Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ИРАН

media-library09vpv6t0cvspdoLnTnE

Иранската државна телевизија: Моjтаба Хамнеи е повреден во војната

Иранската државна телевизија, известувајќи за именувањето на Мојтаба Хамнеи за нов врховен лидер на Иран, наведува дека тој е повреден во војна.Во телевизиската програма е опишан како „јанбаз“, што значи лице повредено од непријател, и тоа во „рамазанската војна“, како што иранските медиуми го нарекуваат актуелниот конфликт. Меѓутоа, подоцна еден аналитичар сугерирал дека Хамнеи можел да биде повреден за време на службата во Иранско-ирачката војна во 1980-тите години.Мојтаба Хамнеи од почетокот на конфликтот не се појавил јавно. Неговиот татко, досегашниот ајатолах, беше убиен во израелски воздушен напад врз Техеран на 28 февруари, на самиот почеток на војната.Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека сака да има улога во изборот на новиот ирански лидер. Иако напомена дека би бил отворен за некој поврзан со досегашното раководство, јасно стави до знаење дека се противи тоа да биде Мојтаба Хамнеи.Синот на Хамнеи за мене е неприфатлив“, нагласи Трамп.Израел исто така издаде предупредување пред официјалното потврдување на именувањето на вториот син на Хамнеи за врховен лидер, со порака дека ќе продолжи да ги гони сите наследници на покојниот ајатолах.

Свет | пред 1 ден

media-libraryjngat4htm0qgb8aVxjx

Европските берзи бележат силен пад

На европските берзи утрово цените на акциите драстично паднаа, бидејќи инвеститорите се загрижени дека силниот пораст на цените на нафтата може да поттикне инфлација и да ја оштети целокупната светска економија, пишува Индекс.хр.Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9:30 часот беше во минус од 2,3 проценти, по падот од повеќе од 4 проценти во изминатата недела.Утрово, лондонскиот FTSE индекс се намали за 1,73 проценти, на 10.106 поени, додека франкфуртскиот DAX падна за 2,61 проценти, на 22.976 поени, а парискиот CAC се намали за 2,48 проценти, на 7.795 поени.И на азиските берзи цените на акциите драстично паднаа. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции во 9:30 часот беше во минус од над 2 проценти.Цените на акциите во Шангај, Хонг Конг, Индија, Австралија, Јапонија и Јужна Кореја паднаа помеѓу 0,7 и 6 проценти.

Свет | пред 1 ден

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Во Ормутскиот теснец досега нападнати 10 бродови

Според податоците од MarineTraffic, кои во петок ги анализираше AFP, од понеделник се забележани само девет комерцијални бродови – танкери, товарни и контејнерски бродови – кои повремено ја прикривале својата положба. Поморската безбедносна компанија Vanguard соопшти дека бродот Mussafah 2 бил погоден со два проектили додека се обидувал да им помогне на контејнерскиот брод Safeen Prestige, кој два дена претходно бил погоден со проектил.Скорошните извештаи за инциденти укажуваат дека бродовите кои пружаат помош на претходно погодените пловила исто така можат да се соочат со зголемен ризик од повторни напади“, предупреди во саботата Заедничкиот поморски информативен центар (JMIC), кој го управува Западната поморска коалиција.Забележаниот образец на напади врз закотвени бродови, пловила во движење и помошни бродови укажува на кампања насочена кон создавање оперативна несигурност и одвраќање на рутинското комерцијално движење, а не на континуиран обид за потопување на пловила.Нападите со дронови и ракети за кои е одговорна Иранската револуционерна гарда не се секогаш потврдени од независни извори – некои се потврдуваат со денови, а инволвираните пловила не се секогаш идентификувани. Бројот на жртви може да варира.Иран ја извезува сопствената нафта преку Ормутскиот теснец, но неговите намери остануваат нејасни. Генерал од Револуционерната гарда на 2 март предупреди дека Иран ќе „го запали секој брод“ кој ќе се обиде да помине низ теснецот и ќе ја блокира целокупната нафтена трговија од Заливот. Меѓутоа, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека „нема намера“ да го затвори теснецот.

Свет | пред 1 ден

media-library732fgqkd9fqm0maaHlz

Азербејџан ја отвори границата со Иран

Азербејџан повторно ги отвори своите гранични премини со Иран за целокупниот сообраќај, откако минатата недела тие беа затворени поради инцидент со дрон. Станува збор за една од најкратките копнени рути што го поврзуваат Иран со Русија, објавува Ројтерс.Баку ги затвори премините минатата недела по настанот кој го опишаа како ирански напад со беспилотно летало во азербејџанската енклава Нахичеван.Претходно иранскиот претседател Масуд Пезешкиан го повикал својот азербејџански колега Илхам Алиев. Според соопштението од кабинетот на Алиев, Пезешкиан изјавил дека Иран не бил вмешан во инцидентот во Нахичеван и дека Техеран спроведува истрага за целиот случај.

Свет | пред 1 ден

media-librarycmjdioq4krat7hF04aC

Трамп за именувањето на новиот врховен лидер на Иран: Не сум задоволен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, „не е задоволен“ од именувањето на Мојтаба Хамнеи за нов врховен лидер на Иран, пренесува американската телевизија Фокс њуз.Водителот Брајан Килмид изјави дека разговарал со претседателот по објавувањето на веста.Не сум задоволен“, му рекол Трамп.Килмид не откри дополнителни детали од разговорот, а Трамп сè уште јавно не се огласил по повод изборот.Иранскиот Совет на експерти, телото задолжено за избор на врховниот лидер на земјата, синоќа со големо мнозинство гласови го избра ајатолахот Мојтаба Хамнеи за трет врховен лидер на Исламската Република Иран, пренесе агенцијата Тасним.Советот на експерти ја нагласи важноста на континуитетот на лидерството и почитувањето на Уставот и внатрешните правила во процесот на избор на лидер, со цел државата да не остане без раководство.Изборот на Мојтаба Хамнеи е спроведен во согласност со принципите на исламското право и Уставот, а Советот на експерти ги повикува сите граѓани и општествените елити да му дадат лојалност на новиот лидер и да го зачуваат единството на државата“, се наведува во соопштението.Новиот врховен лидер на Иран е избран откако претходниот лидер, Али Хамнеи, беше убиен на почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари.Мојтаба Хамнеи се смета за продолжувач на наследството и тврдата политика на својот татко. Трамп претходно изјави дека именувањето на синот на Хамнеи би било „неприфатливо“, додавајќи дека новиот ирански лидер сигурно нема „долго да трае“ доколку изборот не биде координиран со Вашингтон.Губат време. Синот на Хамнеи е ‘ситна риба’“, го цитираше Трамп американскиот портал Аксиос.Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, минатата недела изјави дека кој и да биде избран за наследник на Хамнеи ќе биде „мета за елиминација“.

Свет | пред 1 ден

media-library4tnm9iaectbgb2sYMha

Турција испраќа борбени авиони Ф-16 на Кипар

Турција испраќа шест борбени авиони Ф-16 на Кипар. Како што денес пренесува турската телевизија NTV, се очекува ловците Ф-16 да слетаат на аеродромот Ерџан, на северот на островот.Во тек се подготовки во објектите на аеродромот за сместување на персоналот кој ќе биде стациониран таму.Ашкин Мешели, вршител на должност директор на Одделот за цивилно воздухопловство, објави дека Турција утрово ќе испрати шест борбени авиони Ф-16 во ТРСК.Мешели изјави дека авионите се испраќаат од безбедносни причини и дека нивното пристигнување нема да влијае врз цивилните летови.Во најновото соопштение на Министерството за национална одбрана, исто така, е наведено дека, имајќи ги предвид неодамнешните случувања, се разгледува распоредување на борбени авиони Ф-16 на островот со цел да се обезбеди безбедноста, потсетува NTV и додава дека одлуката доаѓа по низа напади врз базата Акротири на јужен Кипар.

Свет | пред 1 ден

media-library3fmlqqktbrd96SSXA5V

(Фото) Евакуираните жени ги чекаа со ружи: 151 македонски државјанин безбедно евакуиран од Обединетите Арапски Емирати

На Меѓународниот аеродром Скопје вечерва пристигнаа 151 патник, македонски државјани кои претходно престојувале во Обединетите Арапски Емирати и кои успешно биле евакуирани и вратени во земјата.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека процесот на евакуација бил целосно координиран од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во соработка со другите надлежни институции.„Вечерва на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа 151 патник, како дел од групата македонски државјани кои престојуваа во Обединетите Арапски Емирати и кои успешно и безбедно беа евакуирани и вратени во државата“, соопшти Муцунски.Тој додаде дека операцијата уште еднаш ја потврдува подготвеноста на институциите да реагираат брзо и координирано во услови на кризни ситуации.Според најавите од Министерството, во наредните денови се очекува да биде финализирана и евакуацијата на останатите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја на Блискиот Исток.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Иран предупредува: Ако продолжат нападите, ќе возвратиме со удари во регионот

Портпаролот на Иранската револуционерна гарда предупреди дека Иран ќе возврати со слични напади на Блискиот Исток доколку продолжат воздушните удари врз неговите енергетски постројки.Во соопштението се наведува дека „криминалните Соединети Американски Држави и посрнатиот ционистички режим од почетокот на агресијата врз Исламската Република Иран не постигнале ништо освен убивање невини деца, невооружени мажи и жени и цивили“.Се додава дека, покрај убиствата на цивили, напаѓачите отишле чекор понатаму и во нови, брутални напади гаѓале делови од енергетската инфраструктура и сервисни центри.Во соопштението се истакнува дека Иран досега се воздржувал од слични напади и се повикуваат владите на исламските земји итно да ги предупредат Соединетите Американски Држави и Израел со цел да се спречи понатамошно ширење на конфликтот во регионот.

Свет | пред 2 дена

media-libraryb8sjmkqor128fAeHOJG

Техеран предупредува: Отровен воздух ги загрозува граѓаните по нападите врз рафинериите

Иранското Министерство за надворешни работи предупреди дека нападите врз нафтената инфраструктура во земјата ослободуваат опасни и токсични материи во воздухот, што, според Техеран, претставува сериозна закана за здравјето на населението.Портпаролот на министерството Есмаил Багаеи изјави дека нападите врз нафтени складишта и рафинерии предизвикуваат големо загадување на воздухот.„Нападите врз нафтени складишта ослободуваат опасни и отровни материи во воздухот, што во големи размери ги загрозува животите на луѓето“, изјави Багаеи.Во текот на ноќта, според иранските медиуми, биле погодени неколку нафтени рафинерии во земјата. Меѓу целите било и нафтеното складиште Шахран, кое се наоѓа на северозападниот дел од иранската престолнина Техеран.Иранските државни медиуми јавија и за експлозии во градот Ком. Полуофицијалната новинска агенција Тасним објави дека американско-израелски напади погодиле две локации во овој град.Ком се наоѓа јужно од Техеран и важи за едно од најзначајните центри на шиитското верско образование во Иран. Градот веќе беше меѓу местата каде беа пријавени експлозии по почетокот на американско-израелските напади врз повеќе цели низ земјата.Засега нема официјални информации за евентуални жртви или за обемот на материјалната штета.

Свет | пред 2 дена

Svajcarija

Неутралната Швајцарија се огласи: Американско-израелските напади врз Иран се кршење на меѓународното право

Швајцарскиот министер за одбрана Мартин Пфистер оцени дека нападите на Соединетите Американски Држави и Израел врз Иран претставуваат кршење на меѓународното право, пренесува Алџезира.Во интервју за швајцарскиот весник „Зонтагсцајтунг“, Пфистер изјави дека швајцарската влада смета дека нападот врз Иран ја прекршува забраната за употреба на сила, што е основен принцип на меѓународното право.„Федералниот совет смета дека нападот врз Иран претставува кршење на меѓународното право. Според нашето мислење, тоа е прекршување на забраната за употреба на сила“, изјави Пфистер, повикувајќи ги сите страни да ги прекинат борбите со цел да се заштити цивилното население.Тој појасни дека оценката се однесува на сите држави кои не ја почитуваат забраната за употреба на сила, вклучително и САД и Израел.„Американците и Израел го нападнаа Иран од воздух. Со тоа, како и Иран, го прекршија меѓународното право“, додаде швајцарскиот министер.Слични ставови изрази и германскиот вицеканцелар и министер за финансии Ларс Клингбајл, кој во изјава за германската медиумска мрежа РНД рече дека има „сериозни сомнежи“ дали оваа војна е легитимна според меѓународното право.Клингбајл предупреди и дека постои опасност светот да се движи кон систем во кој нема правила, туку важи само правото на посилниот.Шпанија, исто така, ги осуди американските и израелските напади врз Иран, оценувајќи ги како непромислени и незаконски.Според експерти со кои разговарала Алџезира, нападите најверојатно ја прекршуваат Повелбата на Обединетите нации, која ја забранува агресијата и употребата на сила без јасно правно оправдување.

Свет | пред 2 дена

media-libraryfr3jcfd14t0e6D9BLDC

Иранскиот министер: Никој не знае кој ќе биде следниот врховен лидер

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека никој не знае кој ќе биде следниот врховен лидер, во услови на извештаи дека телото одговорно за изборот веќе избрало замена за ајатолах Али Хамнеи.Во емисијата на NBC „Meet The Press“ во неделата, Аракчи рече: „Се шират многу гласини, но мораме да почекаме Советот на експертите да се состане и да гласа за новиот врховен лидер.“Советот е тело составено од 88 високи клирици кои го бираат врховниот лидер на Иран, а членовите се избираат од иранските гласачи.Додека советот не се состане, на власт е привремено водство, а сите ирански институции продолжуваат да ја извршуваат својата работа. Некои набљудувачи сметаат дека новиот лидер не може да биде именуван додека советот не се состане лично.Аракчи беше прашан и за тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека мора да има збор во изборот на новото иранско раководство. „Не дозволуваме никој да се меша во нашите внатрешни работи. Тоа е на иранскиот народ,“ рече тој. „Тоа е исклучиво работа на иранскиот народ.“Иран, исто така, не би прифатил барање на Трамп за безусловно предавање. Аракчи додаде дека Иран во јуни минатата година прифатил примирје, но овојпат е потребен траен крај на војната. „Никој не сака да ја продолжи оваа војна,“ рече тој, додавајќи дека Иран ќе продолжи да дејствува само во самоодбрана.Тој нагласи дека Иран не напаѓа соседи, туку американски објекти и инсталации во арапските земји на Персискиот залив.

Свет | пред 2 дена

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Ирански шеф на дипломатијата до Трамп: Извинете се за убиствата и разорувањата

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека новиот врховен лидер на Иран ќе го избере иранскиот народ, а не американскиот претседател Доналд Трамп. Тој воедно побара Трамп да се извини за „убиствата и разорувањата“ кои, според него, Соединетите Американски Држави ги предизвикале во Иран и поширокиот регион, пренесува NBC.Арагчи реагираше на изјавата на Трамп од минатиот четврток, во која американскиот претседател посочил дека би требало да учествува во изборот на следниот врховен лидер на Иран.„Никому не му дозволуваме да се меша во нашите внатрешни работи. Исклучиво иранскиот народ ќе го избере својот нов лидер“, изјави Арагчи во емисијата „Meet the Press“.Тој додаде дека американскиот претседател треба да се извини за постапките на својата земја.„Тој треба да им се извини на луѓето во регионот и на иранскиот народ за убиствата и разорувањата што ни ги нанесе“, заклучи иранскиот министер.

Свет | пред 2 дена

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Македонија организира четири чартер летови за евакуација на граѓани од регионот на Блискиот Исток, слободните седишта се за соседните држави

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска започнува евакуацијата на македонски државјани од регионот на Блискиот Исток, при што првата група граѓани се враќа од Дубаи во Скопје.Тој посочи дека покрај летот од Обединетите Арапски Емирати, Владата организира и дополнителни чартер летови за евакуација на граѓани од други земји во регионот.„Првата група која ја евакуираме од Дубаи за Скопје е денеска. Имаме организирани чартери од Саудиска Арабија кои треба да ги прифатат граѓаните од Катар и Кувајт кои треба да заминат во среда. Има четири чартер летови, имаме десетици слободни места. Дел од државите во регионот замолија и нивни граѓани да донесеме. Од некогаш слабата Влада која молеше за 5.000 вакцини, сега сме фактор на стабилност“, изјави Мицкоски.Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека евакуираните македонски државјани од Обединетите Арапски Емирати се очекува да слетаат на Меѓународниот аеродром Скопје вечерва околу 21:15 часот.На аеродромот патниците ќе ги пречека министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryb8sjmkqor128fAeHOJG

(Видео) Темно небо над Техеран по израелските напади врз нафтени складишта

Небото над делови од Техеран се затемни откако Израел изврши бомбардирање на нафтени складишта, при што густ чад се надвисна над главниот град. „Иако денес во Техеран имаме облачност, моменталното темно небо не е природно и е резултат на комбинација од чад и облаци“, изјави Садег Зејаејан за државната новинска агенција IRNA.Новинската агенција Tasnim предупреди на здравствени ризици од сулфурни и азотни оксиди во атмосферата, кои можат да станат опасни ако се комбинираат со дожд. Граѓаните се советуваат да не ги напуштаат домовите доколку паѓа дожд.Израел соопшти дека ноќеска извршил напади врз неколку складишта за гориво во Техеран, тврдејќи дека се користеле за воена инфраструктура. Според иранската државна телевизија IRIB, Револуционерната гарда ја потврди бомбата врз рафинеријата на нафта на југот од главниот град.

Свет | пред 2 дена

media-library8o3u08tc9ncs72CzI1e

Иран го избра новиот врховен лидер, но неговото име сè уште не е соопштено

Во јавноста веќе една недела се шпекулира дека можен наследник на покојниот Али Хамнеи би можел да биде неговиот син, Моджтабе Хамнеи, кој важи за еден од највлијателните луѓе во иранската влада.Покрај него, за позицијата на врховен лидер се разгледуваат и други кандидати, меѓу кои се споменува и Хасан Хомеини, внук на основачот на Исламската Република, ајатолахот Рухола Хомеини.Израел во изминатите денови веќе соопшти дека новиот врховен лидер ќе биде „цел“, додека поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за порталот Axios истакна дека нема да прифати Моджтабе Хамнеи да ја преземе функцијата.Именувањето на новиот врховен лидер се случува во време кога Иран се соочува со интензивни напади, од Техеран до Исфахан.

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања