Промени тема
Контакт

ЈСП

jsp-avtobus

Јавниот превоз и Жичницата ќе сообраќаат по неделен возен ред за Велигден

По повод верскиот празник Велигден, автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред во продолжениот викенд, од петок, 10 април, до понеделник, 13 април 2026 година.„Билетарниците и центрите за персонализација ќе работат според посебен распоред.Во сабота, 11 април, билетарниците што работат во една смена ќе бидат отворени од 08:00 до 13:00 часот, додека оние што работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот.Во петок и недела дежурна ќе биде билетарницата и цент

Скопје | пред 5 месеци

zicnica-696x463

Жичницата на Водно денес не работи поради силен ветер

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува патниците дека денес, 8 април 2026 година, жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.„Ветерот ја надминува безбедносната граница за непречено функционирање на објектот.Надлежните служби ја следат состојбата и штом временските услови дозволат, жичницата ќе продолжи со превоз на патниците“, информираат од ЈСП.

Скопје | пред 5 месеци

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

„Од критични 130, денеска секојдневно од гаражите на ЈСП излегуваат по 180 автобуси“, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска соопшти дека состојбата со јавниот градски превоз значително се подобрила во споредба со претходниот период. Одговарајќи на советнички прашања, тој истакна дека бројот на функционални возила на ЈСП Скопје постојано расте.Според него, од критични 130 возила, денеска секојдневно од гаражите на претпријатието излегуваат по 180 автобуси.„Имаме зголемување од 50 функционални автобуси во изминатиот период. Дали состојбата е идеална? Далеку е од тоа,

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryo5mjprjblclqeFWWRBD

Нов возен ред за дел од линиите во Скопје од 4 април

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека од 4 април 2026 година стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на јавниот превоз во градот.Како што соопштуваат од ЈСП, измените се прават со цел усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници, со што треба да се подобрат организацијата и ефикасноста на јавниот превоз.Деталните информации за изменетиот возен ред, вклучително и распоредот по линии и

Скопје | пред 6 месеци

jsp

За Рамазан Бајрам јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред

Јавниот превоз во Скопје за време на продолжениот викенд по повод празникот Рамазан Бајрам ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат надлежните.„Во петок (20.03.2026 год.) и недела (22.03.2026 год.) дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар.Во сабота (21.03.2026 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време (во две смени од 08:00 – 18:00 часот, и тие што работат во една смена од 08:00 – 18:00 часот).Жичницата за време на продолжениот вик

Скопје | пред 6 месеци

media-librarynm6fihfidd9k8fw2jaK

ЈСП демантира: Автобуската линија број 35 воопшто не е укината ниту променета

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ги демантира информациите кои вчера беа изнесени на седницата на Советот на Град Скопје, и предизвикаа паника и вознемиреност кај дел од граѓаните, особено кај учениците од средните училишта во Град Скопје.„ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека автобуската линија број 35 воопшто не е укината ниту променета. Дополнително, таа не беше ниту предмет на разгледување во Одлуката за измена на линискиот превоз на патници во Град Скопје.Ги повикуваме граѓаните,

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryhdkqaucppa56dbTy3Cv

Мисајлески демантира: Автобуската линија со број 35 не е укината

Советникот во Советот на Град Скопје, Славчо Мисајлески, преку социјалните мрежи реагираше на информациите на Левица дека автобуската линија со број 35 во Град Скопје е укината. Демант на лажните вести кои произлегуваат од ПП Левица и кои шират паника и вознемиреност меѓу граѓаните, посебно кај најмладата популација, учениците од средните училишта во Град Скопје.Имено на вчерашната седница на Советот на Град Скопје од страна на советничката Милица Давчева беше дадена изјава дека е укината линија

Скопје | пред 6 месеци

jsp

Распишан тендер за 150 електрични автобуси, 100 за Скопје, од кои 30 да се испорачаат до септември

Министерството за транспорт објави јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полначи, со што започнува постапката за една од најавуваните инвестиции во јавниот превоз. Согласно планот, 100 автобуси се предвидени за потребите на Град Скопје, додека останатите 50 ќе бидат распределени во други општини во државата.Според условите од повикот, најповолниот понудувач ќе има обврска да произведе и испорача 30 автобуси во рок од шест месеци од склучување на договорот, дополнителни

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryreve2k9tqeu94s2EZ3Y

Жичницата на Водно денес не работи поради силен ветер

Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес, жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците.Ви благодариме на разбирањето“, велат од ЈСП.

Скопје | пред 7 месеци

media-librarykplf96e8mim9bvsfGjy

Ѓорѓиевски најавува промена на возниот ред на ЈСП

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во гостувањето на Сител изјави дека во периодот којшто следи неопходно е да се спроведе промена на возниот ред на ЈСП„Повеќе децении возниот ред во Скопје не е променат. При тоа, во моментите кога е правен во минатото, не се предвидени некои нови населби коишто во меѓувреме се прошириле или пак никнале на територија на градот Скопје, некаде каде што имало засилени потреби од автобуси, веќе е намалена потребата од автобуси, што значи дека тоа ќе биде еден

Скопје | пред 7 месеци

zicnica-696x463

Поради силен ветер, жичницата на Водно денеска не сообраќа

Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради силен ветер, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.Според соопштението, јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за објектот да функционира непречено и безбедно, поради што е донесена одлука за привремен прекин на превозот на патници.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и веднаш штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз.Од ЈСП апелираат до граѓанит

Скопје | пред 7 месеци

avtobus-jsp-2

ЈСП има 341 автобус, а исправни се 185: катастрофална е состојбата, има и драматичен пад на патници

Анализата на Центар за граѓански комуникации за капацитетите на јавниот автобуски превоз во Скопје укажува на сериозно влошување на состојбата во ЈСП Скопје, со намален број автобуси, зголемена просечна старост на возилата и значителен пад на бројот на патници.Според податоците од анализата, од вкупно 341 автобус со кои располага претпријатието, дневно исправни се 185, а во сообраќај се пуштаат 157 возила. Во споредба со 2015 година, кога ЈСП имало 430 автобуси, денес располага со 89 автобуси по

Скопје | пред 7 месеци

jsp

Казните за сообраќајни прекршоци на товар на возачите на ЈСП и јавните претпријатија

Возачите на автобусите на ЈСП и на возилата на останатите јавни претпријатија во Скопје отсега самите ќе го сносат трошокот за сообраќајните прекршоци, а доколку не може да се утврди кој точно возел, одговорноста ќе ја сносат шефовите на возниот парк, соопшти градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.„И во Град Скопје и во сите јавни претпријатија одговорноста е пред се кај оној кој што го вози возилото. Целиот трошок ќе биде на сметката на тој којшто направил прекршок. Онаму каде што не знаеме

Скопје | пред 7 месеци

media-librarykplf96e8mim9bvsfGjy

ЈСП ги ажурираше инфо-дисплеите на автобуските постојки по реакции од граѓаните

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје соопшти дека инфо-дисплеите поставени на автобуските постојки се ажурирани согласно најновата софтверска верзија, по добиените реакции и забелешки од граѓаните. Дисплеите се наменети за прикажување точни информации за реалното време на пристигнување на автобусите.Од претпријатието истакнуваат дека укажаните забелешки и сугестии од јавноста ги разгледуваат со должно внимание и дека континуирано работат на надминување на наталожените проблеми, како и на ун

Скопје | пред 8 месеци

media-libraryo5mjprjblclqeFWWRBD

Парализиран јавниот превоз: дел од автобусите на ЈСП не стигнуваат до крајните станици

Состојбата со врнежите од снег и патната инфраструктура до 09:00 часот покажува дека зимските услови и натаму влијаат врз нормалното одвивање на сообраќајот и снабдувањето во повеќе делови од државата. Во Битолскиот регион, на територијата на Општина Крушево, регионалниот пат Крушево – Пуста Река, кој е пат од втор приоритет, е прооден исклучиво за теренски возила и за возила со соодветна зимска опрема, а надлежните служби најавуваат интервенција во претпладневните часови. Во Општина Демир Хисар

Скопје | пред 8 месеци

259152317_476073507554637_2827034187181442103_n

Изменет режим на јавниот превоз на 19 јануари поради Богојавление

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје информираат дека во понеделник, 19 јануари 2026 година, поради верскиот празник Богојавление – Водици, јавниот превоз во главниот град ќе функционира по неделен возен ред.Исклучок од овој режим ќе бидат автобуски линии 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои на празничниот ден ќе сообраќаат според саботен возен ред.Од ЈСП дополнително соопштуваат дека на Водици, во периодот од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата во Транспортниот центар

Скопје | пред 8 месеци

media-libraryreve2k9tqeu94s2EZ3Y

Силен ветер ја стопираше жичницата на Водно, можни измени и на автобуски линии

Жичницата на Водно денеска (11 јануари 2026 година) нема да сообраќа поради силниот ветер, информира Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје.Од претпријатието појаснуваат дека јачината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за непречено и сигурно функционирање на жичницата. Надлежните служби ја следат состојбата на терен, а превозот ќе продолжи веднаш штом временските услови го дозволат тоа.Воедно, ЈСП Скопје информира дека поради ниските минусни температури и најавените в

Скопје | пред 8 месеци

media-library1ll9sle6u3sjaWlfPGV

ЈСП Скопје најавува можни измени во автобускиот сообраќај поради ниските температури и снег

ЈСП Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз дека, поради ниските минусни температури и најавените временски услови со можни врнежи од снег во Скопје и околината, во наредниот период можно е привремено прилагодување на сообраќањето на одредени автобуски линии.Од претпријатието појаснуваат дека ефектот на средствата за одржување на патиштата е ограничен при екстремно ниски температури, поради што на одделни делници може да се појават отежнати услови за сообраќај. Како резултат на тоа, де

Скопје | пред 8 месеци

media-libraryod2tk1qg50mj4ZAzR8I

(Видео) Викање и пцуење по шоферот: хаос се случи откако автобус на ЈСП доцнел, па се расипал на втора станица

Со дерење и пцуење по шоферот се манифестираше револтот на корисници на јавниот превоз, кои како што сведочат, речиси еден час чекале автобус кој вози на линија 9, за по една станица тој да се расипе.Од снимката доставена до „Скопје1“ се слуша како патниците му посочуваат дека саат време чекале.„На работали одиме? Што сме ние, говедо едно. Што прават горе, спијат?“, се слуша од снимката.Тие дополнитено посочуваат дека ѕвонеле во ЈСП, но никој не одговорил на повиците.

Скопје | пред 9 месеци

media-librarype2fkonetkjm67Xy1Hg

ЈСП Скопје: Нема заглавени патници на жичарата на Водно – информациите се неточни

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје реагираше на медиумските објави за наводен инцидент на жичарата на Водно, во кој, според некои извештаи, биле „спасени“ тригодишно дете и тројца возрасни патници.Во своето официјално соопштение, ЈСП категорично ги демантира ваквите информации, нагласувајќи дека на денешен ден не е евидентиран ваков настан, ниту настан од сличен карактер.„Категорично укажуваме дека содржината е објавена без соодветна проверка и ги доведува граѓаните во заблуда. Начинот на к

Скопје | пред 10 месеци

AVTOBUS-JSP

Автобус на ЈСП се запали во движење, возачот успеал навреме да застане

Утрово околу 06:30 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје избувнал пожар во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кој бил во движење, но без патници во моментот на инцидентот, соопшти Министерството за внатрешни работи.Пожарот бил брзо изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, а за среќа нема повредени лица.Полицијата извршила увид на местото на настанот и се работи на утврдување на причините за пожарот.

Скопје | пред 10 месеци

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

При влез во автобус паднал 85-годишен патник, му се затворила вратата

Инцидент во Центар, постариот маж се здобил со тешка повредаНа 13.11.2025 во 14:30 часот во СВВР Скопје, В.П. – возач на автобус во ЈСП Скопје, пријави дека на подрачјето на Центар, при затворање на вратите на автобусот, Р.У.(85) од Скопје кој влегувал во автобусот, паднал на коловозот и се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 10 месеци

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

60 приватни автобуси ќе бидат ставени во функција, БРТ системот влегува во ребалансот

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави нов пакет мерки за подобрување на јавниот градски превоз, по состојбата со нефункционалните линии и гужвите низ градот.„Имаме средба со приватните превозници по овој настан. Како што најавив, ќе бидат ставени во функција 60 приватни автобуси дополнително кои ќе го олеснат транспортот на нашите сограѓани. Во ребалансот ќе влезе и БРТ системот,“ изјави Ѓорѓиевски.Тој нагласи дека доколку навистина сакаме да го решиме сообраќајниот хаос во главниот

Скопје | пред 10 месеци

media-libraryo5mjprjblclqeFWWRBD

ЈСП: Во среда јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека по повод државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, јавниот превоз во главниот град ќе сообраќа по неделен возен ред.Од претпријатието информираат дека дежурна ќе биде билетарницата и центарот за персонализација на Транспортниот центар, кои ќе работат во периодот од 8 до 14 часот.Жичницата на Водно ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 18 часот. Последното возење од подножјето ко

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2022-12-04-at-16.30.59

Приватните превозници од денеска повторно возат редовно, ЈСП им исплати дел од долгот

Приватните превозници денеска возат според редовниот возен ред. ЈСП им плати дел од долгот, пари за нафта има.На сметката легнале шест милиони денари за трите компании. Приватните превозници во петокот побараа да им биде исплатен вкупниот долг од 170 милиони денари, од кој, како што велат добиле 90 милиони денари.Вчера возеа редуцирано од 5 до 10 часот.

Скопје | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања