„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

израел

izrael-1

Израел го нападна Западниот Брег: 10 мртви, меѓу кои и едно дете

Десет Палестинци беа убиени во текот на ноќта во средата во израелски напади на неколку места на северот на окупираниот Западен Брег, објави палестинската Црвена полумесечина. Двајца Палестинци се убиени во Џенин, четворица во напад на автомобил во блиското село, а уште четворица во бегалска населба во близина на градот Тубас, изјави Ахмед Џибрил, портпарол на Црвената полумесечина.„Двајцата загинати од Џенин се префрлени во болница во Џенин“, рече тој. „Четворица Палестинци убиени во бомбашки напад врз нивниот автомобил јужно од Џенин и двајца Палестинци убиени во бегалскиот камп Ал Фара се префрлени во болницата во Тубас“, додаде тој.„Уште двајца Палестинци, браќа на возраст од 13 и 17 години, беа убиени во куќа во кампот Ал-Фара и нивните тела не можат да се извлечат во моментов“, продолжи тој, додека палестинските служби за итни случаи редовно ја обвинуваат израелската армија дека го спречува пристапот до загинатите и ранети. Џибрил додаде дека досега се избројани 15 повредени.Израелската војска соопшти само дека спроведува „контратерористичка операција во Џенин и Тулкарем“ на северот на Западниот Брег, без да даде дополнителни детали. Во последните недели, израелските операции на Западниот Брег се фокусирани на северот на територијата, каде што се особено активни вооружените групи кои се борат против Израел.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Голема ескалација: Хезболах лансираше 210 ракети и 20 дронови кон Израел: „Ја извршивме првата фаза од нападот, тоа е одговор на убиството на нашиот командант“

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека во утринава напад врз северот на Израел од страна на либанската група Хезболах биле лансирани околу 210 ракети и околу 20 беспилотни летала.Некои од проектилите биле пресретнати, а други погодени, предизвикувајќи штета и повредени, пишува The Times of Israel.Голем број ракети паднаа на отворени површини.Либанската група Хезболах утринава соопшти дека извршила „прва фаза“ напад врз Израел како одговор на убиството на високиот командант на групата Фуад Шукра минатиот месец, при што беа погодени 11 израелски воени локации.Хезболах пак соопшти дека повеќе од 320 ракети и голем број беспилотни летала биле истрелани врз цели во северен Израел.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел утринава ги открил подготовките на Хезболах за напад на Израел и дека во консултација со министерот за одбрана и началникот на Генералштабот, на војската и е наредено да дејствува проактивно за да се елиминираат заканите.Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека прогласил вонредна состојба во следните 48 часа, а портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека десетици израелски воени авиони напаѓаат цели во јужен Либан.

Свет | пред 1 година

6f341aff0e33425bf687d1bf0fb6bfab_w768

Израелската војска пронашла шест тела на заложници во Кан Јунис

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека пронашле тела на шест израелски заложници во тунел во Кан Јунис, јужно од Појасот Газа.ИД вели дека ќе продолжи да ги истражува причините за смртта на заложниците, вклучително и можноста тие да се убиени во израелски напад, пишува The Times of Israel.Порталот додава дека израелската армија имала точни разузнавачки информации што им овозможиле на војниците на 98-та дивизија и на членовите на безбедносната агенција Шин Бет да стигнат до тунелите во Кан Јунис и да ги пронајдат телата, среде нова офанзива во градот.Се верува дека 105 од 251 заложник земен од Хамас во нападот врз Израел на 7 октомври сè уште се во Газа, вклучувајќи ги и телата на 34 заложници за кои ИД потврди дека се мртви.На крајот на ноември Хамас ослободи 105 цивили за време на еднонеделното примирје, а пред тоа беа ослободени четворица заложници.Војниците досега спасиле седум заложници, а пронајдени се телата на 30 заложници, вклучувајќи ги и телата на тројца кои војската по грешка ги убила додека се обидувале да побегнат од киднаперите.

Свет | пред 1 година

raketi

Нападнат Израел: Истрелани 40 ракети

Околу 40 ракети биле истрелани во текот на утрото од Либан кон Горна Галилеја и Голанската висорамнина, соопшти израелската армија.Некои од ракетите биле пресретнати од противвоздушна одбрана, а засега нема информации за повредени, пишува „Тајмс оф Израел“.Нападот се случи откако израелската армија синоќа нападна складиште за оружје на Хезболах длабоко во либанска територија.Во тој напад е убиен истакнат оперативец на Хезболах, наведува израелскиот портал.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Израелските власти соопштија: Експлозијата во Тел Авив во која загина едно лице е терористички напад

Експлозијата во Тел Авив, во која едно лице загина, а друго е повредено, е терористички напад извршен со моќен експлозив, соопштија израелските власти.Во заедничкото соопштение на полицијата и израелската безбедносна агенција Шин Бет, се наведува дека во синоќешниот напад била употребена „моќна експлозивна направа“ - но не е откриен идентитетот на напаѓачот, ниту мотивот на нападот.Во експлозијата загина едно лице, за кое се претпоставува дека е бомбашот. Повреден е само случаен минувач чија здравствена состојба е стабилна.Израелските медиуми објавија безбедносна снимка на која се гледа како напаѓачот оди по улица носејќи голем ранец непосредно пред експлозијата.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Хамас го отфрли предлогот за ослободување на заложниците, го обвинува Нетанјаху

Палестинскиот Хамас го отфрли последниот предлог за решавање на прашањето за заложниците за кој се разговараше во Доха изминатиот викенд и го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за поставување нови пречки во разговорите.Палестинската милитантна група во соопштение рече дека Нетанјаху „наметнува нови услови и барања“ со цел да ги фрустрира преговорите и да ја продолжи војната во Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.Во соопштението се вели дека последниот предлог поддржан од САД е усогласен со барањата на Израел и укажува на инсистирање ИД да остане во коридорот Филаделфија, преминот Рафа меѓу Појасот Газа и Египет и коридорот Нецарим.Хамас го обвинува Нетанјаху и за воведувањето нови услови околу ослободувањето на затворениците.„Ние сметаме дека Нетанјаху е целосно одговорен за спречувањето на напорите на посредниците и попречувањето на договорот“, рече Хамас, додавајќи дека израелскиот премиер е одговорен за животите на заложниците кои ги држеше Хамас.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Пекол во Газа: Таткото отишол во Газа за да ги земе изводите на новородените близнаци - кога се вратил дома, бебињата биле мртви

Новородени близнаци биле убиени во Газа додека нивниот татко бил во канцеларијата на локалната власт за да го регистрира нивното раѓање.Асер (момче), и Ајсел (девојче) имале само четири дена кога нивниот татко Мохамед Абу ал-Кумсан отишол да ги подигне нивните изводи од матичната книга на родените, јавува Би-Би-Си.Додека бил отсутен, му се јавиле соседите и рекле дека нивната куќа во Деир ал Балах била бомбардирана.Во израелски воздушен напад загинаа и неговата сопруга и бабата на близнаците.„Не знам што се случи“, рече тој. „Ми рекоа дека граната ја погодила куќата“, рекол таткото.Би-Би-Си побара коментар од израелската војска за нападот и чека одговор.Израел вели дека се обидува да избегне да им наштети на цивилите и за нивната смрт го обвинува Хамас, кој дејствува во густо населените области, вклучително и користење на цивилни згради како засолништа.Но, официјалните лица ретко коментираат за поединечни случаи на израелски напади.Неколку такви засолништа во Газа беа нападнати во последните недели.Во саботата, во израелски воздушен напад врз училишна зграда во која се засолниле раселените Палестинци во градот Газа загинаа повеќе од 70 луѓе, изјави директор на болницата за Би-Би-Си.Портпаролот на израелската војска рече дека училиштето „служело како активен воен објект на Хамас и Исламски џихад“, што Хамас го негираше.Израел го оспори бројот на загинати, а Би-Би-Си не може независно да ги потврди бројките од ниту една страна

Свет | пред 1 година

izrael

Израелците извршија воздушен напад врз милитантна ќелија на Западниот Брег, при што беше убиен командантот на Хамас

Во израелски воздушен напад врз возило на окупираниот Западен Брег во саботата загина командант на палестинската вооружена група Хамас, соопштија извори од Хамас, додека палестинската новинска агенција ВАФА објави дека се убиени уште четворица мажи.Според извештајот на ВАФА, кој се повикува на здравствените власти, идентитетот на останатите е непознат.Израелската војска соопшти дека извршила воздушен напад врз милитантна ќелија околу градот Тулкарм на Западниот Брег.Извори на Хамас наведуваат дека било нападнато возило со борци и дека е убиен еден од командантите на бригадата Тулкарм.Насилството на Западниот Брег беше во пораст пред почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Газа на 7 октомври и оттогаш продолжи да расте, со чести израелски напади на територијата, која е меѓу оние што Палестинците ги бараат за држава.Тензиите низ регионот се зголемија оваа недела по атентатот на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран во средата, еден ден по израелскиот напад на Бејрут во кој беше убиен високиот воен командант на Хезболах, Фуад Шукр.Смртта на Ханија е еден од серијата атентати на високи лидери на Хамас додека војната во Газа меѓу палестинските милитанти и Израел се приближува кон својот 11-ти месец и расте загриженоста за конфликтот што се шири низ Блискиот Исток.И Хамас и Иран го обвинија Израел за атентатот и ветија одмазда. Израел ниту ја презеде ниту ја негираше одговорноста за смртта на Ханија.Хезболах, како и Хамас, има поддршка од Иран, кој вети одмазда.

Свет | пред 1 година

deif-image

Израел: Убиен воениот командант на Хамас

Војската на Израел соопшти дека воениот командант на Хамас Мохамед Деиф бил убиен во воздушен напад во Појасот Газа минатиот месец.Деиф беше цел на напад врз комплекс во областа Кан Јунис на 13 јули. Хамас се уште не ја потврдил неговата смрт. Израел вели дека Деиф бил еден од луѓето одговорни за планирање на нападите на 7 октомври во јужен Израел во кои загинаа 1.200 луѓе.Израелското соопштение доаѓа по атентатот на политичкиот лидер на Хамас Исмаел Ханије, кој беше убиен во Техеран, и високиот командант на Хезболах, Фуад Шукр, кој беше убиен во израелски воздушен напад врз либанската престолнина Бејрут.Во соопштението на израелската војска се вели дека „по разузнавачка проценка може да се потврди дека Мохамед Деиф бил елиминиран“ во нападот на 13 јули. Здравствените власти во Газа, управувана од Хамас, тогаш соопштија дека во воздушниот напад загинале повеќе од 90 луѓе, но негираа дека Деиф е меѓу загинатите.Мохамед Деиф беше шеф на бригадата Изедин ал Касам, воениот огранок на движењето Хамас. Израелските власти го затворија во 1989 година, по што формираше бригада со цел да ги фати израелските војници. Израел го обвини дека планирал и надгледувал бомбашки напади во автобуси во кои загинаа десетици Израелци во 1996 година и за вмешаност во апсењето и убиството на тројца израелски војници во средината на 1990-тите.Познато е и дека помогнал во изградбата на тунели кои им дозволувале на борците на Хамас да влезат во Израел од Газа.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-10.54.34

(Видео) Во Иран се одржува погребна поворка за лидерот на Хамас

Илјадници луѓе пристигнаа на погребната поворка на лидерот на Хамас Исмаил Ханије, која денеска се одржува во Иран. Ханије беше убиен вчера за време на неговиот престој во Техеран. По поворката неговото тело ќе биде однесено во Доха, главниот град на Катар, каде ќе биде погребан утре.На поворката беше присутна целата политичка елита на Иран, вклучително и врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи и новиот претседател Масуд Пезешкијан. Хамнеи ја предводеше молитвата за мртвите пред ковчегот на Хани. Со скандирањата како „Смрт за Израел“ и „Смрт за Америка“, насобраната толпа ја изрази својата поддршка за Ханија и Хамас во Појасот Газа, како и против Израел.Али Хамнеи му наредил на Иран директно да го нападне Израел како одмазда за убиството на лидерот на Хамас, според тројца ирански претставници, објави Њујорк Тајмс. Хамнеи ја издаде наредбата на вонредниот состанок на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, набргу откако Иран објави дека Ханије е убиен, изјавија тројца ирански претставници, вклучително и двајца членови на Револуционерната гарда.Иран и Хамас го обвинија Израел за атентатот, додека Израел, кој е во војна со Хамас во Појасот Газа, ниту го призна, ниту го негираше убиството. Сепак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата земја им задала големи удари на своите непријатели во последните денови.Тој ги предупреди Израелците дека ги очекуваат тешки денови. „Слушнавме закани од сите страни. Подготвени сме за секое сценарио. Ќе бидеме обединети и одлучни“, рече тој во телевизиското обраќање. Ханије, кој одигра важна улога во преговорите за прекин на огнот во Газа, беше убиен неколку часа откако присуствуваше на инаугурацијата на новиот ирански претседател, Масуд Пезешкијан, во Техеран.Висок функционер на Хамас изјави за Би-Би-Си дека убиството се случило во истата зграда во која престојувала Ханије за време на претходните посети на Иран. Тројца лидери на Хамас и бројни чувари биле со него во зградата. Неколку часа пред нападот на Ханије, Израел соопшти дека го убила високиот лидер на Хезболах - Фуад Шукра - во Бејрут.

Свет | пред 1 година

iran2

Тотален хаос на Блискиот Исток: Лидерите на Хамас во шок, Иран испрати застрашувачка закана

Иран „ќе го брани својот територијален интегритет, достоинство, чест и гордост и ќе ги натера терористите окупатори да жалат за нивниот кукавички чин“ за убиство на лидерот на Хамас Исмаил Ханија во Техеран, изјави во средата претседателот Масуд Пезешкијан.Тој не даде детали во својата изјава, која ја пренесоа иранските медиуми.Пезешкијан во вторникот пред парламентот положи заклетва како деветти претседател на Исламската Република Иран.Врховниот лидер Али Хамнеи рече дека одмаздата за убиството на лидерот на Хамас е „должност на Техеран“, бидејќи тоа се случило во иранската престолнина.Тој рече дека Израел си дал причини за „строга казна“.Ханија бил убиен околу два часот по полноќ во средата, објавија иранските медиуми, додавајќи дека тој престојувал во „специјална резиденција за воени ветерани на северот на Техеран“.„Во тек е натамошна истрага и нејзините резултати ќе бидат објавени наскоро“, додаваат државните медиуми.Би-би-си наведува дека Ханија во последните шест години престојувал 10 до 15 пати во Техеран и дека очигледно таму се чувствувал безбедно. Исто така, дописникот на Би-Би-Си контактирал со лидерите на Хамас кои му признале дека се во состојба на шок.

Свет | пред 1 година

ismail-henije

Кој беше Исмаил Ханије, политичкиот лидер на Хамас кој беше ликвидиран во Техеранзбега

Политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, е убиен во Техеран каде што присуствувал на инаугурацијата на претседателот Масуд Пезешкијан, соопшти иранската револуционерна гарда (IRCG). Иако сè уште никој не ја презеде одговорноста за неговото убиство, Хамас го обвини Израел за неговата смрт и се закани со „војна за ослободување на Ерусалим“.Засега не се познати многу детали за смртта на Ханиje.Како што јавија иранските медиуми, повикувајќи се на ИРЦГ, Ханије е убиен во неговата резиденција. Во нападот, кој иранските медиуми, како и Хамас, го нарекуваат израелски напад, е убиен и телохранителот на Ханије.Политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, кој беше убиен во неговата резиденција во Техеран, е роден во бегалскиот камп Шати во Газа во 1962 година, откако неговите родители побегнаа од градот Аскалан по создавањето на државата Израел во 1948 година.Израелските власти неколку пати го затвораа Ханије, а тој го напушти Појасот Газа во 2019 година, по неколку атентати, и оттогаш живееше во егзил во Катар.Во израелски напад врз северниот дел на Газа во април, беа убиени неговите три сина и најмалку тројца внуци.Најавена е истрага за убиството, но Хамас веќе го впери прстот на вината кон Израел, кој претходно вети дека ќе ги убие водачите на групата поради нападот на групата на 7 октомври.„Хамас ќе води отворена војна за ослободување на Ерусалим, за што е подготвен да ја плати цената“, изјави денеска портпаролот на палестинската група Саму Аби Зухри по убиството на Ханије.Абу Зухри го опиша убиството на Ханије како „сериозен гнев“ и нагласи дека сторителите нема да ги постигнат своите цели. Во соопштението на Хамас се вели дека Ханија била убиена во „предавнички ционистички напад“ врз неговата резиденција во Техеран.Израел не објави официјална изјава во врска со убиството, што често е случај со атентатите извршени од израелската разузнавачка агенција Мосад. Првата реакција од Израел дојде од израелскиот министер за наследство Амихаи Елијаху кој изјави дека убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије „го направи светот малку подобар“. Во објава на мрежата Х, тој рече „нема милост за смртниците“.„Железната рака што ќе ги удри е таа што ќе донесе мир и одредена удобност и ќе ја зајакне нашата способност да живееме во мир со оние кои сакаат мир“, рече министерот.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Израел и Хезболах се на работ на сеопфатна војна

На универзитетот во Хаифа, на помалку од 50 километри од границата на Израел со Либан, ништо не е оставено на случајноста. Утрото откако ракета погоди фудбалско игралиште на Голанската висорамнина окупирана од Израел, при што загинаа 12 деца и тинејџери, универзитетските власти објавија дека целиот персонал над петтиот кат на 30-катницата треба да работи од дома. Се зголемуваат стравувањата дека либанската милитантна група Хезболах е во домет на оган.„Во последната војна со Хезболах во 2006 година, нивното оружје стигна до Хаифа“, рече универзитетската вработена Естер Папара за Би-Би-Си: „Ова е опасен момент. Родителите им помагаат на полицијата и на чуварите да ги чуваат градинките. Избегнувам гужви. Ние не сме во потрага по војна, но Хезболах сака да го уништи Израел и еврејскиот народ Можеме ли да им дозволиме да го направат тоа без да се браниме?“.Прекуграничниот оган меѓу Израел и Либан постојано се зголемува од 8 октомври, кога Хезболах истрела ракети и гранати врз израелски локации во знак на солидарност со нападот на Хамас врз Израел еден ден претходно. Двете групи повикуваат на уништување на израелската држава.Хезболах често го напаѓа северниот дел на Израел и Голанската висорамнина, сириска територија заземена од Израел за време на војната во 1967 година и анектирана во 1981 година. Израел изврши воздушни напади и проектили во јужен Либан, вклучително и ноќен бран напади, очигледно како одговор на ракетниот оган во саботата.Во реципрочните напади од октомври загинаа 450 луѓе во Либан - од кои 100 цивили - додека Израел вели дека 23 цивили и 17 војници се убиени. Чарка беа релативно ограничени, што сугерираше дека двете страни сакаа да избегнат директна конфронтација. Меѓутоа, сега се поставува прашањето колку далеку ќе оди Израел во одговорот на саботната трагедија, единствената најголема загуба на животи во прекугранични напади од октомври.Илјадници луѓе излегоа на улиците на градот да ги оплакуваат младите жртви, држејќи цвеќиња и фотографии околу малите бели ковчези. Хезболах вели дека не ја истрелал смртоносната ракета, но израелската влада вели дека тоа е лага. По нападот, либанските милитанти, наводно, превентивно евакуирале некои клучни локации на југот на земјата и во источната долина Бека во очекување на голем израелски напад.Премиерот на Израел се врати рано од САД за да претседава со состанокот на безбедносниот кабинет, кој се собра како повици за остра реакција. Бенјамин Нетанјаху вети дека Хезболах „ќе плати потешка цена отколку што платил досега“. Министерот за надворешни работи Израел Кац рече дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах треба „да плати со глава“, додека екстремно десничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич предупреди дека Израел се приближува до целосна војна со Хезболах.Но, Израел знае дека цената на таквата војна со либанската милитантна група може да биде катастрофална за двете страни. Хезболах е најмоќната недржавна организација во регионот, која во својот арсенал има 150.000 ракети и проектили. Тој е најважниот сојузник на Иран на Блискиот Исток, а израелски напад може да го вовлече Техеран во конфликтот, кој го предупреди Израел дека какви било „нови авантури“ во Либан би можеле да доведат до „непредвидливи последици“.А израелските трупи сè уште се оптегнати во Газа. Отворањето на друг фронт додека им снемува муниција едноставно можеби не е изводливо. Од друга страна, околу 60.000 Израелци се раселени од пограничната област со Либан во текот на изминатите неколку месеци, многу од нив бараат од нивната влада да ја неутрализира заканата на Хезболах.А Нетанјаху, чија популарност дома вртоглаво опаѓа, прави се што може за својот политички опстанок. Критичарите велат дека тој ја продолжува војната во Газа со постојано поставување поостри барања од Хамас за договор за прекин на огнот, знаејќи дека може да се соочи со предвремени избори и крај на неговата кариера кога борбите таму ќе престанат.

Свет | пред 1 година

erdogan

Шефот на израелската дипломатија одговори на заканата на Ердоган: Сетете се што се случи со Садам Хусеин

Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека Турција може да влезе во Израел како што еднаш влезе во Либија и Нагорно Карабах, му одговори израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац.„Ердоган оди по патот на Садам Хусеин и се заканува дека ќе го нападне Израел. Треба само да се сети што се случи таму и како заврши“, напиша Кац на мрежата Икс.Да потсетиме дека Хусеин беше претседател на Ирак од 1979 до 2003 година, а од власт беше соборен од западната коалиција предводена од САД. Американците го уапсија, а во 2006 година беше осуден на смрт за злосторства врз Курдите и шиитите. Казната била извршена со бесење.Последната изјава на Ердоган Израелците ја протолкуваа како закана од инвазија. Односите меѓу Ерусалим и Анкара се затегнати од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври минатата година.За разлика од нејзините западни сојузници и некои арапски земји, Турција не го смета Хамас за терористичка организација. Ердоган постојано ги обвинуваше и напаѓaше Израелците. Така, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече „касапот на Газа“ и „воен злосторник“.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Расте стравот од сеопфатна војна меѓу Израел и Хезболах, летовите за Бејрут се откажани

Група авиокомпании ги откажаа летовите за Бејрут поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и либанскиот Хезболах. Тензиите ескалираа откако во саботата ракета на сириската Голанска висорамнина окупирана од Израел уби 12 деца. Израел го обвини Хезболах за нападот, а либанската вооружена група ја негираше одговорноста. Кризниот кабинет на Израел ја овласти владата во Тел Авив да подготви одговор.Луфтханза објави дека ги откажала летовите за Бејрут до 30 јули поради моменталната ситуација на Блискиот Исток. Германскиот авиопревозник не лета кон либанската престолнина ноќе од почетокот на јули. Туркиш ерлајнс откажа два лета, а ниту SunExpress, филијалата на Туркиш ерлајнс AJet, грчкиот авиопревозник Aegan Airlines, Ethiopian Air ниту Middle East Airlines (MEA) нема да летаат до главниот град на Либан, според податоците на Flightradar24.МЕА соопшти дека одложила неколку ноќни летови и има намера да одложи неколку дневни, „од технички причини поврзани со осигурениот ризик за авионите на линиите меѓу Либан и други дестинации“.Превозниците не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар на информацијата. Меѓународниот аеродром Рафик Харири е единствениот аеродром во Либан.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања