ИЗЕТ МЕЏИТИ

medziti

Меџити: Коридорот 8 е приоритет за економскиот развој на земјата

Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, изјави дека Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развојот на земјата, а особено за економскиот развој.„Изразувам лично задоволство што ги гледаме првите работи што се појавија на површина и со тоа се затвора темата за Коридорот 8 како политичка тема. Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развојот на земјата, за економскиот развој, каде што немам никакви дилеми дека со Бехтел и Енка ќе бидеме сведоци во следните недели и месеци за реализацијата на проектот“, изјави Меџити.Во текот на денешниот ден, Меџити заедно со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, го промовираа почетокот на владините активности за реализација на Коридорот 8.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-23-at-18.04.28

Меџити ја правдаше фотографијата со албанското знаме во Обединетите нации, каде отиде платен од Македонија

На прашање за сликата со албанското знаме при посетата на Обединетите нации, вицепремиерот Изет Меџити, истакна дека меѓу бројните знамиња било албанското, но и државното на Македонија од кои биле објавени слики.„Јас сум претставник на Владата на Република Македонија и се сликав пред државното знаме, но воедно јас сум албанец и тоа не го кријам. Во нашиот Устав на Република Северна Македонија стои дека сме дел од албанскиот народ.“ истакна првиот вицепремиер Изет Меџити.Според Меџити едното знаме е државно (македонското), а другото е на сите Албанци ширум светот, а не само на државата Албанија. Тој истакна дека Косово е нова држава со сопствено државно знаме, но во различни пригоди секој се идентификува и го употребува албанското знаме коешто има историја од времето на Скендербег.Според Изет Меџити без разлика дали некој албанец е во Њујорк, Истанбул, Македонија или Грција сите имаат државни знамиња кои ги почитуваат, но како Албанци се идентификуваат со тоа знаме, уште од времето на Скендербег.

Македонија | пред 1 година

medziti-2-1

Средба Меџити-Миљаниќ: Градење партнерство и пат кон европска интеграција

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска го прими амбасадорот на Црна Гора Н.Е. Зоран Миљаниќ.Амбасадорот Миљаниќ му честиташе на вицепремиерот Меџити за неговата нова функција и ја оцени оваа средба како одлична можност да се истакне важноста на односите и да се зајакне соработката меѓу двете држави.Тие разговараа за можностите за економски развој преку соработка меѓу Северна Македонија и Црна Гора. Беше нагласена потребата од идентификување заеднички проекти што ќе ги промовираат инвестициите и ќе придонесат за одржлив раст на економиите на двете држави. Меџити и Миљаниќ се сложија дека секторите туризам, енергетика и земјоделството нудат голем потенцијал за соработка.Друга важна заедничка точка во разговорите беше патот кон членство во Европската Унија. Двете земји се посветени на исполнувањето на потребните критериуми и унапредување на реформските процеси, при што заемната соработка ќе биде клучна за постигнување на оваа заедничка цел.Исто така, вицепремирот Меџити ја потврди својата и посветеноста на институциите за зајакнување на односите со Црна Гора и за заедничка работа кон успешна иднина во Европа.

Македонија | пред 1 година

IM_2

Меџити се сретна со министерот за човекови и малцински права на Црна Гора Фатмир Ѓека

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска ја пречека делегацијата од Црна Гора, предводена од министерот за човекови и малцинства права на Црна Гора, Фатмир Ѓека.На средбата Меџити и Ѓека разговараа за односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора, кои ги оценија како одлични во сите области. Двајцата соговорници истакнаа дека по членството на двете земји во Северноатлантската алијанса, приоритет на двете влади останува целосната интеграција во Европската Унија, како единствена опција за развој на целиот регион.Министерот Ѓека информираше дека Црна Гора успешно го изврши пописот на населението и работи на отворање нови поглавја за членство на земјата во ЕУ, за што е забележано зголемување на поддршката од граѓаните за 20 проценти.Меџити и Ѓека се договорија да ја интензивираат комуникацијата за да се постигне поголема соработка меѓу двете земји, со акцент на проектите поврзани со еколошките предизвици.

Македонија | пред 1 година

mdziti-usaid-2

Меџити: УСАИД е вклучена во многу проекти во екологијата во Северна Македонија кои ја подобруваат животната средина

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска на работна средба ја прими делегацијата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) предводена од Јери Дибле, претставник за Северна Македонија.Јери Дибле ја изрази подготвеноста на УСАИД да ги поддржи проектите поврзани со подобрување на климатските промени и животната средина во земјата, преку различни програми, како и пренесување на позитивни искуства од различни земји во светот каде што работи Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).Меџити се заблагодари на УСАИД за реализацијата на многу проекти во Северна Македонија, како и за интересот за соработка во приоритетните проекти на Министерството за животна средина и просторно планирање, поврзани со мерките против климатските промени и системот за мониторинг.Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) е присутна во Северна Македонија од осамостојувањето на земјата и ја поддржува земјата да стане економски поразвиено, демократско и инклузивно општество преку програми кои промовираат економски раст и конкурентност, зголемувајќи го ангажманот на младите да ја намалат невработеноста и да ја намалат корупцијата.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-14-141350

Меџити се сретна со шефот на СЗО во Македонија, Аким Али

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари прва средба со претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) и шеф на Канцеларија во Скопје, Аким Али.На средбата Меџити и Али изразија подготвеност за зајакнување на меѓусебната соработка, особено од причина што состојбите во животната средина директно се одразуваат на здравјето на граѓаните.Меџити истакна дека соработка со СЗО се одвивала во одредени области, како што се климатските промени во рамки на развивањето на Националната стратегија за адаптација на здравствениот сектор кон климатските промени.Првиот заменик претседател Меџити најави дека до крајот на годината Министерството ќе го достави до Владата нацртот на Законот за климатска акција, а со поддршка на Европската Унија и ИПА Програмата ќе се продолжи кон подобрување на состојбите во животна средина и особено квалитетот на воздухот.

Македонија | пред 1 година

IM_USA1

Меџити се сретна со заменик амбасадорката на САД: Дискутиравме за силните односи помеѓу нашите земји

Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, вчера имаше средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес.„Вчера остварив многу плодна средба со заменик амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. Ја изразив мојата благодарност за непоколебливата поддршка што САД и ја даваат на Северна Македонија, особено во процесот на интеграција во ЕУ.„Дискутиравме за силните односи помеѓу нашите земји и за важноста на понатамошно зајакнување на соработката во различни области од заеднички интерес“, изјави Меџити.Тој дополнително објасни дека на оваа средба, ја истакнал важноста на неговата улога како министер за животна средина и просторно планирање, особено поради големите еколошки предизвици со кои се соочуваме. Тука спаѓаат енергетската криза, децениското загадување на воздухот, управувањето со отпадот, обезбедувањето чиста вода и третманот на отпадните води.„Исто така, ја нагласив важноста на соработката во справувањето со климатската криза и промовирањето на одржливиот развој. Полната посветеност кон политиките што го заштитуваат животната средина е мој приоритет, бидејќи тоа е најдобриот начин за подобрување на квалитетот на животот на нашите граѓани, што е неопходен приоритет“, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Македонија | пред 1 година

IM_BB2

Меџити: Намалување на влијанието од климатските промени, приоритет на Владата

Северна Македонија се соочува со сериозни влијанија на климатските промени и има потреба од големи инвестиции за заштита на луѓето и економијата, беше кажано на презентацијата на двата извештаи на Светска банка, одржана денеска во Скопје, едниот за климата, а другиот за јавните финансии, кои се однесуваат на климатските предизвици со кои се соочуваме како земја.Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска при својот настап на конференцијата рече дека двата извештаи објавени денеска, за климата и јавните финансии, ќе бидат огромна помош во исполнувањето на амбициозните климатски цели на министерството што го води.„Северна Македонија се соочува со големи предизвици, како што се поплави и екстремни временски настани, кои ја загрозуваат економијата и здравјето на населението, затоа, од витално значење е да се инвестира во силни политики и инфраструктура отпорни на климата. Работиме на Предлог-законот за климатско дејствување кој многу брзо ќе биде доставен за одобрување до Владата и ова е важен чекор кон ублажување на климатските влијанија и намалување на емисиите на стакленички гасови, рече Меџити.Тој додаде дека ќе продолжи да работи за вклучување на климатските ризици во севкупниот економски развој на нашата земја, за да се обезбеди подобра иднина за идните генерации, а се заблагодари на Светската банка за сета поддршка што и ја дава на земјава.Во новиот Извештај на Светската банка за климата и развојот на земјата се вели дека Северна Македонија треба да ја забрза својата енергетска транзиција за да постигне нето нула емисии до 2050 година, во согласност со целите на Европската унија.Разорните поплави и тешките временски настани, како што се поројните дождови и топлотните бранови, предизвикаа загуби од 667 милиони долари во изминатите 20 години, се вели во извештајот, додека климатските предизвици во Северна Македонија се зголемуваат.„Природните опасности непропорционално ги погодуваат ранливите сектори, особено земјоделството, каде малите семејни фарми се погодени од суша и град поради несоодветно наводнување, градобијна заштита и осигурување“, рече Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка за Косово и Северна Македонија.Според извештајот, оддалечувањето од фосилните горива може да ја зајакне енергетската безбедност преку поттикнување пофлексибилен и модернизиран енергетски систем, додека оваа промена, исто така, веројатно ќе донесе значителни подобрувања во здравјето и долгорочните економски резултати, првенствено преку подобар квалитет на воздухот и намалување на долгорочните трошоци за работа на енергетскиот систем.

Македонија | пред 1 година

4

Меџити на прва средба со новата постојана координаторка на ООН Рита Колумбиа

Денес, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити оствари прва средба со новата постојана координаторка на ООН, Рита Колумбиа.Теми на состанокот беа двете претстојни конференции на Страните на Конвенциите за биолошка разновидност и за климатски промени, како и останати прашања од заеднички интерес, за кои министерот Меџити информираше за текот на подготвителните и за активностите што претстојат.Министерот Меџити се заблагодари за досегашната соработка, додека постојаната координаторка Колумбиа ја потврди подготвеноста на имплементирачките агенции на ООН за уште поголема вклученост во спроведувањето на политиките за здрава животна средина. Таа ја нагласи приоритетноста на областа од аспект на идниот рамковен договор за соработка со Владата на Република Северна Македонија за периодот 2026-2030.Двете страни се сложија за потребата за синхронизиран пристап во програмирањето на Програмите на ООН со националните приоритети заради повеќе димензионалноста на проблематиката и потребата од интегрирање на политиките за здрава животна средина во останатите секторски политики со цел намалување на негативното влијание од климатските промени и влијанието врз биолошката разновидност.Постојанaта координаторка на ООН Колумбиа во неколку наврати ја потенцираше тимската работа, искуството и знаењето како препознаена вредност на Министерството.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања