Промени тема
Контакт

Врховниот лидер на Иран обвини за обид за дестабилизација по нападите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library06go5cls328ccyseqYv

Моџтаба Хамнеи ги обвини Соединетите Американски Држави и Израел дека се обидуваат да предизвикаат внатрешни поделби во Иран, со цел да ги прикријат, како што наведе, „воените порази“.

— реклама —

Во писмена изјава објавена од иранските медиуми, Хамнеи посочил дека „слепиот план на непријателот по наметнатата војна, економскиот притисок и политичко-пропагандната опсада е создавање раздор и поделби за да се надоместат воените порази и народот да се натера на покорност“.

Тој повикал на национално единство и кохезија, пренесува Ал Џезира.

— реклама —

Изјавата доаѓа откако американската војска во текот на ноќта изврши нови напади врз воени цели во Иран. Американски претставник, кој зборувал анонимно за Ројтерс, изјавил дека биле соборени четири ирански борбени дронови што претставувале закана во близина на Ормуски Теснец.

— реклама —

Според истиот извор, во воздушниот напад била погодена иранска копнена контролна станица во градот Бандар Абас, од каде што требало да биде лансиран уште еден дрон. Американската страна навела дека акциите биле „исклучиво одбранбени“ и имале цел да го одржат примирјето што стапи на сила на 8 април.

Подоцна, Иранската револуционерна гарда соопшти дека извршила напад врз американска воздушна база во 4:50 часот по локално време, како одговор на американскиот напад врз Бандар Абас.

— реклама —

Од Револуционерната гарда не открија каде се наоѓа базата што била цел на нападот, пренесе иранската агенција Мехр.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Иран во сè подлабока криза: Лековите поскапеле и повеќе од трипати

Свет | пред 3 дена

media-librarylkgnpc0p5rhp2N8GVwd

Иранска пејачка осудена на 74 удари со камшик по настап без хиџаб

Свет | пред 4 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Нова порака од Техеран: Хамнеи тврди дека и Арапското Море ќе биде „ослободено“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања