остануваат на спротивставени позиции, без знаци за скорешно намалување на кризата.

Свет | пред 2 дена

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

Трамп бара продолжување на блокадата на Иран, растат критиките

Американскиот претседател Доналд Трамп им порачал на своите соработници да се подготват за продолжена блокада на Иран.Трамп на неодамнешни состаноци одлучил да го зголеми притисокот врз иранската економија и извозот на нафта преку ограничување на поморскиот сообраќај кон и од иранските пристаништа. Како што се наведува, тој оценил дека други опции, како продолжување на бомбардирањето или повлекување од конфликтот, носат поголем ризик од одржување на блокадата.Во меѓувреме, се појавија информации дека Техеран предложил план за повторно отворање на Ормутскиот теснец и прекин на конфликтот, но според изјавите на Трамп, предлогот не е прифатлив за американската страна.На својата социјална мрежа Truth Social, Трамп објави дека Иран наводно се наоѓа во состојба на колапс и дека бара што побрзо отворање на теснецот, додека се обидува да ја стабилизира внатрешната состојба. Овие тврдења не се потврдени од иранските власти.Изјавите на американскиот претседател предизвикуваат сè поголеми реакции во меѓународната јавност. Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека САД се доведени во неповолна позиција во односите со Иран, алудирајќи на застојот во преговорите.Истовремено, анкетите покажуваат пад на поддршката за Трамп, при што дел од граѓаните изразуваат незадоволство поради растот на трошоците за живот и конфликтот со Иран. Цените на горивата во САД достигнаа највисоко ниво од почетокот на кризата, што дополнително ја зголемува загриженоста од долготрајна енергетска нестабилност.Иранските претставници, пак, објавија детали за повеќефазен предлог што предвидува прекин на нападите, постепено укинување на блокадата на Ормутскиот теснец и подоцнежни разговори за нуклеарната програма. Од Техеран порачаа дека Вашингтон треба да се откаже од, како што наведуваат, „неоснованите барања“ за да се постигне напредок.И покрај дипломатските напори, односите меѓу двете земји остануваат затегнати, додека исходот од кризата сè уште е неизвесен.

Свет | пред 2 дена

media-librarybm9likds5nge1QAgmsP

Трамп остро го нападна Мерц: „Не знаеш за што зборуваш“

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц, тврдејќи дека тој „смета дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје“.Трамп, исто така, порача дека доколку Техеран дојде до нуклеарна бомба, „целиот свет би бил заложник“, додавајќи дека во моментов презема чекори во врска со Иран кои, како што тврди, други држави и претседатели одамна требало да ги преземат.„Германскиот канцелар Фридрих Мерц смета дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје. Тој не знае за што зборува! Кога Иран би имал нуклеарно оружје, целиот свет би бил заложник. Токму сега правам нешто во врска со Иран, нешто што други држави или претседатели одамна требало да го направат. Не е ни чудо што на Германија ѝ оди лошо, и економски и на други начини“, напиша Трамп на мрежата „Truth Social“.

Свет | пред 3 дена

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Американски маринци упаднаа на трговски брод

Американските сили го запреле во Арапското Море трговскиот брод „Блу Стар 3“ поради сомнеж дека се обидел да доплови до Иран, соопшти денеска Централната команда на Оружените сили на Соединетите Американски Држави (CENTCOM).Како што се наведува во објава на социјалната мрежа Икс, американски маринци се качиле на трговски брод за кој постоел сомнеж дека се обидува да влезе во водите на Иран, со што, нагласува CENTCOM, би ја прекршил американската блокада на иранските пристаништа.Како што е посочено, американските сили по контролата и прегледот на бродот утврдиле дека пловилото не планира да вплови во ирански пристаништа, по што му било дозволено да ја продолжи пловидбата.CENTCOM соопшти дека американските сили продолжуваат со операциите и спроведувањето на блокадата на просторот на Блискиот Исток.Се додава дека досега 39 бродови биле пренасочени со цел „обезбедување почитување на важечките ограничувања“, односно американската блокада на иранските пристаништа.

Свет | пред 3 дена

media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Заливските лидери во Џеда расправаат за отворање на Ормутскиот теснец

Во саудискиот град Џеда започна состанок на лидери и високи претставници од земјите од Персискиот Залив, посветен на регионалната криза предизвикана од американско-израелскиот конфликт со Иран.Средбата доаѓа во момент кога Белата куќа го разгледува најновиот предлог од Техеран за завршување на двомесечниот конфликт, во кој како клучна точка се наведува повторното отворање на Ормутскиот теснец.Овој стратешки морски премин има глобално значење, бидејќи пред избувнувањето на конфликтот низ него минуваа околу 20 проценти од светската трговија со сурова нафта и течен природен гас. Во моментов, поради воените дејствија, поморскиот сообраќај е речиси целосно запрен.Саудиските државни медиуми објавија снимки од пречекот на делегациите во Џеда, каде што домаќин е саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, кој ги пречека лидерите и претставниците од регионот.Состанокот се смета за клучен обид за деескалација на кризата, која веќе има сериозни последици врз глобалните енергетски пазари и економијата.

Свет | пред 3 дена

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп: Иран ни порача дека е во колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран се наоѓа во состојба на колапс и дека побарал итно отворање на Ормутскиот теснец.Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп напиша дека Техеран директно ги информирал Соединетите Американски Држави за состојбата во земјата.„Иран нè извести дека е во ‘состојба на колапс’. Сакаат да го ‘отвориме Ормутскиот теснец’ што е можно побрзо, додека се обидуваат да ја решат својата ситуација со раководството“, напиша Трамп.Тој додаде дека очекува Иран да ја стабилизира внатрешната состојба, но не изнесе дополнителни детали или докази за ваквата комуникација.Објавата доаѓа во време на засилени тензии на Блискиот Исток и блокада на Ормутски теснец, кој претставува клучна артерија за глобалниот транспорт на нафта.Засега нема официјална потврда од иранските власти за ваквите тврдења на Трамп.

Свет | пред 3 дена

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Франција: Иран не смее да има нуклеарно оружје, решението е дипломатија

Франција порача дека Иран никогаш не смее да добие нуклеарно оружје, но решението за тоа мора да се бара исклучиво преку дипломатски средства, соопшти француското Министерство за надворешни работи.„Министерот ја потврди целта Иран никогаш да не стекне нуклеарно оружје и ја повтори решеноста на Франција и нејзините партнери од Е3 да го постигнат овој резултат по дипломатски пат“, соопшти портпаролот на Министерството.Во рамки на разговорите, Франција изразила целосна поддршка за Меѓународна агенција за атомска енергија во спроведувањето на нејзиниот мандат за надзор на неширењето на нуклеарно оружје и промовирање на мирољубива употреба на нуклеарната енергија.Темата била отворена на 11-тата конференција за ревизија на Договорот за неширење на нуклеарно оружје, каде фокусот бил ставен на зајакнување на меѓународната поддршка за овој механизам.Според француското соопштение, учесниците изразиле надеж дека конференцијата ќе резултира со заедничка потврда на поддршката за договорот од страна на сите држави потписнички.Франција дополнително ја нагласила својата поддршка за активностите на МААЕ, вклучително и оние поврзани со нуклеарната безбедност во Украина и обновата на заштитната инфраструктура во Чернобил, во рамки на ангажманот на групата Г7.Позицијата на Париз доаѓа во момент на зголемени тензии на Блискиот Исток, каде нуклеарното прашање повторно станува една од клучните точки на глобалната безбедност.

Свет | пред 3 дена

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп тврди дека Иран е во состојба на колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека, според неговите зборови, Иран ја информирал американската страна дека се наоѓа во состојба на колапс и дека бара што поскоро отворање на Ормутскиот теснец.Во објавата, Трамп наведува дека Иран наводно се обидува да ја надмине внатрешната криза и дека очекува решавање на состојбата со државното раководство. Тој додава дека верува оти ситуацијата во Иран може да се стабилизира, без да наведе дополнителни детали за изворот на информацијата.Ормутскиот теснец претставува еден од најважните светски поморски коридори, преку кој се транспортира значителен дел од глобалната нафта и гас. Секоја блокада или ограничување во овој регион има директно влијание врз светските енергетски пазари.Тврдењата на Трамп засега не се официјално потврдени од иранските власти, а содржината на објавата се заснова исклучиво на неговиот јавен настап на социјалната мрежа. Меѓународната заедница внимателно ги следи случувањата во регионот, кој веќе подолго време е обележан со зголемени тензии и геополитички напнатости.

Свет | пред 3 дена

media-libraryneiubpnuqpvv3C7olET

САД и Иран поблиску до договор отколку што се мислеше

CNN објави дека САД и Иран можеби се поблиску до договор отколку што изгледа, иако формалните преговори сè уште не се во напредна фаза.Според изворите, дипломатските напори продолжуваат зад затворени врати, а првиот можен чекор би бил враќање на состојбата пред ескалацијата и целосно повторно отворање на Хормушкиот теснец за слободна пловидба.Прашањето за иранската нуклеарна програма би се разгледувало во подоцнежна фаза, додека посредниците вршат притисок врз двете страни за постигнување компромис. Сепак, останува неизвесноста дали САД би можеле да се повлечат од процесот и да се вратат кон воен притисок.

Свет | пред 3 дена

media-libraryo3u9oto0qlo094TPaKh

Иран предлага фазен план: отворање на теснецот, па преговори за нуклеарната програма

Иран наводно доставил нов фазен предлог до САД, во кој се предлага постепено решавање на тековните тензии, почнувајќи од отворање на Ормутскиот теснец.Според планот, првата фаза предвидува прекин на воените дејствија и гаранции од САД и Израел дека нападите нема да продолжат. Во втората фаза би се укинале блокадите и би се нормализирал поморскиот сообраќај низ Заливот, што Иран би сакал да го стави под сопствен надзор.Третата фаза би се однесувала на нуклеарните преговори, при што Техеран бара признавање на правото за збогатување ураниум како дел од договорот.

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања