ИЗЕТ МЕЏИТИ

izet-medziti

Кампања од кабинет – Меџити ќе биде и министер и кандидат за градоначалник на Чаир

Изет Меџити ќе продолжи со министерување, иако е кандидат за градоначалник на Чаир. Тој и другите кои ќе влезат во трката за локалните избори, нема да ги напуштат функциите. За премиерот Христијан Мицкоски, тоа не е ништо ново.„Секој министер има и заменик министер. Тие не поднесоа оставка, нормално е дека ќе ги извршуваат обврските во рамките на министерствата и истовремено ќе бидат кандидати. Тоа не е првпат да се случува, се случувало и во минатото“, рече Мицкоски.Прашан дали е етички и коректно, Меџити да води кампања, а да биде министер, премиерот Мицкоски рече дека политичарите не се тука да даваат морален суд.„Дали сметам дали е етички и коректно, не би дал коментар, односно ќе кажам дека не гледам зошто не би било. Се случувало и порано. Не е спротивно на закон“, рече Мицкоски.Мнозинство за измени на Изборниот законик засега нема. Според премиерот Христијан Мицкоски, измените се заглавени во Собрание.Изборите треба да се распишат оваа недела, а да се одржат во октомври.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-05-090946

Вицепремиерот Меџити се сретна со конгресменот Адерхолт: Партнерството со САД – Стратешки столб за Северна Македонија

Претседателот на Демократското движење и прв вицепремиер на Северна Македонија, Изет Меџити, оствари значајна средба со републиканскиот конгресмен од Алабама, Роберт Адерхолт.На оваа пријателска средба се разговараше за повеќе клучни прашања кои ги засегаат односите меѓу Северна Македонија и САД, со посебен акцент на зајакнувањето на стратешката соработка меѓу двете земји. Двете страни се согласија дека продлабочувањето на овие односи треба да остане заеднички приоритет.Првиот вицепремиер Меџити ја потврди непоколебливата заложба на Северна Македонија за европска интеграција, истакнувајќи дека земјата останува фактор на стабилност во регионот. Тој ја нагласи важноста на сојузништвото со САД како неопходна поддршка за развојот и безбедноста на земјата.„САД се нашиот главен стратешки партнер и нивната континуирана поддршка останува гаранција за иднината на Северна Македонија. Ја цениме силната и натпартиска посветеност на Соединетите Држави во поддршката на нашиот евроатлантски пат“, истакна Меџити.Конгресменот Адерхолт, од своја страна, ја потврди посветеноста на САД за зајакнување на партнерството со Северна Македонија и поддршката за нејзината интеграција во евроатлантските структури.

Македонија | пред 1 година

izet-m

Меџити: Албанскиот простор не е засолниште за корумпираните и нон-грата

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, остро реагираше на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за неговиот партиски колега Артан Груби, кој по ставањето на црната листа на САД и прогонувањето од страна на македонските органи за истрага, се сомничи дека се наоѓа скриен во албанскиот простор.„Албанскиот простор не е засолниште за корумпираните и нон-грата! Не ја дампирајте албанската просторија со печатот на корупцијата и не вклучувајте ја во криењето на обвинетите за корупција и злоупотреба на службената позиција,“ напиша Меџити.Тој нагласи дека албанскиот простор треба да остане симбол на гордост и достоинство. „Личностите од црниот список на САД не смеат да ги прават албанските држави заложници на правдата и да ги вклучуваат во нивните злоупотреби. Ова е срам за политиката и политичарите албанци во Северна Македонија“, заклучи Меџити.Неговиот одговор следува по критиките кон политиките на ДУИ и улогата на партијата во заштитата на личности вклучени во корупциски скандали.

Македонија | пред 1 година

izet-medziti

Меџити: Започна искористувањето на средствата за подобрување на водната инфраструктура во општините обезбедени од ЕИБ

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес го потпиша првиот Договор за јавна набавка со избраниот најповолен понудувач за набавка на мерни инструменти за далечинско отчитување со инсталација и конфигурација на опрема за отчитување, во општина Кавадарци.Договорот e во висина од 300.000 евра и истиот ќе биде со времетраење од 12 месеци од денот на потпишување .Со ова и официјално започна имплементацијата на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија“ за кој средствата во висина од 55 милиони евра се обезбедени преку заемот од Европската инвистициска банка.Со заемот се опфатени сите општини во Република Северна Македонија кои со свои приоритетни проекти аплицираат до Министерството за нивна реализација.Имплементацијата на проектот за подобрување на водната инфраструктура се одвива со забрзана динамика и во нардните денови се очекува да бидат потпишани договори за јавни набаки со најповолни понудувачи за извршување на работите во уште неколку општини во државата.

Македонија | пред 1 година

izet-m

Меџити: Се грижиме за зголемување на отпорноста од поплави на Полошкиот регион

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити имаше обраќање на настанот за затворање на програмата „Подобрување на отпорноста по поплави во полошкиот регион“, што денес се одржа во Тетово.Подобрување на инфраструктурата за заштита од поплави со уредување на речното корито во Боговиње, изградбата и чистењето на канализацијата во Тетово и Гостивар, чистењето и стабилизацијата на речното корито на Вардар во Гостивар и Јегуновце, се само дел од значајните инвестиции на проектот за подобрување на отпорноста кон поплавите во Полог.Во рамките на проектот беа стабилизирани и 7 критични свлечишта, а беа пошумени и 42 хектари во националниот парк Шар Планина.Овој исклучително значаен повеќекомпонентен проект ја поттикна трансформациска промена во управувањето со ризикот од поплави во регионот, забрзувајќи ја промената од чисто реактивни одговори на поплави кон интегрирани системи за управување со опасностите, ранливостите и изложеноста на заедниците и добрата за да се спречат или ублажат загубите и да се олесни влијанието на идни поплави.Напоредно со инраструктурни зафати се спроведуваше едукација за зголемување на отпорноста и подготвеноста на локалните заедници за справување со елементарните непогоди и природни катастрофи.„Подобрувањето на отпорноста на поплави во полошкиот регион е многу важно прашање за зачувување на безбедноста, животната средина и одржливиот развој на овој регион“ изјави Меџити нагласувајќи дека проектот помогна да се изгради посилен и поодржлив систем за управување со ризик од поплави и создаде можности за понатамошен развој на заштитната инфраструктура во регионот.„Министерството за животна средина и просторно планирање беше во тесна координација со локалните власти и другите агенции вклучени во управувањето со поплавите, а ова партнерство обезбеди координиран пристап за решавање на проблемите поврзани со поплавите и опасноста од водите“ додаде тој.Покрај инфраструктурните интервенции, со проектот се зајакнаа и капацитетите на регионалните и националните тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, противпожарните служби и спасувачите од Министерството за внатрешни работи. Се формираа и мрежата за заштитен и отпорен Полог како и заедничкото административно тело од сите градоначалници, чија главна задача е да се грижат за одржливоста на проектните интервенции.Одржливоста на инвестициите финансирани од Владата на Швајцарија, беа во фокусот на обраќањето на амбасадорката Вероник Улман.Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации, Армен Григорјан во своето обраќање нагласи дека постигнатите резултати мора да се одржуваат и натаму и дека УНДП останува силен партнер на државата во зајакнувањето на отпорноста кон катастрофите.Проектот „Подобрување на отпорноста кон поплавите во Полошкиот регион“ го финансираше владата на Швајцарија со 12 700 000 американски долари додека дополнителни 400 000 долари вложи Министерството за животна средина и просторно планирање и 130 000 долари општините во регионот.

Македонија | пред 1 година

izet-medziti-1-im

Витина до Меџити: Министре, немој да го присвојуваш трудот на вработените на град Скопје

„Соопштението што на Меџити од неговото министерство за да си го покрие срамот кое очигледно во брзање му го напишале, толку е далеку од реалноста што навлага во сегменти кои се метафизички“, реагира Ирена Витина, советник во Совет на Град Скопје на изјава на Изет Меџити.„Министре Меџити! Министерството ниту аплицирало за проект ниту го добило, немој да го присвојуваш трудот на вработените на град Скопје.За автобусите кои упорно ги презентираш како свој единствен проект во 5 месеци во министерска фотеља, очигледно не те информирале дека постои апликација која Градот Скопје и вработените ја изготвиле, ја аплицирале и успешно ја имплементирале.За среќа ова се Европски процеси на кои ти не можеш да влијаеш. За разлика од европските проекти, во апликациите на град Скопје до Влада каде ТИ имаш директно влијание, ниту еден проект за животната средина во градот Скопје ТИ не го одобри. Толку од твоите заложби за подобра животна средина и чист воздух за скопјани. Доколку ти одлучуваш, исходот е нула“, се додава во реакцијата на Витина.

Скопје | пред 1 година

IMG_7542

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност

Министерството за животна средина и просторно планирање остро реагира на изјавата на советничката на Град Скопје Ирена Витина, за обезбедувањето на 6-те еколошки автобуси и ја оценува како тендециозна, навредлива и со цел да се намали кредибилитетот на институцијата и на министерот Изет Меџити.„МЖСПП ја информира јавноста, а особено спомената советничка која не е доволно информирана, дека набавката на овие автобуси е само една активност од акциската ЕУ програма за еколошки стандарди и чист воздух и е дел од целосната Програма за животна средина и климатска акација во рамки на ИПА 3 помошта од ЕУ.Активностите од оваа Програма се испрограмирани на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање во координација со сите вклучени страни, меѓу кои е и Градот Скопје, одобрени од Владата РСМ и прифатени од страна на ЕУ Комисијата за финасирање“, велат од Министерството„Програмата за чист воздух содржи повеќе компоненти за кои повеќе пати сме информирале, се спроведува под директно управување од страна на Делегацијата на Европската Унија. Министерството за животна средина и просторно планирање е одговорно за следење на имплементацијата на Програмата и е корисник на истата, а конретно на оваа активност Градот Скопје е краен корисник.Нагласуваме дека МЖСПП ги програмира сите активности што се финансираат ЕУ инструментот ИПА, ја следи имплеменатцијата и известува кон ЕУ Комисијата за постигнатите цели од реализација на ИПА проектите.Добро би било советничката на Град Скопје Ирена Витина подобро да се информира пред да излезе во јавност со вакви невистини. Дополнително за нејзино информирање, покрај грант средставата од ЕУ, Владата на Република Северна Македонија обезбедува и национална контрибуција за целата Програма“, соопшти Министерството.

Скопје | пред 1 година

medziti-i-s-2

Меџити: Сериозно сме посветени на унапредување на механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денес учевствуваше и имаше обраќање на меѓународната конференција на тема „Народните правобранители и националните институции за човекови права и животната средина“ која ќе им овозможи на народните правобранители и националните институции за човекови права од целиот регион и пошироко да споделат сознанија и стратегии за зачувување на човековите права во услови на загрозување на животната средина.На отварањето на Конференцијата, првиот заменик претседател на Владата Меџити нагласи дека во Република Северна Македонија, правото на здрава животна средина како основно човеково право е загарантирано со Устав, наведувајќи дека кај нас еколошкото право опфаќа широк спектар на правна регулатива во областа на животната средина, пред се националното законодавство, меѓународната правна регулатива, односно меѓународните конвенции и други правни договори и документи во меѓународната сфера, како и законодавството на Европската Унија.„Како Влада сериозно сме посветени на креирање и имплементација на политики за намалување на притисокот кој човекот го прави врз животната средина, заштита и унапредување на квалитетот на човековата околина, но и обезбедување на заштита на самата природа и биодиверзитетот“ додавајќи дека од друга страна, тоа подразбира и обезбедување на социјален сегмент преку учество на јавноста во носењето на одлуките, но и преку одржливо користење на природните ресурси заради зелена трансформација на економскиот систем и зголемување на можностите за таканаречените зелени работни места.Меџити истакна дека Министерство за животна средина и просторно планирање ги има воспоставено механизмите за пристап на јавноста до информации и за учество на јавноста при донесување на одлуки, но потребно е да се унапредат механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда. Според него, од особено значење е зајакнувањето на улогата на народниот правобранител во обезбедување на еколошката правда во земјава, како и зајакнување на способноста на националните институци за човекови права да одговорат на еколошките предизвици преку заедничко учење и заеднички иницијативи, осигурувајќи дека тие ќе бидат подготвени и опремени за решавање на новите прашања.Армен Григорјан, постојаниот претставник на Прогармата за развој на Обединетите Нации рече дека мораме да ја поврземе заштитата на животната средина со унапредувањето на правдата, почитувањето на владеењето на правото и заштитата на човековите права. „Во тек на политичките преговори што се водат на мултилатерално ниво, вклучително и на Климатскиот самит на Обединетите Нации во Азербејџан и оној за биолошка разновидност во Колумбија, се е поголемо чувство дека дискусиите не се доволни. Сведоци сме и на еколошките предизвици со кои се соочува македонското општество во моментов. Борбата за спас на нашата планета не е само политичка, туку и правна, заснована на норми, стандарди и принципи за човекови права и токму во тој контекст мораме да ги поддржиме националните институции за човекови права и народните правобранители да ги исполнат своите улоги, особено во унапредувањето на правото на чиста, здрава и одржлива животна средина. Нивните улоги во промовирањето на еколошката правда ќе стануваат се поважни во годините што следат, во време кога ресурсите и капацитетите се веќе на граница на искористеност. Но добрата вест е дека се поставуваат основите за еколошката правда“.Народниот правобранител Насер Зибери се осврна на предизвиците со кои се соочува светот од аспект на животната средина и на разурнувачките ефекти од недоволната грижа. Тој ја изрази својата загриженост дека состојбите со животната средина во Република Северна Македонија и реалноста не одат во прилог на уставната заложба на здрава животна средина утврдена со член 43 од Уставот. „Сепак драго ми е дека на оваа конференција имаме претставници на Врховниот суд и народни правобранители од повеќе земји со чиј придонес ќе ги зајакнеме капацитетите“ изјави Зибери велејќи дека околу 40 претставки се стигнати до Народниот правобранител во врска со животната средина заклучно со октомври оваа година.Меѓународната конференцијата се одржува од 20 до 21 ноември во Скопје и е организирана во рамки на проектот „Зголемување на улогата на Народниот правобранител во еколошката правда“ што е финансиран од Норвешкото министерство за надворешни работи, а се спроведува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН во Скопје.

Македонија | пред 1 година

izet-medziti-2

Меџити: Невладините организации, значајни партнери во заштита на животната средина

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествуваше на годишната конференција на граѓански организации на тема „Соработката помеѓу Владата и граѓанското општество”, организиран од националниот форум на Цивика Мобилитас.На тематска дискусија со министри во Владата, грантистите на програмата Цивика Мобилитас, поставуваа прашања според тематските приоритети и надлежности по ресори. На прашањето за политиките на Владата за унапредување на меѓуетничките односи во државата Меџити истакна: „Во овие први месеци по промената на власта кога сеуште трае процесот на транзиција, се создаде впечаток дека меѓуетничките односи се нарушени. Сакам да бидам јасен: мултиетничноста е реалност на нашата држава, со неа живееме, твориме, дејствуваме. И во многу постари и поразвиени демократии од нашата, сеуште постојат предизвици кон основните постулати врз кои почива државата и таквите предизвици ќе продолжат да постојат. Тоа е така затоа што станува збор за демократија, за постоење на различно мислење, за можност за изразување на истото“ и додаде дека она што е битно е да се сочува умереноста во мнозинството, а екстремистите кои се на маргините отсекогаш ги имало и ќе ги има.Во однос на секторските политики во животната средина, акцентот невладините организации го ставија на состојбата со природните езера, Охридското и Преспанското, за што Меџити информираше дека Нацрт Закон за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог Законот за прогласување на Студенчишко блато во Охрид за заштитено подрачје во категорија IV парк на природата се вратени во почетна фаза од страна на собраниската комисија надлежна за заштита на животна средина, заради дополнителна доработка на предлог законите, со цел изнаоѓање на поквалитетни решенија во однос на заштитата на Охридскиот регион и неговото исклучително универзално природно добро.Во однос на исполнувањто на препораките на мисијата на УНЕСКО за заштитеното подрачје Охрид, тој истакна дека постапувајќи по Одлуката на Комитетот за светско наследство од Ријад, надлежните институции, вклучувајки го и Министерството за животна средина и просторно планирање, ги спроведуваат препораките од Комитетот за светско наследство со цел намалување и отстранување на факторите кои негативно влијаат на квалитетот на животот на нашите граѓани.„Визија споделена меѓу сите учесници“, рече Меџити „е да се зачува исклучителната универзална вредност на доброто, препораките од Комитетот за светско наследство при УНЕСКО кои силно инсистираa државите членки да ги имплементираат итните мерки за да се нагласат постојните закани и да се спречи појавата на нови закани кои би влијаеле врз исклучителната универзална вредност“.Исто така, Меџити сподели информации за степенот на имплементација на регионалниот систем за управување со отпад по региони, како и пречистителната станица за отпадни води во Скопје.„ Во моментот се во тек подготвителните работи и се прават дизајни. Очекуваме дека градежните работи за пречистителната станица Скопје ќе започнат до крајот на годинава. Согласно договорот за градба, изградбата трае три години и дополнителни две години период на пробна работа. Доколку сите активности се одвиваат согласно предвидената динамика и рокови, пречистителната станица за отпадни води за Скопје ќе биде во функција во 2030 година“ информираше Меџити.Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Меџити се заблагодари на амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Вероник Улман, која е покровител на настанот и на организаторот Александар Кржаловски од тимот на Цивика Мобилитас, нагласувајќи дека очекува добра соработка со еколошките невладини организации како партнери кон заштитата на природата и нејзината одржливост.

Македонија | пред 1 година

medziti-s-2

Меџити: Јазикот е клучниот елемент на националниот идентитет

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити учествуваше на научната конференција „Јазикот и етносот“, организирана од Агенцијата за имплементација на јазиците.На своето излагање пред истражувачи, академици, лингвисти и студенти, Меџити ја истакна важноста на јазикот како клучен елемент во формирањето на националниот идентитет, тесно поврзувајќи го тоа со историјата и културата на албанскиот народ.„И покрај промените на времето и предизвиците на глобализацијата, јазикот е еден од најмоќните фактори што ги обединува Албанците и го штити културното наследство“, рече Меџити, додавајќи дека во повеќејазичните општества, јазичните политики на државата се одлучувачки за функционалноста на овие општества.„Како прв вицепремиер, чувствувам должност уште еднаш да повторам дека иако Уставниот суд има должност да ги оценува уставноста на законите и другите акти и да го гарантира спроведувањето на Уставот, тој нема мандат да внесе во дискусии, а уште помалку во политичкото одлучување, а особено кога станува збор за закони и други правни акти кои гарантираат мултиетнички соживот како и духот на соживот во Република Северна Македонија, затоа повторувам: во ниту една земја во светот не се случува да се нарушат или укинат стекнатите права, бидејќи тоа е квалитет на вистинските демократии, правата да напредуваат континуирано, да не се скратуваат, кршат или негираат“, рече Меџити.Првиот вицепремиер Меџити го оцени месецот ноември како месец на празници.„Во нашата колективна меморија, ноември ги одбележува некои од најважните историски настани кои доведоа до консолидација на албанската нација на почетокот на 20 век. Конгресот во Битола кој се одржа од 16 до 22 ноември 1908 година, како настан кој ја кодифицираше азбуката на јазикот, а потоа и прогласувањето независност на 28 ноември 1912 година, се два главни историски моменти кои ја обликуваа нашата колективна свест за нацијата и јазикот и затоа, за албанската нација јазикот е најмоќниот хомогенизирачки елемент меѓу сите детерминанти на идентитетското стебло“.На научната конференција „Јазикот и етничката припадност“, организирана од Агенцијата за имплементација на јазици, покрај директорот Гранит Османи, учество земаа Министерот за труд, демографија и млади Фатмир Лимани, истражувачи, академици, лингвисти од Македонија, Косово и Албанија.

Македонија | пред 1 година

izet-medziti-sredba

Меџити се сретна со регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија: Задоволен сум што заедно реализираме значајни проекти со директно влијание врз заштитата на животната средина

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес на работен состанок прими делегација од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги, УНОПС, предводена од регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Лардднер.Меџити му посака добредојде на Ларднер во нашата земја, истакнувајќи благодарност за соработката и поддршката која УНОПС ја дава за Република Северна Македонија.„Задоволен сум што заедно реализираме значајни проекти со директно влијание врз заштитата на животната средина, а нашата соработка со UNOPS и проектот "ЕУ за чист воздух“ е важен чекор во нашите напори за борба против загадувањето и подобрување на квалитетот на воздухот во нашата земја“, рече Меџити, додавајќи дека загадувањето на воздухот е еден од најголемите еколошки предизвици со кои се соочуваме, ние како држава и регионот.Преку проектот „ЕУ за чист воздух“ на Европската Унија и во соработка со УНОПС, добивме нови можности за имплементација на мерки кои директно ќе влијаат на подобрување на здравјето на граѓаните и создавање почиста животна средина. Како одличен пример за успешноста на соработката е и проектот во ОХИС за санација на малата депонијата со линдан, се согласија Меџити и Ларднер.„Овој проект е од исклучителна важност, бидејќи се занимава со сериозен еколошки проблем, чистење на површина истриски загадена со штетни органски материи“, изјави Меџити.Регионалниот директор на УНОПС за Европа и Централна Азија, Тим Ларднер на средбата со Меџити изјави дека УНОПС е подготвен да даде поддршка во евроинтегративниот процес на земјата, во делот на изготвување и реализација на приоритени проекти и активности во согласност со националните приоритети за заштита на животната средина.

Македонија | пред 1 година

izet-m

Првиот заменик премиер Меџити, дел од 29. Конференција за климатски промени COP29

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, учевствува на 29та Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, позната како - COP29, која денеска започна во главниот град на Азербејџан, Баку.COP29 е глобален настан кој обединува светски лидери и експерти од над 70 земји. Темата на овој самит е „Инвестирање во одржлива иднина“, со фокус на енергетската трансформација и заштитата на животната средина преку иновации и нови технологии, и обезбедува клучна платформа за земјите да ги координираат напорите за намалување на емисиите и промовирање на обновливите извори на енергија.Првиот вицепремиер Меџити, претстојува заедно со министерката за енергетика и рударство и минерални суровини Сања Божиновска како дел од високата државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова, каде е дел од средбите на светските лидери на кои ќе се разговара за Парискиот договор и целта да се зголемат амбициите за климатската акција, и претставува можност за Македонија да создаде нови меѓународни партнерства и да обезбеди нови инвестиции во обновливи извори и одржлива енергетска инфраструктура, што ќе придонесе за постигнување на долгорочни климатски цели и економски развој.Од суштинско значење е да се имплементираат резултатите од глобалниот преглед за да се одржи целта кон 1,5 степени целзиусови, на национално определен начин.Конференција на Страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, COP29, која се одржува во Баку, Азербејџан започна денес а завршува на 22 ноември 2024.

Македонија | пред 1 година

izet-medziti-mares2-1

Меџити: Зелената агенда, можност за голема координирана еколошка трансформација на регионот

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска присуствуваше и ја отвори годинешната конференција на Македонското здружение за енергија од обновливи извори, МАРЕС.Меџити во своето обраќање ја истакна важноста на Зелената агенда за Западен Балкан како пресвртница за регионот, но и поединечно за земјите, поради можноста што ја нуди за голема координирана трансформација на регионот.„Со ваквата трансформација, ефикасноста на ресурсите, заштитата на природата и климатската акција ќе се постават во центарот на сите економски активности и предизвиците ќе се претворат во можности“, изјави Меџити, додавајќи дека кластерот 4 се однесува на Зелената агенда и одржливата мобилност, и како таков, овозможува директнен увид во поврзаноста помеѓу секторите, особено секторот енергетика, транспорт и животната средина, каде е опфатено законодавството од секторите врз кои секторот енергетика има директно влијание - квалитетот на воздухот и биодиверзитетот, водните ресурси.Првиот вицепремиер информираше дека во однос на придонесот по мерки, најголемо учество во бројот на нови домашни зелени работни места имаат доградба на постоечки станбени згради со 42%, изградба на пасивни куќи 21%, обновливи извори на енергија без стимулации 6% и соларни термални колектори 8%.„Употребата на обновлива енергија создава работни места во производството, инсталацијата и одржувањето, поттикнувајќи го економскиот раст и иновациите во енергетската област. Дополнително, со диверзификација на изворите на енергија, обновливите извори ги прават енергетските системи помалку зависни од увезените фосилни горива, со што се подобрува енергетската безбедност“, додаде Меџити.Меџити на годинешната конференција на Македонското здружение за енергија од обновливи извори, МАРЕС изрази поддршка на интервенциите во примената на обновливите извори на енергија, условена со ненарушување на животната средина и природата.

Македонија | пред 1 година

medziti-2

Меџити: Приоритетни инвестиции за безбедност и управување со отпад во депонијата Дрисла

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и в.д. директорот на Јавното претпријатие „Дрисла“ Ненад Јосевски ја посетија депонијата „Дрисла“. При оваа посета се разговараше за важноста на инвестициите во депонијата, со цел таа да биде целосно функционална и да нуди побезбедни и поефикасни услуги.Министерот Меџити ја нагласи потребата од заградување на депонијата пред се од безбедносни причини, а со тоа ќе се овозможи заштита на животната средина и јавното здравје. Тој нагласи дека потребните инвестиции ќе помогнат да се подобрат условите за работа и ќе се придонесе за подобро управување со отпадот во регионот.Оваа посета ја истакна посветеноста на Владата за подобрување на управувањето со отпадот и обезбедување почиста и поздрава животна средина за граѓаните.

Македонија | пред 1 година

IM-1

Демократското Движење го основа „Демократскиот институт“ и Комисијата за партиска структура

Демократското движење на последната седница на Основачкото тело едногласно одлучи да се формира Комисија за организација и структура на ограноците и партиските форуми на републичко ниво.Истовремено беше дадено зелено светло за основање на истражувачко-аналитичкиот центар на Демократското Движење, односно „Демократскиот институт“, кој се очекува да го води Азиз Максути.На состанокот се дискутираше и за актуелната политичка состојба.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања