Промени тема
Контакт

ЈСП Скопје најавува можни измени во автобускиот сообраќај поради ниските температури и снег

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-library1ll9sle6u3sjaWlfPGV

ЈСП Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз дека, поради ниските минусни температури и најавените временски услови со можни врнежи од снег во Скопје и околината, во наредниот период можно е привремено прилагодување на сообраќањето на одредени автобуски линии.

— реклама —

Од претпријатието појаснуваат дека ефектот на средствата за одржување на патиштата е ограничен при екстремно ниски температури, поради што на одделни делници може да се појават отежнати услови за сообраќај. Како резултат на тоа, дел од линиите ќе сообраќаат до локации кои во моментот се проценети како безбедни и проодни за автобусите, согласно проценките на надлежните служби.

— реклама —

Од ЈСП нагласуваат дека безбедноста на патниците и вработените е апсолутен приоритет и дека, доколку условите не дозволуваат сигурно одвивање на сообраќајот, ќе се преземаат соодветни мерки. За сите евентуални промени, јавноста ќе биде навремено информирана.

— реклама —

Во периоди на стабилно време, јавниот превоз ќе се одвива согласно редуцираниот делничен зимен возен ред, кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

— реклама —

Екипите на ЈСП Скопје, заедно со надлежните служби на Градот Скопје и локалните самоуправи, континуирано се ангажирани на терен со соодветна механизација, со цел навремено реагирање и создавање услови за безбедно и непречено функционирање на јавниот превоз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library14tnrm2avddjacSRZzR

Бесплатен јавен превоз во сабота во Скопје за „Бела ноќ 2026“

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library3pkqi1pbrok5cdJUwQ5

Автобусот 35 повторно на улиците: Радишани–Ново Лисиче со директна линија

Скопје | пред 3 дена

jsp-avtobus

Студентите во Скопје добиваат дигитална картичка за бесплатен јавен превоз

Скопје | пред 1 седмица

jsp-avtobus

Крај на летниот режим: Од 1 септември ЈСП Скопје со нов возен ред

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања