Промени тема
Контакт

ЈСП

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Дудуш организира протест поради хаосот со градскиот превоз: Граѓаните ги губат работните места, учениците отсуствуваат од часови, болните не можат да отидат на доктор

Градоначалникот на општината Шуто Оризари, Курто Дудуш ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот в петок од 13 часот пред канцелариите на Град Скопје за да го изразат незадоволството од хаосот со јавниот градски превоз.„Со цел изразување на своето незадоволство од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз, општина Шуто Оризари ги подржува своите граѓани во организација на голем сенароден протест на граѓаните на општина Шуто Оризари пред Градот Скопје и ги повикува сите граѓани

Скопје | пред 1 година

AVTOBUS-JSP

(Фото) Автобус на ЈСП се запали во Злокуќани при движење

Автобус на ЈСП се запалил во Злокуќани, а интервенирала и Противпожарната бригада. Ова се случило околу девет часот утрово, а за среќа, во автобусот во моментот, немало патници.Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.Ова не е прв автобус на ЈСП во изминативе месеци што гори среде автобуски станици. Претходно ова се случи и кај Железничката станица, како и Бутел. Постојано

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

(Видео) Протест пред канцелариите на Арсовска поради проблемите со јавниот превоз

Протест пред канцелариите на Данела Арсовска поради проблемите со јавниот превоз, најави Курто Дудуш, градоначалник на Шутка.„Секој ден се соочуваме со проблем, со немање јавен превоз, со саати чекање на автобуски станици. Нема да дозволиме на ова ладно време, на минусни температури, нашите жени, деца и стари да чекаат по два, три саати да чекаат автобус и тоа да биде како на лотарија - ќе дојде или нема да дојде“, рече градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш.Како што најави Дудуш, мирниот протест

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-18-141600

„Голем срам за градот е да не можат да обезбедат нафта, не е само да седнете во фотелја, треба и да се работи“, велат од Независниот синдикат на ЈСП

Според Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП, јавното претпријатие се уште е без нафта. Од таму велат ова е голем срам за градот.„Се уште не е дојдена нафта од двете автобази. Со нафтата имаме проблем последните три месеци, а можеби и повеќе, последните 6 месеци. Секој ден кубуриме за нафта. И затоа денеска и мене ми се јавија патници, прашуваа. Не знам што се случува. За мене ова е голема неспособност, дали од градоначалничката, дали од директорите, јас мислам дека е од двете страни“, рече

Скопје | пред 1 година

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Град Скопје вети редовен превоз од ЈСП од утрово, а се пожали и на притисоци - претходно имаше поплаки

Во текот на викендов, жители на Скопје се жалеа на нередовниот јавен превоз. Покрај автобусите на приватните превозници кои не возат поради нереализирани барања од Град Скопје, корисници на јавен превоз посочуваа дека ниту ЈСП не вози според возниот ред. „Скопје1“ побара одговори за овие случувања од директорот Драги Кушовски, поставен од Данела Арсовска, но не доби одговори.Сепак, од Град Скопје, вчера, доцна вечерта пред полноќ, известија дека имало притисоци, без да посочат какви и од кого. П

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

„Покрај притисоците, ЈСП ќе се сообраќа редовно и со полн капацитет“ велат од Град Скопје, а по жестоките реакции во јавност

Од Град Скопје, без објаснувања, испратија соопштение во кое тврдат дека од утре автобусите на ЈСП ќе возат во полн капацитет. Тие посочуваат дека имало притисоци и дека без разлика на истите, ќе продолжат со работа. Но од Град Скопје, нема никакво објаснување на каков притисок мислат и кој го правел.„Почитувани, Ве известуваме дека и покрај сите притисоци, од утре ЈСП ќе сообраќа редовно и во полн капацитет“, се вели во краткото соопштение на Град Скопје.Викендов, имаше куп поплаки од граѓани з

Скопје | пред 1 година

avtobusi-jsp-1

(Фото) Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници.Засега не е позната причината за несреќата, но извесно е дека можеби ќе треба да се проверува и техничката исправност на возилото. Не така одамна, јавноста памети дека кога автобус на ЈСП влета во жардењери кај „Мавровка“, возачот излезе на прес-конференција и обвини дека возилото било технички неисправно. Обвинителството уште го чека вештачењето.„Скопје1“

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-at-13.50.22

Коментари за ЈСП: „Вие пуштете автобуси па после фалете се со новитетите, никогаш не би ви платила за ваков безобразлук каков што гледам“

ЈСП промовираше нов начин на плаќање, а граѓаните во коментари упатија низа критики за нередовниот автобуски превоз, непочитувањето на возниот ред, но и за нефункционирање на апликацијата. Апликацијата „Скопска“ е заменета со новата „Скопјебус“. Се обидовме да ја симнеме апликацијата, но, безуспешно. Иако во објаснувањето стои дека треба да работи од изминатиов понеделник.„Вие пуштете автобуси па после фалете се со новитетите, среќа не користам ваш превоз инаку никогаш не би ви платила за ваков

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Продавачки на билети во ЈСП добија обвинение: присвоиле 23 милиони денари, проневера правеле со уплати во билетари

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица кои ги товари за продолжено кривично дело – Проневера во службата според член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Трите соизвршителки, во временскиот период од 01.12.2018 година до 05.08.2021 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тие заеднички, како одговорни лица враб

Македонија | пред 1 година

462476380_122095490264583013_6147689187489026640_n

„Се крадат податоци од платежните картички“: ЈСП Скопје утврди лажна вест

ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена Карта за јавен превоз на Скопје, која не е поврзана со ЈСП Скопје.Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните, велат од ЈСП.

Скопје | пред 1 година

jsp

ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се виновни за најлошиот јавен превоз во Европа, велат од СДСМ

„Извештајот на Европската Комисија го потврди тоа што граѓаните на Скопје секојдневно го чувствуваат: јавниот превоз во Скопје е катастрофален, најлош во Европа. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска успеаја да го донесат Скопје на дното во Европа и во делот на транспортот и во секој можен поглед“, соопшти СДСМ.„Наместо да вложуваат во подобрување на услугите и модернизација, како што ветуваа, сведоци сме на епско потфрлање и тотален хаос во сообраќајот, што дирек

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Скопје меѓу градовите со најлош јавен превоз во Европа, според Еуроњуз

Според истражувањето кое го спроведе Еуроњуз, Македонија е меѓу трите земји кои имаат најлош јавен превоз во Европа.Како што се вели во истражувањето седум од десет луѓе во Европа се задоволни од јавниот превоз во нивниот град, но сепак постои голем јаз во нивоата на задоволство од јавниот превоз во европските градови.Во Скопје само 47 проценти од граѓаните се задоволни од јавниот градски превоз, а понезадоволни од нас се само во Албанија и Италија. Најмногу задоволни се Австријците со 91 отсто.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред за време на продолжениот викенд

ЈСП Скопје ги известува своите патници дека по повод државниот празник 11 Октомври - Ден на народното востание, за време на трите дена од продолжениот викенд (11.10.2024 година - 13.10.2024 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.На 11.10.2024 година (петок) и 13.10.2024 година (недела), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација (кои ќе работат од 8 до 14 часот) на:- Транспортен центар;- Ѓорче Петров; и- Зелен пазар.Жичницата ќе функционира вооб

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-05-at-10.51.47

(Видео) ЈСП не трпи критики: Избришани купот коментари под објавата за бесплатен превоз, но ние ги имаме

ЈСП најави бесплатен превоз за „Бела ноќ“ односно за денеска во периодот од 18:00 до 02:00 ноќеска, а граѓаните ја искористија објавата за да ги искритикуваат за нивното функционирање. Нервозата кај жителите на Скопје е се поголема поради донцењето на автобусите, нивното недоаѓање, но и поради гужвите во нив. Иако вчера имаше десетици коментари, администраторот на фејсбук страницата на ЈСП, чиј директор е Драги Кушевски, поставен од Данела Арсовска, сите критикити ги избришал.„Скопје1“ уште вчер

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Во сабота, ЈСП неколку часа ќе вози бесплатно

ЈСП се реши да има бесплатен превоз во сабота. Ова доаѓа во период кога нема доволно автобуси, кога скопјани се револтирани, но и во време кога често може да се забележи како автобуси се исклучуваат од сообраќај поради тоа што остануваат дефект.„Ве информираме дека на 5 октомври 2024 година (сабота), поради oвогодинешното издание на “БЕЛА НОЌ“ кое ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот Скопје, во периодот од 18:00 – 2:00 часот (наредниот ден), превозот на патниците во јавниот градски

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-at-13.50.22

(Видео) Хаос во автобус на ЈСП: возачот тргна да вози со отворени врати, патници висеа

Патниците на мака оти нема доволно автобуси по улиците, а и оние кои ги има се преполни. Возачите на мака бидејќи во возилата им се случува хаос. Возач на 22-ка проба и да вози со отворени врати, бидејќи куп патници влегоа во возилото, а вратите не можеа да се затворат. Но, голем дел останаа и на станицата да го чекаат следниот автобус. Поплаките дека автобусите доцнат се множат.За три автобуси досега „Скопје1“ доби поплаки од граѓани дека истовариле патници бидејќи се расипале и им кажале да че

Скопје | пред 1 година

beeb9df5-9f76-4e7b-9792-d5326e0c71f6

(Видео) „Господ знае што се случи, наеднаш нѐ симна од автобус и отвори прозори“, нов паднат војник на ЈСП

Во Автокоманда, автобус кој возел на линијата 2, ги истоварил сите патници, без да им образложи зошто. Тие се лути, бидејќи ова доаѓа во време кога приватните превозници не возат, автобусите на ЈСП не го почитуваат возниот ред, а притоа, постојано се расипуваат.„Господ знае што се случи, нѐ симна наеднаш од автобус, отвори прозори и толку беше“, вели читателка на „Скопје1“.„Скопје1“ упати прашања до директорот на ЈСП, Драги Кушовски, поставен од градоначалничката Данела Арсовска во кои бараме од

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-10-01-at-09.25.04

(Видео) Хаотично по автобуските во Скопје: „Висат луѓе, одвај се затвори“

Ученици не можат да стигнат на настава, вработени на работа. Приватните автобуси останаа паркирани, а возилата на ЈСП не можат да ги опслужат сите патници. Турканици, нервоза, расправии – ваква беше атмосферата на дел од автобуските кои беа преполни. Учениците се принудени да прават снимки за да оправдаат зошто не стигнуваат на време во училиште.„Чекај сеа на класнава, еве на школо како доаѓаме. Висат луѓе, одвај се затвори. Ќе висат сега до кај мене на станица“, вели ученикот кој не може да стг

Скопје | пред 2 години

avtobus-skopje

Пак наплати со „пари на рака“ во ноќните линии на ЈСП

Поминаа пет дена, ЈСП молчи заедно со директорот Драги Кушовски, а праксата во автобус да се наплаќаат билети по 50 денари – продолжи. И вчера, патници за „Скопје1“ сведочат дека им биле приморани билети да платат кај возачот. За разлика од претходното сведоштво, сега парите се плаќаат кај шоферот на автобусот.„Кажуваат оди кај возачот да извадиш билет, се плаќа по 50 денари, а не знам дали им даваше билет. Не видов никој да плаќа преку апаратчето“, вели читател за „Скопје1“.Неспорно е дека во н

Скопје | пред 2 години

IMG_4819

Нови проблеми со јавниот превоз во Скопје: утрово нема и дел од приватнтие автобуси, се жалат жителите

Нови проблеми со јавниот превоз во Скопје. Жители се жалат дека утринава ги нема ниту дел од приватните превозници на скопските улици. Укажуваат дека покрај тоа што ЈСП не вози според возниот ред, сега има уште едно редуцирање на бројот на автобуси – а по автобуските се создаваат гужви.„Утринава два приватни автобуси на ЈСП не дојдоа. Се работи за 22-ка, што се сообраќаат од Железничка до Волково. Се создаде ненормална гужва на автобуските“, вели патничка за „Скопје1“.Претходно пак, ученик се по

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-09-23-at-13.53.07

(Видео) Се запали автобус на ЈСП на раскрсницата кај „Веро Џамбо“

Повторно се запали автобус на ЈСП, овојпат, на раскрсницата кај „Веро Џамбо“. Возачот веднаш истрча и со апарат за противпожарна заштита го гаснеше пожарот. Чадот доаѓал од делот на моторот, а навремената реакција од вработениот во ЈСП, спречи поголема катастрофа.Секојдневие по скопските улици стана да се гледаат расипаните автобуси. Речиси да нема ден, а да нема автобус кој со сервисна служба се шлепа до базите во Ѓорче и Автокоманда. Ова не е ниту прв автобус кој се запалил. Претходно вакви сц

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-09-23-at-10.36.33

(Видео) Нов скандал го тресе ЈСП: Патници сведочат на изнуда на пари за да се возат со ноќна линија, снимени и наплаќачите

Нелегална наплата на билети се прави во автобусите на ЈСП, тврдат патници кои се возат со ноќните линии. Повеќе вакви видеа се појавија на мрежата „Тикток“, а во нив, претежно млади лица, велат дека на врата им се бараат по 50 денари за да можат да се превезат. Во спротивно, треба да го напуштат автобусот. „Не даваат да влезеш ако не платиш. Тие знаат дека луѓе немаат како да се вратат и им плаќаат. На секоја постојка чекавме по 10 минути, за да наплатат по 50 денари! И други реагираа, дека имаа

Скопје | пред 2 години

jsp-danela-kusoski

Град Скопје против вработени во ЈСП: Зачудувачки е како само неколкумината во синдикатот СПАЈС се уште немаат добиено плата

„Зачудувачки е како само неколкумината во синдикатот СПАЈС се уште немаат добиено плата“, велат од Град Скопје и додава:„Имено, заклучно со денес сите вработени во ЈСП ги добија септемвриските плати.Причините за ширење на лаги и невистини од страна на СПАЈС за нас се непознати, а не сакаме да веруваме дека станува збор за политички мотивирани дејствија.Со ова, во целост ја демантираме информацијата на овој синдикат“.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Вработените во ЈСП се жалат дека не земале плата, најавуваат блокади

Вработените на ЈСП повторно не добиле плата.Според законот плата треба да и легне најдоцна до 15-ти во месецов.Доколку не ги добијат нивните плати најавуваат блокади на раскрсниците низ главниот град.Се жалат на притисоци од раководството на претпријатието, од каде до овој момент не се огласиле за предупредувачката прес конференција на СПАЈС.

Скопје | пред 2 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Уставниот суд бара информации од надлежните дали се спроведува одлуката за јавен превоз за сите средношколци

,,По прашања од повеќе медиуми во врска со извршувањето на одлуката У.бр.81/2023-1 со која беа укинати делови од Законот за средното образование, во кој беше повреден принципот на еднаквост, при што се правеше разлика меѓу средношколците од јавното и приватното образование, Уставниот суд информира:На работниот состанок одржан на 4 септември, Уставниот суд го задолжи генералниот секретар да се обрати до надлежните органи (МОН, Град Скопје и ЈСП) со цел да ги обезбеди неопходните податоци и инфор

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања