ИЗБОРИ 2025

media-librarysqg4je8nqmq0dfYVUMc

Димитровски: Нема да бидам нем набљудувач, Скопје ќе го направам од град во хаос до град со брз и современ градски превоз

Даме Димитровски, носител на листа на советници во Советот за Град Скопје на вечерашниот митинг најави дека доаѓа време за промена, која ќе се темели на визија, план и конкретни политики.  Тој говореше за деветте столбови на платформата како што се чист воздух, чист град, модерен превоз, јавни простори, велосипеди и мобилност, безбеден сообраќај, култура, иновации и чесно управување.Димитровски се осврна на градскиот превоз, нагласувајќи дека јавниот превоз не го следи развојот на Скопје и потребите на скопјани и додаде дека целта е да се создаде брз и современ градски превоз во служба на граѓаните.Секое утро илјадници заглавуваат во хаос, превозот не е во служба на граѓаните. Затоа, целта е јасна: Нов концепт на јавен превоз: флота на чисти, нови, климатизирани автобуси, почести ротации и дигитализиран, предвидлив систем, повеќе правци и линии кон секој дел од градот, нагласи Димитровски.Димитровски истакна дека граѓаните заслужуваат да живеат достоинствено, со нови проекти, со реални решенија и конкретни чекори што ќе го подобрат секојдневието на сите граѓани.Ова не се само зборови на хартија – ова се нашите работни задачи! - рече меѓу другото Димитровски.

Скопје | пред 4 месеци

media-library00bukvg9ct52cTgBM9m

Кузмановски: Ветувам чесна и одговорна работа, младите ќе бидат во фокусот на СДСМ во Демир Хисар

Време е за промени, доста беше уништувањето од ВМРО-ДПМНЕ 4 години. Време е Демир Хисар да добие чесно, отчетно и одговорно раководење“, истакна на граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата, кандидатот за градоначалник на општина Демир Хисар Златко Кузмановски.Порача дека актуелниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните, ветуваше многу, а реализираше нула.Граѓаните од секое населено место знаат и гледаат за неговото неработење, а разочараноста е и повеќе од видлива. Но, најтрагично е што младите во 4-годишното владеење воопшто не беа приоритет. Младите не смееме да ги гледаме само како бројка. Младите не смееме да ги гледаме само како иднина. Тие се нашата сегашност. Без млади, нема општина, нема иднина, нема ниту развој. Затоа нашата визија е јасна: младите да ја гледаат својата иднина тука, дома, а не во други држави, порача Кузмановски.Најави конкретни мерки за младите: изградба на младински центар, поддршка за младинското претприемништво, субвенции за млади бизниси, можности за практиканство и работа.Секој запишан ученик во СОУ ‘Крсте Петков Мисирков’ ќе добива по 3.000 денари месечно, а секој најдобар ученик од основните училишта и средното училиште ќе биде награден. Ќе обезбедиме ослободување од партиципација за градинка за децата кои доаѓаат од семејства од социјален ризик, истакна Златко Кузмановски, додавајќи дека ќе биде обезбедена поддршка и за жените, кои мора да знаат дека општината е нивен сојузник и поддршка.Кузмановски порача дека Демир Хисар мора да стане општина по мерка на граѓаните – општина која слуша, која е отворена и транспарентна. „Секој граѓанин ќе знае каде одат јавните пари“, подвлече тој.Посебен акцент стави и на културата и историјата: ќе биде уреден спомен-паркот на Даме Груев во Смилево, како и сите локални патишта кои водат до него, за да се зачува историската меморија и да се поттикне локалниот туризам.Ветувам работа. Ветувам напредок. Ветувам безбедност, стабилност, иднина. Ветувам дека вашиот глас ќе биде дел од секоја моја, наша одлука. Изборите што доаѓаат не се само избор на градоначалник. Тоа е избор каков Демир Хисар сакаме. Ќе избереме дали остануваме заробени во минатото со нула реализација на проекти од страна на актуелниот градоначалник или ќе чекориме заедно кон иднината, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Демир Хисар, Златко Кузмановски.

Македонија | пред 4 месеци

media-library1vj4aggm6ov32ESlw3r

Герасимовски: Набавуваме две нови цистерни и пет метларки за хигиената никогаш повеќе да не зависи од каприци и политички одлуки

Првиот човек на Општина Центар и кандидат за градоначалник, Горан Герасимовски, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова и претседателот на СДСМ Венко Филипче, го посетија новиот општински депо-простор и ги разгледаа плановите за почиста и поуредна општина. При посетата, Герасимовски ја презентираше новата механизација и дополнителната опрема, како дел од заложбата Центар самостојно да ја одржува хигиената и паркинг сервисот.Во следниот мандат планирам дополнително да ја зајакнеме механизацијата со набавка на две нови цистерни и пет метларки, за да му го вратиме сјајот на Центар што го паметиме од нашето детство, кога секое утро улиците се миеја со цистерни. Имаме врвно претпријатие за хигиена и паркинг-сервис. Пример за тоа е новото депо, современ простор на површина од 2.250 м² со зголемена безбедност, видео-надзор и нови контролни рампи со безжично управување. Ќе направам се Центар повеќе да не зависи од никого кога станува збор за одржување на хигиената. Имаме одлична база , мотивирани работници со солидни плати и со одлична организација. Центар е единствената општина што улиците ги чисти со шмркови и што секојдневно мете со метларки“, рече Герасимовски.Тој нагласи дека веќе се преземаат конкретни мерки. Минатата недела, поради постојаното потфрлање на ЈП „Комунална хигиена“, Општина Центар изнајми ѓубретарки со голем капацитет за собирање и транспорт до депонија, мала цистерна, специјализирана метларка, возило-цистерна за миење и перење улици, возило за подигање и транспорт на метални контејнери и машина за бележење на хоризонтална сигнализација.Контејнерите за кабаст отпад се веќе поставени на клучните локации во Центар, а механизацијата е целосно оперативна, посочи градоначалникот.Герасимовски истакна дека само со добра координација меѓу градот и општината може да се спроведат програмските приоритети кои им се заеднички: чист град, користење соларни извори на енергија и урбанистичко планирање и инфраструктура базирана врз еколошки вредности.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryklhq3uuflu331ike2Ie

Филипче: Општина Центар и Герасимовски се справија со ѓубрето кое го натрупаа Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, при денешната посета на новото депо на ПОЦ во општина Центар, изјави дека изминатиот период градоначалникот Горан Герасимовски преземал активности со кои не дозволил општината да се угуши во смет, поради, како што рече, „нефункционалноста на градот Скопје предизвикана од инаетот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска“.Поради тоа што градот е блокиран, градоначалникот во изминатиот период, за време на неговиот мандат, презема работни ингеренции – набавува нови возила, инструменти, сè што е потребно за да се празнат контејнерите. Едноставно, Центар да биде чиста општина, со што покажува дека граѓаните се на прво место, а не партиските интереси и несогласувањата кои ги блокираат процесите и граѓаните трпат поради тоа, изјави Филипче.Тој нагласи дека тоа се активности кои се под целосна ингеренција на Град Скопје и на ЈП Комунална хигиена – Скопје и додаде дека „ниту една општина не треба да има возила за собирање отпад, ниту луѓе за таа намена, ниту за чистење и прскање на улиците“.Филипче изрази задоволство од досегашната работа на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, со верување дека граѓаните ќе ги препознаат неговите постапки, искрената работа и сè што направил за доброто на општината, па повторно ќе му ја дадат довербата.Тој додаде дека кандидатката за градоначалничка на град Скопје, Каја Шукова, има план и визија за надградување на овој систем.Во развиениот свет луѓето зборуваат за дезинфекција на контејнерите, за често миење на улиците за да се сузбијат ПМ честичките кои паѓаат долу. За жал, ние во 2025 година зборуваме, а контејнерите ни се преполни со ѓубре, посочи Филипче.

Скопје | пред 4 месеци

media-library97rb6h5pivpj8xPvzH1

Герасимовски: Иницијативата на Центар за конфискација на дивоградби стана закон, горд сум на ова

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, денеска се сретна со Мартин Пановски, реномиран и наградуван архитект, поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и косопственик на архитектонското биро „Радиус архитекти“.Герасимовски го запозна Пановски со идните приоритети во програмата во делот на урбанизмот, визијата за развој на општината, како и со досега реализираните проекти во Центар.Изминативе четири години иницирав неколку системски решенија, меѓу кои и онаа за конфискација и пренамена на дивоградби, што веќе се преточи во законско решение. Поднесена е и иницијатива за доокрупнување на градежните парцели. Со општинскиот тим архитекти донесовме нови правила за да воведеме ред во градењето, истакна Герасимовски.На средбата двајцата соговорници разменија мислења за идниот изглед на општината, урбанистичките планови и инфраструктурата. Се согласија дека Центар има потреба од повеќе зеленило, смирен сообраќај и балансирано развивање на станбени, деловни и рекреативни зони.Герасимовски најави дека во програмата се предвидува уредување на улици со современи пјацети, партерно уредување на улиците „Коле Неделковски“ и „Христо Смирненски“, хортикултурно средување од Зелено пазарче до улица „Македонија“, реконструкција на „Ленинова“ и други сообраќајници, како и заживување на заборавени објекти , меѓу кои и поранешниот ресторан „Езерце“, кој буди носталгични чувства кај скопјани.Дополнително, беше разговарано и за решавањето на горливиот проблем со паркирањето преку изградба на катни гаражи и новата општинска зграда.Овој објект ќе биде симбол на отвореност и модерна општина, со подземен паркинг за околу 300 возила, што ќе го растовари сообраќајот во Дебар Маало. На архитектонскиот конкурс веќе се избрани три најдобри решенија. Се заблагодарувам на архитектонската фела за нивната поддршка во реализацијата на капиталните проекти, истакна Герасимовски.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања