„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

израел

netanjahu

Првиот гостин на Трамп во Белата куќа: Нетанјаху оди во САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху следната недела ќе се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, соопшти вечерва неговиот кабинет.Трамп го покани израелскиот премиер да ја посети на 4 февруари, се вели во соопштението објавено од канцеларијата на Нетанјаху.Белата куќа потврди дека му била испратена покана за почетокот на следната недела, но не прецизираа точен датум.Нетанјаху ќе биде првиот странски лидер што ќе биде примен од Трамп откако тој го презеде новиот претседателски мандат минатата недела.Состанокот на самиот почеток на мандатот на Трамп може да се смета како силен гест на поддршка за Нетанјаху, кој се најде под жестоки меѓународни критики за војната во Газа.Соединетите Американски Држави се најважниот сојузник на Израел и најголемиот снабдувач со оружје. Додека претходникот на Трамп, Џо Бајден, никогаш не ја повлече својата поддршка за Израел, тој сè повеќе ја критикуваше воената кампања на земјата во Газа, во која загинаа повеќе од 47.000 Палестинци од почетокот на војната.Од друга страна, познато е дека Трамп е многу поблиску до Нетанјаху.Во првите денови од вториот мандат тој повторно му изрази поддршка на Нетанјаху. Покрај укинувањето на санкциите од ерата на Бајден за израелските доселеници на Западниот Брег, Трамп, исто така, предизвика гнев со предлагањето да се „исчисти“ главно уништениот Појас Газа и да се преселат Палестинците во други арапски земји.

Свет | пред 11 месец

8c0ed6e9-7d04-454c-8d80-a5d17b5afc9a

Израелски војници во Газа убија Израелец: „По грешка беше идентификуван како закана“

Возач на багер кој работел за израелското Министерство за одбрана е убиен утрово во централниот дел на Појасот Газа, соопшти израелската војска (ИДФ).Убиен е Џејкоб (Коби) Авитан (39) од Еилат. Тој бил ангажиран да користи багер за да ги урива зградите лоцирани во коридорот низ кој израелската армија ја подели Газа на два дела.Израелското Министерство за одбрана регрутираше бројни цивили со градежно искуство за задачи за уривање во Газа во екот на војната, со цел да ги ослободи единиците на ИД.ИД објави дека, според првите резултати од прелиминарната истрага, изведувачот пристигнал во цивилна облека на воена станица во Газа, во област каде што сè уште се распоредени израелски војници. Потоа, според ИД, тој по грешка бил идентификуван како закана.Војник кој го чувал влезот на воената станица го застрелал и го убил Авитан.

Свет | пред 11 месец

r

(Видео) Израелка со македонско потекло е ослободена по 477 дена минати во заробеништво

По 477 денови поминато во заробеништво, Израелката со македонско потекло, Наама Леви беше ослободена од Хамас и се врати во Израел. Таа како и другите заложнички, биле пренесени со хеликоптер на израелската армија, при што први со нив се сретнале нивните најблиски роднини. Претставници од еврејската заедница од Македонија, како и претставници од роднините на Леви, бараа помош и од македонските власти за нејзино ослободување базирано на нејзиното македонско потекло.„Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома“, вели роднина на ослободената заложничка.

Македонија | пред 11 месец

izraelska-vojska

Американскиот дипломат вети непоколеблива поддршка за Израел

Новиот американски државен секретар Марко Рубио вети „непоколеблива поддршка“ за Израел поради кревкиот прекин на огнот во Газа и интервенцијата на израелската војска во Џенин на окупираниот Западен Брег.Државниот секретар вчера разговараше со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да „нагласи дека одржувањето на непоколебливата поддршка на САД за Израел е главен приоритет на претседателот Доналд Трамп“, рече портпаролката на Стејт департментот Тами Брус во соопштението.Рубио, исто така, „му честиташе на премиерот за успесите на Израел против Хамас и Хезболах и вети дека ќе работи неуморно за да помогне во ослободувањето на сите заложници кои сè уште се држат во Газа“, се вели во соопштението.Израел и палестинското исламистичко движење Хамас минатата недела почнаа да спроведуваат прекин на огнот што предвидува размена на израелски заложници за палестински затвореници. Но, новиот американски претседател во понеделникот, неколку часа по неговата инаугурација, откри дека „не е сигурен“ дека ќе се одржи прекинот на огнот во Газа.Во една од своите први одлуки, претседателот Трамп, исто така, ги укина санкциите наметнати од неговиот претходник Џо Бајден за екстремистичките израелски доселеници на Западниот Брег, окупиран од 1967 година, поради нивните напади врз Палестинците.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-01-20-at-14.37.01

(Видеo) Сè што треба да знаете за она што се случува во Појасот Газа протече на интернет неколку часа по прекинот на огнот

Терористите и милитантите на Хамас излегоа од скривниците за да го прослават новиот прекин на огнот во Појасот Газа, бесрамно парадирајќи низ улиците на Газа, веејќи калашникови и зелените знамиња на организацијата, пишуваат „Тајмс оф Израел“ и британски „Дејли мејл“.На застрашувачки снимки се фатини милитантите и толпата во Газа како извикуваат „Војската на Мухамед доаѓа по Евреите“. Прекинот на огнот, кој стапи на сила во 11:15 часот по локално време, носи привремена пауза во борбите по 15 месеци крвопролевање. Но, глетката на милитантите на Хамас повторно предизвикува меѓународен гнев. Осуди пристигнуваат од сите страни, меѓународните коментатори тврдат дека ваквата прослава е исмевање на изгубените животи и страдањата на заложниците и на сите нивни семејства. Понатаму, додека некои жители на Газа преземаат чекори за да го вратат животот во нормала, се појавија извештаи дека Мохамед Синвар, братот на озлогласениот командант на Хамас Јахја Синвар, убиен во израелски напад, работи на обнова на инфраструктурата за оружје на групата. Разузнавачки извори предупредуваат дека групата и понатаму е опасна и можеби го искористила хаосот од војната за да се прегрупира.Застрашувачки снимки ги фатиле милитантите и толпата во Газа како извикуваат „Војската на Мухамед доаѓа по Евреите“. Прекинот на огнот, кој стапи на сила во 11:15 часот по локално време, носи привремена пауза во борбите по 15 месеци крвопролевање.Понатаму, додека некои жители на Газа преземаат чекори за да го вратат животот во нормала, се појавија извештаи дека Мохамед Синвар, брат на озлогласениот командант на Хамас Јахја Синвар, убиен во израелски напад, работи на обнова на инфраструктурата за оружје на групата.

Свет | пред 11 месец

netanjahu

Нетанјаху предупредува еден ден пред примирјето: „Наше право е да ја продолжиме војната во секое времe“

Израел го задржува правото да ја продолжи војната против Хамас во секое време, со поддршка од САД, според условите на договорот за прекин на огнот што треба да стапи на сила во недела, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху во саботата навечер.Во своето прво обраќање до нацијата откако беше договорен прекинот на огнот, тој рече дека Израел го задржува правото да ја продолжи борбата против Хамас „ако е потребно“, односно доколку пропаднат натамошните преговори.„Како што ви ветив, го променивме лицето на Блискиот Исток и како резултат на тоа Хамас остана поразен и сам“, нагласи Нетанјаху.Тој вети и дека ќе ги врати сите заложници кои се држат во Газа.Тој рече дека 33 „браќа и сестри ќе се вратат дома“, повеќето од нив се уште се живи, поради „нашиот (израелски) цврст став“.Египет, еден од посредниците во примирјето, во саботата рече дека Израел во првата фаза ќе ослободи 1.890 палестински затвореници во замена за 33 израелски заложници кои ги држеше Хамас.Нетанјаху рече и дека договорот за прекин на огнот е постигнат благодарение на помошта на американскиот претседател Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп.Израелскиот премиер претходно изјави дека Израел нема да продолжи со процесот за прекин на огнот додека не добие список од 33 заложници што треба да ги ослободи Хамас во првата фаза од договорот.„Нема да продолжиме со договорот додека не добиеме список на заложници што треба да бидат ослободени, како што е договорено. Израел нема да толерира прекршување на договорот. Единствената одговорност е на Хамас“, рече Нетанјаху.Според договорот за прекин на огнот, имињата треба да се достават најмалку 24 часа пред времето на размената, што беше во 16 часот по локално време или 15 часот по средноевропско време во саботата.Според израелски извори, палестинската група Хамас се уште не ги именувала тројцата заложници кои треба да бидат ослободени во недела.Шестнеделниот прекин на огнот треба да стапи на сила во недела, кога ќе се одржи првата од серијата размени.

Свет | пред 11 месец

Нема фотографија

Шефот на Хезболах: Договорот за прекин на огнот во Газа покажува истрајност на отпорот

Шефот на Хезболах Наим Касем во саботата им честиташе на Палестинците за договорот за прекин на огнот во Газа, велејќи дека тоа е доказ за „упорноста на отпорот“ против Израел.Тоа беше прва јавна изјава на лидерот на либанската милитантна група поддржана од Иран откако Израел и Хамас постигнаа договор во средата.„Овој договор, кој останува непроменет од она што беше предложено во мај 2024 година, ја докажува упорноста на групите на отпорот, кои го земаа она што го сакаа, додека Израел не можеше да го преземе она што го бараше“, рече тој.Израел и Хезболах се согласија на прекин на огнот во конфликтот паралелен со војната во Газа во ноември. Прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД и Франција, бара израелските сили да се повлечат од јужен Либан во рок од 60 дена и Хезболах да ги отстрани сите борци и оружје од југот.Оттогаш и двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето.„Не го тестирајте нашето трпение и ја повикувам либанската држава цврсто да се справи со овие прекршувања кои надминаа 100“, рече Касем.Тој се осврна и на изборот на новиот претседател на Либан, Џозеф Аун, кој командуваше со либанската армија додека парламентот не го избра за претседател на 9 јануари.„Придонесот на Хезболах и движењето Амал доведе до избор на нов претседател со консензус“, рече Касем.Назначувањето на либанскиот премиер Наваф Салам го налути Хезболах, кој ги обвини противниците дека сакаат да го соборат од власт.Салам минатата недела беше предложен од мнозинството пратеници за формирање влада, но не ја доби поддршката од шиитските партии Хезболах и движењето Амал.Салам рече дека нема да се одложи формирањето на новата влада, посочувајќи на позитивна атмосфера за време на дискусиите за составот.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2024-09-29-at-12.10.07

По 15 месеци брутална војна, од утре мир во Газа: „Ќе земеме нешто за јадење“

Договорот за прекин на огнот, чија цел е да се стави крај на 15-месечната војна во Газа, им даде нова надеж на жителите во Појасот Газа, нудејќи можност за зголемена испорака на помош и можност да се вратат дома.Мохамед Абдел Ал, 45-годишен бегалец кој живее со четири деца во преполниот шаторски камп Ал-Маваси, е среќен што се очекува договорот да стапи на сила во недела.„Тоа значи дека умирањето ќе престане и ќе добиеме нешто за јадење“, рече тој, размислувајќи за тешкотиите со кои се соочуваат во блокираниот крајбрежен појас. Цените на храната веќе паднаа по објавувањето на договорот.Во средата Израел и палестинската исламистичка група Хамас се договорија за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на неколку заложници во замена за палестински затвореници.Договорот во три фази ќе стави почетна шестнеделна пауза во борбите што го опустошија Појасот Газа во последните 15 месеци и убиваа повеќе од 46.000 луѓе на палестинска територија, според здравствените власти на Хамас.Договорот е постигнат по неколкумесечни индиректни преговори со посредство на Катар и САД. Жителите на конфликтните северни региони се подготвуваат да се вратат дома за нешто повеќе од една недела.„Крајот на војната значи дека можеме повторно да набавиме храна и да си одиме дома по неколкумесечно раселување“, рече Самира ал-Гул, која исто така се наоѓа во шаторски камп во јужниот дел на Појасот Газа. Потекнува од областа Шеџаје.Многумина очекуваат да најдат само урнатини таму каде што некогаш стоеле нивните домови.Војната во Газа започна на 7 октомври 2023 година, кога терористите предводени од Хамас излегоа од крајбрежната област и убија околу 1.200 луѓе во јужните израелски заедници и киднапираа повеќе од 200 и ги одведоа во Газа.

Свет | пред 11 месец

izrael-napadnat

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Израелскиот кабинет за безбедност го ратификуваше договорот за прекин на огнот со кој се бара размена на десетици заложници кои Хамас ги држеше за Палестинците во израелските затвори и привремена суспензија на 15-месечната војна во првите шест недели.Одобрувањето дојде по неочекуваното одложување што ги зголеми стравувањата дека несогласувањата меѓу Израел и Хамас во последен момент може да го загрозат договорот. Екстремно десничарските членови на коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто така, се заканија дека ќе ги поткопаат повеќемесечните напори за ставање крај на конфликтот.Договорот сега оди во целосниот кабинет на конечно одобрување за да може да се спроведе во недела, кога е предвидено ослободување на првите заложници и затвореници.Високиот суд на Израел сè уште треба да ги разгледува жалбите против одредени елементи од договорот, но не се очекува да интервенира.Во првата фаза од договорот, кој треба да трае 42 дена, Хамас се согласи да ослободи 33 заложници, меѓу кои деца, жени - меѓу кои и војници - и луѓе постари од 50 години. За возврат, Израел ќе ослободи 50 палестински затвореници за секоја израелска жена ослободена од Хамас и 30 за другите жени заложници.

Свет | пред 11 месец

netanjahu

Нетанјаху му се заблагодари на Трамп за помошта околу примирјето, а и на Бајден

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во одделни разговори со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и со претседателот во заминување Џо Бајден, им се заблагодари на помошта во обезбедувањето прекин на огнот во Газа, како и на договорот за ослободување заложници во замена за палестинските затвореници.Од кабинетот на израелскиот премиер соопштија дека Нетанјаху вчера вечерта прво разговарал со Трамп, а потоа и со Бајден.На платформата X, канцеларијата на Нетанјаху му се заблагодари на Трамп, кој треба да го замени Бајден во Белата куќа во понеделник, „за неговата вмешаност во ослободувањето на заложниците и што му помогна на Израел да стави крај на страдањата на десетици заложници и нивните семејства“.Израелскиот премиер „го пофали новоизбраниот американски претседател за неговата изјава дека САД ќе соработуваат со Израел за да се осигураат дека Газа никогаш нема да биде засолниште за тероризам“, се вели во соопштението на неговиот кабинет, додавајќи дека двајцата политичари „одлучиле да наскоро ќе се сретнат во Вашингтон каде што треба да разговараат за ова и за други важни прашања“.Кабинетот на Нетанјаху беше краток во описот на разговорот со претседателот во заминување, Џо Бајден. Само пишуваше дека израелскиот премиер „му се заблагодарил за помошта околу договорот за заложници“.Посредникот Катар објави дека Израел и палестинската милитантна група Хамас се договориле за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на неколку заложници во замена за палестински затвореници. Се очекува договорот да стапи на сила во недела.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2024-12-09-at-10.27.31

По договорениот мир во Газа, зборовите на Трамп од пред еден месец: „Им давам рок до 20 јануари!“

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден и новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја преземаат заслугата за решавање на кризата предизвикана од израелската агресија на Појасот Газа. Мировниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стивен Виткоф, игра клучна улога во тековните индиректни разговори меѓу Израел и Движењето на исламскиот отпор во Доха, Катар, откако разговорите се одолговлекуваа со месеци.Трамп не губеше време и веднаш почна да тврди дека тој е иницијатор на договорот. Во меѓувреме, Бајден нагласи дека договорот е постигнат во „прецизните контури“ на планот што неговата влада го претстави на крајот на мај.„Овој епски договор за прекин на огнот можеше да се случи само како резултат на нашата историска победа во ноември, бидејќи му сигнализираше на светот дека мојата администрација ќе бара мир и ќе преговара за договори за да се осигура безбедноста на сите Американци и нашите сојузници“, напиша Трамп на социјалните мрежи.„Воодушевен сум што американските и израелските заложници ќе се вратат дома за да се обединат со нивните семејства и најблиски“, пренесува Асошиејтед прес.Трамп додаде дека неговиот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ќе продолжи „тесно да соработува со Израел и американските сојузници за да се погрижи Газа никогаш повеќе да не стане безбедно засолниште за терористите“.Овој натпревар меѓу двајцата претседатели се случува затоа што и двајцата сакаат овој договор да го направи успехот на Блискиот Исток наследство од нивното претседателство. Администрацијата на Бајден со месеци работеше на постигнување мир преку преговори, кои беа фрустрирачки блиску до успехот, за постојано да пропаѓаат.Трамп пред еден месец ги изненади американските кругови, но и светот, кои ја следат кризата во Газа, со закана за „пекол“ за целиот Блиски Исток доколку затворениците не бидат ослободени пред неговата инаугурација на 20 јануари годинава, откако тој претходно вети дека ќе донесе „мир“ на Блискиот Исток. Притоа тој навести дека ќе стави крај на војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, но не спомна точно како.Видео од неговата изјава во која тој вели: „Нема да биде добро за Хамас, и искрено, нема да биде добро за никого. Ќе биде тотален пекол. Не морам да кажам ништо повеќе, но така ќе биде“, стана вирално овие денови на социјалните мрежи. Бајден од Белата куќа рече дека „неговата дипломатија никогаш не престанала со напорите да го постигне тоа“.„Тоа е резултат не само на екстремниот притисок под кој беше под Хамас и променетата регионална равенка по примирјето во Либан и слабеењето на Иран - туку и на упорната и макотрпна американска дипломатија“, рече Бајден.„Претседателот, неговата репутација и она што го рече се двигатели на овие преговори и се надеваме дека сè ќе испадне добро и дека ќе спасиме животи“, рече неговиот пратеник за Блискиот Исток, Виткоф.

Свет | пред 11 месец

Screenshot-2025-01-16-at-15.23.07

Што знаеме за договорот за прекин на огнот во Газа? Еве ги сите детали, дури и најмал инцидент ќе разгори нов воен виор

Израел и Хамас постигнаа договор со кој конечно може да се стави крај на војната во Газа и да се овозможи ослободување на израелските заложници и палестински затвореници, пишува Би-би-си.Ова се клучните детали од тој договор.Како изгледа договорот?Деталите за договорот, кој наводно бил одобрен од двете страни, сè уште не се објавени. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека се уште има неколку нерешени клаузули, кои се надева дека наскоро ќе бидат финализирани.Постигнатиот договор ќе доведе до крај на војната во Газа и размена на заложници и затвореници.Хамас зеде 251 заложник кога го нападна Израел во октомври 2023 година. Сè уште држи 94 заложници, иако Израел верува дека само 60 се живи.Се очекува Израел да ослободи околу 1.000 палестински затвореници, од кои некои се затворени со години, во замена за заложниците.Како може да функционира прекинот на огнот?Се очекува прекинот на огнот да се одвива во три фази, откако ќе се објави договорот. Катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдул Рахман Ал Тани рече дека договорот ќе стапи на сила во недела, доколку биде одобрен.Би-Би-Си направи нацрт на начелно договореното од изјавите на американските, палестинските, израелските и катарските претставници.Првата фаза би траела шест недели, а во рамките на таа фаза би имало „целосен и целосен прекин на огнот“, рече Џо Бајден.Американскиот претседател не прецизираше колку заложници ќе бидат ослободени за време на ПРВАТА ФАЗА - но катарскиот шеик Ал Тани на прес-конференција претходно вечерта рече дека ќе има 33.Портпаролот на израелската влада Дејвид Менсер претходно изјави дека повеќето, но не сите, од 33-те заложници кои се очекува да бидат разменети, вклучително и деца, се верува дека се сè уште живи.Тројцата заложници веднаш ќе бидат ослободени, изјави претходно за Би-Би-Си палестински функционер, а остатокот од размената ќе се одржи во текот на шест недели.Понатаму, во текот на првата фаза, израелските трупи ќе се повлечат од „сите“ населени области на Газа, рече Бајден.„Палестинците исто така би можеле да се вратат во своите домови во сите области на Газа“, рече тој.За потсетување, речиси сите 2,3 милиони жители на Газа мораа да ги напуштат своите домови поради израелските наредби за евакуација, воздушните напади и борбите на теренот.Ќе има и зголемување на испораките на хуманитарна помош во Газа. Палестински претставник претходно изјави дека деталните преговори за втората и третата фаза ќе започнат на 16-тиот ден од прекинот на огнот.ВТОРА ФАЗАВтората фаза ќе означи „траен крај на војната“, рече Џо Бајден. Останатите живи заложници, вклучително и мажи, ќе бидат ослободени во замена за повеќе палестински затвореници.Од 1.000 палестински затвореници за кои се верува дека биле ослободени од Израел, околу 190 отслужуваат казна од 15 или повеќе години.Израелски функционер претходно изјави за Би-Би-Си дека осудените за убиство нема да бидат пуштени на окупираниот Западен Брег.Ќе има и целосно повлекување на израелските војници од Газа.ТРЕТА ФАЗАТретата и последна фаза ќе вклучува реконструкција на Газа - нешто што може да потрае со години - како и можно враќање на преостанатите тела на заложниците.Кои прашања се сè уште нерешени и неодговорени?Беа потребни месеци макотрпни преговори за да се пронајдат деталите од првата и втората фаза, не само затоа што Израел и Хамас воопшто не си веруваат еден на друг.Хамас сакаше целосен крај на војната пред да ги ослободи заложниците. Ова беше неприфатливо за Израел.Прекинот на огнот ефикасно ќе ја запре војната додека се имплементираат условите. Сепак, според Би-Би-Си, не е јасно дали тоа ќе значи дека војната е завршена засекогаш.Една од клучните воени цели на Израел беше да ги уништи воените и управувачките способности на Хамас. Иако е сериозно оштетен од Израел, Хамас сè уште има одреден капацитет да дејствува и да се прегрупира.Исто така, не е јасно кои заложници се живи или мртви, или дали Хамас воопшто знае каде се сите исчезнати. Од своја страна, Хамас побара ослободување на некои затвореници кои Израел вели дека нема да ги ослободи. Се верува дека ова ги вклучува и оние кои учествуваа во нападите на 7 октомври.Исто така, не е познато дали Израел ќе се согласи да се повлече од тампон зоната до одреден датум или неговото присуство таму ќе биде неодредено.Секое примирје веројатно ќе биде кревко.Прекините на огнот меѓу Израел и Хамас кои ги прекинаа претходните војни беа потресени од судирите и на крајот прекинати.Распоредот и сложеноста на овој прекин на огнот значи дека дури и мал инцидент може да се претвори во нов воен виор.

Свет | пред 11 месец

bajden

(Видео) Новинар: Кој е позаслужен за примирјето во Газа, вие или Трамп? Бајден: Дали е тоа шега?

Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска изјави дека Израел и Хамас постигнале договор за прекин на огнот и размена на заложници, што ќе ги запре борбите во Газа.„Објавувам дека е постигнат договор за прекин на огнот и за заложници меѓу Израел и Хамас“, рече Бајден во Белата куќа.Договорот е постигнат по 15 месеци страдање, рече тој, по што ќе следи бран хуманитарна помош во Газа.„Борбите во Газа ќе престанат, а заложниците наскоро ќе се вратат дома кај своите семејства“, рече Бајден.Договорот беше постигнат по неколкумесечни преговори од страна на администрацијата на Бајден, истакна тој и се заблагодари на својот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, и на други официјални лица.Сепак, условите од договорот главно ќе ги спроведува новата администрација на Трамп, изјави актуелниот американски претседател.„Разговаравме како тим во изминатите неколку дена“, рече тој.На прашањето на новинарот дали тој или Трамп заслужуваат поголема заслуга за постигнувањето на договорот, Бајден одговори: „Дали се шегуваш?“.Трамп на социјалните мрежи објави дека договорот немаше да се случи доколку тој не беше избран.„Овој легендарен договор за прекин на огнот беше возможен само како резултат на нашата историска победа во ноември, бидејќи му сигнализираше на светот дека мојата администрација ќе бара мир и ќе преговара за договори за да се осигура безбедноста на сите Американци и нашите сојузници“, напиша тој.Бајден не даде детали надвор од општите контури на договорот кои се веќе познати, но посочи дека верува оти договорот може да ја постави основата за независна палестинска држава.„За палестинскиот народ, веродостоен пат до сопствената држава. И за регионот, иднината на нормализацијата, интеграцијата на Израел и сите негови арапски соседи, вклучително и Саудиска Арабија“, рече тој.Во одвоено соопштение, Белата куќа го цитираше Бајден дека „денес, по многумесечна интензивна дипломатија на Соединетите држави, заедно со Египет и Катар, Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и за заложници.Овој договор ќе стави крај на борбите во Газа, ќе ја зголеми многу потребната хуманитарна помош за палестинските цивили и ќе ги обедини заложниците со нивните семејства по повеќе од 15 месеци заробеништво“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Свет | пред 11 месец

Tramp

Трамп за примирјето меѓу Хамас и Израел: „Ќе се погрижиме Газа никогаш повеќе да не стане засолниште за терористите“

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека ќе го искористи договорот за прекин на огнот во Газа како моментум за проширување на Абрахамскиот договор, потпишан со американска поддршка за време на неговиот прв мандат на функцијата, кој ги нормализира односите на Израел со неколку арапски земји.Преговарачите во средата постигнаа постепен договор за ставање крај на војната во Газа меѓу Израел и Хамас по 15-месечниот конфликт во кој загинаа десетици илјади Палестинци и ги разгоре тензиите на Блискиот Исток.Договорот вклучува постепено ослободување на заложниците заробени од милитантите предводени од Хамас за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, во замена за Палестинците држени во израелските затвори.Трамп, кој постојано се закануваше со „големи проблеми“ доколку заложниците не бидат ослободени пред неговата инаугурација на 20 јануари, рече дека е „воодушевен што американските и израелските заложници се враќаат дома“.„Сега кога е постигнат договор, мојот тим за национална безбедност, преку напорите на специјалниот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ќе продолжи тесно да соработува со Израел и нашите сојузници за да се осигура дека Газа никогаш повеќе не е рај за терористите“. напиша Трамп на својата платформа Truth Social.Тој додаде дека ќе го искористи прекинот на огнот за проширување на Абрахамската спогодба, која ги нормализираше врските на Израел со Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан.

Свет | пред 11 месец

netanjahu

Израелскиот претседател го повика Нетанјаху да го одобри договорот

Израелскиот претседател Исак Херцог објави изјава во која ги повика Бенјамин Нетанјаху и израелската влада да го прифатат и одобрат договорот.„Сестри и браќа, граѓани на Израел, ние сме во клучен момент... нудам поддршка на премиерот и на преговарачкиот тим во нивните напори да го финализираат овој договор и ги повикувам Кабинетот и Владата на Израел да прифатат и одобрат тоа кога ќе се претстави - да ги донесеме нашите синови и ќерки дома.Како претседател на Израел, најјасно го кажувам: ова е вистинскиот потег. Ова е важен потег. Ова е неопходен потег. Нема поголема морална, човечка, еврејска или израелска обврска од тоа да ги вратиме нашите синови и ќерки – дали да се опоравиме дома или да почиваме“, напиша тој.

Свет | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања