ИЗБОРИ 2025

media-libraryg2sqogrgjjd0dZVACTb

Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на обвинителството, а за кои клучот е некаде на Бихаќка, СДСМ нема да се толку гласни кога ќе се соочат со законот

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Бутел, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“.  Мицкоски зборуваше на темата за правосудниот систем во земјава и истакна дека иако постојат над 80 пријави кои се заглавени во судските и обвинителските лавиринти, тој ќе се посвети на нив по локалните избори. Мицкоски најави  ресетирање на системот, кој нема да биде реванш, туку ќе значи одговорност и правда. Како што вели тој, процесот на прочистување на политичкото мочуриште ќе зависи исклучиво од законот и уставот, а од правдата нема бегство.Ги слушам лажните храбрења на Филипче, зад кои убеден сум дека стои само стравот од соочување со одговорност. Тоа се изјавите: „Еве, година и пол помина од Владата, а никој не одговара и никој не се плаши.“ Вистината е дека има над 80 пријави кои седат во фиоките на обвинителството, а клучот на тие фиоки седи некаде на Бихаќка, кажа Мицкоски.Мицкоски најави ресет на целиот систем и длабоки реформи по локалните избори, а додаде и дека ресетот нема да биде реванш туку одговорност и правда онаму каде што до сега нема.Тој клуч ќе се добие и ќе се отвори по овие избори, а јас најавувам ресет на системот и длабоки реформи. Нема да има конечна правда додека законот не ги допре и тие во судството и обвинителството. Со оваа тема посебно и лично ќе се занимавам веднаш по изборите. И правдата ќе ги допре сите оние што сега се удираат во гради. Верувајте, потоа кога ќе бидат соочени со законот, нема да бидат ниту толку храбри ниту толку гласни, затоа што ресетот на системот нема да биде реванш, туку одговорност и правда таму каде што досега не завладеала, рече Мицкоски и додаде:Мора да има катарза на тоа политичко мочуриште, чиј процес на прочистување нема да зависи од нечија политичка волја, туку единствено од законот и Уставот. Од правдата нема бегство.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarypu056ha0bfof1PDzG7D

Филипче од Кривогаштани: Ова не се обични локални избори, се бориме за нашиот дом, за Македонија

Ова не се обични избори, ова е борба за нашиот дом, за нашата земја, за нашата иднина. Секој глас е чекор напред кон држава во која ќе се почитува трудот, знаењето, чесноста. Обединети и сплотени, на 19 октомври да излеземе масовно и да ја потврдиме победата на вистинските вредности, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кривогаштани.Филипче нагласи дека државата мора да стои зад народот и дека иднината им припаѓа на оние што создаваат и градат, а не оние кои рушат и делат.Ние од СДСМ не работиме по принципот на ВМРО-ДПМНЕ, вети-заборави. Тие земаат од народот наместо да дадат и ги оставаат граѓаните сами со проблемите. Ние сме покажале дека работиме за граѓаните и за државата. Секогаш сме биле и сме со граѓаните и кога било најтешко, во најголемите кризи, граѓаните беа наш приоритет, рече Филипче.Тој нагласи дека СДСМ никогаш не барал изговори, туку преземал одговорност.Со план и волја покажавме како се стои зад секој еден граѓанин кој се бореше да преживее, да зачува работно место, да го одржи својот бизнис. Никој не оставивме сам. Со СДСМ платите растеа, пензиите растеа, се создаде систем за помош, не за понижување, истакна Филипче, додавајќи дека за СДСМ политиката не е пазар на лаги, туку механизам како да се подобри животот на граѓаните.Затоа е јасна разликата: ВМРО-ДПМНЕ гледа личен и партиски интерес, ние гледаме за народот и државата, дури и тогаш кога сме знаеле дека е на штета на нашиот рејтинг. Никогаш не сме правеле партиски калкулации кога биле во прашање граѓаните и иднината на државата, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Кривогаштани.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryn4lo2ii461gv6RZ5LDy

Мицкоски: Судството и обвинителството се сегменти коишто се последните бастиони во одбрана на владата на СДСМ и ДУИ, но ќе има реформи и во оваа област

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Сопиште, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“. Тој се осврна на темата за правдата во државата, а го потенцираше правосудниот систем, кој според него, треба да биде непристрастен,  да има судии кои судат според законот, процедури кои ќе ја вратат довербата, а додаде и дека правдата не смее да биде привилегија на малкумина. Како што вели Мицкоски, постојат кочници кои се вградени во институциите на државата и функционираат како длабока држава во државата.Многу ме прашуваат изминатиов период, зошто и како не правиме реформи во судството, реформи во обвинителството. Тоа е нешто кое што претставува и за сите нас болка, бидејќи и судството и обвинителството се сегменти коишто сѐ уште, претставуваат последните бастиони во одбрана на претходната влада. Ако некој ме праша зошто, затоа што инсталациите таму и покрај десетиците би рекол, повеќе од стотина пријави кои што доаѓаат од надлежните институции, поткрепени со докази не ги процесуираат, туку ги држат во фиока. Но после овие локални избори, ќе се навратиме и на таа тема“, кажа Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека е време за ресетирање на системот, со цел да се изгради држава на правда, а во истата таа држава на правда правосудниот систем мора да биде непристрастен и непокорлив. Како што кажа тој, здравствениот систем ќе биде столб на државата, со достапни лекови, модерни болници и стручен кадар.Моментот што го чекале генерации е пред нас, време за ресет на системот, време да ги скршиме ланците на неправдата и да изградиме држава на правда, слобода и грижа за секого. Судството мора да биде непристрастно и непокорливо, судии кои судат според законот, а не според влијанија; институции кои штитат, а не кои молчат, процедури кои враќаат доверба, а не кои создаваат сомнеж. Правдата не смее да биде привилегија на малкумина, туку право на секој граѓанин  брза, достапна и ефикасна. Слободата не е само збор во уставот, туку жив начин на живот: слобода на мислење, слобода на говор, слобода од страв и притисок. Здравствениот систем ќе биде столб на оваа држава — модерни болници, достапни лекови, стручен кадар и превенција што штити семејства, наместо да ги остави ранливите сами да се борат. Ќе поставиме јасни правила, транспарентни процеси и нулта толеранција кон корупцијата која тоне животи и ја кочи промената, рече Мицкоски.Мицкоски ги потенцираше кочниците кои се вградени во сите институции и го кочат напредокот на граѓаните, затоа што истите функционираат како длабока држава, низ мрежи кои се шират низ сите институции, а понекогаш дури и низ етничките заедници.Не можеме да го чекаме утрото додека ситни и големи кочници ја гушат работата на државата, кочници што се вградени во институциите, што делуваат тајно или откриено и тие ја претставуваат во суштина длабоката држава во државата, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykv4qhvuvuaniddQP1O0

Шукова: Карпош ќе дише полесно со нов мост, продолжување на булеварите и функционални јавни претпријатија

Во преполната сала „Партизан“ во Карпош, кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, ги претстави клучните приоритети на својата програма – функционални јавни претпријатија, уреден сообраќај, повеќе зеленило и современо, дигитално Скопје.Ова не е само лична кампања, ова е заедничка мисија да изградиме модерно, чисто и функционално Скопје, град што ќе биде наш дом, а не извор на секојдневни нервози, изјави Шукова, нагласувајќи дека решенијата што ги нуди се реални и проверени.Таа остро се осврна на неуспесите на актуелната градска власт, истакнувајќи дека четири години граѓаните живеат без основни услуги:Немаме редовно подигање на сметот, немаме вода во високите зони, јавниот превоз е нефункционален, а парковите и улиците се запуштени. Градот го претворија во џунгла.Шукова најави целосна реорганизација на јавните претпријатија и обновување на постојната инфраструктура:Ќе го изградиме Скопје по европски терк – град што обезбедува ред, услуга и сигурност.Во Карпош, најави неколку клучни инфраструктурни проекти: изградба на нов мост, близнак на „Обединети нации“, со шест коловозни ленти и велосипедски и пешачки патеки; поврзување на булеварите „Словенија“ и „Никола Карев“ со современо сообраќајно решение; продолжување на булеварот „Словенија“ до Ѓорче Петров – нова артерија долга 4,5 километри што ќе го поврзе западот и северот на градот и конечно ставање во функција на мостовите „Михаило Апостолски“ и „Љубљанска“.Ќе воведеме ‘Зона 30’ во густо населени делови, ќе поставиме ЛЕД осветлување, нови велосипедски патеки и ќе ги претвориме запуштените површини во живи скверови и паркови, додаде Шукова.Таа истакна и дека дигиталните решенија ќе бидат темел на модерното управување со градот:Смарт Скопје ќе значи знаење кога контејнерите се полни, паметно управување со отпадот, повеќе осветлување и дигитални системи што носат ефикасност и транспарентност.Ние не ветуваме чуда – ветуваме работа, чесност и резултати што се гледаат, порача Шукова, додавајќи дека со Маја Мојсова во Карпош и тимот на СДСМ, ќе се врати довербата во политиката и гордоста во Скопје.Во Карпош се родив, тука сум целиот живот и ќе се борам за Карпош и за Скопје што обединува, заврши Каја Шукова.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarymjl64gvgqj8edoLypeE

Герасимовски додели сертификати на наставниот кадар: Наставниците ги учат младите да бидат чесни, одговорни и добри луѓе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им додели сертификати на наставниците, стручните соработници и директорите кои ја завршија обуката „Улогата на наставниците и стручните соработници во пренесување на вредностите и моралните норми кај младите“. Наставниците се луѓето што секој ден го обликуваат нашето општество, со трпение, љубов и голема посветеност. Тие не ги учат младите само да читаат и пишуваат, туку и да бидат чесни, добри и одговорни луѓе. Во време кога младите се соочуваат со многу предизвици, наставникот е тој што знае да ги насочи, да ги мотивира и да им покаже што значи вистинска вредност и морал. Денеска со голема чест им доделив сертификати на наставниците, стручните соработници и директорите кои ја завршија обуката. Убава средба со наставниот кадар, но и прекрасен гест по повод вчерашниот Светски ден на учителот - 5 октомври. Од срце им благодарам на сите наставници за нивниот труд и љубовта што ја вложуваат секој ден. Општината продолжува да вложува во образованието, во наставниците, во учениците, изјави Герасимовски.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryf9di1scfl8ll3oRPs7a

Филипче: СДСМ се бори за држава што не е ничија приватна сопственост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Кичево посочи дека СДСМ е продолжение на идеалите врз кои е изградена современата македонска држава.СДСМ е продолжение на најсветлата традиција на Македонија борбата за слобода, рамноправност и достоинство. Нашите корени се во АСНОМ, во генерациите што ја поставија темелната вредност, државата да биде дом за сите, истакна д-р Филипче.Тој нагласи дека токму сега е време за повторно обединување и консолидација, додавајќи дека борбата на СДСМ е за држава која е заеднички дом, а не приватна сопственост.Се бориме за држава што не е ничија приватна сопственост, туку заеднички дом со правила што важат за сите.Филипче ја нагласи и суштинската разлика во однос на ВМРО-ДПМНЕ и порача дека:Македонија не се брани со навреди и кавги, со лажни повици за национално обединување, а подземни игри за поделба и дека патриотизмот и достоинството не се злоупотребуваат за политички рејтинг.Достоинството почитувани присутни се брани со силни институции, со сериозен план и со луѓе што искрено мислат добро и на државата и на идните генерации. Се брани со паметна, цврста позиција и со резултати дома: со држава што функционира, со реформирани институции што градат доверба и со економски политики што на прво место ги ставаат граѓанине и нивните проблеми, рече лидерот на СДСМ, д-р  Филипче, на граѓанската трибина во Кичево.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarym3vn3cdpmbe4aM2nqxO

Мицкоски: Нема големи кривични случаи, бидејќи малкумина лакеи не дозволуваат, иако МВР и надлежните темелно сработија десетици случаи на голема корупција кога влада беа СДС и ДУИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Демир Капија кој е во рамки на кампањата за локалните избори која се води под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ се осврна на постапките на претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче.И морам да прокоментирам една изјава на претседателот на СДСМ. Тој кажа дека немам право да го обвинувам СДСМ и ДУИ за судството и обвинителството, затоа што 15 месеци сме биле Влада и немало некои големи кривични случаи. Затоа чувствувам потреба да му одговорам нема големи кривични случаи само поради една причина, а тоа се малкумина ваши лакеи кои ги има во обвинителството и судството кои не дозволуваат вака големи кривични пријави иако истражните органи како МВР и останатите надлежни сработија десетици случаи на висока корупција кога влада беа СДС и ДУИ, кажа Мицкоски.Мицкоски објасни дека сега грчевито нивните лакеи заедно со нив се борат да се опструираат истрагите поткрепени со докази за да можат оние поранешни функционери од СДС и ДУИ кои ја крчмеа, распродаваа, разнебитуваа Македонија ќе одговараат.Но, имам лоша вест, локалните избори ќе завршат и вашите лакеи ќе бидат сменети и ќе дојдат вистински судии и обвинители и ќе одговарате. Обрачот се стега и нема бегање од одговорност. А сите ваши лакеи добро што се малкумина ќе бидат разрешени и ќе одговараат за попречување на правдата, вели Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-library998ks96jbdu9exLAeSp

Сабри Азири: Бујар Османи поминал повеќе од 10 години на власт, но ниту еден ден за Чаир

Сабри Азири, портпарол на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, на прес-конференција објаснуваше какви се функции имал Бујар Османи низ кариерата.Според Азири, Бујар Османи поминал 3.672 дена на високи државни функции, и тоа како вицепремиер и министер.Министер за здравство (27 јули 2008 – 28 јули 2011) → 1.096 дена.Вицепремиер за европски прашања (31 мај 2017 – 30 август 2020) → 1.187 дена.Министер за надворешни работи (30 август 2020 – 23 јуни 2024) → 1.389 дена.Претседавач со ОБСЕ (1 јануари 2023 – 31 декември 2023) → 365 дена. Вкупно: 10 години и 22 дена на министерски и извршни позиции.Но, во текот на сето тоа време, ниту еден ден за чаирчани“, нагласи Азири.Тој посочи работи кои според него се хипокризијата на Османи. Според него, Османи поминал нула дена со чаирчани – два дена со Сергеј Лавров во Скопје. Нула дена за чаирчани – една недела со Никола Груевски во Будимпешта.Ова е реалниот биланс на Бујар Османи по повеќе од една деценија навласт. Затоа, денес тој нема образ да им ја побара довербата на граѓаните на Чаир. Нула вработувања за чаирчани – додека сопругата е вработена во АЕК, сестрата во М-НАВ, а бизнисот на братот на Османи напредува.“, заклучи Азири.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarytp5r13idv7vddJrFsdU

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска го посети корисникот на проектот „Сервис за стари лица“, 84 годишниот Христо Станковски, со што и официјално започна реализацијата на услугата за оваа година.Преку проектот „Центар се грижи за возрасните“ , што се реализира во соработка со Здружение за развој и поддршка „Хуманост“, опфатени се 90 повозрасни граѓани од Центар на кои им е потребна нега и поддршка во домашни услови.Со оваа услуга излегуваме во пресрет на нашите повозрасни центарци со цел да бидат функционални и полесно да се справуваат со секојдневните обврски. Со помошта на стручните лица, физиотерапевти и негуватели им обезбедуваме на нашите сограѓани подобри пензионерски денови и полесна старост“, истакна градоначалникот Герасимовски.Пензионерот Христо Станковски кој веќе неколку години ја користи услугата, се заблагодари за грижата и изрази задоволство од поддршката што ја добива преку општината.Општина Центар информира дека сè уште има слободни места за овој проект. Заинтересираните можат да аплицираат од 1 до 15 секој месец во Архивата на Општина Центар , во период од 08:00 до 15:00 часот.Право на користење имаат лица над 62 години кои имаат пензија до 35.000 денари или се корисници на социјална помош.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarye0p62hjg006h0TH1M73

Лабудовиќ: Центар ќе го вратиме во рацете на граѓаните – време е за нова енергија и вистински промени

Кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, остварија средба со граѓаните на Центар, на која во фокус беа проблемите кои ја засегаат општината – урбанистичкиот хаос, загадувањето, недостигот на паркинг и потребата од повеќе зелени површини и подобра инфраструктура.Центар не смее да остане заглавен во апатија и хаос. Време е да ја прекинеме праксата на импровизации.Мојата визија е јасна – чист и зелен Центар, со современа инфраструктура, со правилен урбанизам и транспарентна локална власт што ќе биде сервис на граѓаните, а не на малкумина привилегирани.Ќе ја вратиме општината во рацете на жителите и ќе изградиме средина во која младите ќе сакаат да останат и да создаваат своја иднина. - истакна Лабудовиќ.Лабудовиќ посочи дека Центар заслужува раководство што работи како вистински сервис на граѓаните – со подобра комунална инфраструктура, решенија за сообраќајниот метеж, нови простори за спорт и рекреација и културен развој кој ќе ја врати душата на општината.За да се постигнат вистински промени, потребно е обединето дејствување. Во тој контекст, соработката меѓу Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ е клучна, како гаранција за стабилност, системски решенија и долгорочни резултати за Центар.Само заедно можеме да го изградиме Центар кој ќе му припаѓа на народот. Секоја средба со граѓаните е потврда дека силата е во заедништвото, во искрените разговори и конкретните решенија. Ви благодарам за довербата, таа е најголемата мотивација да донесеме вистински промени. - додаде Лабудовиќ.Центарци изразија целосна поддршка за Лабудовиќ, нагласувајќи дека е време за нова енергија, визија и чесно водење – Центар да стане општина со која сите ќе се гордееме.

Скопје | пред 4 месеци

filipce

Филипче: Владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е како реприза на лош стар филм, истите манипулации, истите кукавички стратегии

Година и пол ВМРО-ДПМНЕ нема со што да се пофали, нема нови мерки, нема развојни политики и затоа ја почнаа старата проверена приказна со напади кон ДУИ. Јас ова го нарекувам стратегијата на политичките кукавици“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва во Пробиштип.Национализмот и нападите со ДУИ им останаа како единствено оружје да ги оттргнат луѓето од реалните проблеми. Да заборават дека немаат доволно пари, дека цените растат, дека државата стои во место, додаде Филипче.Претседателот на СДСМ порача дека триковите на ВМРО-ДПМНЕ се одамна прочитани од граѓаните.Господа од ВМРО-ДПМНЕ, дали мислите дека можете повторно со истите трикови да ги излажете граѓаните? Не можете, затоа што сте прочитани како буквар, како стара истрошена книга која сите ја знаат. Вашето владеење е реприза на стар филм кој луѓето го знаат на памет. Секој следен чекор е толку предвидлив, секоја манипулација веќе видена. Секоја лага веќе 100 пати кажана, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

Mickoski1

Мицкоски: СДС и ДУИ бараат спас во корумпираното судство, тоа им е последно танго за избегнување одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Струга, посочи дека една од картите на кои игра опозицијата, СДС и ДУИ е барањето на спас во корумпираното судство и обвинителство.Според Мицкоски, многу е јасно зошто се кријат за правосудниот систем.Тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност. Oд месечината се гледа дека последниот бастион на криминалот во државата остана судството и обвинителството кое ги штитат и СДСМ и ДУИ како бели мечки, кажа Мицкоски.Мицкоски посочи дека нема ниту еден случај кој на институциите им е предочен, а истиот да завршил со обвинителен акт за било кој поранешен висок функционер.А случаи има колку сакате, само недостасува волја. А нема волја затоа што за судот и обвинителството главни се аргатите на СДС и ДУИ. И со оваа корупција имам намера посебно да се занимавам по локалните избори, затоа што мора еднаш за секогаш да се стави крај со овој перманентен бастион на криминалот“, вели Мицкоски.Мицкоски објасни дека не може да има слободни корумпирани политичари, ако нема корумпирани обвинители и судии што ги штитат тие политичари.Затоа по изборите следат реформи кои ќе ја откријат и вистината и ќе ја донесат правдата во нашата држава. Таа пресметка нема да биде политичка, туку пресметка за докажување на правдата која народот на Македонија ја заслужува, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.04.27

Мециновиќ: Од сабајле до вечер ќе бидеме на терен со граѓаните

Изјава на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната средба со граѓани на ул. Македонија: Ние, како што знаете, добивме забрана за рекламирање на медиумите, но тоа значи дека следните дваесет дена ние ќе ги поминеме на улица од сабајле до вечер, без бини, без гламурозни манифестации.Секој скопјанец ќе може да дојде и да разговара со нас, затоа што конечно градските власти и после изборите треба да се вратат потполно доле на теренот и да разговараат со луѓето за нивните проблеми.Не ни се потребни прескапи студии, потребни ни се политичари кои се помеѓу својот народ за да можат да го опипаат неговиот пулс и да ги дадат вистинските решенија.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarym3vn3cdpmbe4aM2nqxO

Мицкоски: Со црвените линии за Бугарија, Филипче практично подготвува ново предавство и нов бонбона бизнис

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл.Посочи дека лицемерие е кога Венко Филипче вели дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, а истиот тој спрема и ново предавство и поклон за нашиот источен сосед, Бугарија преку нивните т.н. црвени линии.Тоа е всушност реалното лице на опозицијата која во најновите пазарџиски трикови сака и да спакува нов поклон за нашиот источен сосед. Тоа е подарок којшто тие го нарекоа Резолуција или црвени линии, после кој СДСМ сака, нормално, да изроди некоја нова отстапка на грбот на македонскиот народ, на грбот на македонските граѓани. Сосема сигурно оттука може да се заклучи ако францускиот т.н. предлог беше толку прекрасен и Венко ни велеше дека идентитетот бил заштитен, тогаш прашањето ни е зошто, тогаш, ни требаат овие црвени линии, коишто се дел од т.н. резолуција на СДСМ. Одговорот лежи во тоа дека СДСМ, повторно, со трикови сака да направи некој нов бонбона бизнис, познат за нив како карактерна особина од минатото“, истакна Мицкоски.Затоа Мицкоски порача дека на овие избори мора да се излезе масовно и во огромен број и да се изрази волјата јасно, дека народот владее во оваа држава а е тесните клики кои владеењето го гледаат само преку призмата на наместени тендери.

Македонија | пред 4 месеци

media-library9c1bmj8tkcfn1bSlZdV

Герасимовски: Обезбедуваме бесплатни дополнителни часови за учениците во Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска ја претстави новата мерка за менторско учење и дополнителни часови, зацртана во идната програма.Во разговор со група пензионирани наставници, тој посочи дека целта на оваа иницијатива е да се обезбеди поддршка за учениците кои потешко ја совладуваат наставата, како и за надарените ученици кои се подготвуваат за натпревари.Недостигот на наставен кадар е системски проблем на ниво на државата, затоа одлучивме да ве ангажираме вас, нашите искусни наставници, кои иако во пензија, можат да помогнат во едуцирањето и споделувањето на своето знаење. Вашиот ангажман ќе значи многу и за училиштата, но и за семејствата. Учениците ќе добијат квалитетна едукација, наместо родителите да плаќаат приватни часови,“ истакна Герасимовски.Пензионираните наставници ја поздравија мерката и изразија подготвеност да се вклучат во проектот, од кој, велат, ќе имаат корист учениците, родителите и активниот наставен кадар, кој ќе биде растеретен.Со оваа инцијатива, воедно, ќе им се овозможи на наставниците во пензија да останат активни во образовниот процес и да го пренесат своето знаење на помладите генерации.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања