Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ИРАН

gaza

Планот на Трамп за мир во Газа ставен на чекање по нападите врз Иран

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Појасот Газа е ставен на чекање поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, откако САД и Израел извршија напади врз Иран, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на три извори директно вклучени во преговорите.Според нив, новонастанатата ситуација го доведува во прашање спроведувањето на мировната иницијатива на Трамп за регионот, позната како „Одбор за мир“, која американскиот претседател неодамна ја претстави како клучна цел на својата надворешна политика.Застојот доаѓа помалку од еден месец откако Трамп обезбеди милијарди долари финансиска помош за Газа од арапските држави, кои сега се соочуваат со ирански напади и растечка ескалација на конфликтот во Персискиот Залив.Експертите предупредуваат дека новата безбедносна ситуација може да ја доведе во прашање поддршката за оваа иницијатива.Заха Хасан од Карнегиевата фондација за меѓународен мир во Вашингтон изјави дека арапските земји, меѓу кои Обединетите Арапски Емирати и Катар, кои претходно ветија финансиска поддршка за „Одборот за мир“, сега можеби ќе го преиспитаат своето учество.„Тие веројатно се прашуваат дали ова навистина е добро потрошен новец“, изјави Хасан.

Свет | пред 1 ден

izrael-napadnat

Напад врз срцето на Израел: Аларми одекнуваат во регионот каде живее половина од населението

Сирени за воздушна опасност речиси без престан се активираат во централниот дел на Израел поради ракетни напади, јавуваат очевидци.Според првичните информации, ракетниот оган доаѓа од Иран или од движењето Хезболах од Либан, додека во неколку погодени подрачја се забележани столбови чад по ударите.Станува збор за исклучително стратешка област во Израел, каде живеат околу 44 проценти од населението.Во овој регион се наоѓаат и клучни државни и воени институции, меѓу кои меѓународниот аеродром „Бен Гурион“, неколку воени бази, Министерството за одбрана, како и седиштето на израелската разузнавачка служба Мосад.Израелските власти засега не објавиле официјални детали за нападите, бидејќи информациите сè уште не се одобрени за објавување од воената цензура.

Свет | пред 1 ден

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.33

Напади врз постројки за вода во Блискиот Исток – нова опасна фаза на војната

Нападите врз постројки за десалинизација на вода се појавија како нова и опасна појава во војната на Блискиот Исток, предупредуваат експертите, бидејќи станува збор за инфраструктура од која зависат милиони луѓе.Иран ги обвини Соединетите Американски Држави дека поставиле опасен преседан со нападот врз постројка за десалинизација на островот Кешм, која обезбедува вода за пиење за околу 30 села.Во меѓувреме, Бахреин соопшти дека ирански дрон оштетил постројка за десалинизација на вода, обвинувајќи го Техеран дека „случајно“ таргетира цивилна инфраструктура.Иако ваквите напади засега се ограничени, експертите предупредуваат дека нападите врз водните системи можат драматично да ја ескалираат војната.„Првата страна која ќе се осмели да нападне вода ќе предизвика војна многу поголема од онаа што ја гледаме денес“, изјави економистката за водни ресурси Естер Крозе-Делбур.Постројките за десалинизација се клучни за опстанокот на многу земји во регионот. Според извештај од Францускиот институт за меѓународни односи од 2022 година, десалинизираната вода обезбедува 42 проценти од водата за пиење во Обединетите Арапски Емирати, 70 проценти во Саудиска Арабија, 86 проценти во Оман и дури 90 проценти во Кувајт.„Таму без десалинизирана вода нема ништо“, предупреди Крозе-Делбур.

Свет | пред 1 ден

media-libraryvu8k6ge34h6veaF2D7a

Белата куќа: Растот на цените на нафтата е привремен

Белата куќа соопшти дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп внимателно ја следи ситуацијата на енергетските пазари, откако цените на нафтата нагло пораснаа поради војната со Иран.Портпаролката на Белата куќа, Тејлор Роџерс, изјави дека администрацијата е во постојана координација со надлежните институции.„Белата куќа е во постојана координација со релевантните агенции по ова важно прашање, кое е врвен приоритет за претседателот“, изјави Роџерс.Таа додаде дека Трамп и неговиот енергетски тим уште пред почетокот на нападите врз Иран имале подготвен план за стабилизација на енергетските пазари.„Претседателот и неговиот енергетски тим имаат силен план за одржување на стабилноста на енергетските пазари и ќе продолжат да ги разгледуваат сите кредибилни опции“, рече Роџерс.Портпаролката ја повтори и оценката на Трамп дека растот на цените на нафтата е привремен.Според него, цените значително ќе паднат откако ќе бидат постигнати целите на воената операција.

Свет | пред 1 ден

media-librarybf78tj12r94fdPla1kY

НАТО потврди: Пресретнат проектил насочен кон Турција

НАТО потврди дека пресретнал проектил кој бил насочен кон Турција, соопшти портпаролката на Алијансата Алисон Харт.Таа информацијата ја објави на социјалната мрежа Икс, користејќи го официјалното име на државата – Туркије.„НАТО повторно пресретна проектил кој беше насочен кон Турција“, напиша Харт.Ова е уште еден инцидент во кој НАТО системите за противвоздушна одбрана реагираат на закани кон турскиот воздушен простор, во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток.

Свет | пред 1 ден

media-librarydbuhdl1u01bsaNzXC24

САД ја открија целта на операцијата против Иран

Соединетите Американски Држави соопштија дека нивната воена операција против Иран има за цел да ја ослабне способноста на Техеран да претставува закана за регионот и глобалната безбедност.Во изјава на американскиот државен секретар Марко Рубио се наведува дека операцијата е насочена кон клучни воени капацитети на Иран.Еден американски официјален претставник ја опиша операцијата како напад врз, како што рече, „Иран – водечка држава во светот по киднапирања и земање заложници“.„Застанете на момент и упатете мисли и молитви кон храбрите Американци. Сите сме восхитени од нивната служба“, изјави Рубио, пофалувајќи ги американските сили кои учествуваат во мисијата.Според него, главните цели на операцијата се уништување на иранските капацитети за лансирање ракети, елиминирање на фабриките во кои се произведуваат ракетите, како и напади врз поморските сили на Иран.Американските власти додаваат дека операцијата е насочена кон спротивставување на заканата што, според нив, иранското клерикално раководство ја претставува за Блискиот Исток и за пошироката меѓународна заедница.

Свет | пред 1 ден

media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

Пентагон: Ова не е рамноправна борба, кампањата против Иран оди според планот

Американските и израелските напади врз Иран влегуваат во втората недела, а операцијата што Пентагон ја нарекува „Епски бес“ досега опфатила повеќе од 3.000 цели на иранска територија, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет во интервју за Си-Би-Ес њуз.Според него, во операцијата учествуваат повеќе од 50.000 американски војници, а кампањата се одвива според планот.„Многу сме на добар пат. Јас вчера бев во Централната команда. Операцијата се спроведува според планот“, изјави Хегсет.Тој нагласи дека конфликтот не е рамноправен и дека американските и израелските сили имаат значителна воена предност.„Нашите способности се далеку посилни од иранските. Кога ќе ги споите нашите воздухопловни сили со израелските, станува збор за две од најмоќните воздушни сили во светот“, рече американскиот министер за одбрана.Хегсет додаде дека дел од кампањата со конвенционално оружје, вклучително и тешки бомби од 200, 500 и 1.000 килограми, допрва треба да започне.Според него, целта на операцијата е целосно да се неутрализираат воените капацитети на Иран.„Се бориме за победа. Ние ги поставуваме условите. Ќе знаеме дека целта е постигната кога противникот повеќе нема да биде борбено способен“, рече Хегсет.Во интервјуто тој потврди дека во моментов нема американски копнени сили во Иран, но не ја исклучи таа можност.„Би било неразумно да не ја задржиме таа опција. Задржуваме право на сите можности“, изјави министерот.Според американски извори, Русија наводно му доставува разузнавачки информации на Иран за американските позиции и движења, но Хегсет рече дека американската војска е целосно свесна за тие активности.Во меѓувреме, во конфликтот веќе има жртви и на двете страни. Шест американски резервисти беа убиени во ирански напад со дрон врз база во Кувајт, додека според активисти за човекови права, во Иран досега загинале повеќе од 1.600 луѓе.Хегсет изјави дека американските власти истражуваат и напад во кој беше погодено училиште на југот од Иран, но нагласи дека американската војска „никогаш не таргетира цивили“.

Свет | пред 1 ден

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

НАТО системи пресретнале иранска ракета над Турција

Балистичка ракета испалена од Иран е соборена во турскиот воздушен простор, соопшти турското Министерство за одбрана.Според соопштението, ракетата била пресретната од НАТО системите за противвоздушна одбрана распоредени во источниот Медитеран.Остатоците од ракетата паднале на празни полиња во областа Газиантеп, на југоистокот од Турција, при што нема информации за повредени или материјална штета.„Уште еднаш нагласуваме дека против секоја закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја ќе бидат преземени сите неопходни чекори, решително и без двоумење“, соопшти турското Министерство за одбрана.Ова е втор ваков инцидент во рок од една недела. Во четвртокот Анкара објави дека НАТО системите за одбрана пресретнале балистичка ракета која се движела кон турскиот воздушен простор.Техеран тогаш негираше дека ракетата била испалена од Иран.Инцидентот предизвика реакција и од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој изјави дека активирањето на членот 5 од Северноатлантскиот договор засега не е на дневен ред.Членот 5 предвидува дека вооружен напад врз една членка на НАТО се смета за напад врз целиот сојуз, по што останатите членки преземаат мерки за помош на нападнатата држава.

Свет | пред 1 ден

media-libraryn6jrjq9tvt629sXbhgA

Иран ја обвини Европа: Помогнавте во создавањето услови за нападите на САД и Израел

Иран ги обвини европските земји дека помогнале во создавање услови за американско-израелските напади врз земјата, кои доведоа до актуелниот конфликт со Исламската Република.Обвинувањата ги изнесе портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, на редовната неделна прес-конференција.„За жал, европските земји помогнаа во создавањето на тие услови“, изјави Багеи.Тој додаде дека наместо да се залагаат за владеење на правото и да се спротивстават на притисоците од САД, европските држави ја поддржале американската позиција во Советот за безбедност на Обединетите нации.„Наместо да инсистираат на владеење на правото и да се спротивстават на заплашувањето и ексцесите на Соединетите Американски Држави, тие се согласија со нив во Советот за безбедност на ОН за време на расправата за повторно воведување санкции. Тоа ја охрабри американската и ционистичката страна да продолжат со своите злосторства“, рече Багеи.Изјавата доаѓа во момент кога конфликтот меѓу Иран, САД и Израел продолжува да ескалира, а тензиите на Блискиот Исток предизвикуваат сериозна загриженост кај меѓународната заедница.

Свет | пред 1 ден

media-libraryce0gohncb6qv4JBNWiQ

Евакуацијата е бесплатна, приоритет имаат мајки со деца: има лице кое бара да не биде извлекувано преку Египет

Владата нема да наплаќа за евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, нагласувајќи дека во вакви кризни ситуации институциите имаат обврска да помогнат.„Одлучивме да не наплаќаме од граѓаните. На сите ни е многу лесно да критикуваме од дома, не дај Боже да бидеме во таква ситуација. Владата и министерството, во ситуација на криза, се тука да помогнат и нема да очекуваат да се надоместат трошоците“, изјави Муцунски.Тој информираше дека има и поединечни случаи на граѓани кои побарале специфичен начин на евакуација.„Едно лице побара да не биде евакуирано преку Египет. Има граѓани кои побараа помош, но тоа да биде од Израел. На едно лице му обезбедивме авионски билет, а за уште едно лице работиме на логистиката“, рече министерот.Муцунски појасни дека при евакуацијата се применуваат одредени приоритети.„Приоритет имаат мајки со деца, потоа туристи, а од некои земји беше побарано да се извлечат и странски државјани поради специфични околности. Во следните два лета повторно ќе има и странски државјани“, изјави Муцунски.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryh68h47mn5uandMzFoBP

14 лица не се појавиле на летот за евакуација од Дубаи, планирани се уште два летови, 89 лица чекаат да бидат извлечени

Четиринаесет македонски државјани кои биле пријавени за евакуација вчера не се појавиле на организираниот лет од Дубаи, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.„14 лица вчера не се појавија на летот од Дубаи. Овие лица до последен момент барале евакуација. Контактиравме веднаш преку нашето дипломатско претставништво други граѓани, кои ги вративме, а беа на листата за чекање“, изјави Муцунски.Тој посочи дека во повеќе земји од регионот се евидентирани македонски државјани кои побарале помош за евакуација.Во Доха се регистрирани 162 лица, од кои 89 изразиле подготвеност да бидат евакуирани. Во Кувајт се пријавени 36 лица, во Бахреин 15, додека во Саудиска Арабија се пријавиле пет лица.„За нив е предвиден организиран транспорт до Ријад како централна точка за собирање, по што во текот на неделата ќе има директен лет“, рече Муцунски.Министерот додаде дека од Дубаи во текот на неделата се планирани уште два летa, со цел евакуацијата да се реализира во целост.„Динамиката е јасна – до крајот на неделата да има извлекување на сите граѓани“, истакна Муцунски.

Македонија | пред 1 ден

media-libraryft1tssuibt081VNWTPr

Техеран ќе им го конфискува имотот на Иранците што работат со Америка и Израел

Иран ќе ги заплени имотите и средствата на иранските граѓани во странство, кои ќе се оценат за „виновни за соработка“ со САД и Израел, во услови на војната што Вашингтон и Тел Авив ја водат против Техеран, соопшти Канцеларијата на иранскиот државен обвинител.Во соопштението издадено во неделата се споменува закон донесен минатиот октомври, кој предвидува дека секоја соработка со Израел, САД „или други непријателски држави или групи е предмет на конфискација на целиот имот и други законски казни според Исламскиот кривичен законик, објави државната телевизија Прес ТВ, пренесуваат иранските медиуми.Секоја оперативна акција во име на ционистичкиот (израелски) режим или непријателски влади, вклучувајќи ја и американската влада или други непријателски режими и групи, или во име на кој било од нивните поврзани елементи, против безбедноста на земјата подразбира конфискација на целиот имот, според Исламскиот кривичен законик усвоен на 21 април 2013 година, како што е изменет, и смртна казна“, се вели во законот цитиран од Прес ТВ.Според иранските власти, повеќе од 1.200 луѓе се убиени, вклучувајќи го и врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, а повеќе од 10.000 се повредени откако САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран на 28 февруари.Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел и земјите од Персискиот Залив кои имаат американски воени бази.Иранското собрание на експерти во недела го избра синот на Хамнеи, Моџтаба Хамнеи, за нов врховен лидер на земјата.

Свет | пред 1 ден

media-libraryllflimtnmg8c4vJXSBL

Хрватската влада ги ограничи цените на горивата

Поради воената криза на Блискиот Исток и војната во Иран, која влијае и на пазарот на нафтени деривати, Владата на Република Хрватска денеска одржува вонредна седница.Премиерот Андреј Пленковиќ потврди дека Владата ќе ги ограничи цените на горивата.Поради војната на Блискиот Исток, дојде до затворање на Ормутскиот теснец, што предизвика раст на цената на нафтата. Цените сега се движат помеѓу 105 и 107 долари за барел, што е раст од 50 отсто за само 10 дена. Доколку Владата не заседаваше, утре цената на евро-дизелот ќе изнесуваше 1,72 евра, а со нашата уредба ќе биде 1,55 евра по литар. Бензинот, наместо 1,55, по интервенцијата на Владата ќе чини 1,50 евра“, додаде премиерот.На седницата ќе се разгледа повторно ограничување на цените на бензинските пумпи преку измена на двете уредби – за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтени деривати и за висината на акцизите на енергентите и електричната енергија.

Свет | пред 1 ден

napad-liban

Human Rights Watch: Израел користел забрането оружје во нападот врз Либан

Организацијата за човекови права Human Rights Watch (HRW) денеска соопшти дека израелската армија незаконски употребила муниција со бел фосфор во селото Јохмор на југот на Либан.Меѓународната невладина организација наведува дека нејзините истражувачи до овој заклучок дошле по проверка и геолокација на седум видеа кои прикажуваат како муницијата со бел фосфор експлодира во воздухот над стамбените делови на градот на 3 март.Белиот фосфор е високо токсичен и создава облаци на фосфорен пентоксид, кои потоа реагираат со влагата во воздухот или во човечките бели дробови и формираат фосфорна киселина. Армиите го користат белиот фосфор за сокривање на операции и тој не се смета за хемиско оружје според Конвенцијата за хемиско оружје, но неговата употреба против луѓе во цивилни средини се смета за прекршување на Протоколот III од Конвенцијата за одредено конвенционално оружје.Незаконската употреба на бел фосфор од страна на израелската армија над стамбените подрачја е исклучително загрижувачка и ќе има сериозни последици врз цивилите“, изјави Рамзи Каис, истражувач за Либан во Human Rights Watch.HRW и претходно го обвинуваше израелското воено командување дека употребувало муниција со бел фосфор во Газа и Либан, обвинувања кои израелската армија ги негираше.

Свет | пред 1 ден

media-library6j7t3sc8svc5dYGbfeE

Кина за заканите од САД и Израел: Иранскиот суверенитет, безбедност и територијален интегритет мора да се почитуваат

Пекинг денеска ја изрази својата спротивставеност кон било какви странски дејствија насочени против новиот врховен лидер на Иран, Мојтаба Хамнеи.Кина се противи на мешање во внатрешните прашања на други држави под било каков изговор, а иранскиот суверенитет, безбедност и територијален интегритет мора да се почитуваат“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, на редовна прес-конференција, одговарајќи на прашање за заканите од САД и Израел.Израел минатата недела предупреди дека новиот ирански врховен лидер ќе биде „цел“, дури и пред синoт на Хамнеи официјално да ја преземе функцијата. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека новиот лидер „нема долго да трае“ без негова согласност.Портпаролката на Кина го опиша именувањето на Хамнеи како внатрешно иранско прашање.Ова е одлука на иранската страна врз основа на нејзиниот устав“, изјави портпаролката Гуо Џиакун на прес-конференција.

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања