КАЈА ШУКОВА

kaja-shukova

Шукова: Жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од пожарот

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од редовите на СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција оцени дека жителите на Трубарево се оставени сами да се справуваат со последиците од опасниот пожар што избувна во саботата. Таа посочи дека граѓаните сè уште немаат информација какви токсини вдишувале и дали е безбедно да се движат надвор.Шукова додаде дека одлуката децата од Трубарево да следат онлајн-настава создава уште поголема збунетост, бидејќи не нуди одговор колку е загаден воздухот и каква е реалната опасност по нивното здравје и еколошка безбедност. Наместо брзи и ефикасни мерки за заштита на населението, според неа, институциите на локално ниво покажале целосна неодговорност и потфрлање.Таа нагласи дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ немаат утврден протокол за справување со еколошки хаварии. Според неа, и локалната и централната власт реагирале дури по силен притисок од јавноста и медиумите. „Не беше јасно кој носи одлуки – општината, градот или централната власт, но откако жителите на Трубарево се изнадишаа токсичен чад, вечерта сите се појавија за да се сликаат“, рече Шукова.Во врска со присуството на градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, таа праша во кое својство бил во Трубарево. „Јавноста не виде како помогнал во справувањето со еколошката катастрофа, но сите видоа дека дошол на сликање“, истакна таа.Шукова потсети дека Град Скопје и Општина Гази Баба биле првите што имале обврска да реагираат, но нивната пасивност и незаинтересираност, како што рече, најдобро ја отсликува неспособноста на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со кризни ситуации.„Опасните пожари од депониите веќе не се проблем само на една општина, туку проблем на целиот град. Повеќе не смее да се чека, населението мора да биде заштитено. Јас кажав дека имам план – и краткорочни и долгорочни мерки за решавање на депониите и отпадот. Ова не е политика, туку конкретни чекори што мора веднаш да се спроведат за Скопје да стане поздрава и побезбедна средина за сите жители“, изјави Шукова.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-10-115611

Шукова: Вардариште и Дрисла станаа симболи на хаосот во управувањето со отпад

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, на прес-конференција изјави дека Вардариште и Дрисла денес се симболи на распадот на системот за управување со отпад, а ВМРО-ДПМНЕ четири години не понудиле никакво решение за овој проблем.„По Вардариште, пожарот на Дрисла ги докрајчи жителите на Скопје. Ова е најдобар доказ за неодговорното и неспособно управување на ВМРО-ДПМНЕ со градот. Четири години немаат никакво системско решение за управување со отпадот, додека ризикот по здравјето на скопјани расте секој ден. Наместо конкретни мерки, добивме само популизам и празни ветувања,“ рече Шукова.Таа оцени дека додека градот се гуши во ѓубре и чад, градската власт одржува прес-конференции за, како што рече, нереални фестивали и паркови на контаминирано земјиште, за евтини партиски поени. „Град не се води со флоскули,“ додаде Шукова.Според неа, кандидатот за градоначалник Орце Ѓорѓиевски веќе со денови се крие и избегнува да се соочи со граѓаните. „Дали навистина мисли дека може да управува со Скопје со нереални ветувања? Проекти како ‘парк на Вардариште’ се класичен пример за краткорочен популизам кој не допира до суштината на проблемот,“ изјави Шукова.Таа порача дека СДСМ има јасен и конкретен план за решавање на проблемот со отпадот во главниот град. Меѓу итните мерки што ги најави се: оградување и обезбедување на просторот на Вардариште со контролиран пристап само за службите на комунална хигиена, како и воспоставување 24-часовно физичко обезбедување за спречување пожари и вандализам.На среден и долг рок, таа најави изградба на нова претоварна станица според европски стандарди, како дел од систем за целосно управување со отпад – од собирање, преку селекција, до финално депонирање во Дрисла. „Безбедноста, деконтаминацијата и изградбата на модерен систем се клучни за долгорочно решение,“ истакна Шукова.„Го повикувам уште еднаш Орце Ѓорѓиевски на јавно соочување. Ајде да им покажеме на скопјани кој има реална визија и план. Овој проблем не бара популизам – туку одговорност и работа. Здравјето на граѓаните мора да биде приоритет број еден,“ порача кандидатката за градоначалничка на Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

sukova

Шукова: ЗОО во Скопје ќе биде модерна и едукативна со хуман третман за животните

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска ја посети Зоолошката градина и ја претстави својата визија за нејзина целосна трансформација во современ, едукативен и хуман јавен простор.„Зоолошката градина треба да биде многу повеќе од место за прошетка. Таа треба да биде простор каде децата учат за животните и природата, каде семејствата се чувствуваат безбедно и пријатно, а животните живеат во достоинствени услови“, изјави Шукова.Шукова истакна дека моменталната состојба на ЗОО не одговара на потребите и потенцијалот што оваа институција го има. Дел од живеалиштата се дотраени, едукативната функција не е доволно развиена, а зеленилото не е соодветно одржувано, хигиената пак е на загрижувачко ниво.Шукова најави, обнова и модернизација на живеалиштата, според највисоки стандарди за благосостојба на животните, како и Еко-центар, во кој децата и младите ќе можат да учат за природата, климатските промени и заштитата на живиот свет. Засилување на зеленилото и инвестиции во чисти, одржливи извори на енергија, Според Шукова, Зоолошката градинатреба да биде на ниво на современа урбана средина која спојува едукација, екологија, заштита на животните и семејни вредности.

Скопје | пред 5 месеци

8901d99c-8d55-47b6-aaac-e64453b35a21

Шукова: Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, го обвини Орце Георѓиевски дека манипулира со граѓаните или целосно не ја познава состојбата, ветувајќи парк во Вардариште. Таа предупреди дека локацијата е еколошки и правно проблематична, со над 2 милиони кубни метри отпад, и дека единствен стручeн план е изградба на современа претоварна станица за отпад.Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Георѓиевски, ветува „парк“ на локацијата Вардариште – најзагадената и технички најкомплицирана точка во главниот град. Со ова ветување Георѓиевски само потврдува дека или свесно манипулира или воопшто не знае што зборува, што го прави целосно неспособен и некомпетентен за функцијата што ја бара од скопјани.„Во Вардариште има над 2 милиони кубни метри отпад, одлаган без никаква подлога. Тоа е локација со висок ризик по здравјето и животната средина“, изјави кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова.„Само процесот на санација и деконтаминација на тоа земјиште би траел со години, пред воопшто да може да се зборува за било каква употреба, а најмалку за парк“, посочи Шукова.Покрај еколошката загрозеност, постојат и правни и технички пречки за било каква интервенција на теренот.„Во моментов тече арбитражна постапка во Париз поврзана со проектот ‘Скопски колектор’, кој поминува токму низ Вардариште. До завршување на таа постапка, ниту смее ниту може да се менува намената на тој простор“, предупреди Шукова.„Уште во 2017 година, со поддршка од ЕУ, е изработена детална техничка документација со која јасно се предвидува: Вардариште треба да биде локација за современа претоварна станица за отпад. Тоа е единствениот стручен и легитимен план. И јас стојам зад тој план“, изјави Шукова.Во моментов е во тек и јавна набавка за поддршка на целиот регионален систем за управување со отпад во Скопскиот регион. „Секој обид за политичка интервенција на Вардариште пред завршување на оваа постапка е опасен, штетен и спротивен на сите законски и еколошки норми“, додаде Шукова.СДСМ остро реагира на ваквите лажни ветувања и го повикува Орце Георѓиевски да престане со ширење неосновани фантазии и да одговори за четиригодишната неспособност на неговата партија додека беа на власт во Градот Скопје.„Георѓиевски не нуди решение. Тој нуди изборна измама. Вардариште, што ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска го оставија да гори и да труе, сега се користи за предизборен маркетинг. Но скопјани веќе еднаш беа излажани со 150 автобуси, мега паркови и слични бајки. Време е за сериозен, стручен и државнички пристап“, заклучи Каја Шукова, кандидатка за градоначалничка на Скопје од СДСМ.

Скопје | пред 5 месеци

sukova-kaja

Шукова: Поголема поддршка на независната културна сцена во Скопје- тоа е инвестиција во креативната иднина на градот

Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, одржа средба со претставниците на независната културна сцена од Културно-социјалниот простор „Јадро“, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои се соочуваат претставниците на независната културна сцена.Шукова на средбата посочи дека тие се едни од клучните двигатели на креативниот развој, иновацијата и демократските вредности во нашето општество.„Како кандидат за градоначалник на Град Скопје, чувствувам одговорност да најавам поголема поддршка за работата на независната културна сцена. Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град – во неговата креативност и човечност“, рече Шукова.На средбата, Шукова посочи дека за развојот на независната културна сцена е важно да се создадат слични вакви културни јадра и во другите општини, а дополнително се отвори и прашањето за можноста за зголемување на финансиската поддршка.„Независната културна сцена претставува важен двигател на културниот и општествениот развој на Скопје и затоа сметам дека заслужува поддршка. Потребно е да се обезбедат услови за проширување на просторните капацитети но и да се размислува за отворање на слични културни јадра и во другите општини. Затоа и ќе се заложам за обезбедување поддршка не само во простор, туку и зголемена финансиска поддршка за програмските активности на независната сцена која активно твори и придонесува за културниот живот во градот Скопје“, рече Шукова.Културно-социјалниот простор – Јадро е професионална, отворена и инклузивна платформа која во континуитет ги поддржува уметниците, културните работници, граѓанските организации и граѓаните. Со повеќе од 100 културни настани во текот на годината, оваа установа е модел за успешна соработка помеѓу локалната власт во општина Центар и културната сцена.

Македонија | пред 6 месеци

Kaja-SDSM-1

Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска испрати силна и емотивна порака до скопјани, по повод 62-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди градот во 1963 година.Шукова потсети на солидарноста и заедништвото со кои Скопје беше изградено одново и порача дека токму тие вредности мора повторно да го поведат градот напред.„Скопје беше повторно изградено со срце, со волја и пред сѐ со солидарност. И токму заедништвото и искрената љубов кон градот се двете сили кои единствено можат да го водат овој град напред. Денес, ни се потребни повеќе од било кога“, изјави Шукова.Кандидатката за градоначалничка остро се осврна на изминатите четири години од актуелното локално раководство, обвинувајќи го за неспособност и занемарување на интересите на граѓаните.„Скопје изминатите четири години беше силно погодено од неспособност, лични интереси и негрижа. Духот на Скопје се рушеше и обезличуваше секој ден, оставајќи ги скопјани немоќни пред партиските интереси“, рече Шукова.Таа истакна дека како иден градоначалник ќе работи со чесност и одговорност, посветена на граѓаните.„Никогаш како градоначалничка нема да дозволам личните, партиските и било кои други интереси да го уништат градот. Ветувам дека во работата ќе ме водат двете сили кои во 1963 го издигнаа Скопје под рушевините – силата на љубовта кон градот и силата на заедништвото со секој од вас“, порача таа.Шукова заклучи дека Скопје заслужува повеќе и повика на нов почеток.„Градот што го преживеа најтешкото, заслужува повеќе. Ние сите заслужуваме повеќе бидејќи го сакаме овој град. Скопје може подобро и ќе биде подобро. Затоа што Скопје сме сите ние. Време е да му дадеме нова сила. Време е да ги земеме работите во свои раце“, истакна Шукова.СДСМ најавува кампања што ќе понуди реални решенија за сите предизвици со кои се соочува Скопје и визија за град кој им припаѓа на своите граѓани.

Македонија | пред 6 месеци

kaja-sukova

Каја Шукова контра Орце Ѓорѓиевски во битката за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче објави дека кандидат за градоначалник на Скопје ќе биде потпретседателката на СДСМ Каја Шукова. Ексминистерката за животна средина, ќе се трка во Скопје со градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.За Општина Карпош кандидатка за градоначалник ќе биде д-р Маја Мојсова Миовска, поранешна директорка на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), додека на Општина Кисела Вода Горан Трајковски, кој е поранешен директор на Државен пазарен инспекторат, за кандидат за Општина Битола – претседателот на Општинската организација Методија Куновски, во Валандово актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница претседателот на Општинската организација Гоце Милевски, во Зрновци претседателот на ОО Ванчо Митев, во Кавадарци регионалниот партиски координатор Виктор Велевски.Во Општина Маврово Ростуше кандидат ќе биде Анес Ахмети, во Општина Ново село Петар Спасов, во Петровец Елизабета Зелениковска, во Прилеп претседателката на ОО Петра Лукаровска, во Радовиш партискиот претседател Ристо Спасов, во Свети Николе Дејан Гичев, во Општина Чашка актуелниот градоначалник Горан Стојановски, во Општина Брвеница Светлана Митревска Анџелковска.

Македонија | пред 6 месеци

MixCollage-16-Jul-2025-08-47-AM-585

СДСМ со свој кандидат за Скопје, се разгледуваат четири имиња: Ралев и Шукова во најтесен избор

Социјалдемократскиот сојуз ќе влезе во трката за градоначалник на Скопје со свој кандидат, а официјалното име ќе биде објавено најдоцна до крајот на јули. Засега, како најсериозни опции се споменуваат Мишко Ралев и Каја Шукова, но според изјавата на претседателот на партијата, Венко Филипче, во комбинација се и уште две други личности.Филипче, гостувајќи во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, нагласи дека не сака однапред да зборува за проценки во однос на поддршката што би ја добиле на изборите – ниту за бројот на гласови, ниту за очекувани советници и градоначалнички позиции.– Даваме максимум за да ги претставиме најквалитетните кандидати и да ја добиеме довербата на граѓаните. Важно е нашите кандидати да имаат интегритет и да покажат дека можат да работат чесно и одговорно. Скопјани ќе добијат кандидат кој ќе обединува, порача Филипче.

Скопје | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања