КИСЕЛА ВОДА

vec1

Ѓорѓиевски: Идеите за сработеното ги црпам од граѓаните и нивните потреби

Граѓаните се непресушен извор на идеи и од средбите со нив произлегоа голем број на проекти, изјави за Вечерното шоу на Богдан Илиевски градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, говорејќи за промените што и се случија на општина Кисела Вода во неговиот мандат. Потенцираше дека е потребна волја и желба да се менуваат нештата на подобро и дека најважното нешто за еден политичар е да остави зад себе дела кои го подобриле животот на граѓаните.-Доволно е да имате близок контакт со граѓаните, да ја живеете и да ја познавате материјата, да ги познавате проблемите, да знаете што е фокус и што е она што со години ги мачи нашите граѓани. Кисела Вода беше една општина каде што минатите избори кога јас бев кандидат, сеуште во многу населени места приоритет беше фекална канализација, водоводна мрежа, проблеми кои беа предизвик да се решат. Можам да кажам дека на крајот на денот, кога ќе го завршам мандатот, а јас имам уште година и еден месец, тоа повеќе тоа нема да се споменува и ќе остане зад нас како едно од тешките, горливи прашања кои се надминале.Доволно е да сакате да ги промените работите во оваа работа, секогаш ќе има идеи, секогаш ќе има некој граѓанин кој на приемните денови кој ќе истакне некоја идеја која мене на мене и а мојот тим не ни била приоритет, имаме и такви проекти кои се реализирани. Раководење на општина е жива материја, можеби вие кога ја правите програмата до вас допираат идеи на малкумина граѓани, но кога навлегувате во материјата детално сфаќате дека тоа што сте го предвиделе во програмата за одредено населено место не е до толку голем приоритет, наспроти она што е вистинска потреба на граѓаните. Има и нови проблеми кои тековно се појавуваат, но најважно од се’ е да се има волја, да се даде се’ од себе. Jас така ја имам разбрано политиката, еден ден ќе завршам со политика и важно е зад себе да оставам дела-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

Protivpozarno-vozilo-kvoda-2

Ѓорѓиевски: Обезбедено е ново противпожарно возило за потребите на Кисела Вода

Кисела Вода обезбеди противпожарно возило кое има за цел да ги заштити животите и имотот на граѓаните. Како што објави на прес конференција градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ова возило кое е донација од “Шпаркасе Лизинг”, ќе и биде понудено на Противпожарната Бригада-Скопје, со цел таа да може поефикасно да одговори на идните предизвици и да ги заштити жителите на општина Кисела Вода. Се заблагодари на компанијата за покажаната општествена одговорност, а директорот Марјан Манчев му ги предаде клучевите од возилото и најави дека ова е почеток на соработката од која треба да произлезат бројни проекти во интерес на граѓаните.-Со големо задоволство денес сакам да објавам дека во насока на зголемување на безбедноста на нашите граѓани, со цел да се заштитиме од непредвидливите и разорни последици на пожарите, Општина Кисела Вода успеа да обезбеди противпожарно возило. Секое лето, а посебно изминатово, сите видовме колку лесно и брзо може да се запали и прошири пожар, загрозувајќи го животот, домот и природата и за жал увидовме дека е неопходно подобрување на капацитетите на нашата Противпожарна Бригада. Голема е мојата благодарност до компанијата “Шпаркасе Лизинг”, која ги препозна нашите намери и како општествено одговорна компанија, покажа исклучителна грижа за безбедноста на нашата заедница, донирајќи ни го ова противпожарно возило. Ваквите партнерства меѓу приватниот сектор, општините и јавните служби се и повеќе од потребни кога за цел имаме подобрување на условите за живот на сите граѓани. Она што е наш следен чекор, како локална самоуправа е да и’ го понудиме ова возило на Противпожарната Бригада, со цел, таа да може побрзо и ефикасно да реагира и да ги заштити граѓаните, а пред се’ жителите на општина Кисела Вода. Сметам дека снабдувањето со ново возило претставува значајна помош, особено во моменти кога навистина е неопходно брзо и ефикасно да се реагира-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Директорот на “Шпаркасе Лизинг”, Марјан Манчев истакна дека како компанија која е длабоко посветена на општествената одговорност и поддршката на локалните заедници, го препознаваат значењето на соработката меѓу приватниот сектор и јавните институции и ја продолжуваат таа традиција преку донацијата на противпожарно возило на Општина Кисела Вода.-Знаеме дека секоја општина се соочува со предизвици кои бараат брзи и ефикасни одговори, особено во ситуациите кога е загрозена безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Противпожарното возило кое ќе помогне во спасувањето на животи и намалувањето на штетите во моменти кога секоја секунда е важна. Со оваа донација, се надеваме дека ќе придонесеме кон уште побрза и поефикасна реакција на противпожарните служби за жителите на општина Кисела Вода. На крајот, би сакал да потенцирам дека и понатаму ќе останеме отворени за соработка и поддршка на вакви и слични иницијативи. Заеднички, можеме да направиме многу повеќе за нашата заедница и нашата иднина-изјави директорот Манчев.

Скопје | пред 1 година

orce-kisela-voda-3

Ѓорѓиевски со нов проект: младите брачни двојки ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии за градење куќа во Кисела Вода

Градоначалникот Ѓорѓиевски го промовираше проектот „Кисела Вода - адреса за заеднички дом”, преку кој младите брачни двојки ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии за градење на куќа во Кисела ВодаГрадоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес ја промовираше новата мерка “Кисела Вода - адреса за заеднички дом” преку која брачните парови до 40 годишна возраст кои немаат друг имот во своја сопственост, од Општина Кисела Вода ќе добијат можност за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште. Покрај тоа што овој проект овозможува полесен пат до сопствен дом и значаен чекор напред во борбата за демографска обнова на Република Македонија, во борбата против депопулацијата и одливот на млади и образовани луѓе, придонесуваме и кон поголема родова еднаквост во сферата на сопственост на недвижниот имот, бидејќи “Кисела Вода - адреса за заеднички дом” бара двајцата брачни другари да бидат инвеститори.-Денес, со големо задоволство го промовираме стартот на кампањата “Кисела Вода - адреса за заеднички дом”. Се работи за мерка која претставува директен одговор на потребите на младите брачни парови кои се стремат да изградат свој дом во нашата општина и претставува значаен чекор напред во борбата за демографска обнова на Република Македонија. Преку ослободувањето од плаќањето на комуналии, предвидено на ниво од 40% за објекти во рамки на ГУП на град Скопје и 100% за објекти надвор од ГУП, нашата општина го олеснува патот кон изградба на сопствени домови за младите . Илустративно, за изградба на куќа од 100 квадратни метри во Црниче, младата брачна двојка би добила финансиско ослободување во износ од 6600 евра, додека во село Драчево, за истата квадратура, ослободувањето би било 5000 евра.Дополнително, во наредниот период, ќе бидат обезбеди три типски проектни документи за куќа од 80, 100 и 120 квадрати, кои бесплатно ќе може да се симнат од општинската веб страница. Условите за изградба на објекти со намена А1-Домување – односно куќи, се прилично едноставни: Инвеститори мора да бидат двата брачни другари, кои не се постари од 40 години , брачните другари да немаат друг објект во нивна сопственост и да не водат постапка за легализација на бесправно изградени објекти, проектот, како составен дел од документацијата за одобрение согласно закон, да содржи само една станбена единица и инвеститорите мора да склучат договор со општината дека објектот нема да го отуѓуваат во рок од 10 години од денот на склучувањето на договорот.Оваа одлука вчера доби мнозинска поддршка од Советот на нашата општина, за што во овој момент сакам да упатам голема благодарност до советниците. „Кисела Вода – адреса за заеднички дом“ не е само мерка, туку и визија за заедничка иднина- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, изразувајќи надеж дека овој чекор ќе го следат и другите општини.-Со овој чекор, ние придонесуваме за демографскиот развој на нашата држава, која се соочува со значајни предизвици во контекст на депопулацијата и одливот на млади и образовани луѓе. Впрочем, и Владата на Република Македонија го постави демографскиот развој како клучен приоритет за стабилноста и економскиот напредок на нашата земја и секој од нас, е должен да вложи максимални напори за да ја поддржиме нашата младина да остане овде, да создаде дом и семејство-потенцираше Ѓорѓиевски.На прес конференцијата тој ја истакна и компонентата за родова еднаквост во овој проект.-Она што е исто така сметам дека е важно да се истакне е дека преку „Кисела Вода – адреса за заеднички дом“, паралелно придонесуваме и кон поголема родова еднаквост во сферата на сопственост на недвижниот имот. Според податоците, само 27% од сопствениците на недвижности се жени, и затоа, со предлог-одлуката која бара двајцата брачни другари да бидат инвеститори, ние создаваме услови за поголема еднаквост-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

regulatorna

Центар и Кисела Вода денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација информира дека за денеска имаат планирано две интервенции во водоводната мрежа.- поради изведување на водоводен приклучок ф- 200 мм на ул. Борис Трајковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно зградите од комплексот „Трим & Лум“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. (општина Кисела Вода)- поради менување на вентил ¾ на улица Македонија 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Центар)

Скопје | пред 1 година

IMG_4224

Пред изгрејсонце гореа три возила во Кисела Вода: две се во сопственост на скопјани, едно на кумановец

Денеска (15.09.2024) во 04.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територија на Кисела Вода, биле опожарени три возила.Гореле патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.С.(32) од с.Биљановце, кумановско, патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, сопственост на М.С.Е.(31) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистерски таблички, сопственост на Љ.М.(62), од Скопје.Огнот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

IMG_3187

На опожарени места во Кисела Вода градење нема да има, дециден е Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, дециден е дека на опожарените места во Расадник, нема да има градење. Тој се заблагодари за интервенциите од сите кои учествувале во гаснењето. За полицијата посочи дека имала брза и професионална разрешница.“Почитувани припадници на МВР, почитуван министер Панче Тошковски, дозволете ми да ја изразам мојата благодарност за брзата, професионална и експедитивна разрешница на случајот со подметнатиот пожар во Расадник, Кисела Вода. За жал, нечија детска игра може да донесе сериозни последици, како што беше случај кај нас пред 3 дена. Имено, се работи за тројца малолетници кои на територијата на Расадник, фрлале пиротехнички средства кои претходно ги запалиле со запалка, по што се запалила сувата трева. Пожарот брзо се рашири и изгореа над три хектари површина!”, објави ЃорѓиевскиТој упати апел до родителите.“Против 14 годишниот поднесена е кривична пријава за ,,предизвикување општа опасност”, казниво по член 288 од Кривичниот законик. Благодарение на противпожарните екипи и брзата реакција, за што сакам и нив да им изразам длабока почит, МВР, населението и службите на општината спречивме катастрофални последици со кои можеше да биде трагично по животот на мојот народ, како и нивниот имот. Дозволете ми да апелирам и до родителите да внимаваат на своите деца, особено во вакви периоди на пожари. Детската игра може да биде фатална. Сите ние сме родители и сите сакаме најдобро за нашите дечиња, затоа треба и така да се однесуваме”, смета Ѓорѓиевски.Градоначалникот е дециден - на опожарените места нема да има градење.“А сега, откако се крена маглата кои некои сакаа да ја наметнат, особено оние кои планира 99 згради во Расадник според ДУП-от кој јас го поништив, уште еднаш сакам да потенцирам дека на опожарени места во Кисела Вода - НЕМА ДА ИМА ГРАДЕЊЕ! Уште еднаш, благодарам и поклон до земја за МВР, ЦУК, Противпожарната бригада и мојот храбар народ”, посочува Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

reels.09_52_47_25.Still008

(Вознемирувачко видео) Силувачот во Кисела Вода се обиде ладнокрвно да замине, додека жената не можеше да се соземе од шокот

Повеќе од две минути траел обидот за силување на 30-годишната скопјанка во Кисела Вода, покажуваат видео материјалите до кои дојде „Скопје1“. Ја спасиле врисоците, но и упорната борба со силувачот. Од снимките се слуша како жртвата извикува: „Помош, пушти ме“, а нападот врз неа се случува непосредно пред булеварот „Борис Трајковски“, кај црквата.Силувачот не се откажува и натаму ја држи соборена на земја, по што, доаѓа лице од страна кое му го одвлекува вниманието, а жртвата успева да избега. Откако жената поминува улица, истото го прави и силувачот, а тука излегува и уште еден маж кој ги слушна врисоците.Додека жртвата е исплашена и во шок, лицата кои и помогнаа на жената тргнаа да го фатат лицето и го совладаа. „Скопје1“, претходно објави снимки од тој момент.Засега е познато само дека станува збор лице со иницијали С.Г., кој има 31-година. Обвинителството побара, а судот му изрече 30 дневен притвор.*Жртвата е замаглена на снимката, а нејзиниот глас измутиран - со цел нејзина заштита.

Скопје | пред 1 година

456909747_1044796650606957_2199293116751738094_n

(Видео) Орце во Охрид ги посети децата кои Кисела Вода ги праќа на летување: Околу 160 дечиња ќе имаат одмор за паметење!

Децата кои доаѓаат од семејства со социјален ризик, заедно со спортистите од Кисела Вода и годинава се на летување. Мерката ја спроведува градоначалникот, Орце Ѓрѓиевски, кој отиде и да ги посети.„Логорувавме, правевме скара, многу се забавувавме, возевме кајак, спортувавме, игравме игри и поминавме цела вечер заедно. Околу 160 дечиња ќе имаат одмор за паметење, незаборавни спомени и вечни пријателства“, објави Ѓорѓиевски.Тој посочува и: „Ваквата радост, спојот на дечињата од различни генерации е тоа што не може да се опише со зборови туку треба да се доживее, а јас - ја имав таа чест во прво лице!“Ѓорѓиевски посочува дека локалната влст се бори за секоја детска насмевка.„Ова е она за кое се бориме, детската радост. Ете токму ова е тоа за кое вреди секоја жртва, секоја непреспиена вечер и макотрпна работа“, додава градоначалникот.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Дефект на цевка ќе ги остави без вода дел од жителите на Кисела Вода

Регионалниот ЦУК Скопје известува денеска заради дефект на водоводна цевка со пречник ф-200мм кај ул. „Христо Татарчев“ бб во Скопје (кај ЈСП последна автобуска станица за број 24), прекинато водоснабдување ќе имат објектите крај дел од истата улица, односно објектите во непосредна близина.Водоснабдувањето ќе било прекинато до завршување со санација на дефектот.

Скопје | пред 1 година

orce-danela-768x531-1

Ѓорѓиевски повика на прес за казната од Данела, за која рече: “Не е стигната”

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски уште не добил казна од Град Скопје од 90.000 евра за фрлањето на ѓубрето пред депонијата „Дрисла“. Вели дека од извори во Град Скопје дознал оти е пишана казна и дека инспекторите ги уценувала градоначалничката Данела Арсовска.„Знаеме дека инспекторите под притисок потпишале. Им рекла или потпишете или ќе летате од работа. Оваа казна е неоснована оти отпадот е одложен на територија која не е под надлежност на Град Скопје. ‘Дрисла’ се наоѓа на територија на општините Студеничани и Сопиште. Тоа му е исто како сега да излеземе ние и да почнеме да казнуваме на територија на Општина Велес“, рече Ѓорѓиевски и кажа дека Арсовска „е некадарна, неспособна, не си ја знае работата и ингеренциите и само лечи фрустрации“.„За оваа казна нема ниту еден денар да биде потрошен од буџетот на Кисела Вода, затоа што за оваа казна нема основ. Казната е за одлагање на отпад во неделата кога знаете дека после час и половина со изживување со нашите служби, не дозволување на нашите камиони да го одложат отпадот во „Дрисла“, по неколку предупредувања дека не го враќаме отпадот во градот и дека истиот ќе го одложиме пред „Дрисла“ каде не е надлежна Арсовска и Скопје ние го одложивме таму отпадот“, додаде тој.

Скопје | пред 2 години

orce

Орце Ѓорѓиевски доби казна од 90.000 денари поради непрописно одлагање на отпад, најави детали на прес конференција

Од Општина Кисела Вода, пристигна известување за прес-конференција која ќе се одржи денес на пладне, во врска со последните случувања поврзани со отпадот и информација дека е пишана казна за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вредност од речиси 90.000 евра поради непрописно одлагање на наталожениот отпад собран од улиците во општина Кисела Вода По тој повод, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес конференција.Инаку, Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, во неделата вечерта, го истурија насобраниот отпад од двете општини пред Дрисла, откако од депонијата одбија да им дозволат ѓубрето да го истурат внатре.Засега нема информации дали казна заработил и Муцунски.

Скопје | пред 2 години

Gjorgjievski-04.01

Ѓорѓиевски: За донација на УСЈЕ гласаа советниците на Левица, дали сега според нивната дефиниција тие самите земале поткуп?

Советниците од фејсбук партијата Левица кои година и пол земаат пари од граѓаните и за истите наместо да работат во нивна служба тие пишуваат статуси, добро би било за промена конечно да се запознаат со својата работа, вели градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.„Јас ниту сум гласал за донација од Усје ниту можам да гласам - ТИЕ ГЛАСАА!Ако им проаѓаат приказните за мали деца низ цела Македонија, во интерес на вистината јас нема да дозволам некој да манипулира со чувствата на граѓаните затоа што и моето петгодишно дете и мојата фамилија живее во Кисела Вода и јас сум првиот кој се бори против тоа, но заклучно со моите ингеренции!Почитувани, добро знаете дека мојата работа е транспарентна и секогаш отворена за народот, па од таму на почеток сакам да истакнам дека јас ниту некого сум штител ниту пак имам намера да штитам и единствениот пакт што го имам е со мојот народ!Политичар за мене е да се грижиш за доброто на граѓаните, за оние кои ти ја дале довербата и за унапредување на нивниот живот а не да бидеш политикант кој одвреме-навреме ќе напише ,,хаха” статус на социјалните мрежи, па макар тоа да биде и целосна измислица со цел да се ,,оправда” неработењето, незнаењето и неисполнувањето на неколкуте илјади ветувања при доаѓање на власт. Но, народот гледа, тој е оној кој дава и зема.Да одиме по ред и со докази:Одлуката за донација на цемент од компанијата Цементарница Усје со која ревносно тврдат, цитирам, ,,е купен градоначалникот на Кисела Вода”, не е изгласана од моја страна туку од оној кој има надлежност за тоа, во случајов - Советот од кој се дел самите советници на Левица. Јавноста треба да знае дека за оваа одлука која сега оваа партија ја именува како поткуп, гласале СИТЕ советници, вклучително и советниците на Левица што добро се гледа и од стенограмот од седницата на која е донесена таа одлука.Ако е ова поткуп, како што тие велат, биле ли тие, советниците од Левица, поткупени кога гласале ЗА или се надевале на некаков надомест за гласањето, па сега се чувствуваат изиграно?Исто така, многу е симптоматично што Левица или има тотално непознавање или свесно манипулира со лажни информации за надлежноста околу контролирањето на загаденоста кога е во прашање Цементарница Усје.Голем сомнеж буди и целосниот молк од страна на Левица околу институциите од централната власт и градот Скопје за кои и обичните граѓани знаат дека тие се единствените кои имаат надлежност да ја контролираат Усје.Ако се работи за незнаење, на располагање им ги нудам сите наши служби за да ги едуцираат и информираат каде треба да реагираат и да бараат одговори.Имено, Цементарница Усје има добиено А интегрирана еколошка дозвола за чие одобрување е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање. Контрола на издадените А интегрираните еколошки дозволи, односно контрола на работата на Цементарница Усје врши Државниот инспекторат за животна средина.Тука сакам да ве известам и дека од страна на Општина Кисела Вода е пратен допис до надлежните со барање за почести контроли. Воедно, во изминатиов период се случуваа и рушења на дивоградби и борба со урбаната мафија, нешто што 30 години не се случувало во оваа општина.Затоа и збунуваат ваквите обвинувања, отворајќи сомнеж за други пактови, но не мој, туку на партијата Левица, за кои треба да им одговорат на граѓаните.За сите овие невистини и лажни обвинувања секако, ќе поднесам тужба до надлежните органи па ќе си го кажат ова таму каде што треба“, се вели во објавата.

Скопје | пред 3 години

Izgraden-zatvoren-pazar_KV_MLS_2022_10

Изграден затворен пазар во Кисела Вода

Вкупната вредност на проектот за изградба на затворен пазар во Кисела Вода е 13 милиони денари, од кои 9,8 милиони денари се обезбедени од буџетот на државата преку Министерството за локална самоуправа, со што граѓаните на општина Кисела Вода добија модерен и безбеден простор за продажба и за снабдување со прехранбени производи.Од Министерството за локална самоуправа во 2022 година се финансирани 14 локални проекти од буџетската Програма за намалување на диспаритетите помеѓу и во планските региони и за зголемување на конкурентноста.Веќе на почетокот на наредната година ќе биде објавен нов јавен повик за финансирање на проекти од буџетската Програма за намалување на диспаритетите помеѓу и во планските региони и за зголемување на конкурентноста за 2023 година, на кој што можат да се јават општини, граѓански организации, установи и други непрофитни субјекти со проекти кои што имаат влијание на развојот на општината и на планскиот регион.Од оваа буџетска програма со 11 милиони денари се финансира и изградба на пат во општина Василево, во општина Босилово се финансирало изградба на бетонски одводен канал, а во општина Карбинци се санира мост на реката Брегалница со 5.8 милиони денари.Во општина Демир Хисар е набавена механизација за чистење на пат, во Битола се поддржува развојот на велосипедски туризам, во Охрид пак е планиран развој на спортски туризам, во општина Кривогаштани се финансира проект за зачувување на културното наследство, во општина Македонски Брод изградба на канал за одведување на отпадни води, во Струмица изградба на дом на култура во село Куклиш, во Штип се подобруваат условите за почист и помодерен град, се реконструира пат во општина Василево, а во Босилово се гради одводен канал.

Скопје | пред 3 години

2-1

(ФОТО) Додека Данела и Орце водат битка за знакот, „никна” нов плакат во Кисела Вода

По отстранувањето на таблата „Ја сакам Кисела Вода“ од страна на Град Скопје по налог на Данела Арсовска и борбата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да покаже колку ја сака општината, се отвори трет фронт.Плакат со истиот натпис изминативе денови е поставен во близина на кафулето Манго.Групата која го постави плакатот ги повика двајцата градоначалници, кандидати на ВМРО-ДПМНЕ да дојдат да го отстранат плакатот ако навистина сметаат дека можат, со коментар дека „Кисела Вода е на сите, општината ја сакаат сите жители и не е ничија своина“.Додека Арсовска и Ѓорѓиевски водат битка за знакот, плакатот поставен во близина на кафулето Манго остана на местото каде што беше поставен.Град Скопје го урна знакот „Ја сакам Кисела Вода“ поставен на пешачкиот остров меѓу улицата Народни херои и булеварот Борис Трајковски.Потоа градоначалникот преку социјалните мрежи порача дека покажувањето сила кај него не поминува, а знакот ќе биде повторно вратен.

Скопје | пред 3 години

gradinka-2

Левица: Градоначалникот на Кисела Вода одби да ја стави точката за бесплатни градинки на дневен ред

Поради тешката економска криза со која се соочуваат граѓаните, советниците на Левица поднесоа инцицијатива за иземање од учество на партиципацијата во градинките во општина Кисела Вода.„Кавадарци е првата општина каде оваа иницијатива е прифатена и ќе се пристапи кон нејзина реализација, додека во општина Карпош иницијативата за бесплатни градинки беше прифатена од Советот да се пристапи кон нејзина понатамошна реализација.Претседателот на совет на општина Кисела Вода, Иван Живковски, а со амин од Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оваа иницијатива одби да ја стави на дневен ред за гласање, иако се работи само за иницијатива која истата ќе се проследи до стручните служби на понатамошна разработка.Скандалозно е ваквото однесување на новата локална власт, која не дозволува ниту да се отвори дискусија за прашања кои се од интерес на жителите на Кисела вода.Дали градоначалникот Орце со ваквото однесување смета дека децата од нашата општина не треба да имаат бесплатни градинки“, се вели во соопштението на Левица.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања