КИСЕЛА ВОДА

orce-kisela-voda-4

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски даде отчет: „Најдоброто допрва доаѓа“

Под слоганот „Најдоброто допрва доаѓа”, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера вечер, во преполната спортска сала “Независна Македонија”, даде отчет за сработеното во изминатите три години.Во своето обраќање пред околу 1000 граѓани, тој истакна дека се реализирани 95% од програмата, но и и проекти што не биле планирани, но во комуникација со жителите, се појавиле како итни и неопходни. Низ бројки, реконструирани се улици со должина од над 59 км, во сите населби и населени места.Изградени и обновени се над 11 kм фекална канализациона мрежа, 5,5 km атмосферска канализација, како и 3,6 km нов водовод. Како капитален го издвoи проектот за водовод и фекална канализација во населбата Стаклара Каменик, на кој ниедно претходно раководство не се нафаќаше поради сложеноста на зафатот и превисоката цена за негова реализација.Информираше дека Општина Кисела веќе ја реализира фекалната канализација, а со одлуката на Владата на Република Македонија и Премиерот Христијан Мицкоски одобрени се 600.000 евра за изградба и на водоводот во Каменик-Стаклара. Градоначалникот Ѓорѓиевски информираше и за инвестициите во образованието: дигитализација,сензорни соби и пречистувачи за сите училишта, проектот „Ранче за секое прваче“, проектот за бесплатни училишни униформи, доделените парични награди, бесплатни летувања и спортски кампови за најуспешните ученици и за децата од социјално загрозените семејства за кои се обезбедени бесплатни ужини, часови по странски јазици, спорт и информатика и низа други погодности.- Како капитален проект, би ја издвоил изградбата на нов училишен објект за ООУ „Св. Климент Охридски“ во Драчево, кој ќе овозможи уште подобри услови за учениците. Претходно целосно го реконструиравме ООУ “Кузман Јосифовски Питу” кое сега е првото целосно инклузивно основно училиште во земјава. Вложуваме и во сите останати училишта во реновирање и доградби, со цел наскоро сите да преминат на настава во една смена. Реализирани се и 9 поголеми инфраструктурни зафати за изградба на нови градинки и проширување на постоечките капацитети и сега, за упис чекаат само околу 40 дечиња. Со изградбата на двете нови градинки кои се во процес, листата на чекање конечно ќе се затвори-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.Во своето излагање тој ги спомена двата нови пазари, отворањето на кино и библиотека во Кисела Вода, но посебно се задржа на дигитализацијата, меѓународниот конкурс за Расадник и бројните проекти во сферата на урбанизмот кои го сменија поранешнит лош имиџ на општината.- За само три години, Кисела Вода е пример на целосно нова реалност. Со дигитализација на многу административни услуги, таа стана првата дигитализирана општина на Балканот и како таква, препознаена од многу релевантни институции за својата транспарентност. Ние сме горди што сме избрани како единствената македонска општина која е дел од повеќе меѓународни здруженија што ја имаат транспарентноста како главен столб, како што се OGP (Отворено владино партнерство) и Б40 мрежата на градови - лидери од Балканот. Покрај тоа, нашата општина се запиша во историјата како првата што по катастрофалниот земјотрес во Скопје распиша меѓународен конкурс за идејно решение за Детален урбанистички план за Расадник. Таму, каде што претходното раководство имаше намера да изгради 99 згради, ние создаваме модерно, одржливо и хумано урбанистичко решение. Наместо Расадник да се спомнува во негативна конотација, сега за него пишуваат светски реномирани архитектонски списанија, а го поддржуваат и граѓаните и македонската стручна јавност. Проектите што победија, се изработени од истакнати светски архитекти, со активно учество на жителите на Расадник, кои беа вклучени во целиот процес-истакна Ѓорѓиевски додавајќи дека очекува новиот проект “Кисела Вода-адреса за заеднички дом”, преку кој општината ги ослободува од плаќање на комунални такси младите брачни парови, да помогне да ги задржиме младите во нашата земја и да помогне во намалување на депопулацијата. Говоеше и за инвестицијата во спортската инфраструктура, изградбата на 13 спортско рекреативни центи, 6 спортски сали, 7 паркови, 19 детски катчиња.- Како круна на овие спортски проекти, би сакал да ја издвојам целосната реконструкција на спортската сала "Рaсадник," која долго време беше симбол на спортскиот дух на Кисела Вода и прв дом на ракометниот клуб Вардар. По долга правна битка, успеавме општината да го преземе управувањето со оваа сала, а сега, во соработка со новосоздаденото Министерство за спорт, го започнавме процесот на целосно реновирање на овој значаен објект. До крајот на оваа пролет, завршената сала ќе им биде предадена на граѓаните, а надежта е дека ракометниот клуб “Вардар” повторно ќе се врати во “Расадник” и ќе го врати овој простор на мапата на спортските успеси.Се заблагодари на тимот со кој работи, на Советот и сите советници, на Владата на Република Македонија и Премиерот Христијан Мицкоски, на бизнис заедницата, невладиниот сектор и меѓународните партнери, но најмногу на граѓаните со својата поддршка, доверба и идеи. Им порача дека најдобрите денови допрва доаѓаат.-Овие три години беа само почетокот. Со заедничка посветеност, храброст и визија, ќе ги надминеме сите предизвици и ќе го изградиме најдоброто за нашата општина. Ќе продолжиме да се грижиме за вашите потреби и заедно да ја градиме иднината која сите ја заслужуваме. Ви благодарам од срце! Најдоброто допрва доаѓа –истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

orce2

Децата со атипичен развој од Кисела Вода ќе добиваат бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација

Како дел од мерките за детска и социјална заштита и заштитата на лицата со попреченост, градоначалниот Орце Ѓорѓиевски потпиша меморандум за соработка со Деканот на Филозофскиот факултет од Скопје, проф. д-р Оливер Бакрески и Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Согласно договореното, во сензорните соби низ основните училишта во општината ќе се одвива стручна пракса на студентите и наставниот кадар од институтот, што ќе овозможи поддршка, згрижување и стручна помош за децата со атипичен развој вон наставата и во попладневните часови.-Општина Кисела Вода е една од водечките општини во Македонија, која максимално е посветена во делот на детската и социјална заштита. Посебен фокус е ставен во делот на заштитата на лицата со попреченост. Во изминатиот период опремивме 6 сензорни соби во основните училишта, реализиравме многу едукативни настани како и трибина во партнерство со Македонското научно здружение за аутизам и стручно-научен конгрес со Центар за психофизичко здравје Гаспар од Скопје со кого од септември 2024 им овозможивме пристап до дефектолошки, логопедски и психолошки индивидуални третмани на жителите на општината.Денес, на наше огромно задоволство, официјално го потпишуваме меморандумот за соработка со Деканот на Филозофскиот факултет од Скопје, со проф. д-р Оливер Бакрески и Институтот за специјална едукација и рехабилитација.Во рамките на оваа соработка ќе има стручна пракса со студентите и наставниот кадар од институтот при што ќе се користат сензорните соби кои ни се комплетно опремени. Целта на оваа соработка е да им овозможиме на родителите поддршка и згрижување на децата со атипичен развој вон наставата и во попладневните часови и да им овозможиме стручна помош од страна на стручни лица. Остануваме посветени во грижата на оние на кои сме им најпотребни, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

465915054_1100718808348074_5234446635701737420_n

Одбележување 80 години слободно Драчево и формирање на 12-тата скопска ударна бригада

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со Здружението на продолжувачи на борци од Кисела Вода ја открија спомен-плочата, подигната во чест на загинатите партизани кои учествувале во битките за ослободување на Драчево и Скопје.„Најпрво дозволете ми да го честитам денешниот ден, 12 ноември – Денот на ослободувањето на Драчево и денот кога во 1944 година во селото Војница, велешко, се формирала дванаесеттата македонска-скопска ударна бригада. Пред 80 години на овој ден, храбрите партизани не ги штедеа своите животи за слободата на наше славно Драчево, а ден потоа – и за слободата на Скопје. На самиот почеток, 500 храбри борци со прилично малку оружје но со голема желба за слобода на Татковината, придружени од Четвртиот скопски партизански одред кој бил составен од полетни младинци, решиле да одат до крај колкава и да биде цената за слобода, ако треба тоа да биде и животот. Првата битка која ги одзела и првите јуначки животи се одвивала на неколку стотина метри од тука, ноќта помеѓу 29 и 30 септември на железничката станица во Драчево, каде при нападот паднале многу жени, дечиња и повозрасни лица кои пожртвувано јуришале.На оваа битка и храброста на партизаните се препишува заслугата што хидроцентралата Матка останала неурната. Веднаш по ослободувањето на Драчево, хероите се упатиле во битка за ослободување на Скопје и на 13 ноември, во најтешката и најкрвавата битка, храбрите партизани од Дванаесеттата македонска-скопска ударна бригада ја донеле слободата на главниот град. Во борбите за ослободување на Драчево и Скопје паднале многу херои кои чии имиња се трајно врежани во колективната меморија на македонскиот народ. Чест ми е што денес тука, ја откриваме спомен-плочата која ќе остане да сведочи за храбрите македонски воини кои го положија животот пред олтарот за слободата на Македонија. Нивното херојство ќе остане наш аманет да го пренесеме на генерациите после нас.Нека им е вечна слава!“, истакна Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

pintija-pat-1

Ѓорѓиевски: После половина век нов асфалт добива улицата "1438" во Пинтија

Со голема динамика се одвива инфраструктурната обнова на општина Кисела Вода. Во Пинтија, во моментов после 50 години нов асфалт добива улицата “1438” на површина од околу 2000м2. Само годинава, во ова населба досега се асфалтираат улици во должина од над 3000 метри или за овие три години, околу 5400 метри.-После половина век нов асфалт добива улицата 1438 во Пинтија! Со засилено темпо се одвива обновата на Кисела Вода. Во овој момент, се работи на улицата “1438” во Пинтија на површина од 2000m2, која повеќе од пет децении не била предмет на интерес на ниту еден од моите претходници, што е евидентно од големите оштетувања. Овој отпочнат проект е само уште од низата докази дека не застануваме, дека моите ветувања не се само празни зборови а барањата на граѓаните се мој приоритет. Ликот на Кисела Вода го менуваме секој ден кон подобро. Продолжуваме во сите урбани и месни заедници. Мојот народ заслужува, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

orce-kvoda-1

Ѓорѓиевски на средба со граѓански организации за јакнење на транспарентноста и зголемување на дигиталното учество на граѓаните во процесите на општината

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и тимот од Кисела Вода што работи на спроведување на заложбите од глобалното Партнерство за отворена локална власт, каде оваа општина, како единствена од Македонија беше избрана за членка, одржаа работна средба со претставници од повеќе граѓански организации. Целта на овој состанок беше давање на препораки, сугестии и мислења за тоа како општината може да ја унапреди успешноста во работењето во областите транспарентност и дигитално учество и да биде уште поотворена кон граѓаните.Имено, во рамки на Партнерство за отворена локална власт, како платформа која има за цел да овозможи здружување на локалните власти и граѓаните за да ги направат општините и управувањето со општините отворени, инклузивни и респонзивни на барањата на граѓаните, Општина Кисела Вода заедно со партнерите Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Центарот за младински активизам Крик, го развива првиот акциски план кој ќе се фокусира на две заложби: јакнење на транспарентноста на општината и зголемување на дигиталното учество на граѓаните во процесите на општината.Претставниците од Центарот за граѓански комуникации, Здружението за истражување и анализи ЗМАИ, Центарот за управување со промени, Метаморфозис, Здружението за знаење на еколошкото образование во осовременување на образовниот процес, презентираа наоди и препораки од своите истражувања во овие две области во врска со перформансот на Општина Кисела Вода, сугестии кои ќе бидат значајни при дизајнирањето на мерките во акцискиот план. Потоа низ поширока дискусија беа разгледувани можностите за подобрување на одредени параметри, но беше евидентиран и остварениот напредок на оваа единица на локална самуправа во одредени области.- Почитувани, Вашите мислења, препораки и сугестии се суштински за нас и за создавањето на акцискиот план кој ќе ги насочи напорите на Општина Кисела Вода кон уште поголема транспарентност и инклузивност. Ние не зборуваме за напредокот што го имаме во овие три години низ бројки, бидејќи вие сте оние што тоа го мерат и оценуваат. Сепак, скокот во транспарентноста што го постигнавме веќе многу кажува за нашата посветеност. Но, за постигнување целосен успех, се надеваме дека со вашите идеи и сугестии, ќе го изградиме најуспешниот акциски план кој ќе нè води напред и секако, тука би сакал да се заблагодарам за континуираната поддршка на нашите партнери во овој процес, Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и Центарот за младински активизам Крик. За нас, надминувањето на предизвиците значи растеж, а задоволните граѓани се нашата најголема награда. Остануваме посветени и продолжуваме со иста динамика, бидејќи тоа е нашата обврска и одговорност кон жителите на Кисела Вода, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој потсети на повеќе проекти кои беа клучни Кисела Вода да биде избрана за членство во Партнерството за отворена локална власт.Во моментов во Партнерството за отворена локална власт членуваат 75 држави и преку 100 локални самоуправи.

Скопје | пред 1 година

orce

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС е отворена за секаква поддршка и e мост кој нуди поврзување на општините

Во вчерашната емисија „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој истакна дека во ниеден момент од кога е претседател на ЗЕЛС не дозволил политичко мешање во асоцијацијата и секогаш се стреми кон тоа ставовите да бидат насочени кон тоа да се решат некои проблеми во одредена општина како што и функционираат цел изминат период.Тој посочи дека ЗЕЛС е отворена за секаков вид поддршка на општините за решавање на било каков проблем со дијалог, со донесување на заедничко решение, а со тоа и надминување на сите проблематики и предизвици со кои се соочуваат општините .„Ова што се случи изминатиот период на мое жалење, морам да констатирам, a и верувам дека беше избрзана реакција на моите колеги и верувам дека можеме цивилизирано да разговараме да си подадеме рака да се надминат проблемите. Јас не велам дека Коста не се соочил со проблем, но за тоа требаше да се дискутира, требаше колегата Костадинов да не извести, да побара поддршка како што тоа го направи Јакимовски вчера. Можеа да бидат сведоци нашите граѓани дека разговаравме на двете нај клучни проблеми со кои се соочувам на тие две прашања на кои ќе се насочиме наредните денови во соработка со него, во соработка со министерствата да седнеме да разговараме на заедничка маса“ изјави Ѓорѓиевски во однос на последните случувања со струмичкиот градоначалник кој најави можно заминување од ЗЕЛС.Исто така, во дебатата Ѓорѓиевски истакна дека ЗЕЛС и понатаму останува партнер на сите општини и искрено го радува она што го изјавил Костадинов дека не излегува општина Струмица од ЗЕЛС, и цврсто верува дека така ќе биде, затоа што најдобар партнер и најсериозен за сите општини е токму ЗЕЛС.Тој образложи дека е потребно обединет ЗЕЛС токму заради подобра функционалност, а со тоа би можело да се помогне многу полесно на било која општина во државата, доколку се соочи со некаков проблем и дека тој, како градоначалник, на општина Кисела Вода и како претседател на ЗЕЛС е отворен за комуникација.

Скопје | пред 1 година

sovet-kisela-voda

Едногласно донесени сите одлуки на седница на Советот на Oпштина Кисела Вода

Денес, едногласно беа донесени сите одлуки на четириесет и петтата пленарна седница на Советот на Oпштина Кисела Вода. Со гласањето ЗА, се овозможи ребаланс на Буџетот за 2024 година, односно се обезбедија средства во износ од 140.954.076,00 денари за капитални проекти од повикот на Владата.Градоначалникот Ѓорѓиевски им се заблагодари на сите советници за покажаното единство, нивната поддршка и конструктивен пристап за доброто на граѓаните и иднината на општина Кисела Вода.-Би сакал искрено да им се заблагодарам на сите советници од Советот на Општината за покажаното единство и конструктивност, што резултираше со едногласно донесување на сите одлуки. Овој пристап не само што ја потврдува нашата посветеност кон интересите на граѓаните, туку и овозможува нашите проекти брзо и ефикасно да станат реалност.Со ребалансот на Буџетот кој го усвоивме, ќе можеме да обезбедиме значајни инвестиции во инфраструктурата – изградба и реконструкција на патишта, уредување на јавни простори и обезбедување модерни и безбедни училишта и градинки за нашите деца. Нашата заедничка работа ќе донесе видливи промени што ќе го подобрат квалитетот на живот за секој жител на општината. Да потсетам дека вчера беа склучени два договори со Министерството за транспорт и врски и еден договор со Министерството за животна средина и просторно планирање. За само еден ден од потпишувањето на овие договори, општина Кисела Вода е првата општина која веднаш ги вклучи во нашиот Буџет со цел да не се изгуби дополнително време при реализација на истите. Согласно динамиката и времето во кое ги добивме овие средства, се предвидува да бидат завршени во 2025 година, а истите денеска беа изгласани како развојни програми на општината и тоа:-Реконструкција на постојна улична мрежа коловоз на улица "Ѓорѓи Димитров"-Реконструкција (рехабилитација) на коловоз изработка на тротоар за патот кон манастир "Пеленица’’-Проект за Уредување и изведба на потпорни ѕидови на речно корито на реката Мала Рада ’’ Дополнително обезбедена е донација во ООУ "Невена Георгиева Дуња" преку програмата Еразмус.Обезбедени се и средства кои Министерството за образование не ги имаше исплатено кон училиштето ЦОУ "Рајко Жинзифов" за изградба на спортска сала, за која МОН во сите овие години не ги испочитува обврските. За потсетување, овој договор е од 2016 година. Претходно во договор со Министерството за Спорт обезбедивме финансирање на салата "Расадник" со средства на министерството со што ослободивме средства од Буџетот на општина Кисела Вода за 2025 година.Обезбедивме финансии и за реновирање на градинки на територија на општина Кисела Вода, како и дополнителни средства за набавка на опрема во основните училишта. Со ребалансот на Буџетот обезбедивме и средства за непречена реализација на планираните проекти и тековни трошоци за непречено функционирање на општина Кисела Вода, а дополнително скративме непродуктивни трошоци што стана практика на општина Кисела Вода во изминатите три години.Остануваме посветени на соработката и единството заради поголеми цели, а тоа се развој и напредок на нашата општина. Со ваква поддршка, сигурен сум дека ќе ги реализираме сите поставени планови за подобро утре, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

orce-gh

​Ѓорѓиевски: Фокусиран сум на барања решенија, Арсовска е завршена приказна за скопјани

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ги коментира нападите кон него од страна на градот Скопје и градоначалничката Арсовска, рече дека избегнува да ја коментира и дека таа е завршена приказна за скопјани:- Избегнувам да ја коментирам Арсовска искрено, бидејќи сметам дека е завршена пријазна за Скопје и скопјани. Го видовме нејзиниот потенцијал и она што го направи во Скопје. Јас повеќе сум фокусиран на барање решенија и алтернативи за година дена од сега и начини како би го решавале транспортот во градот, како би ја средувале хигиената, какви проекти му недостасуваат на Скопје и што ќе треба да преземеме во тој дел, така да повеќе сум фокусиран на тоа прашање на перспективите и иднината на главниот град, отколку на политиканството на Арсовска – истакна Ѓорѓиевски за ТВ Сител.

Скопје | пред 1 година

park-shah-kiselavoda-7

(Фото) Кисела Вода го доби најголемиот парк на шахот во Македонија

Нов модерен парк добија жителите на општина Кисела Вода. „Паркот на шахот“, лоциран во населбата 11 Октомври Бараки, се протега на 4000 м2.На просторот кој до неодамна беше дива депонија, сега жителите на општината добија за себе катче со современа урбана опрема, хортикултурно и партерно уредување, а во центарот на паркот се поставени статуетки-шаховски фигури, крал и кралица. Воедно, за шахистите и љубителите на шахот ќе има маси со шаховски табли.„Со особено задоволство денес го отвораме новиот модерен „Парк на шахот“ во населбата 11 Октомври Бараки, кој се простира на површина од 4000 м². Наместo дивата депонија која тука постоеше, сега жителите на нашата општина добија прекрасно уредено катче, опремено со современа урбана опрема, хортикултурно уредување и шаховски маси, каде што љубителите на шахот ќе можат да уживаат во оваа интелектуална игра. Во самиот центар на паркот се поставени и шаховски статуетки на кралот и кралицата, симболизирајќи го значењето на шахот како игра која го поттикнува умот и развива стратегиско размислување.Посебна благодарност упатувам до Шаховската федерација на Македонија и нејзиниот претседател, Саша Богдановиќ, за севкупната поддршка при реализацијата на овој проект. Ова партнерство е пример за тоа како заедно можеме да создадеме нешто вредно и трајно, нешто што ќе го збогати секојдневието на нашите граѓани“, рече градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.„Шахот, како игра на стратегија и размислување, носи многубројни придобивки – ги развива когнитивните способности, го зголемува фокусот и ги стимулира аналитичките вештини. Силно верувам дека ова ќе биде место за дружење, рекреација и опуштање за сите генерации, посебно шахистите и љубителите на шахот, кои сега ќе можат да уживаат во масите со шаховски табли, поставени специјално за нив.Претворањето на поранешната депонија во зелен парк не е само голем естетски придонес, туку и важен еколошки момент, значаен за подобрување на квалитетот на животната средина во општината, а со тоа и за создавање на поубаво секојдневие за сите нас. Ова е уште еден пример за тоа како може да се трансформира едно некогаш запоставено место во простор за релаксација, дружење и забава, и сакам да најавам дека ваквите проекти ќе продолжат и во иднина.Апелирам до сите жители совесно да се однесуваат кон новопоставената урбана опрема и зеленило, бидејќи само заеднички можеме да го зачуваме и одржуваме оваа нова локација во општина Кисела Вода создадена за дружење и релаксација“, изјави Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

kanti-otpad

Нови канти за отпадоци за домаќинствата во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода направи нов значителен чекор кон подобрување на хигиената и животната средина со обезбедување на нови 1212 канти за отпадоци и 59 контејнери. Оваа донација од Министерството за животна средина е дел од заедничките напори за унапредување на условите за живот на жителите на овој дел од градот.Имено, сите домаќинства кои поседуваат стара оштетена канта ќе добијат нова, училиштата и градинките ќе добијат нови контејнери, а старите дотраени канти ќе бидат предадени на фирма специјализирана за рециклирање на отпад.- Подобрувањето на хигиената е од суштинско значење за животната средина и за здравјето на граѓаните. Со замената на старите и оштетени канти, воспоставуваме поефикасен и поеколошки начин за справување со отпадот. Сите домаќинства кои имаат оштетени канти ќе можат да ги заменат со нови, преку пријавување во канцелариите на месните заедници низ општината. Старите канти, откако ќе бидат собрани, ќе бидат предадени на специјализирана фирма за рециклирање, со што дополнително ќе придонесеме за заштита на животната средина. Сакам да изразам голема благодарност до Министерството за животна средина за оваа значајна донација, но и да апелирам до сите граѓани да го одлагаат отпадот соодветно и да ги користат новите канти и контејнери наменски. Со тоа, не само што ќе придонесеме за чиста животна средина, туку и ќе го подобриме квалитетот на живот за сите нас, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 година

orce-gj

Кисела Вода доби уште едно, целосно инклузивно детско игралиште

Најмладите жители на општина Кисела Вода добија нов простор за игра и разонода. Денес беше ставено во функција целосно инклузивно детско игралиште на површина од над 400м2. Градоначалникот Ѓорѓиевски ја истакна континуираната заложба за унапредувањето на јавниот простор и квалитетот на животот и се заблагодари на Државна видео лотарија – Casinos Austria за покажаната општествена одговорност. Преку нивната донација беше реализирана темелата реконструкција на овој простор, кој до пред еден месец беше во многу лоша состојба.-Продолжуваме со посветено и континуирано инвестирање во унапредувањето на јавниот простор и квалитетот на животот на нашите сограѓани. Денес, токму во центарот на Кисела Вода го отвораме новиот реконструиран простор на површина од над 400м2, предвиден за детска игра.Новото детско катче кое од денес го ставаме во функција е целосно инклузивно. Реквизитите ќе можат да ги користат сите, вклучувајќи ги и дечињата со посебни потреби, а се поставени врз гумена подлога и просторот е ограден и безбеден за користење. Реконструкцијата опфаќа и кошаркарско игралиште кое ќе се наоѓа во склоп на самиот парк па така, жителите од овој дел на општината ќе имаат и можност да спортуваат на нов и модерен терен. Секако, паркот добива и нова урбана опрема кој ќе понуди совршен амбиент за сите посетители. Сакам да се заблагодарам на Државна видео лотарија – Casinos Austria за покажаната општествена одговорност преку донација на средства со кои се овозможи од едно руинирано, да прерасне во модерно катче за непречена детска забава и игра. Продолжуваме да ја менуваме Кисела Вода секој ден кон подобро, секој ден поубава-истакна градоначалникот Орце ЃорѓиевскиПретставникот на Државна видео лотарија, Вики Чадиковска, истакна дека нивната компанија досега инвестирала во 18 вакви игралишта низ Македонија. 19-тото е баскет игралиштето кое се наоѓа непосредно до денес отвореното детското игралиште и ќе биде завшено до крајот на 2024 година.

Скопје | пред 1 година

1-7

На Светскиот ден за поправки Општина Кисела Вода и „АРНО“ најавија отворање на Центар за поправки во Кисела Вода

Во идниот „Центар за поправки” во Кисела Вода, за првпат во Македонија, беше одбележан денешниот Светски ден на поправки, во организација на Општина Кисела Вода и здружението “АРНО”. На прес-конференцијата беа најавени два важни повика: еден за мајстори и граѓани со вештини за поправки, и друг за донација на оштетени играчки.Градоначалникот Орце Ѓоргиевски, кој даде поддршка на иницијативата, обезбедувајќи простор за идниот Центар, ги повика граѓаните активно да се вклучат во промоцијата на циркуларната економија.-Ми претставува голема чест што Кисела Вода е првата општина која заедно со здружението АРНО за прв пат во Македонија, го одбележува Светскиот ден на поправки. Оваа иницијатива е од големо значење, бидејќи ја истакнува важноста на циркуларната економија и зачувувањето на животната средина преку поправки, пренамена и креативна реупотреба на предметите. Јас сум израснат во духот на штедливост и скромност, во времиња кога културата на поправка беше начин на живот. Времиња кога амбалажата беше скапа и недостапна, облеката се носеше со генерации, а животната средина беше сочувана. Верувам дека одбележувањето на овој ден е одличен формат, и како општина која секогаш ги препознава потребите на своите граѓани, со задоволство го гледаме овој проект како можност да поттикнеме интерес за сервисот за поправка, пренамена и креативна реупотреба на предметите. Во економијата во која живееме, поправките често се изоставуваат, а ние знаеме дека преминувањето од линеарна кон циркуларна економија е клучно за заштита на животната средина. Сакам да најавам дека овде, каде што сме денес, веќе на почетокот од следната година Кисела Вода ќе има свој сервис за поправки, каде што ќе ги вклучиме нашите сограѓани и мајстори. Ги повикуваме сите кои поседуваат вакви вештини да се приклучат на овој повик и заедно да придонесеме за нашата заедница и локалната економија. Воедно, сакам да најавам дека преку оваа соработка со здружението АРНО, за време на нвогодишните празници ќе донираме поправени играчки на деца од семејства со помалку можности. Ова е само почеток на една долгорочна заложба за екологија и солидарност-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Претседателката на АРНО, Ирина Јаневска, го најави отворањето на „Центарот за поправки“ следната година.-Денес го одбележуваме овој ден симболично, но веќе од следната година, планираме да го отвориме „Центарот за поправки“, каде покрај поправки и работилници, ќе организираме и pop-up настани. Планираме и мала концептуална продавница за производите на зелените и социјалните бизниси што ги поддржувме преку нашите програми. Секој главен град во светот има ваков простор, често и во форма на кафуле за поправки (Repair Café). Ние го видовме концептот пред седум години, преку Еразмус проект во Ријека, и веднаш знаевме дека ова е логичен продолжеток на она што го правиме во делот на зелено социјално претприемништво и циркуларна економија. Убедени сме дека ова е корисно и за животната средина, и за паричниците на граѓаните-истакна Ирина Јаневска.Проектниот координатор од АРНО, Антонио Даниловски, истакна дека акцентот оваа година е ставен на мапирање на мајстори и промоција на солидарност:-Светскиот ден на поправки го одбележуваме под слоганот „Поправки за сите“.АРНО е во потрага по луѓе кои имаат вештини за поправки на разни предмети, освен бела техника, или креативци кои можат да пренаменат стари предмети во нови– како креветчиња за миленици од гуми или лампи од отпад. За да осмислиме активности за центарот, потребни ни се граѓаните и медиумите. Исто така, ги повикуваме сите кои дома имаат оштетени играчки, на пример паднато окце на играчка слонче или скршено тркалце на количка, да ги донираат за поправка-изјави Антонио Даниловски.Ова е првпат Македонија да се приклучи на ова глобално движење, што ја истакнува важноста на локалните иницијативи. Во рамките на одбележувањето, беа одржани и две работилници со ученици од СУГС „Ѓорѓи Димитров“, од паралелките за шумарско-дрвопреработувачка и хортикултурна струка. Под водство на инструктори, учениците поправаа дрвени играчки и изработуваа вазни од тегли, со цел промоција на култура на поправки.

Скопје | пред 1 година

thumbnail_01

Градоначалникот Ѓорѓиевски и отец Оливер подготвуваа оброци за социјално загрозените

Меѓународниот ден за борба против гладот, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и отец Оливер го започнаа во црковно-народната кујна на хуманитарната организација „Свети Спас”, лоцирана во Долно Лисиче.Таму, заедно со вработени од Општина Кисела Вода, и волонтерите од хуманитарната организација подготвуваа оброци за социјално загрозените семејства. Оброците потоа се делат на финансиски немоќните семејства, а исто така, Општина Кисела Вода заедно со двете градинки од оваа територија ќе поделат и хуманитарни пакети.-На Светскиот ден за борба против гладот, заедно со Отец Оливер, и тим од општината, се приклучивме на иницијативата за подготовка на оброци за социјално загрозените семејства, дел од програмата на Хуманитарната организација “Свети Спас”. Во време кога многумина се соочуваат со големи предизвици, нашата обврска е да подадеме рака и да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Хуманоста е темелот на едно здраво и солидарно општество. Малите дела на добрина имаат голема моќ да внесат светлина во животите на луѓето. Овие оброци што денес ги подготвуваме се повеќе од храна – тие се симбол на грижа, љубов и поддршка, порака дека никој не треба да биде оставен сам во тешки моменти. Им се заблагодарувам на Хуманитарната организација Свети Спас и на Отец Оливер за нивната посветеност и за сите напори што ги вложуваат во помагање на нашите сограѓани. Заедно покажуваме дека кога сме обединети во доброто, можеме да направиме вистинска разлика-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

thumbnail_iformator

​Бизнис информатор за поголема поддршка на деловните субјекти од Кисела Вода

Бизнис информатор од денес е достапен за бизнис заедницата од општина Кисела Вода. Поставен е на општинската веб страница и на едно место, нуди клучни информации за поддршка на бизнисите преку конкретни услуги или иницијативи. Се работи за пилот проект кој го реализираше Општина Кисела Вода заедно со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.Оваа интерактивна алатка на деловните ентитети кои се евидентирани на ГИС порталот, им нуди широк спектар на дигитални и административни услуги за поддршка.- Со денешното пуштање во употреба на новиот Бизнис информатор на нашата веб страница, Општина Кисела Вода ја потврдува својата посветеност кон создавање на подобри услови за локалната бизнис заедница. Оваа интерактивна алатка, претставува пилот проект кој го реализиравме во партнерство со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите и претставува еден важен чекор во правец на зголемена поддршка за бизнисите. Преку неа, на деловните субјекти им се овозможува брз и лесен пристап до потребните информации за поддршка и развој. Особено е важно да нагласам дека ова е само почеток. Во наредниот период, бизнис информаторот ќе биде надграден со нови функционалности и услуги, со цел уште подобро да одговори на потребите на нашата бизнис заедница. Развојот на поволна бизнис клима е еден од нашите врвни приоритети, и Општина Кисела Вода преку низа чекори секојдневно работи на нејзино подобрување.Веруваме дека преку оваа алатка ќе обезбедиме поголема транспарентност, олеснување на административните процеси и поттик за поинтензивен економски развој во нашата општина. Сигурен сум дека со вакви и слични проекти ќе успееме да ја зајакнеме позицијата на Кисела Вода како динамична и напредна општина, која активно работи на унапредување на животните услови и деловните можности за сите-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Бизнис информаторот на Општина Кисела Вода е достапен на следниот линк.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Прва ликовна колонија во Кисела Вода

Започнува првата ликовна колонија во Кисела Вода, која ќе се одржи овој викенд -11, 12 и 13 октомври во Домот на култура во Драчево.- Со оваа манифестација која за првпат се одржува, имаме за цел да го збогатиме културниот капацитет и потенцијал на општината и истата ќе биде збогатена со дела од реномирани автори од Македонија и регионот кои ќе бидат изложени во културните домови во Кисела Вода.Во петок, во 10 часот се тргнува со организиран превоз од собирно место пред паркингот кај општината, а потоа следува прошетка до црквата Свети Ѓорѓија и легендарната „чешма” според која е настаната Кисела Вода, месноста Пеленица и други локации во Драчево. Пристигнување во домот во Драчево околу 12 часот и творење до 16 часот, па враќање дома.Сабота: тргнување со организиран превоз од пред паркингот кај општината во 11 часот;Недела: тргнување со организиран превоз од пред паркингот кај општината во 11 часот.Им посакувам успех на сите учесници и нека оваа ликовна колонија прерасне во традиција, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања