Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Во Иран расте моќта на контроверзен генерал: „најлошото сценарио за Трамп“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека постојат знаци на внатрешни тензии во иранското воено раководство, додека, според анализа на „Њузвик“, се издвојува нов клучен играч кој може значајно да го обликува правецот на Исламската Република, како на бојното поле, така и на преговарачката маса.

Станува збор за бригадниот генерал Ахмад Вахиди, чие влијание, според анализата, нагло расте во рамките на сложената структура на моќ во Иран. Тој е именуван за командант на Корпусот на чувари на исламската револуција (КВИР) по убиството на неговиот претходник Мохамад Пакпур, кој ја презел функцијата по елиминацијата на поранешниот шеф на КВИР Хосеин Салами.

— реклама —

Вахиди претходно бил заменик-командант на КВИР, министер за внатрешни работи во владата на Ебрахим Раиси и министер за одбрана во времето на Махмуд Ахмадинеџад. Тој бил и еден од основачите на елитните сили „Кудс“, кои подоцна ги водеше Касем Сулејмани, убиен во американски напад во 2020 година, нареден од Доналд Трамп.

— реклама —

Според аналитичари цитирани од „Њузвик“, Вахиди во моментот ја консолидира моќта во услови кога Иран се соочува со сериозна безбедносна и политичка криза. Дел од експертите го опишуваат како фигура која „ги влече конците“ во актуелниот систем.

Неговата биографија, според извештајот, е обележана и со контроверзии, вклучително и меѓународна потерница и санкции од САД и Европската Унија поради наводна поврзаност со терористички напади во Аргентина во 1990-тите, обвинувања кои Техеран ги отфрла.

— реклама —

Во анализата се наведува дека слабеењето на улогата на врховниот лидер и ограниченото присуство на неговите наследници во политичкото одлучување дополнително придонеле за раст на влијанието на КВИР и воените структури.

Истовремено, дел од американските аналитичари сметаат дека отсуството на јасен врховен авторитет во Иран создава простор за внатрешно прегрупирање на моќта, при што Вахиди се издвојува како една од централните фигури.

Иако постојат различни фракции во рамките на иранското раководство, дел од експертите оценуваат дека надворешните притисоци од САД и Израел придонесуваат за поголема внатрешна кохезија, а не за поделби, додека идниот правец на земјата останува неизвесен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 3 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања