Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Првиот гостин на Трамп во Белата куќа: Нетанјаху оди во САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
netanjahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху следната недела ќе се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп во Белата куќа, соопшти вечерва неговиот кабинет.

Трамп го покани израелскиот премиер да ја посети на 4 февруари, се вели во соопштението објавено од канцеларијата на Нетанјаху.

Белата куќа потврди дека му била испратена покана за почетокот на следната недела, но не прецизираа точен датум.

— реклама —

Нетанјаху ќе биде првиот странски лидер што ќе биде примен од Трамп откако тој го презеде новиот претседателски мандат минатата недела.

Состанокот на самиот почеток на мандатот на Трамп може да се смета како силен гест на поддршка за Нетанјаху, кој се најде под жестоки меѓународни критики за војната во Газа.

— реклама —

Соединетите Американски Држави се најважниот сојузник на Израел и најголемиот снабдувач со оружје. Додека претходникот на Трамп, Џо Бајден, никогаш не ја повлече својата поддршка за Израел, тој сè повеќе ја критикуваше воената кампања на земјата во Газа, во која загинаа повеќе од 47.000 Палестинци од почетокот на војната.

— реклама —

Од друга страна, познато е дека Трамп е многу поблиску до Нетанјаху.

Во првите денови од вториот мандат тој повторно му изрази поддршка на Нетанјаху. Покрај укинувањето на санкциите од ерата на Бајден за израелските доселеници на Западниот Брег, Трамп, исто така, предизвика гнев со предлагањето да се „исчисти“ главно уништениот Појас Газа и да се преселат Палестинците во други арапски земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп: Она што се случи во Шпанија може да ѝ се случи и на Америка

Свет | пред 6 часа

media-library34jhrpvue0rl1pkUm1c

Поддршката за Трамп падна на најниско ниво

Свет | пред 2 дена

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Кубанскиот претседател: САД вршат „геноцид“ врз Куба

Свет | пред 2 дена

media-libraryn1m9e81qf70jfkAb9QI

Трамп по иранските ракетни напади: „Ќе ги претепаме“

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања