Промени тема
Контакт

ИРАН

media-library5qe5l1766pp575sFezj

Саудискиот принц до Трамп: Мора да се направи сè за да се спречи ширењето на војната со Иран

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп повикал да се вложат максимални напори за да се спречи ширењето на конфликтот на Блискиот Исток.Според саудиската новинска агенција СПА, Бин Салман нагласил дека дијалогот треба да биде приоритет за намалување на тензиите и отворање пат кон дипломатски решенија со позитивен исход.Тој истакнал дека деескалацијата е клучна за зачувување на регионалната безбедност и стабилност и за спреч

Свет | пред 3 седмици

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп: Ги откажав планираните напади врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планираниот нов бран воени напади врз Иран е ставен во мирување поради напредокот во дипломатските преговори за можно постигнување договор.Во објава на социјалната мрежа „Трут соушл“, Трамп наведе дека американските вооружени сили биле подготвени да изведат нови напади, но дека Иран и други земји од регионот побарале Вашингтон да се воздржи, бидејќи биле договорени основните параметри на потенцијалниот договор.Според Трамп, предложениот договор

Свет | пред 3 седмици

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иранските сојузници повторно зајакнуваат и покрај ударите од Израел

Три години по големите загуби што ги претрпеа во конфликтите на Блискиот Исток, вооружените групи поврзани со Иран повторно го зајакнуваат своето влијание во регионот, оценуваат аналитичари за CNN.Според експертите, таканаречената „Оска на отпорот“, составена од проирански организации во Либан, Јемен, Ирак, Сирија и Газа, повторно станува значаен фактор во регионалните случувања, отворајќи нови фронтови против интересите на Израел и САД.Аналитичарот Трита Парси од Институтот „Квинси“ оценува дек

Свет | пред 3 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Иран никогаш досега не се соочил со претседател како Трамп

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Иран никогаш досега не се соочил со американски претседател како Доналд Трамп, оценувајќи дека актуелниот шеф на Белата куќа презема конкретни чекори кон Техеран.„Мислам дека иранскиот режим никогаш не се соочил со претседател како Трамп, со некој што навистина презема конкретни чекори“, изјави Рубио во интервју за „Фокс њуз“.Тој додаде дека Иран со години бил навикнат меѓународната заедница да ги толерира неговите, како што рече, лаги, прек

Свет | пред 3 седмици

nafta

Цената на нафтата над 90 долари поради тензиите меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на меѓународните пазари повторно пораснаа и ја надминаа границата од 90 долари за барел, откако трговците останаа загрижени поради намалениот поморски сообраќај низ Ормускиот Теснец и новите тензии меѓу САД и Иран.На лондонскиот пазар цената на барел нафта достигна 90,16 долари, што е за 1,13 долари повеќе во однос на претходниот ден. На американскиот пазар, пак, барелот се тргуваше по цена од 85,34 долари.Пазарите внимателно ја следат состојбата во Ормускиот Теснец и во Црвено

Свет | пред 3 седмици

media-libraryfdttt9q7nmpl2PSv9s1

Дали се отвора нов фронт? Иран се закани по украинскиот напад во Каспиското Море

Нападот со беспилотни летала врз ирански товарен брод во Каспиското Море дополнително ги зголеми тензиите меѓу Техеран и Киев и отвори прашања дали конфликтот меѓу Русија и Украина би можел да добие нова димензија.Украина тврди дека бродот превезувал воена опрема за Русија, додека иранските медиуми, повикувајќи се на официјални извори, објавија дека пловилото „Ана“ било погодено додека било закотвено во близина на влезот во реката Волга. Во нападот загинал еден морнар.Техеран го оцени нападот ка

Свет | пред 3 седмици

media-library19e5bmhmbmh72wcvk8m

Еден загинат во Кувајт по ирански напад, оштетена зграда на кинеска компанија

Во ирански напад е погоден објект на кинеска компанија во северниот дел на Кувајт, при што зградата е сериозно оштетена, а еден работник загинал, соопштија кувајтските вооружени сили.Нападот се случил само неколку часа откако јорданската противвоздушна одбрана пресретнала пет проектили лансирани од Иран.Претходно, американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека успешно завршила нов бран воздушни напади врз Иран, како одговор на претходниот ирански ракетен напад врз американска база во Јор

Свет | пред 3 седмици

media-libraryfk2kgr3l702hdYyUMrV

Иран: Ормускиот теснец останува затворен додека траат американските закани

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека Ормускиот Теснец нема повторно да биде отворен сè додека продолжуваат, како што наведува, заканите од Соединетите Американски Држави и нивното мешање во поморскиот сообраќај во регионот.„Ормускиот Теснец не може повторно да биде отворен додека продолжуваат заканите и запаливата реторика на американските претставници, како и нивното мешање во поморскиот сообраќај во регионот“, се наведува во соопштението на Револуционерната гарда.Техеран тврди дека стро

Свет | пред 3 седмици

media-library06go5cls328ccyseqYv

САД повторно го нападнаа Иран по речиси една недела пауза

По речиси една недела пауза, американската војска повторно изведе воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Регионалната команда на САД – ЦЕНТКОМ. Според американската страна, акцијата била одговор на иранските обиди претходниот ден да изврши ракетни напади врз американски воени бази во регионот.Во соопштението се наведува дека биле погодени воени командни центри, постројки за ракети и беспилотни летала, како и објекти за крајбрежен надзор и одбрана. Од ЦЕНТКОМ тврдат дека операцијата била успеш

Свет | пред 3 седмици

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Трамп по иранските ракетни напади: „Ќе ги претепаме“

Американскиот претседател Доналд Трамп упати нови остри закани кон Иран по последните ракетни напади врз американските сили на Блискиот Исток.„Ќе ги претепаме… Ќе ги удриме силно, ќе добијат добар ќотек“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“.Ова не е првпат Трамп да испрати заканувачки пораки кон Техеран во текот на повеќемесечните тензии меѓу двете земји, иако дел од неговите претходни изјави не беа проследени со воена акција.Изјавата на Трамп доаѓа откако Централната команда на САД (CENTCOM)

Македонија | пред 3 седмици

media-library4tjm0ndjt3un3JLPuME

Иран ги следи објавите на американските војници? Се разгледува забрана за користење мобилни телефони

Американската војска разгледува можност да ја ограничи употребата на мобилни телефони на војниците распоредени на Блискиот Исток, поради стравувања дека објавите на социјалните мрежи можат да му помогнат на Иран при планирањето нови напади.Според „Ројтерс“, врховниот командант на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), адмирал Бред Купер, во интерно писмо ги предупредил американските војници дека фотографии и видеа објавени на интернет можат да му овозможат на Иран речиси во реално време да ја про

Свет | пред 3 седмици

media-librarye748rg39tmkcbBPvYGY

Иран разгледувал воен одговор против Украина по нападот во Каспиското Море

Иран разгледувал можност за напад врз украинско поморско пристаниште како одговор на украинскиот напад врз ирански товарен брод во Каспиското Море, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на ирански и западни официјални претставници.Според изворите, Техеран анализирал повеќе сценарија за одговор, меѓу кои и можност за лансирање балистичка ракета со помала боева глава кон украинска територија, со цел да испрати политичка и воена порака, а не да предизвика големи материјални штети.Други извори навед

Свет | пред 3 седмици

media-libraryvbrktfifid7q53amOwA

Иран наводно купува кинески системи за противвоздушна одбрана, Пекинг ги негира тврдењата

Иран во наредните недели би требало да ја добие првата испорака од неколку стотици кинески преносливи системи за противвоздушна одбрана (MANPADS), тврдат три извори запознаени со договорот, на кои се повикува агенцијата Ројтерс.Според истите извори, Техеран склучил договор за набавка на меѓу 300 и 400 преносливи противвоздушни системи, меѓу кои се и кинеските ракети QW-12 и FN-16. Вредноста на договорот се проценува на 60 до 70 милиони долари.Наводно, договорот бил склучен преку компанијата „Zho

Свет | пред 3 седмици

dron1

Иран го претстави новиот дрон „Хадид 110“: Лета над 500 км/ч и е дизајниран да ја пробие американската одбрана

Иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ) го претстави новиот дрон „Хадид 110“, за кој тврди дека е опремен со млазен погон, има намалена радарска забележливост и е наменет за пробивање на американските системи за противвоздушна одбрана.Според ИРГЦ, леталото во изминатите две недели првпат било употребено во напади врз американски воени бази и воени бродови во регионот.Станува збор за унапредена верзија на претходен модел, која, според ирански извори, достигнува брзина од 508 километри на час, што г

Свет | пред 3 седмици

proektil-696x376

(Видео) Јордан собори пет ирански ракети, Техеран тврди дека цел била американска база

Јорданските системи за противвоздушна одбрана рано утрово пресретнаа и соборија пет ракети истрелани од Иран, соопштија вооружените сили на земјата.Според јорданските власти, ракетите биле насочени кон нивната територија, но биле навреме откриени од системите за надзор и уништени пред да предизвикаат штета. Државната агенција „Петра“ објави дека нема жртви ниту материјална штета.Во меѓувреме, иранската државна телевизија ИРИБ, повикувајќи се на соопштение на Исламската револуционерна гарда, обја

Свет | пред 3 седмици

media-library8ud7rds13skn3MIu41z

Трамп најавува можен договор со Иран, Оман предлага нов модел за Ормускиот теснец

Оман доби поддршка од земјите од Персискиот Залив за предлогот Иран да наплатува доброволни надоместоци за пловидба низ Ормускиот Теснец, со цел да се нормализира транспортот на нафта нарушен по конфликтот меѓу САД, Израел и Иран.Предлогот предвидува Иран да не ја има единствената контрола врз теснецот, а надоместоците да бидат доброволни, по примерот на Малаканскиот Теснец во Азија, каде средствата се користат за безбедност на пловидбата, заштита на животната средина и спасувачки операции.Амери

Свет | пред 3 седмици

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп со порака до Иран: Ако не успеат преговорите, ќе продолжиме со воените операции

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите меѓу Вашингтон и Техеран се одвиваат во позитивна насока и дека постојат реални шанси за напредок, но предупреди дека САД ќе продолжат со воени активности доколку преговорите пропаднат.„Водиме добри разговори и ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека постојат добри шанси да се постигне нешто. Ако успееме, тоа ќе биде одлично. Ако не, ќе се вратиме на она што го правевме пред два дена“, изјави Трамп пред новинарите во претседателскиот

Свет | пред 3 седмици

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп со нов ултиматум: Или договор, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД привремено ги прекинале нападите врз Иран за да им дадат уште една можност на дипломатските преговори.Во интервју за „Аксиос“, Трамп рече дека актуелните разговори се насочени кон постигнување нов договор со кој повторно би се отворил Ормускиот теснец и би продолжиле преговорите за иранската нуклеарна програма.Според него, разговорите главно се водат меѓу Иран и Оман, а во нив активно учествуваат и Катар, Пакистан и Египет, како и неговите п

Свет | пред 3 седмици

SeKXr-

Цената на нафтата нагло падна по прекинот на нападите меѓу САД и Иран

Цените на нафтата забележаа значителен пад откако Соединетите Американски Држави и Иран ги прекинаа меѓусебните напади, што ги зголеми надежите за смирување на тензиите на Блискиот Исток.Цената на суровата нафта од типот „брент“, која претставува светски репер, во еден момент падна за повеќе од девет проценти и се спушти под 88 долари за барел. Тоа претставува остар пресврт во однос на минатата седмица, кога цената надмина 100 долари за барел.До падот дојде откако американската амбасадорка во Об

Свет | пред 4 седмици

media-library9dki4fa9c18e6BpR8J8

Ирачки командант: Можно е Иран да се подготвува за копнена војна со САД

Присуството на припадници на ирачките Народни мобилизациски сили (Хашд ел Шаби) во Иран би можело да претставува подготовка за можен копнен конфликт меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, изјави неименуван ирачки командант.Тој ги потврди информациите дека дел од ирачките борци поврзани со оваа организација се наоѓаат во Иран, но нагласи дека тие не се распоредени како дел од официјалната структура на Хашд ел Шаби.Според неговите тврдења, борците се стационирани во јужниот дел на Иран од вер

Свет | пред 4 седмици

media-libraryaatt7aqv94j5dOdrSUk

Иран повторно ја предупреди Бугарија поради американските воени бази

Иран упати ново предупредување до Бугарија поради одлуката да им овозможи на САД користење на нејзините воени бази, со што дополнително се зголемија дипломатските тензии меѓу Техеран и Софија.Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, преку социјалните мрежи порача дека бугарските власти ќе треба да сносат одговорност за, како што наведе, „опасната одлука“ американски авиони за воздушно дополнување со гориво да бидат распоредени во бугарски воени бази.Според Техер

Свет | пред 4 седмици

media-librarye748rg39tmkcbBPvYGY

Иран: Ги прекинуваме воените операции откако САД ги запреа нападите

Иран ги прекина своите воени операции откако Соединетите Американски Држави ги запреле нападите во текот на изминатите две ноќи, изјави портпаролот на иранската војска, Мохамед Акраминија.Според него, одлуката е донесена затоа што иранската воена стратегија се заснова на принципот на реципрочен одговор.„Американците ги прекинаа своите напади во текот на изминатите две ноќи. Бидејќи нашата стратегија во суштина се темели на взаемен одговор, и ние ги прекинавме воените операции“, изјави Акраминија

Свет | пред 4 седмици

bespilotni-letala

Иран тврди дека користи нови, помоќни дронови: „Посмртоносни се од „Араш-2““

Иранските вооружени сили тврдат дека во моментов користат нови беспилотни системи кои се понапредни од моделот „Араш-2“ и располагаат со поголема разорна моќ, прецизност и дострел.Ова го изјави бригадниот генерал Мохамад Акраминија, кој истакна дека иранските сили нанеле сериозна штета врз американските воени бази на Блискиот Исток и дека голем број од нив биле привремено онеспособени. За овие тврдења засега нема независна потврда.Според генералот, САД и натаму имаат можност брзо да ги обноват с

Свет | пред 4 седмици

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски тврди дека Москва споделува разузнавачки информации со Иран

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските разузнавачки служби располагаат со информации за нова руска помош за Иран, вклучително и наводно споделување сателитски снимки од земјите од Персискиот Залив и американски воени бази во регионот.Тој најави дека ќе им наложи на украинските разузнавачки служби овие информации да им ги достават на сојузниците на Украина.„Од почетокот на јули бележиме интензивно сателитско снимање на териториите на земјите од Заливот и на американски

Свет | пред 4 седмици

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Пресврт во политиката на САД: Трамп ги одложи нападите врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ наредил на американската војска да се воздржи од нови напади врз Иран, со цел да им се даде простор на дипломатските напори за решавање на кризата, објави „Аксиос“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот.Според информациите, во изминатите 13 дена Трамп секојдневно ги одобрувал плановите за напади предложени од Пентагон. Меѓутоа, во петокот, откако добил нов предлог за воена операција, решил да не го одобри и наредил да не се изведуваат нови удари

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања