Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ИРАН

media-libraryu7k2inog1hemd5LOgF5

Огромни трошоци за војната: Вашингтон потрошил милијарди долари за два дена

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп потрошила муниција во вредност од околу 5,6 милијарди долари во првите два дена од нападите врз Иран, се наведува во извештај доставен до одборите на американскиот Конгрес, пренесуваат извори запознаени со информациите.Според извештајот, трошоците се однесуваат на употребената муниција и воена опрема во рамки на операцијата што САД ја започнаа на 28 февруари заедно со сојузникот Израел.Членови на Конгресот, кои наскоро би можеле да одлучуваат за дополнително финансирање на воената операција, изразиле загриженост дека конфликтот може брзо да ги исцрпи американските воени резерви во период кога одбранбената индустрија веќе се соочува со тешкотии да ја задоволи растечката побарувачка.Пред четири дена Трамп се сретнал со раководители на седум одбранбени компании, додека Пентагон работи на обновување на воените залихи.Американската администрација засега нема објавено официјална проценка за вкупните трошоци на конфликтот.Според информации од конгресни соработници, Белата куќа наскоро би можела да побара од Конгресот нов пакет средства за финансирање на војната.Некои официјални лица проценуваат дека барањето би можело да надмине 50 милијарди долари, иако дел од аналитичарите сметаат дека и таа сума би можела да биде недоволна доколку конфликтот продолжи.

Свет | пред 8 часа

w_55031023

Иран ја обвини Европската Унија за „лицемерие и двојни стандарди“

Иран ја обвини Европската Унија за „најголемо лицемерие и двојни стандарди“, откако шефицата на европската дипломатија Каја Калас ги осуди нападите на Хезболах врз Израел.Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, во објава на социјалната мрежа Икс наведе дека ЕУ покажала рамнодушност додека, како што тврди, Израел изведувал напади во Газа, Либан и други држави во регионот.„Европската Унија покажа рамнодушност додека Израел спроведуваше геноцид во Газа и изведуваше напади во Либан и други земји“, напиша Багаеи.Тој додаде дека реакцијата на Брисел доаѓа дури сега, кога Либан, според неговите зборови, „се спротивставува“.„А сега, кога Либан се спротивставува, одеднаш се сеќавате на меѓународното право“, порача иранскиот дипломат.Багаеи истакна и дека Европската Унија не може да тврди дека зборува во име на европските граѓани, за кои, според него, многумина јавно ги осудуваат израелските напади.Неговите изјави следуваат по коментарите на високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика Каја Калас, која оцени дека одлуката на Хезболах да нападне Израел претставува закана за целиот регион.Калас исто така изјави дека Израел има право на самоодбрана според меѓународното право, но предупреди дека „претераниот одговор“ на израелските сили предизвикува масовно раселување на населението и дополнително ја дестабилизира веќе кревката ситуација во регионот.

Свет | пред 10 часа

media-libraryt6mnit5le3n88CBWSD4

Невидлива војна на Блискиот Исток: GPS се претвора во ново оружје

Во сенка на ракетите и бомбите, на Блискиот Исток се води уште една, невидлива битка – електронска војна во која системите за сателитска навигација се претвораат во средство за напад.Во водите во близина на Иран, стотици бродови одеднаш почнале да се појавуваат на целосно погрешни позиции, при што нивните навигациски системи ги прикажувале на копно или групирани во необични и совршено кружни формации. Аналитичарите сметаат дека станува збор за масовно нарушување на GPS сигналите.Мишел Визе Бокман, виша аналитичарка во компанијата за поморска вештачка интелигенција „Виндвард“, вели дека на картите на Ормускиот теснец и околните води се појавиле десетици групи на бродови со очигледно нарушени координати.„О, Боже… гледам 35 различни групи“, изјави таа додека ги анализирала податоците за движењето на трговските бродови во водите на Иран, Обединетите Арапски Емирати и Катар.Експертите предупредуваат дека ваквото електронско мешање може да предизвика сериозни проблеми за поморскиот сообраќај. Иако конфликтите традиционално се водат со оружје, современите војни сè повеќе се водат и преку електромагнетни сигнали.Системите за автоматска идентификација на бродови, познати како AIS, се користат за да се избегнат судири на море. Големите танкери кои превезуваат стотици илјади тони нафта имаат потреба од значително време и простор за да го сменат курсот или да застанат.Ако екипажите не знаат точно каде се наоѓаат другите бродови, ризикот од судири значително се зголемува, особено ноќе или во услови на намалена видливост.„Проблемот не е во тоа што не знаете каде одите, туку што не знаете каде одат другите“, објаснува Алан Вудворд од Универзитетот во Сари.Иако засега нема официјална потврда кој стои зад нарушувањето на сигналите, дел од воените аналитичари се сомневаат дека Иран можеби користи системи за електронско војување. Технолошките средства за мешање на GPS сигналите, според некои процени, можат да бидат домашно произведени или направени со опрема набавена од Русија или Кина.Во исто време, постои можност и американските сили во регионот да користат системи за електронско мешање со цел да ги заштитат своите бази, бродови и персонал од дронови и оружје управувано преку GPS.Технолошките компании веќе развиваат нови системи за заштита од вакви пречки. Некои уреди можат автоматски да ги детектираат електронските сметњи и да се префрлат на други фреквенции, додека други користат алтернативни методи за навигација, како анализа на сателитски снимки, движење на ѕвездите или податоци од сензори.Експертите предупредуваат дека слабоста на GPS системот лежи во фактот што сигналите се релативно слаби и лесно можат да се нарушат. Војските, пак, користат посебни, заштитени верзии на системот кои се многу поотпорни на електронско мешање.Според експертите, сè почестото користење на вакви техники може да доведе до создавање нови, побезбедни системи за навигација во иднина, бидејќи современите конфликти покажуваат дека дури и невидливите сигнали можат да станат клучно оружје на бојното поле.

Свет | пред 10 часа

media-libraryl42sn4hv0m480pNUZbd

Претседателот на Иран: Кој мисли дека може да го уништи Иран живее во илузија

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан порача дека противниците кои веруваат дека можат да ја уништат иранската држава живеат во илузија.Во објава на социјалната мрежа Икс, Пезешкијан истакна дека низ историјата ниту една сила не успеала да го избрише Иран.„Низ историјата ниту една сила не успеала да го избрише тоа големо име“, напиша иранскиот претседател.Тој додаде дека оние кои веруваат дека Иран може да биде уништен не ја познаваат историјата.„Секој што живее во илузија дека може да го уништи Иран не знае ништо за историјата. Агресорите доаѓале и заминувале, а Иран опстанал“, порача Пезешкијан.

Свет | пред 10 часа

media-librarypm5jg8dn1q66fF8Z2Kj

Нова закана од Техеран: Ормускиот теснец ќе биде или пат на мир или на пораз

Претседателот на иранскиот Национален совет за безбедност Али Лариџани упати ново предупредување поврзано со Ормускиот теснец, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со жесток одговор доколку Иран го блокира овој клучен поморски премин.Во објава на социјалната мрежа Икс, Лариџани порача дека иднината на Ормускиот теснец ќе зависи од однесувањето на земјите кои, според него, поттикнуваат војна.„Ормускиот теснец ќе биде или теснец на мир и просперитет за сите, или теснец на пораз и страдање за воените поттикнувачи“, напиша Лариџани, пренесува телевизијата Ен-Би-Си њуз.Неговата изјава доаѓа откако Трамп претходно на социјалните мрежи предупреди дека Соединетите Американски Држави ќе го нападнат Иран „дваесет пати посилно“ доколку Техеран го запре поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец.Во меѓувреме, иранската Револуционерна гарда соопшти дека секоја арапска или европска држава која ќе ги протера израелските и американските амбасадори од својата територија би добила неограничен премин низ Ормускиот теснец.Според иранската државна телевизија, тие земји би имале „целосно право и слобода“ да поминуваат низ овој стратешки морски премин доколку ги прекинат дипломатските односи со САД и Израел, пренесува Си-Ен-Ен.Ормускиот теснец, широк околу 34 километри, претставува една од најважните светски поморски рути, бидејќи низ него минува речиси една петтина од глобалното снабдување со нафта.Актуелниот конфликт меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга доведе до значителен раст на цените на нафтата, главно поради речиси целосното затворање на Ормускиот теснец и забавувањето на производството на нафта на Блискиот Исток.

Свет | пред 10 часа

media-librarytl776dvtqhiq1K4tM1H

Претседателот на иранскиот парламент: „Око за око“ ќе биде правилото во војната

Претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Галибаф предупреди дека Техеран ќе одговори на секој напад со „соодветен и непосреден одговор“, нагласувајќи дека Иран ќе го следи принципот „око за око“ во тековниот конфликт.Во објава на социјалната мрежа Икс, Галибаф порача дека ниту еден акт на агресија нема да остане без одговор.„Ниту еден акт на агресија нема да остане без одговор. Денес го прогласуваме правилото ‘око за око’ – без двоумење и без исклучоци“, напиша тој.Тој додаде дека доколку противниците започнат напади врз инфраструктурата на Иран, земјата ќе возврати со напади врз инфраструктурата на противничката страна.„Ако тие започнат војна против инфраструктурата, ние сигурно ќе ја гаѓаме инфраструктурата возвратно“, наведе Галибаф.Во меѓувреме, иранското Министерство за разузнавање соопшти дека во последните денови уапсило 30 лица осомничени за шпионажа, соработка или оперативна поддршка на Соединетите Американски Држави и Израел.Според соопштението, кое го пренесе новинската агенција Тасним, меѓу уапсените има и еден странски државјанин кој наводно пренесувал чувствителни безбедносни информации до две држави од Персискиот Залив, кои потоа ги доставувале до САД и Израел.Министерството соопшти дека уште 19 лица биле идентификувани како теренски и медиумски оперативци поврзани со антивладини структури и контакти на Израел.

Свет | пред 10 часа

media-library3u6620i3vspoauMEofG

Ирански функционер му се закани на Трамп: „Внимавајте да не бидете елиминиран“

Високиот ирански безбедносен функционер Али Лариџани упати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, реагирајќи на неговите закани поврзани со можноста за блокирање на Ормускиот теснец.Во серија објави на социјалната мрежа Икс, Лариџани изјави дека Иран не се плаши од, како што ги нарече, „безвредните закани“ на американскиот претседател.„И оние што беа помоќни од вас не успеаја да го елиминираат иранскиот народ“, напиша тој.Во пораката упати и директно предупредување до Трамп.„Бидете внимателни, за да не бидете елиминиран“, наведе Лариџани.Оваа размена на остри изјави доаѓа откако Трамп претходно на својата платформа „Трут сошл“ предупреди дека Иран ќе биде погоден „дваесет пати посилно“ доколку се обиде да го запре протокот на нафта низ Ормускиот теснец, една од најважните светски поморски рути за транспорт на енергенси.

Свет | пред 10 часа

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Американските берзи речиси непроменети додека трае кризата на Блискиот Исток

Американскиот берзански пазар утрово бележи минимални промени, додека инвеститорите внимателно ја следат ситуацијата околу Иран и пошироката ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.Во раното тргување индексите Дау Џонс и Ес-Ен-Пи 500 паднаа за околу 0,3 проценти, додека технолошкиот индекс Насдак остана речиси непроменет.Неизвесноста на пазарите доаѓа во момент кога конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Израел од една страна и Иран од друга предизвика силни осцилации на цените на енергенсите, особено на нафтата.Сепак, економистите оценуваат дека американската економија е помалку изложена на ризиците од растот на цените на нафтата, бидејќи САД се еден од најголемите светски производители на нафта и гас.Поради тоа, американските акции засега се значително помалку погодени од пазарите во региони кои во голема мера зависат од увоз на енергенси.

Свет | пред 10 часа

media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Пентагон најави „најинтензивен ден“ на напади врз Иран

Соединетите Американски Држави најавија значително засилување на воените напади врз Иран, додека конфликтот продолжува да се шири низ Блискиот Исток.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека денешниот ден ќе биде „најинтензивниот“ од почетокот на операцијата, со најголем број борбени авиони, бомбардери и напади врз цели во Иран.Во меѓувреме, висок ирански безбедносен функционер испрати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го да биде внимателен „за да не биде елиминиран“, откако Трамп претходно предупреди дека никој не смее да го прекине протокот на нафта низ Ормускиот теснец.И покрај ескалацијата на конфликтот, цените на нафтата почнаа да паѓаат по вчерашниот врв кога достигнаа речиси 120 долари за барел.На терен, цивилите во Иран сведочат за силни напади. Жителка на иранскиот град Караџ изјави дека почувствувала „сенка на смртта“ откако напад погодил област во близина на нејзиниот дом.Во северен Израел денес биле активирани најмалку 30 предупредувања за пристигнување ракети и беспилотни летала, поради што милиони луѓе во делови од земјата биле принудени да побараат засолниште.Нови напади пријавија и Катар и Обединетите Арапски Емирати.Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека подготвува уште еден воен брод за можно распоредување во источниот Медитеран. Разурнувачот „Ејч-Ем-Ес Драгон“ се очекува да го напушти пристаништето Портсмут во наредните денови.

Свет | пред 10 часа

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Војната со Иран ѝ носи милиони на Русија од извоз на нафта и гас

Актуелната воена криза на Блискиот Исток ѝ овозможува на Русија да остварува значително поголеми приходи од извоз на нафта и гас, оценуваат енергетски аналитичари.Според нив, нарушувањето на глобалното снабдување со нафта и растот на цените на енергенсите, како и делумното олеснување на санкциите за руската нафта, создаваат поволни услови за руската економија.Анализата на тинк-тенкот Центар за истражување на енергија и чист воздух покажува дека една недела по почетокот на американско-израелските воздушни напади врз Иран на 28 февруари, просечните дневни приходи на Русија од извоз на фосилни горива достигнале околу 510 милиони евра дневно, што е за 14 проценти повеќе од просекот во февруари.Аналитичарот Ваибхав Рагунандан од Центарот предупредува дека приходите би можеле дополнително да растат доколку кризата продолжи.„Во изминатата недела има огромен ненадеен раст на приходите и тие ќе продолжат да се зголемуваат со текот на времето. Колку подолго трае оваа криза, толку е подобро за Русија“, изјави тој за Би-Би-Си.Според Рагунандан, ваквата ситуација претставува сериозен удар за напорите за поддршка на Украина, бидејќи растот на приходите од енергенси значително ја зајакнува руската воена економија.Во моментов, приходите од нафта и гас сочинуваат приближно една четвртина од буџетските приходи на руската држава, покажуваат податоците на Центарот за истражување на енергија и чист воздух.

Свет | пред 10 часа

media-library5gvscj926j5d7ZNyFee

Анализа: И покрај воените успеси, САД се соочуваат со ризик од долготраен конфликт

Андреас Криг, вонреден професор по безбедносни студии на Кингс колеџ во Лондон, оцени дека Соединетите Американски Држави најверојатно ќе се обидат да ги наметнат условите за завршување на војната со Иран, прогласувајќи дека доволно ги ослабиле иранските воени капацитети за да можат да се повлечат и да прогласат победа.Сепак, според него, не е сигурно дека Техеран ќе дозволи таков развој на настаните.„Не мислам дека Иранците ќе им дозволат тоа. Ескалациската предност е на страната на Иран“, изјави Криг.Тој предупреди дека евентуално продолжување на конфликтот може да има сериозни последици за целиот регион и за глобалната економија.Криг постави и неколку клучни прашања за можните последици од подолга војна: какви ќе бидат односите меѓу Иран и земјите од Персискиот Залив, дали Иран ќе продолжи да изведува напади со ниски трошоци и како тоа ќе се одрази врз безбедноста на Ормускиот теснец.Тој посочи дека таквото сценарио може сериозно да ја загрози енергетската безбедност и стабилноста на глобалните синџири на снабдување.Според Криг, овие потенцијални последици би можеле да станат „колатерална штета“ од долготраен конфликт, без оглед на тактичките воени успеси со кои се пофали американската војска.

Свет | пред 10 часа

media-librarylh7c8tfdv5jr8jf6l7i

Иран до фудбалерките: „Ве чекаме со раширени раце, вратете се дома“

По повиците да се обезбеди заштита и евентуален азил за иранските спортистки во странство, од Иран пристигна остра реакција во која таквите предлози се оценуваат како лицемерни.Во соопштението се наведува дека „повеќе од 165 невини ирански ученици загинале во двојниот напад со проектили во градот Минaб“, со порака дека „апсурдно и лицемерно е да се зборува за ‘спасување’ на иранските спортистки по такви настани“.Пораката беше упатена и до женската фудбалска репрезентација на Иран.„Не грижете се – Иран ве чека со раширени раце. Вратете се дома“, се наведува во пораката на Есмаил Багеи, портпарол на Министерството за надворешни работи на Иран.Светската јавност стравува за безбедноста на иранските фудбалерки, откако на државната телевизија беа прогласени за предавнички, поради тоа што на натпреварот од Азискиот куп протестирале со тоа што не ја пееја химната. Во услови на војна во нивната земја, такви постапки може да повлечат смртна казна.Затоа, веќе неколку дена јавноста апелира до властите во Австралија да им обезбедат азил, а според најавите, тоа било сторено за пет фудбалерки кои го побарале, додека другите се плашат за безбедноста на своите семејства доколку тоа го сторат.Дури и американскиот претседател Доналд Трамп јавно се огласи, повикувајќи на реакција од Австралија.

Свет | пред 12 часа

media-librarypotefaq7esmn6CNlEAa

Коста: Досега има само еден победник во оваа војна – Русија

Единствениот победник досега во војната на Блискиот Исток е Русија, бидејќи конфликтот ги зголемува цените на нафтата и го одвлекува вниманието од нејзината агресија во Украина, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, објави „Ројтерс“.Досега има само еден победник во оваа војна – Русија“, рече Коста во говорот пред амбасадорите на ЕУ во Брисел.Русија добива нови средства за финансирање на својата војна против Украина, бидејќи цените на енергијата растат. Таа, исто така, има корист од пренасочувањето на воените капацитети што инаку би можеле да бидат испратени за да ѝ помогнат на Украина. Конечно, таа, исто така, има корист од намаленото внимание на украинското бојно поле, додека конфликтот на Блискиот Исток е во центарот на вниманието“, рече Коста.Тој нагласи дека Европската Унија мора да го заштити меѓународниот поредок базиран на правила, кој, според него, сега е оспорен од САД. Тој ги повика сите страни на Блискиот Исток да се вратат на преговарачката маса.Слободата и човековите права не можат да се постигнат со бомби. Тие се поддржани само од меѓународното право. Мора да избегнеме понатамошна ескалација. Ваквите случувања го загрозуваат Блискиот Исток, Европа и пошироко“, рече тој.

Свет | пред 13 часа

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху: Нашата цел е да му помогнеме на иранскиот народ да ги отфрли оковите на тиранијата

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека Израел нема намера да запре со воената операција против Иран. За време на состанокот со претставници на здравствениот систем, тој упати остра порака, нагласувајќи дека досегашните напади веќе нанеле катастрофални штети врз иранската воена структура.Нема сомнение дека она што го направивме досега им ги скрши коските. Нашата цел е да му помогнеме на иранскиот народ да ги отфрли оковите на тиранијата, но на крајот на краиштата, тоа зависи од нив“, изјави Нетанјаху.Оваа изјава доаѓа само неколку часа откако израелската воздушна одбрана пресретна иранска ракета над Тел Авив, додека втора падна во морето во близина на градот, што дополнително ги зоври тензиите во регионот.

Свет | пред 16 часа

romanija

Во Турција распореден американски систем за противвоздушна одбрана

Турција денеска соопшти дека американскиот систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ е распоредeн во југоисточната покраина како дел од „засилените мерки за противвоздушна и противракетна одбрана“ на НАТО.За време на неодамнешните настани во нашиот регион се преземаат потребните мерки за заштита на нашите граници и воздушен простор, и тоа во консултации со НАТО и сојузниците“, соопшти турското Министерство за одбрана на X.Министерството додаде дека, покрај националните мерки, НАТО ја засилил противвоздушната и противракетната одбрана, и дека системот „Патриот“ моментално се наоѓа во Малатија и се подготвува за оперативна готовност со цел да ја поддржи заштитата на турскиот воздушен простор.Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека Иран не треба да презема понатамошни „провокативни чекори“ откако балистичка ракета навлезе во турскиот воздушен простор.Неговите изјави, пренесени од државната агенција „Анадолу“, следеа по соопштението на турското Министерство за одбрана дека балистичката ракета испукана од Иран навлегла во турскиот воздушен простор пред да биде неутрализирана од средствата на НАТО во источниот Медитеран.Иран подоцна негираше дека испукал ракета кон Турција. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, сугерираше дека станува збор за „операција под лажно знаме“, но не обвини ниту една конкретна земја.

Свет | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања