Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ИЗБОРИ 2024

IMG_3890

Бојмацалиев: Од 2017 година наваму полицијата професионално ги спроведува изборите

Денеска (08.05.2024), дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, го оствари своето демократско право на глас во Куманово.„Штотуку го извршив моето граѓанско право, гласав на Претседателски и Парламентарните избори. Она што можам да го увидам е дека на гласачките места гласањето се одбива нормално, нема поголеми гужви, полицијата е присутна на терен. Иминатите 100 дена на техничка Влада ги посетив сите полициски станици ширум државата, констатиравме дека полицијата е п

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-08-at-12.11.28

Во Кондово на секои 40 секунди поминува по еден гласач - се алармира за полнење кутии

На избирачко место 2452 кое се наоѓа во скопско Кондово имало полнење на кутии, јавуваат извори за „Скопје1“.Според информациите до кои дојде „Скопје1“ од 9 до 11 часот, односно за два часа, гласале 180 лица. Доколку се направи пресметка, ова значи дека на секои 40 секунди гласало по едно лице.Претходно, објавивме дека ваква појава имаше и во Чаир на првиот круг од изборите.

Македонија | пред 2 години

izbori-makedonija-Copy

Три избирачки места во Скопје на секои 26 до 36 секунди гласал по еден гласач во првиот круг од изборите

Во скопски Сарај, за три изборни места за првиот круг на претседателските избори имаше сомнежи за местење на избори. Податоците покажуваа дека за два часа, гласале и по 271 лице. Тоа би било невозможно, особено ако се има во предвид дека тоа е од 26 до 36 секунди по човек.Најеклатантен пример е избирачкото место 2450 во с. Арнакиа каде во период од 11 до 13 часот гласале 271 лице што значи гласање по лице за 26 секунди.Второ избирачко место е 2438 во село Глумово каде во периодот од 13 ддо 15 ча

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-04-24-at-09.40.38

Бојкот на претседателски досега нема, но излезноста до 9 часот помала споредено со претходните избори, вели ДИК

Нема бојкот на претседателските избори смета претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Тој посочува дека сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател. Излезноста до 9 часот намалена во однос на претходните избори за претседател и пратеници.„До 9 часот од пристигнатите податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 1009 ИМ од вкупно запишани 547041 гласачи на овие избирачки места гласале 22797 лица, односно 4,17%. Најголема излезност за претседателските избори

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-08-at-10.14.06

(Видео) Сите поткупи од вчера: Се делеле бонови, пратеник користел тајни податоци, се сликале и листи на гласачи

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски посочи дека вчера имало незаконити настани пријавени во МВР. Денешниот пак, засега е мирен и поминува во демократска атмосфера.„Имало повеќе незаконити активности на територија на Македонија. Во СВР Охрид се констатирани незаконски дејствија од членови на избирачки одбори. Тие активности биле користени за информирање на одредена политичка партија кој гласал и за кого“, рече Тошковски.Незаконски активности имало и на подрачјето на СВР Куманово однос

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

За време на предизборниот молк регистрирани се следниве настани, за кои се преземени и соодветни мерки од страна на полициски службеници.На 07.05.2024 Е.Д. од Крњево пријавил дека во домот дошле три лица од ДИК, со цел неговиот дедо да оствари право на глас од избирачко место бр. 2828. Е.Д. се сомневал дека не биле лицата од ДИК, бидејќи не биле претходно известени и требало да присуствуваат пет лица. СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на настанот.На 07.05.2024 во координација

пред 2 години

Screenshot-2024-04-24-at-09.40.38

Излезноста во странство е 25,38%, во затворите 60,46% за претседателските

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи, а во избирачкиот список за Парламентарните избори се запишани 1.815.350 гласачи.На 31 гласачко место во дипломатско конзуларните претставништва во странство, 2.569 гласачи кои се пријавиле и чии пријави се прифатени од Државната изборна комисија имаа можност да го остварат своето гласачко право за избор на Претседател на државата. Во дијаспората не се спроведе гласање за парламентарните и

Македонија | пред 2 години

DSC_0288

Изборни нерегуларности уште денеска: фатени телефони, избирачки списоци и комуникации

На 06.05.2024, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори одржан на 24.04.2024, од судија на претходна постапка обезебедена е наредба за претрес во дом и помошни простории кај М.М.(51) од Охрид и Т.Ц.Т (44) од Охрид, членови на избирачки одбор предложени од политичка партија.При претресот пронајдени се два мобилни телефони, во кои се пронајдени фотографии од избирачки список со лични податоци од гласа

Охрид | пред 2 години

3

Лични карти можат да се земаат и утре

Граѓаните кои поднеле барање до 3 мај, ќе можат да ги подигнат своите изготвени лични карти и утре, на денот на двојните избори од 8 до 19часот.„Од 8 до 19 часот утре ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат“, информираат од Министерствот

Македонија | пред 2 години

izbori-makedonija-Copy

Гласачите ќе биде прашани дали сакаат да гласаат за еден или за двата вида на избори

Утре ќе се одржат единаесеттите парламентарни избори, заедно со вториот круг од претседателските избори.Секој гласач може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето демократско право.Според членот на ДИК, Бобан Стојаноски, Избирачкиот одбор задолжително го прашува гласачот дали сака да гласа за двата вида на избори или само за еден.,,Гласачот добива две гласачки ливчиња доколку се одлучи да гласа за двата вида на избори или само едно гласачко ливче за изборите за кои се

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Денес започнува гласањето на болните, затворениците и дијаспората

Денес започува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор, лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, внатрешно раселените лица и лицата од дијаспората.Вкупно 11.095 болни или немоќни лица можат да го остварат своето право на глас за вториот круг од претседателските избори, додека за парламентарните избори право да гласаат имаат вкупно 11.197 болни и немоќни.Со почеток во 7.00 часот во 14 казнено п

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Денеска гласаат болните, изнемоштените, затворениците и дијаспората

Согласно Изборниот законик денеска гласаат болните и изнемоштените лица и затворениците во казено-поправните домови. Од Државната изборна комисија информираа дека за вториот круг за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни и немоќни лица, а за парламентарните избори бројката е поголема за 102 избирачи или 11.225 лица.Денес своето право на глас можат да го остварат и пријавените македонски државјани од дијаспората, но единствено за претседателските избори. Гласање за парламентарните избори

Македонија | пред 2 години

izbori

Изборите ќе ги следат 1078 домашни и 770 странски набљудувачи

Утрешното гласање, вториот круг за претседател и парламентарните избори ќе ги следат вкупно 1999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Акредитирани се 1.078 домашни набљудувачи, потоа 770 странски набљудувачи. Вообичаено за меѓународните мисии е ангажирање на преведувачи, овој пат нивниот број е 85.Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи и 14 експерти, а од домашните, најмногубројни, или 752 набљудувачи се ангажирани од Здружението за развој на општествено-социјални инова

Македонија | пред 2 години

Hristijan-MIckoski-1

Мицкоски со порака до народот: Ветуваме работа, макотрпна и посветена, ќе се бориме за вас и се обврзуваме и даваме збор дека нема да ве изневериме

„Ние ветуваме работа и тоа макотрпна и посветена работа. Ќе работиме деноноќно за вас и ќе се бориме за вас. Ние се обврзуваме и даваме збор дека нема да ве изневериме. Патот ќе биде тежок, но нема пречка што заедно нема да можеме да ја надминеме. Имаме знаење, визија, концепт како да одиме напред. Нашите политички противници ги знаете, видовте што може од нив да очекувате и не сакам ова обраќање до вас да го обременувам зборувајќи за нив. Се знаете, се е кажано, за жал сите живеевме во реалнос

Македонија | пред 2 години

IMG_3590

Мицкоски: Нема социјалдемократски планини, и вмровски реки, градови и села на ДУИ, или на Алијанса и Беса, или Алтернатива, нема езера на Левица или на ЗНАМ, тоа е една единствена Македонија, затоа да...

Нема социјалдемократски планини, и вмровски реки, нема градови и села на ДУИ, или на Алијанса и Беса, или Алтернатива, нема езера на Левица или на Знам, тоа е една единствена наша преубава татковина Македонија. Нема социјалдемократска или вмровска Македонија. Има само една Македонија. И ова е говорено многупати претходно но никој за жал ништо не преземал, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Прилеп.„И се додека тоа не го разбереме сите, и одговорно се одн

Македонија | пред 2 години

APASIEV-KRMOV-PROTESTI-2

Повик за масовна излезност од Левица

„На ден пред двојните Избори - 2024 година во Република Македонија, затвораме ера на едно предавничко, криминално и коруптивно владеење на СДС и ДУИ - чии резултати се бројат во изгубени години, животи и обезличување на Македонија. Го сменија името, капитулираа пред сите соседи, а во меѓувреме ненаситно си ги наполнија џебовите“, велат од Левица и додаваат:Левица ги повикува сите граѓани масовно да излезат и да го зададат последниот удар на истрошената досегашна владејачка клика!Левицата, конечн

Македонија | пред 2 години

1-5

Николоски: Ветувавме дека нема да има уставни измени под бугарски диктат и немаше, сега ќе нема влада со ДУИ

„Изборот никогаш не бил полесен. Изборот е дали Македонија ќе ја градиме како што ја сонуваа нашите предци или Македонија ќе ја уништуваат СДСМ и ДУИ. Изборот е дали ќе имаме нормална држава или држава која тоне во криминал и корупција. Овие шест и пол години како раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателот Христијан Мицкоски секојдневно се боревме со криминалната власт, не имаше секогаш кога е потребно на македонските улици, плоштади да се спротивставиме на предавствата, криминалот и

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-17-at-12.57.53

Поткуп на избори: приведени се две лица во Чашка, полицијатa најде и пиштоли со куршуми

Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избориДенеска (06.05.2024) во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода И.И.(52) од село Мелница, општина Чашка. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело " поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Застава" со две рамки, 58 куршуми и 4 з

Македонија | пред 2 години

mickoski-Konvencija-1-02032024

Мицкоски: По победата следува одговорност за сите кои направиле криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју во подкастот на Плусинфо истакна дека по победата следува одговорност за сите оние кои направиле криминал.„На памет не ми паѓа такво нешто, луѓето што ме знаат, знаат прво дека не сум човек кој што е одмаздољубив, иако морам да кажам дека како претседател на ВМРО-ДПМНЕ функциониравме и се уште функционираме во едни многу тешки времиња, со монтирани случаи, со стотици, илјадници луѓе затворани, прогонувани, само затоа што во минатото бил

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-06-at-15.51.49

Таравари на маса со Ванхоуте, па со Мицкоски: ја доби ли ВМРО-ДПМНЕ поддршката од албанската опозиција?

Средба со европскиот емисар, Питер Ванхоуте со кандидатот за претседтел на ВЛЕН Арбен Таравари, па вест дека албанската опозиција ќе ја поддржи кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг на изборите. Вака изгледаше од прилика обзнанувањето на соработката помеѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.„Денеска имавме добра и продуктивна средба со европскиот емисар г. Питер Ванхоут. Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце!“, напиша Таравари.Дел од медиумите на албански јазик објав

Македонија | пред 2 години

mickoski-h-3

Мицкоски: Владее чувството и третманот на власта кон луѓе од прв и втор ред, бранот е голем, очекувам да стигнеме до или близу до 61 пратеник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за подкастот на Плусинфо истакна дека во Македонија владее чувството и третманот на власта кон луѓе од прв и втор ред и додаде дека бранот за промени кај народот е голем затоа и очекува ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да освојат 61 пратеник или да бидат блиску до таа бројка.Мицкоски потенцираше дека СДСМ треба својот пораз да го бара многу поназад не само во кампањава и овие неколку месеци, туку уште кога во услови на корона криза направија еп

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-06-at-14.39.43

Арсовска се пожали дека граѓаните не ни знаат дека учествуваат на изборите: Дискриминирани сме

Претседателката на „Нова алтернатива“, Данела Арсовска, се пожали дека била дискриминирана од медиумите, па граѓаните не ни знаат дека се опција на изборите.„Во изминатите денови во рамки на кампањата за претстојните парламентарни избори, за жал сведоци сме на активна дискриминација кон Политичката партија Нова Алтернатива. Нашата поширока јавност и граѓаните, немаа никаква можност да се информираат дека воопшто сме учесници на овие парламентарни избори, бидејќи не немаше на најголемиот дел од

Македонија | пред 2 години

vlado-misajlovski

Мисајловски: Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање и да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за една голема и историска победа

„Една преубава позитивна кампања каде што, навистина, во првиот круг на 24 направивме една голема историја. Но, за таа историска победа биде уште поголема, сакам да ве поканам сите на 8 мај да ни дадете поддршка на сите нас. Да даде поддршка на Гордана Силјановска Давкова, но исто така и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за една историска, огромна победа“, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2 и додава:Победа за сите граѓани, победа за

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2021-06-11-171251

Снопче ја праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг

Кандидатот за пратеник од коалицијата ВЛЕН Халил Снопче изјави дека „Европски фронт“ не може да се промовира со старата гарда на Груевски.„Велиме дека Груевски бил најкриминализирана сила. Не можете да го промовирате „Европскиот фронт“ со кандидат за пратеник на црната листа на Америка. Не можете да го промовирате „Европскиот фронт“ со целосно неприродна соработка. Мендух Тачи го нарече Али Ахмети, убиец. Зијадин Села пак, рече дека тој бил организатор на 27 април, дека Али Ахмети ја нарачал не

Македонија | пред 2 години

434212440_728473352737184_7566182527108880512_n

Пука ли тиквата меѓу НСДП и СДСМ?

Во неделата навечер, по митингот на Коалицијата за Европска Македонија во Струмица, генералниот секретар на НСДП и заменик генерален секретар на Собранието, Мики Милковски, се најде повреден од излагањето на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Милковски посочи дека не му е првпат на Ковачевски да ја споредува НСДП со ЗНАМ на Максим Димитриевски. Оваа реакција доаѓа откако Ковачевски на митингот во Струмица посочи дека ЗНАМ е направена единствено за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, исто како и партијата

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања