Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ИРАН

putin-tramp

Путин го предупреди Трамп: Ескалацијата со Иран носи сериозни ризици

Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека продолжувањето на воените операции против Иран би било „опасно и неприфатливо“, истакнувајќи дека таков потег може да има сериозни последици за глобалната безбедност.Според информациите од Кремљ, за време на телефонски разговор меѓу двајцата лидери било нагласено дека евентуална ескалација, особено копнена операција на иранска територија, претставува висок ризик не само за регионот, туку и за меѓународната стабилност. Советникот за надворешна политика Јуриј Ушаков пренел дека Москва предупредува на тешки последици доколку борбите продолжат и покрај постојното примирје.Тензиите дополнително се зголемија откако Трамп го одби најновиот предлог од Техеран за повторно отворање на Ормускиот теснец, со што поморската блокада останува во сила, а кризата влегува во нова фаза на застој.Во разговорот било отворено и прашањето за дипломатските напори. Путин оценил дека продолжувањето на примирјето е исправен чекор кој создава простор за дијалог и стабилизација, додека Трамп изнел сопствена оценка за досегашниот тек на воените активности.Американскиот претседател пред новинарите изјави дека разговорот со Путин бил „многу добар“, додавајќи дека рускиот лидер понудил и соработка во врска со прашањето за збогатување на ураниумот. Сепак, Трамп нагласи дека би претпочитал Москва да се ангажира повеќе околу завршувањето на војната во Украина.Во меѓувреме, конфликтот меѓу Русија и Украина, кој трае повеќе од четири години, останува еден од клучните безбедносни предизвици на глобално ниво.Во Вашингтон, изјавите на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, кој пред Конгресот тврдеше дека иранските нуклеарни постројки се уништени, предизвикаа силни реакции и сомнежи кај пратениците. Расправата се одвива во рамки на разгледувањето на предложениот одбранбен буџет за 2027 година, кој предвидува рекордни средства за Пентагон.Сукобот со Иран, започнат без одобрение од Конгресот, веќе е проценет на десетици милијарди долари, што дополнително ги продлабочува политичките тензии во САД. Пратеници од двете партии бараат појасни одговори за целите и последиците од воената интервенција.И покрај изразената желба за брзо решение, актуелните позиции на Вашингтон и Техеран укажуваат на продолжена неизвесност. САД не покажуваат подготвеност да го прифатат иранскиот предлог за отворање на Ормускиот теснец во замена за прекин на војната и укинување на блокадата, додека Иран не се откажува од своите нуклеарни амбиции, што останува главна пречка за постигнување трајно решение.

Свет | пред 1 час

media-library0tufam702kgueNKE2lP

Хегсет за Иран: Апсолутно победуваме

За време на обраќање пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом, американскиот функционер Пит Хегсет остро го критикуваше конгресменот Џон Гараменди, демократ кој американската воена стратегија во Иран ја оцени како некомпетентна и како политика што ја турна земјата во „кал“.„Таквите изјави се неодговорни кон нашите војници“, рече Хегсет, по што праша: „За кого навивате?“ и додаде дека со тоа се поткопува мисијата.На прашањето дали САД победуваат во војната против Иран, Хегсет одговори потврдно.„Апсолутно“, изјави тој, оценувајќи го конфликтот како „неверојатен воен успех“.Запрашан дали пред почетокот на судирот Вашингтон ја разгледал можноста Иран да го затвори Ормускиот Теснец, Хегсет рече дека Министерството за одбрана ги разгледало „сите аспекти на тој ризик“, пренесува Ал Џезира.Осврнувајќи се на американскиот напад што на почетокот на војната погодил иранско училиште за девојчиња, при што загинале околу 170 лица, претежно деца, Хегсет изјави дека „тој несреќен случај сè уште се истражува“.На прашањето колку чинел нападот, тој одговори: „Не би ставил цена на тоа.“Според тековните истраги, нападот можеби бил резултат на грешка на американската војска поради користење застарени разузнавачки податоци.Во американско-израелските напади врз Иран, според наводите, уништени или тешко оштетени биле стотици училишта и образовни установи, при што загинале стотици ученици и наставници.

Свет | пред 13 часа

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп ја одби понудата на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе ја задржат поморската блокада на Иран сѐ додека Техеран не прифати договор што ќе одговара на американските барања поврзани со иранската нуклеарна програма.Со тоа, Трамп го отфрли иранскиот предлог најпрво да се отвори Ормускиот теснец и да се укине блокадата, а разговорите за нуклеарната програма да се одложат за подоцна.Според извори запознаени со ситуацијата, американската Централна команда (CENTCOM) подготвила план за „краток и силен“ бран удари врз Иран со цел да се прекине застојот во преговорите.По евентуалните напади, кои би можеле да опфатат цели поврзани со инфраструктурата, Вашингтон би се обидел да го принуди Иран повторно да седне на преговарачка маса и да покаже поголема флексибилност.Трамп за „Аксиос“ изјави дека блокадата ја смета за „донекаде поефикасна од бомбардирањето“, но засега не издал наредба за воена акција.„Блокадата е донекаде поефикасна од бомбардирањето. Се гушат како преполнета свиња. А ќе им биде уште полошо. Не смеат да имаат нуклеарно оружје“, изјавил Трамп.Тој додаде дека Иран сака договор за да се укине блокадата, но дека Вашингтон нема намера да попушти додека останува опасноста од нуклеарно вооружување.Од друга страна, висок ирански безбедносен извор, пренесен од државната телевизија „Прес ТВ“, порача дека американската поморска блокада „наскоро ќе наиде на конкретен и досега невиден одговор“.Истиот извор наведе дека иранските вооружени сили досега покажувале воздржаност за да ѝ се даде шанса на дипломатијата, но предупреди дека „трпението има граници“ доколку блокадата продолжи.

Свет | пред 13 часа

media-librarye1qpib96r8ag6YaWsF2

Хегсет го брани рекордниот воен буџет: „Ситуацијата е итна“

Војната на САД против Иран досега ја чинела американската држава околу 25 милијарди долари, соопштија претставници на Пентагон, додека администрацијата на Доналд Трамп бара рекорден одбранбен буџет од 1,5 билиони долари за фискалната 2027 година.Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за првпат се појави пред Конгресот од почетокот на конфликтот, каде што го бранеше предлог-буџетот, оценувајќи дека тој „ја одразува итноста на ситуацијата“.„Претседателот има намера да ја врати американската одбранбена индустриска база на воена основа“, изјави Хегсет пред законодавците.Тој повтори дека САД нема да дозволат Иран да развие нуклеарно оружје и дека се работи на нов договор.„Мора да ги доведеме до точка во која ќе седнат на маса и ќе се откажат од тоа“, рече Хегсет, додавајќи дека Иран, и покрај претходните напади, сè уште има нуклеарни амбиции и значителен ракетен капацитет.На сослушувањето беа изнесени и првите конкретни податоци за трошоците од конфликтот. Претставникот на Пентагон, Џулс Херст, изјави дека најголем дел од средствата се потрошени за муниција.Сослушувањето се одржува во услови на зголемени тензии во Конгресот, каде што дел од пратениците бараат детални информации за стратегијата, употребеното оружје и вкупните трошоци од војната.Според американскиот Устав, само Конгресот може да одобри војна, но во овој случај не било спроведено гласање, што дополнително ги засилува политичките притисоци.Пратениците изразуваат загриженост и за економските последици од конфликтот, особено за влијанието врз цените на горивата и храната.

Свет | пред 15 часа

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп ја заострува реториката: Опаметите се, го нема више доброто момче, расте цената на нафтата

Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон повторно ескалираат, откако Иран ги обвини САД за „пиратерија“ и заплена на бродови, со најава за можен воен одговор од страна на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).Во меѓувреме, Израелските одбранбени сили (ИДФ) и утрово гаѓаа цели на југот на Либан, тврдејќи дека мета се позиции на Хезболах. Техеран го повика Советот за безбедност на ОН да го принуди Тел Авив да ги запре нападите, предупредувајќи на можни сериозни последици од понатамошна ескалација.На светските пазари, неизвесноста веќе се чувствува – цената на нафтата порасна од 112 на 114 долари за барел, што дополнително ги засилува стравувањата од пошироки економски последици.Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја заостри реториката, изјавувајќи дека Иран „не може да се среди“ и дека „подобро би било наскоро да се вразуми“ кога станува збор за нуклеарниот договор.„Не знаат како да потпишат ненуклеарен договор. Подобро би било наскоро да се вразумат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.Покрај пораката, тој објави и фотографија генерирана со вештачка интелигенција на која држи оружје, со експлозии во позадина и натпис „No more Mr. Nice Guy”( Го нема веќе доброто момче), дополнително подгревајќи ја веќе напнатата атмосфера на Блискиот Исток.

Свет | пред 19 часа

media-libraryo3u9oto0qlo094TPaKh

Иран го обвинува Вашингтон за „пиратерија“ и се заканува со одговор

Иран ги обвини Соединетите Американски Држави за „пиратерија“ и незаконска заплена на ирански трговски бродови, наведувајќи дека ваквите потези претставуваат сериозно кршење на меѓународното право.Во писмо до Обединетите нации, иранскиот амбасадор Амир Саеид Иравани изјави дека американските сили наводно пресретнуваат и запленуваат ирански бродови на отворено море, меѓу кои и танкери со нафта. Тој оцени дека станува збор за „чин на агресија“ и „државно поддржана пиратерија“.Техеран побара од Советот за безбедност на ОН да ги осуди овие дејства и да наложи итно ослободување на бродовите и имотот, предупредувајќи дека последиците ќе ги сносат Соединетите Американски Држави.Иранските власти дополнително порачаа дека нема да се вратат на преговори со Вашингтон додека, како што наведуваат, продолжуваат заплените и блокадите. Во исто време, воени претставници предупредија дека, во случај на понатамошна ескалација, би можеле да следат воени одговори со „нови капацитети“ и „изненадувачки тактики“.Ситуацијата дополнително ја зголемува напнатоста во регионот, додека двете страни остануваат на спротивставени позиции, без знаци за скорешно намалување на кризата.

Свет | пред 1 ден

media-libraryit4682i4548j11F1nU1

Трамп бара продолжување на блокадата на Иран, растат критиките

Американскиот претседател Доналд Трамп им порачал на своите соработници да се подготват за продолжена блокада на Иран.Трамп на неодамнешни состаноци одлучил да го зголеми притисокот врз иранската економија и извозот на нафта преку ограничување на поморскиот сообраќај кон и од иранските пристаништа. Како што се наведува, тој оценил дека други опции, како продолжување на бомбардирањето или повлекување од конфликтот, носат поголем ризик од одржување на блокадата.Во меѓувреме, се појавија информации дека Техеран предложил план за повторно отворање на Ормутскиот теснец и прекин на конфликтот, но според изјавите на Трамп, предлогот не е прифатлив за американската страна.На својата социјална мрежа Truth Social, Трамп објави дека Иран наводно се наоѓа во состојба на колапс и дека бара што побрзо отворање на теснецот, додека се обидува да ја стабилизира внатрешната состојба. Овие тврдења не се потврдени од иранските власти.Изјавите на американскиот претседател предизвикуваат сè поголеми реакции во меѓународната јавност. Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека САД се доведени во неповолна позиција во односите со Иран, алудирајќи на застојот во преговорите.Истовремено, анкетите покажуваат пад на поддршката за Трамп, при што дел од граѓаните изразуваат незадоволство поради растот на трошоците за живот и конфликтот со Иран. Цените на горивата во САД достигнаа највисоко ниво од почетокот на кризата, што дополнително ја зголемува загриженоста од долготрајна енергетска нестабилност.Иранските претставници, пак, објавија детали за повеќефазен предлог што предвидува прекин на нападите, постепено укинување на блокадата на Ормутскиот теснец и подоцнежни разговори за нуклеарната програма. Од Техеран порачаа дека Вашингтон треба да се откаже од, како што наведуваат, „неоснованите барања“ за да се постигне напредок.И покрај дипломатските напори, односите меѓу двете земји остануваат затегнати, додека исходот од кризата сè уште е неизвесен.

Свет | пред 1 ден

media-librarybm9likds5nge1QAgmsP

Трамп остро го нападна Мерц: „Не знаеш за што зборуваш“

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше германскиот канцелар Фридрих Мерц, тврдејќи дека тој „смета дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје“.Трамп, исто така, порача дека доколку Техеран дојде до нуклеарна бомба, „целиот свет би бил заложник“, додавајќи дека во моментов презема чекори во врска со Иран кои, како што тврди, други држави и претседатели одамна требало да ги преземат.„Германскиот канцелар Фридрих Мерц смета дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје. Тој не знае за што зборува! Кога Иран би имал нуклеарно оружје, целиот свет би бил заложник. Токму сега правам нешто во врска со Иран, нешто што други држави или претседатели одамна требало да го направат. Не е ни чудо што на Германија ѝ оди лошо, и економски и на други начини“, напиша Трамп на мрежата „Truth Social“.

Свет | пред 1 ден

media-library3bb772v82b848tVWG2Y

Американски маринци упаднаа на трговски брод

Американските сили го запреле во Арапското Море трговскиот брод „Блу Стар 3“ поради сомнеж дека се обидел да доплови до Иран, соопшти денеска Централната команда на Оружените сили на Соединетите Американски Држави (CENTCOM).Како што се наведува во објава на социјалната мрежа Икс, американски маринци се качиле на трговски брод за кој постоел сомнеж дека се обидува да влезе во водите на Иран, со што, нагласува CENTCOM, би ја прекршил американската блокада на иранските пристаништа.Како што е посочено, американските сили по контролата и прегледот на бродот утврдиле дека пловилото не планира да вплови во ирански пристаништа, по што му било дозволено да ја продолжи пловидбата.CENTCOM соопшти дека американските сили продолжуваат со операциите и спроведувањето на блокадата на просторот на Блискиот Исток.Се додава дека досега 39 бродови биле пренасочени со цел „обезбедување почитување на важечките ограничувања“, односно американската блокада на иранските пристаништа.

Свет | пред 1 ден

media-librarylnn94vbrd07l4j71V0b

Заливските лидери во Џеда расправаат за отворање на Ормутскиот теснец

Во саудискиот град Џеда започна состанок на лидери и високи претставници од земјите од Персискиот Залив, посветен на регионалната криза предизвикана од американско-израелскиот конфликт со Иран.Средбата доаѓа во момент кога Белата куќа го разгледува најновиот предлог од Техеран за завршување на двомесечниот конфликт, во кој како клучна точка се наведува повторното отворање на Ормутскиот теснец.Овој стратешки морски премин има глобално значење, бидејќи пред избувнувањето на конфликтот низ него минуваа околу 20 проценти од светската трговија со сурова нафта и течен природен гас. Во моментов, поради воените дејствија, поморскиот сообраќај е речиси целосно запрен.Саудиските државни медиуми објавија снимки од пречекот на делегациите во Џеда, каде што домаќин е саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, кој ги пречека лидерите и претставниците од регионот.Состанокот се смета за клучен обид за деескалација на кризата, која веќе има сериозни последици врз глобалните енергетски пазари и економијата.

Свет | пред 1 ден

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп: Иран ни порача дека е во колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран се наоѓа во состојба на колапс и дека побарал итно отворање на Ормутскиот теснец.Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп напиша дека Техеран директно ги информирал Соединетите Американски Држави за состојбата во земјата.„Иран нè извести дека е во ‘состојба на колапс’. Сакаат да го ‘отвориме Ормутскиот теснец’ што е можно побрзо, додека се обидуваат да ја решат својата ситуација со раководството“, напиша Трамп.Тој додаде дека очекува Иран да ја стабилизира внатрешната состојба, но не изнесе дополнителни детали или докази за ваквата комуникација.Објавата доаѓа во време на засилени тензии на Блискиот Исток и блокада на Ормутски теснец, кој претставува клучна артерија за глобалниот транспорт на нафта.Засега нема официјална потврда од иранските власти за ваквите тврдења на Трамп.

Свет | пред 1 ден

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Франција: Иран не смее да има нуклеарно оружје, решението е дипломатија

Франција порача дека Иран никогаш не смее да добие нуклеарно оружје, но решението за тоа мора да се бара исклучиво преку дипломатски средства, соопшти француското Министерство за надворешни работи.„Министерот ја потврди целта Иран никогаш да не стекне нуклеарно оружје и ја повтори решеноста на Франција и нејзините партнери од Е3 да го постигнат овој резултат по дипломатски пат“, соопшти портпаролот на Министерството.Во рамки на разговорите, Франција изразила целосна поддршка за Меѓународна агенција за атомска енергија во спроведувањето на нејзиниот мандат за надзор на неширењето на нуклеарно оружје и промовирање на мирољубива употреба на нуклеарната енергија.Темата била отворена на 11-тата конференција за ревизија на Договорот за неширење на нуклеарно оружје, каде фокусот бил ставен на зајакнување на меѓународната поддршка за овој механизам.Според француското соопштение, учесниците изразиле надеж дека конференцијата ќе резултира со заедничка потврда на поддршката за договорот од страна на сите држави потписнички.Франција дополнително ја нагласила својата поддршка за активностите на МААЕ, вклучително и оние поврзани со нуклеарната безбедност во Украина и обновата на заштитната инфраструктура во Чернобил, во рамки на ангажманот на групата Г7.Позицијата на Париз доаѓа во момент на зголемени тензии на Блискиот Исток, каде нуклеарното прашање повторно станува една од клучните точки на глобалната безбедност.

Свет | пред 1 ден

media-libraryjqohdp9bsumjckdoiza

Трамп тврди дека Иран е во состојба на колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека, според неговите зборови, Иран ја информирал американската страна дека се наоѓа во состојба на колапс и дека бара што поскоро отворање на Ормутскиот теснец.Во објавата, Трамп наведува дека Иран наводно се обидува да ја надмине внатрешната криза и дека очекува решавање на состојбата со државното раководство. Тој додава дека верува оти ситуацијата во Иран може да се стабилизира, без да наведе дополнителни детали за изворот на информацијата.Ормутскиот теснец претставува еден од најважните светски поморски коридори, преку кој се транспортира значителен дел од глобалната нафта и гас. Секоја блокада или ограничување во овој регион има директно влијание врз светските енергетски пазари.Тврдењата на Трамп засега не се официјално потврдени од иранските власти, а содржината на објавата се заснова исклучиво на неговиот јавен настап на социјалната мрежа. Меѓународната заедница внимателно ги следи случувањата во регионот, кој веќе подолго време е обележан со зголемени тензии и геополитички напнатости.

Свет | пред 1 ден

media-libraryneiubpnuqpvv3C7olET

САД и Иран поблиску до договор отколку што се мислеше

CNN објави дека САД и Иран можеби се поблиску до договор отколку што изгледа, иако формалните преговори сè уште не се во напредна фаза.Според изворите, дипломатските напори продолжуваат зад затворени врати, а првиот можен чекор би бил враќање на состојбата пред ескалацијата и целосно повторно отворање на Хормушкиот теснец за слободна пловидба.Прашањето за иранската нуклеарна програма би се разгледувало во подоцнежна фаза, додека посредниците вршат притисок врз двете страни за постигнување компромис. Сепак, останува неизвесноста дали САД би можеле да се повлечат од процесот и да се вратат кон воен притисок.

Свет | пред 1 ден

media-libraryo3u9oto0qlo094TPaKh

Иран предлага фазен план: отворање на теснецот, па преговори за нуклеарната програма

Иран наводно доставил нов фазен предлог до САД, во кој се предлага постепено решавање на тековните тензии, почнувајќи од отворање на Ормутскиот теснец.Според планот, првата фаза предвидува прекин на воените дејствија и гаранции од САД и Израел дека нападите нема да продолжат. Во втората фаза би се укинале блокадите и би се нормализирал поморскиот сообраќај низ Заливот, што Иран би сакал да го стави под сопствен надзор.Третата фаза би се однесувала на нуклеарните преговори, при што Техеран бара признавање на правото за збогатување ураниум како дел од договорот.

Свет | пред 1 ден

media-libraryd9eo1lt3cbkf0VtbIgs

Нов инцидент во Заливот: САД пресретнаа брод со сурова нафта

Американскиот воен брод USS Rafael Peralta (DDG 115) пресретнал танкер со сурова нафта кој се движел кон иранска пристанишна локација, соопшти Централната команда на CENTCOM.Според соопштението, танкерот „M/T Stream“ бил запрен во рамки на тековните операции поврзани со блокадата на иранските пристаништа. Бродот наводно се обидувал да се упати кон Иран кога бил пресретнат од американските сили.Инцидентот се случил во недела, но засега не се објавени точни детали за локацијата ниту за начинот на кој е утврдено движењето на танкерот.

Свет | пред 2 дена

media-libraryro0i4nsi48kvbpDeU7v

Белата куќа: „Црвените линии на Трамп остануваат непроменети“

Американскиот претседател Donald Trump ги собрал своите советници на состанок на Советот за безбедност на Соединетите Американски Држави, на кој се разговарало за нова понуда од Иран за прекин на војната на Блискиот Исток.На прес-конференција, портпаролката на Белата куќа, Kаролин Левит, ги образложи условите на САД за евентуален прекин на конфликтот со Иран, повторувајќи дека позициите на Трамп остануваат непроменети.Таа посочи дека клучните барања на Вашингтон се отворање на Ормутскиот теснец и целосно отфрлање на иранската нуклеарна програма – ставови кои, како што рече, претседателот Трамп повеќепати јавно ги истакнал.„Црвените линии на претседателот Трамп за Иран се уште се исти и јасни, не само за американската јавност, туку и за Иран. Не би рекла дека го разгледуваат тоа. Мислам дека само дискутираа за темата. Ќе чуете сè за таа тема директно од претседателот“, изјави Левит.

Свет | пред 2 дена

media-libraryif1oq0r658kfdHOMwCP

Нафтената криза се продлабочува: Иран останува без простор за складирање

На Иран забрзано му се намалуваат капацитетите за складирање сурова нафта, при што преостанатиот простор е доволен за уште само 12 до 22 дена.Според проценките, американската поморска блокада довела до намалување на извозот за околу 70 проценти, а испораките преку Ормутскиот теснец речиси целосно се запрени. Како резултат на тоа, низ овој клучен поморски правец во моментов поминуваат минимален број танкери.Доколку состојбата продолжи, Иран би можел да биде принуден дополнително да го намали производството за околу 1,5 милиони барели дневно, покрај веќе направените кратења.И покрај ваквите притисоци, финансиските последици нема веднаш да се почувствуваат, бидејќи испораките на нафта до купувачите и плаќањата се одвиваат со временско задоцнување, што му овозможува на Техеран краткорочен простор за приспособување.

Свет | пред 2 дена

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху: На Хезболах му останале околу 10% од ракетниот арсенал

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека има „слобода на дејствување“ против Хезболах, наведувајќи дека разоружувањето е клучно за преговорите со Бејрут.Тој се обрати пред високото командување на израелската армија, истакнувајќи го правото на Израел да напаѓа цели на Хезболах низ Либан, и порача дека воениот притисок ќе помогне во напредокот на дипломатските преговори со Бејрут.Говорејќи на конференција на високото воено командување, Нетанјаху ги издвои „големите успеси“ против Хезболах, вклучувајќи ја „елиминацијата“ на нивниот ракетен арсенал, како и неодамнешното повторно воспоставување на „безбедносна зона“ на југот на Либан.„Таа зона ја спречува можноста за инвазија на северот на Израел, а сега и директен противтенковски оган, додека истовремено ни овозможува да ја промениме ситуацијата во Либан“, наведе тој.Тој ја нагласи израелската „слобода на дејствување за спречување непосредни и нови закани“, што, како што рече, е „дел од договорот постигнат со САД и либанската влада“. Според условите на тековното примирје, кое беше продолжено минатата недела, Израел го задржува правото да одговори на закани од Хезболах, група поддржана од Иран.Нетанјаху рече дека во однос на почетокот на борбите минатиот месец, на Хезболах му останале околу 10% од ракетниот арсенал, но предупреди дека сè уште постојат „две клучни закани“ – ракети калибар 122 милиметри и беспилотни летала.„Ако Израел успее да ги неутрализира тие закани со комбинација на оперативни и технолошки средства... во суштина сме на пат кон разоружување на Хезболах, бидејќи тоа им е главното оружје“, рече Нетанјаху.Тој додаде дека таквиот развој би можел да помогне во преговорите што ги посредуваат САД, порачувајќи им на офицерите дека очекува да ги „решат тие два проблема“.„Верувам дека на дипломатски план ќе можеме да ги решиме работите ако го решиме ова“, нагласи тој.

Свет | пред 2 дена

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: „Иранскиот предлог е неприфатлив“

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека предлогот на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец под строги услови не е прифатлив за САД ниту за другите земји.„Она што тие го подразбираат под отворање на теснецот е тој да биде отворен за пловидба, сè додека преминот низ него се координира со Иран и се добие нивна дозвола, или ќе ве дигнат во воздух и ќе ви наплатат“, наведе американскиот функционер и повтори дека САД нема да толерираат обиди меѓународните пловни патишта да се држат како „заложници“.Според зборовите на Рубио, тоа не претставува отворање на Ормускиот теснец, кој инаку е меѓународни води.Тој изјави во интервју за „Фокс њуз“ дека Иран не може да воспостави систем според кој тие би одлучувале кој ќе го користи теснецот.Рубио истакна дека Иран е „сериозен“ во врска со постигнување договор со САД, но додаде дека секој договор мора да вклучува спречување на Иран да развие нуклеарно оружје.„Мислам дека се сериозни во врска со извлекување од нередот во кој се наоѓаат“, изјави тој.Тој оцени дека во Иран економската состојба се влошила од почетокот на конфликтот, вклучувајќи инфлација, проблеми со исплата на плати и санкции.„Сите проблеми што Иран ги имаше пред почетокот на овој конфликт сè уште постојат, а повеќето се уште полоши“, рече Рубио.Иран претходно доставил нов предлог до САД за повторно отворање на Ормускиот теснец и завршување на конфликтот, додека нуклеарните преговори се одложени за подоцнежна фаза, пренесе „Аксios“, повикувајќи се на американски функционер и два извора запознаени со ситуацијата.Новиот предлог бил пренесен преку посредници од Пакистан и се фокусира прво на решавање на кризата околу теснецот и американската блокада.Како дел од тоа, прекинот на огнот би се продолжил на подолг период или би се постигнал договор за трајно завршување на конфликтот.

Свет | пред 2 дена

media-libraryuticfkoagm3t24zQhbr

Ирански министер: „САД извршија речиси 240 напади врз медицински установи – таму имало 40 илјади луѓе“

САД и Израел од почетокот на војната против Иран на 28 февруари извршиле речиси 240 напади врз медицински установи, при што биле оштетени најмалку 50 болници, изјави денеска иранскиот министер за здравство Мохамед Реза Зафарганди.Тој додаде дека биле оштетени и околу 50 центри за итна медицинска помош, јавува телевизијата Press.Според изјавата на Зафарганди, во моментите на нападите во тие установи се лекувале околу 40.000 пациенти.САД и Израел започнаа војна против Иран на 28 февруари, околу осум месеци по претходни воздушни напади врз земјата, во кои биле убиени и високи ирански функционери, меѓу кои и лидерот на Иран ајатолахот Али Хамнеи, како и други државни претставници.

Свет | пред 2 дена

putin

Путин: Русија ќе направи сè во интерес на Иран и мир во регионот

Рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург оствари разговори со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, при што порача дека Русија ќе направи сè што е во нејзина моќ во интерес на Иран и на земјите од регионот, со цел што поскоро воспоставување мир.Путин нагласи дека Москва ќе продолжи со развојот на стратешките односи со Техеран, оценувајќи дека иранскиот народ се бори храбро за својот суверенитет. Тој изрази надеж дека земјата ќе го надмине периодот на криза и дека стабилноста ќе биде воспоставена во најскоро време.Во разговорите, руската страна ја истакнала поддршката за иранското раководство, а Путин упатил и поздрави до врховниот лидер на Иран. Од своја страна, Арагчи се заблагодари за руската поддршка и оцени дека билатералните односи се на високо ниво и ќе продолжат да се зајакнуваат.Средбата доаѓа во период на засилени тензии на Блискиот Исток, при што двете страни разговарале и за актуелниот конфликт во кој се вклучени САД и Израел.

Свет | пред 2 дена

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц го критикува САД: нема јасна стратегија за излез од конфликтот со Иран

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја критикуваше САД поради, како што оцени, недостиг на јасна стратегија за излез од конфликтот во Иран, предупредувајќи дека продолжената војна може да има сериозни последици за европските економии.Во обраќање пред ученици во градот Марсберг, Мерц посочи дека проблемот со ваквите конфликти е што не е доволно само да се започне воена интервенција, туку мора да постои и јасен план за завршување на војната. Тој се осврна и на претходни долготрајни војни, како оние во Авганистан и Ирак, нагласувајќи дека тие се пример за тешкотии при излегување од конфликт.Според него, САД влегле во сегашниот конфликт без доволно разработена стратегија, што ја отежнува можноста за брзо завршување на војната. Мерц додаде дека иранската страна се покажала како „искусен преговарач“, но и дека честопати одбегнува суштински преговори.Канцеларот предупреди и дека војната директно влијае врз економските резултати на Германија, при што владата веќе ја намалила прогнозата за економски раст поради глобалната нестабилност и енергетските последици од конфликтот.

Свет | пред 2 дена

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи: САД со „претерани барања“ ги урнаа мировните преговори

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека „претераните барања“ на Соединетите Американски Држави довеле до неуспех на мировните преговори одржани во Исламабад.По слетувањето во Русија, Арагчи пред новинарите изјави дека со руските партнери ќе разговара за актуелниот конфликт на Блискиот Исток. Во објава на персиски јазик преку својата сметка на Телеграм, тој наведе дека разговорите во Исламабад биле насочени кон дефинирање на условите за евентуално продолжување на преговорите.Арагчи се осврна и на состојбата со Ормутскиот теснец, нагласувајќи дека безбедноста на пловидбата низ овој стратешки важен поморски правец останува прашање од глобално значење. Тој упати повик до соседните држави, меѓу кои и Оман, за засилена соработка во заеднички интерес.Исто така, посочи дека постои значителна усогласеност меѓу Техеран и Мускат, при што е постигнат договор за продолжување на разговорите за прашањето поврзано со Ормутскиот теснец.

Свет | пред 2 дена

media-library139nh4j7vqa8edz3p0G

Војната ја намалува побарувачката за танкери и контејнерски бродови

Јужнокорејскиот бродоградител соопшти дека се соочува со зголемена деловна неизвесност поради падот на побарувачката за танкери и контејнерски бродови, што е директно поврзано со војната, инфлацијата и забавувањето на глобалниот економски раст.Според компанијата, побарувачката за големи танкери за превоз на сурова нафта е значително погодена од воените случувања. Тоа довело до раст на цените за изнајмување бродови, како и до ситуации во кои дел од танкерите останале заглавени во чувствителни поморски правци, вклучително и во регионот на Ормутскиот теснец, каде што сообраќајот сè уште е ограничен.Во исто време се очекува и намалување на побарувачката за контејнерски бродови, при што како главни причини се наведуваат растечките инфлаторни притисоци и забавувањето на светската економија, дополнително влошени од продолжените конфликти и нестабилноста на енергетските пазари.

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања