Промени тема
Контакт

ИРАН

media-librarylp6uptlh5m71f9q3exO

(Видео) Објавени снимки од уништување на ирански балистички лансери

Американското Централно командување (US Central Command) објави на социјалната мрежа X снимки за кои тврди дека прикажуваат уништување на ирански лансери на балистички проектили.Во објавата се наведува дека Иран „продолжува злонамерно да лансира балистички проектили, без селекција погодувајќи воени и цивилни локации низ целиот регион“.Американските сили продолжуваат да ја следат оваа закана за да ја отстранат. Како што кажа претседателот, нашата решеност никогаш не била посилна“, соопштија од Ам

Свет | пред 7 месеци

media-library46qi4jo4gihb8mPnR8E

Почина сопругата на ајатолахот Али Хамнеи

Мансуре Ходжастех, сопругата на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, почина поради повредите што ги здоби во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.Потсетуваме, Хамнеи беше убиен во заедничките американско-израелски напади насочени кон повеќе локации во Техеран и околината. Иранските државни медиуми наведуваат дека Ходжастех била повредена во истиот бран напади и денес подлегнала на повредите.Хамнеи, заедно со неколку членови на своето семејство

Свет | пред 7 месеци

milanovic-zoran-hrvatsak

Милановиќ ги повлекува хрватските војници од Ирак и Либан

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, се огласи поради ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток.Секое еднострано користење на воена сила што го крши меѓународното право и поредокот е опасно, бидејќи го загрозува мирот и глобалната безбедност не само денес, туку и во иднина. Воена интервенција без мандат на Обединетите нации, како што денес сведочиме во Иран, нема да придонесе за решавање на кризата, туку предизвикува дополнителна ескалација на конфликтот и долгорочна нестабилност“, ис

Свет | пред 7 месеци

kina

Кина ја поддржува одбраната на Иран и повикува на прекин на воените акции

Кинескиот министер за надворешни работи, Ванг И, во телефонски разговор со својот ирански колега искажа дека Пекинг ја поддржува одбраната на Иран од американско-израелските напади, во време на ширење на конфликтот на Блискиот Исток. Преку серија разговори со колеги од Иран, Оман и Франција, Ванг го презентирал ставот на Кина околу ескалацијата на конфликтот, јавува AFP.Во разговорот со иранскиот министер Абас Арагчи, Ванг истакнал дека Пекинг „го негува традиционалното пријателство со Иран“. Сп

Свет | пред 7 месеци

media-library464v8a7tuhsc3KlDE3X

Американски авиони масовно го напуштаат југот на Шпанија

Петнаесет американски авиони ги напуштиле базите Рота и Морон на југот на Шпанија откако САД и Израел преку викендот започнаа напади врз Иран, покажуваат податоците и картите на страницата за следење летови FlightRadar24.Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Шпанија нема да дозволи користење на своите воени бази за напади врз Иран. Базите се под заедничка управа на САД и Шпанија, но се наоѓаат под шпански суверенитет.Велика Британија исто така првично одбила д

Свет | пред 7 месеци

media-library1o0benahr62b5ENI9vG

Иранскиот шеф за безбедност: Спремни сме за долгогодишнa војна

Иранскиот шеф за безбедност Али Ларијани, изјави денеска дека Иран е спремен за долгогодишна војна во објава на X. Тој додаде дека иранските вооружени сили „не учествувале во никакви напади, освен во самоодбрана“.Како и во последните 300 години, Иран не ја започна оваа војна и нашите храбри вооружени сили не учествувале во никакви напади, освен во одбрана. Жестоко ќе се браниме себеси и нашата цивилизација стара шест илјади години, без разлика на цената, и ќе ги натераме непријателите да зажалат

Свет | пред 7 месеци

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Цените на дизелот достигнаа највисоко ниво во последните две години

Цените на дизелот денеска скокнаа за речиси 20 отсто, достигнувајќи највисоко ниво во последните две години поради нарушувањата во транзитот на енергетски суровини од Блискиот исток преку Ормутскиот теснец. Дизелот со низок удел на сулфур и рок на испорака во март утрово на отворањето на Интерконтиненталната берза (ICE) изнесуваше 877,25 долари за барел и беше за 17 отсто поскап отколку на затворањето на тргувањето минатиот викенд, пишува Индекс.хр.Попладне цената се зголеми за 19,2 отсто и дост

Свет | пред 7 месеци

media-librarylrg6u3agv1fh3MqplpE

Даунинг стрит со одговор до Трамп по изјавата дека е разочаран од Стармер

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е „многу разочаран“ во премиерот Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да користат британски воени бази за покренување офанзивни напади врз Иран.Службен портпарол на премиерот изјави дека Обединетото Кралство донело внимателна одлука да не се вклучува во офанзивни акции, бидејќи сака да придонесе кон решавање на ситуацијата во регионот.Портпаролот појасни дека барањето на САД за користење на базите во одбранбени цели се совпаднало со ирански

Свет | пред 7 месеци

media-librarymdcluv3pub9p1XeLRfK

Пентагон: Нема американски војници во Иран, но не откриваме што следува

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека во моментов нема распоредени американски војници на територијата на Иран, но одби да коментира за можните идни потези на Вашингтон.Одговарајќи на прашање на новинар во Пентагон дали има „американски војници на територијата на Иран“, Хегсет кусо одговори дека нема, по што додаде дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема јавно да ги соопштува своите планови.„Нема да навлегуваме во тоа што ќе направиме или нема да направиме. По

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2024-10-26-at-11.07.13

Началникот на Заедничкиот штаб на САД: Очекуваме дополнителни загуби во операциите против Иран

Претседателот на Заедничкиот штаб на американските вооружени сили, Ден Кајн, изнесе нови детали за досегашните воени акции на САД против Иран.Кајн изрази сочувство до американските војници кои загинале или биле ранети во операцијата. Американското Централно командување претходно потврди дека четврти американски војник „подлегнал на повредите“ добиени за време на почетните ирански напади.Очекуваме дополнителни загуби и, како и секогаш, ќе работиме на тоа да ги сведеме американските загуби на најм

Свет | пред 7 месеци

media-librarygm7jb0egts6j1eq1obZ

Американскиот министер за одбрана: Нападите врз Иран не се за промена на режимот

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, се обрати до јавноста и изјави дека американските напади врз Иран не се насочени кон „промена на режимот“, иако призна дека лидерството во таа земја се променило.Ова не е таканаречена војна за промена на режимот, но режимот навистина се промени и светот поради тоа е подобар“, рече Хегсет на конференција за новинари во Пентагон.Министерот исто така нагласи дека САД не ја започнале војната, истакнувајќи дека Иран со децении извршувал напади во, како ш

Свет | пред 7 месеци

uciliste

Се затвораат сите училишта во Иран

Сите образовни установи во Иран ќе останат затворени до крајот на март, а наставата ќе се одвива онлајн, објави денеска новинската агенција Тасним.Портпаролот на министерството за образование за агенцијата изјави дека оваа мерка е воведена како одговор на „војната агресија на ционистичкиот режим, со поддршка на САД“.Мерката ќе важи до 21 март.

Свет | пред 7 месеци

avion-krilo

Авиокомпаниите масовно откажуваат летови

Воените напади низ Блискиот исток предизвикаа големи нарушувања во воздушниот сообраќај, а бројни авиокомпании продолжуваат со одложување и откажување на летови.Авиокомпанијата EasyJet ги откажа сите летови кон и од Кипар, по нападите со ирански дронови врз британската воена база на островот. Air India ги откажа летовите помеѓу Индија и Цирих, Копенхаген и Бирмингем, како и летовите кон Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Израел и Катар.Etihad Airways најави суспензија на летовите кон

Свет | пред 7 месеци

gasovod

Катар го прекинува производството на течен природен гас

Катарската државна енергетска компанија QatarEnergy објави дека го прекинала производството на течен природен гас (ЛНГ) поради иранските напади врз дел од нејзините постројки.Се наведува дека погодени се Рас Лафан, копнена база за преработка на гас, како и Месаид, уште една клучна постројка за производство на природен гас во Катар.Катар е една од водечките светски земји производители на течен природен гас, заедно со Соединетите Американски Држави, Австралија и Русија.

Свет | пред 7 месеци

media-library60hs7b3r9hcdbOjaEpm

ИДФ: Во прецизен напад во Бејрут убиен шефот на разузнавачкиот штаб на Хезболах

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека синоќа, во прецизен напад во Бејрут, е убиен Хусеин Маклед, за кого тврдат дека бил на чело на разузнавачкиот штаб на Хезболах.ИДФ сега потврдува дека во прецизен напад во Бејрут синоќа (недела) е елиминиран терористот Хусеин Маклед, кој служеше како шеф на разузнавачкиот штаб на Хезболах“, се наведува во соопштението на израелската војска.Нападот се случува во момент кога Хезболах официјално се вклучи во војната меѓу Иран од една страна и Израел и

Свет | пред 7 месеци

media-library538njb4aomvtbSP1zYy

Хрватска им препорача на граѓаните одложување на патувањата на Кипар

Министерството за надворешни и европски работи на Хрварска, предводено од Гордан Грлиќ Радман, денеска им препорача на хрватските државјани да ги одложат патувањата на Кипар, откако британската воздухопловна база Акротири на островот беше погодена со дрон.Поради влошената безбедносна состојба на подрачјето на Блискиот Исток, како и нападите со балистичко оружје и беспилотни летала врз британските воени бази на островот Кипар, на хрватските државјани им се советува да го одложат патувањето на Ки

Свет | пред 7 месеци

media-librarynr7fhqjqelb4cGvGBDK

Израелскиот амбасадор во Германија: Иран се обидува да ја вовлече Европа во војна

Израелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, денеска го обвини Иран дека се обидува да ја вовлече Европа во војна на Блискиот Исток.Нападот со дрон врз британската воена база на Кипар покажува дека Иран се обидува да ја вовлече Европа во борбите“, изјави Просор во Берлин за германската новинска агенција ДПА.Тој изрази надеж дека „Европа ќе го регистрира овој напад“ и соодветно ќе реагира.Како и во која мера ќе реагира Европа – тоа е одлука што мора да ја донесат европските држави“, рече Просо

Свет | пред 7 месеци

media-library82hmsi09og2l8XFBOWP

(Видео) Експлозија на танкер во Ормускиот Теснец: „Нападнат со беспилотно летало“

Нафтен танкер е погоден во напад во близина на Ормускиот Теснец, при што загина еден член на екипажот. Инцидентот, последен во низата напади во оваа стратешки важна област, предизвикал експлозија на бродот и речиси целосен прекин на поморскиот сообраќај.Според Оманскиот центар за поморска безбедност (MSC), танкерот MKD VYOM, кој пловел под знамето на Маршаловите Острови, бил нападнат со беспилотно летало на 52 наутички милји (околу 96 километри) од брегот на Мускат. Бродот превезувал приближно 5

Свет | пред 7 месеци

media-library1mi2n94v9sfv9Tg5K8m

Иран: Не планираме затворање на Ормускиот Теснец

Иран засега не планира да го затвори Ормускиот Теснец по нападите од САД и Израел, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагачи во разговор за Ал Џезира.Во оваа фаза не планираме да го затвориме Ормускиот Теснец, ниту да преземеме какви било мерки што би ја нарушиле пловидбата“, изјави шефот на иранската дипломатија.Иран произведува околу 3,3 милиони барели нафта дневно и околу 1,3 милиони барели кондензат и други течни јаглеводороди. Во саботата беа регистрирани експлозии и на ир

Свет | пред 7 месеци

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: Преговорите во Абу Даби не се откажани

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека и покрај тешката безбедносна состојба во Обединетите Арапски Емирати, средбата на делегациите на Украина, Соединетите Американски Држави и Русија, планирана за 5 и 8 март во Абу Даби, засега не е откажана.Средбата беше закажана за периодот од 5 до 8 март, поточно за 5 и 6 март. Таа беше планирана да се одржи во Абу Даби. Засега, поради овие непријателства, не можеме да потврдиме дека состанокот конкретно ќе се одржи во Абу Даби, но никој

Свет | пред 7 месеци

media-libraryoilhi33moenp3cStO1e

Трамп: Разочаран сум од Стармер

Доналд Трамп „многу е разочаран“ од британскиот премиер Кир Стармер затоа што не дозволил веднаш САД да ја користат воздушната база Диего Гарсија за изведување напади врз Иран, изјави американскиот претседател во интервју за Телеграф.Обединетото Кралство првично го одбило барањето на САД за користење на своите бази, но Стармер во недела навечер соопштил дека го прифаќа барањето за нивна употреба во „одбранбени напади“ на американските сили врз иранските цели.Трамп за британските дневни весници и

Свет | пред 7 месеци

netanjahu

Погоден кабинетот на израелскиот премиер Нетанјаху

Иран утрово изведе ракетен напад во рамки на десетата фаза на операцијата „Право ветување 4“, при што беше погоден кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и резиденцијата на командантот на израелската авијација, соопшти Исламската револуционерна гарда (IRGC).Во соопштението на IRGC се наведува дека цел на нападот биле и безбедносни и воени центри во Хафа, комплексот на израелската влада во Тел Авив, како и Источен Ерусалим. Револуционерната гарда го опиша нападот како „целосен и изне

Свет | пред 7 месеци

media-library5gfcgoqekut34zXboTk

Експлозии во Техеран, иранската агенција јавува за воздушен напад

Неколку експлозии одекнале во Техеран, јавува иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на извори од теренот.Според извештајот, „воздушен напад погодил подрачје во близина на Плоштадот на револуцијата“, каде што во моментот се одржувал собир на кој демонстранти ја осудувале, како што се наведува, „агресијата“.Во информацијата се додава дека иранската противвоздушна одбрана пресретнала напад над небото над централниот дел на Техеран. Засега нема официјални податоци за евентуални жртви ил

Свет | пред 7 месеци

pedro-sances

Шпанија контра САД, нападот врз Иран го оцени како неоправдан, Санчез повика на воздржаност

Шпанскиот премиер Педро Санчез го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како „неоправдан“ и побара „максимална воздржаност во употребата на сила“, заземајќи став спротивен на Германија, Франција и Обединетото Кралство, кои најавија соработка со Соединетите Американски Држави во одбрана на своите интереси.Во обраќање во Барселона на отворањето на телекомуникациската конференција „Мобајл ворлд конгрес“, Санчез изјави дека светот се наоѓа на крстопат.„Се наоѓаме на раскрсница и мора да избер

Свет | пред 7 месеци

media-libraryua7aremtl77cd01T0ya

Хитна евакуација на аеродромот во Пафос, Кипар

Патничкиот терминал на аеродромот во Пафос, на западната обала на Кипар, беше евакуиран откако радарот детектираше сомнителен предмет, објави државната телевизија на Кипар.Аеродромот, кој служи за западниот дел на островот и е популарен за чартер летови, се наоѓа околу 60 километри од британската база RAF Akrotiri, која беше погодена со беспилотно летало за време на ноќта.Денеска се огласија сирени во британската база, а авионите полетаа како дел од мерките за зголемена безбедност.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања