Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

кисела вода

Screenshot-2025-02-17-at-09.14.14

Акција во Скопје, по уништувањето на паркови од малолетници

„Заедничка акција низ Скопје, заедно со министерот Панче Тошковски и колегата Горан Герасимовски“, објави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и додава:Вечерва заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, спроведовме заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода. Претходно, одржавме и координативен состанок во полициската станица во Центар за нашите заеднички заложби.Целта на оваа иницијатива беше да се направи увид на состојбата со присуството на малолетници во доцните часови, да се разговара со нив и да се испрати јасна порака за важноста на превенцијата во борбата против малолетничката деликвенција. Од страна на МВР информираа дека ќе се разгледа и можноста во рамки на системот „Безбеден град”, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите. Оваа активност доаѓа непосредно по едногласното усвојување на иницијативата од страна на ЗЕЛС, а поднесена од Општина Центар, која се залага за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.Се залагаме за воспоставување силна меѓуинституционална соработка со цел воведување на општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам. Вечерва, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, имавме можност да ја видиме состојбата на терен и директно да поразговараме со младите. Ова е одличен пример за тоа колку е важна координацијата меѓу локалната самоуправа, МВР и останатите надлежни институции во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир. Во следниот период, ќе продолжиме со активни чекори за имплементација на усвоената иницијатива, со цел создавање безбедна средина за сите граѓани, особено за младите.

Скопје | пред 9 месеци

orce-kiselavoda-4

Започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад во Кисела Вода

Започнува тримесечна акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад во Кисела Вода, вели градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски и додава:„Од денес, започнува голема акција за бесплатно собирање на кабаст и електронски отпад, која ќе трае три месеци, заклучно со 20-ти април. Истата се реализира во соработка со Министерството за животна средина, како дел од акцискиот план на Владата на Република Македонија за почист воздух. Акцијата ќе се одвива во текот на месеците февруари, март и април, во периодот од 15-ти до 20-ти во секој од овие месеци. За граѓаните ќе бидат обезбедени по две локации во секоја населба и населено место, каде што ќе можат да го изложат својот кабаст отпад, шут и електронски отпад. Жителите на општината можат да се ослободат од стариот мебел, апарати, градежен шут, неисправни електронски уреди како фрижидери, телевизори, компјутери, клими, замрзнувачи и други отпадни предмети. Електронскиот отпад ќе биде соодветно третиран од страна на социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа кое е лиценцирано за управување со неопасен отпад, што ќе овозможи негова еколошки одговорна обработка и спречување на штетни последици по животната средина. Собраниот електронски отпад безбедно ќе биде транспортиран во ,,Екоцентар97” на третман и понатаму на рециклирање“, вели Ѓорѓиевски и додава:„Ги повикувам сите граѓани да ја искористат оваа можност и бесплатно да го одложат својот кабаст и електронски отпад на соодветните локации и во предвидените денови. Со оваа акција спречуваме создавање на диви депонии и го заштитуваме здравјето на жителите, бидејќи со неа обезбедуваме и безбедно складирање и транспортирање на отпадот, без ризик за животната средина и здравјето на луѓето. Истовремено, инспекциските служби ќе вршат редовни контроли и ќе го санкционираат секој што нема да го почитува предвидениот начин на одложување отпад! Дополнително, покрај оваа акција која ќе ја спроведеме заедно со Министерството за животна средина, како дел од акцискиот план на Владата за почист воздух, ние како локална самоуправа интензивно работиме на генерално чистење од комунален отпад на сите 15 населби и населени места во општината. Досега се собрани 25 тони отпад, а акцијата ќе продолжи се додека не бидат опфатени сите местни и урбани заедници.🗺️ Локациите каде што ќе се изложува кабастиот отпад од 15-20 февруари се следните:▪️УЗ Пржино - ул. Милан Мијалковиќ (зад УЗ Пржино) и ул. Мариовска (покрај стовариштето на Треска)▪️УЗ Црниче – Ул. Наум Охридски (пред УЗ Црниче) и ул. Ениџе Вардарска (наспроти кладилница Копачка)▪️УЗ 11-ти Октомври згради – Ул. Пушкинова бр. 4 и ул. Михаил Чаков спроти УЗ 11 Окт. – згради▪️УЗ 11-ти Октомври бараки – Зад Космофон во делот покрај детско игралиште и Ул. Лазар Димитров кон Трим Патека на вториот влез▪️УЗ Кисела Вода – ул. Христо Татарчев бр.72 (кај амбулантата) и ул. 14 Декември (кај подземните контејнери)▪️УЗ Расадник – ул. 1511 (наспроти Кватро Кафе) и пред сала Расадник зад паркот за миленици▪️УЗ Цветан Димов – ул. Емил Зола бр. 7 и ул. Георги Димитров зад економското училиште▪️УЗ Бирарија – Ул. Томе Арсовски наспроти парк Бирарија и ул. Фредерик Шопен зад училиштето Кузман Ј. Питу🔹МЗ Пинтија – ул. Јабланица (на местото Славија веднаш до МЗ Пинтија) и ул. 1513 под делот на детска градинка🔹МЗ Усје – Паркингот пред МЗ Усје и на влез во УСЈЕ (десно до оградата на Цементара-Усје)🔹МЗ Припор – Ул. Христо Татарчев крак 14/159 и Под објектот на МЗ Припор🔹МЗ Подстаница – Ул. Сердарот бр.115 (кај фудбалско игралиште) и Ул. Сердарот бб (пред МЗ Подстаница)🔹МЗ село Драчево – ул. Китка (слободниот простор покрај гимназијата) и ул. Драчевска бр. 92 (пред стара пошта)▪️УЗ Бобан Трпков – нас. Драчево – ул. Бранко Заревски (зад УЗ Населба Драчево) и ул. Бранко Заревски бр. 17 (стакларска зграда)🔹МЗ Стаклара – ул. 1519 (делот кај трансформаторот спроти продавницата) и ул. 1520 (кај ширината пред почетокот на куќите).

Македонија | пред 9 месеци

orce-gjorgievski

Ѓорѓиевски со нова одлука за жителите на Кисела Вода - се покачува парична помош за 100 проценти

За 100% ја зголемуваме помошта за новороденчиња!, вели граадоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и додава:„Денес, со едногласна одлука на Советот, еднократната парична помош за семејствата со новороденчиња двојно се зголеми. Со оваа одлука, износот кој досега беше 6.000 денари се зголемува на 12.000 денари, со што се овозможува значајна помош за родителите во еден од најважните моменти во нивниот живот! Поддршката за новороденчињата е многу повеќе од финансиска помош. Таа претставува симбол на нашата заложба за иднината, за создавање општина која расте и се подмладува. Ова е само еден сегмент од нашите заложби.Градиме нови градинки за да обезбедиме предучилишно образование за сите деца, субвенционираме целодневен престој за децата од семејства во социјален ризик, а за овие деца обезбедуваме и бесплатни оброци, курсеви по странски јазици и информатика во училиштата. Дополнително, во рамките на програмите за поддршка на младите, сите првачиња во Општина Кисела Вода добиваат бесплатни ранци и училишен прибор преку проектот „Ранче за секое прваче“, додека за децата од социјално загрозените семејства се организираат бесплатни летувања, што придонесува за нивниот развој и рамноправни можности. Со вложувањата во образованието, инфраструктурата и социјалната поддршка, создаваме услови за хармоничен развој на секое дете и активно работиме на создавање здрава и просперитетна иднина.

Скопје | пред 10 месеци

1-3

Ѓорѓиевски: В понеделник Бадникови поворки во чест на Христовото раѓање

Подготвени се повеќе од 3500 коледарски пакетчиња за дечињата од Бадниковите Поворки. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги покани сите да бидат дел од досега најдолгата поворка која ќе финализира на плоштадот ,,Македонија” во Скопје, каде е поставена импозантна Божикна пештера.„Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски сме помагатели на овогодинешните Бадникови поворки. Се потрудивме и плоштадот „Македонија” да го краси најимпозантната Божикна пештера во регионот.На 6-ти јануари, во 12 часот заедно со дечињата кои ќе го најават Христовото раѓање ќе ја формираме досега најдолгата поворка, на која ве поканувам сите да бидете дел од овој ден за паметење. Претходно, дечињата од Кисела Вода во 10:20 часот ќе ја посетат општината и ќе бидат дарувани со пакетчиња, а потоа заедно, пеејќи ја ,,Вечниот Бог” ќе се упатиме кон центарот на Скопје на досега највеличествениот Божикен настан. Ова се дефинитивно најрадосните денови во годината што посакувам да траат во текот на целата, а она што ме прави исклучително горд е што младите повторно живеат во духот на вистинските вредности и ја продолжуваат традицијата. Бог нека дарува здравје и љубов на сите. Се гледаме“, изјави градоначлникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 11 месец

10

Градоначалникот Ѓорѓиевски во увид на градежните активности за нов паркинг кај ООУ „Невена Георгиева Дуња“

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во градежните активности за изградба на нов паркинг во дворот на основното училиште „Невена Георгиева Дуња“. Новиот паркинг, кој ќе се простира на површина од 550 квадратни метри, ќе обезбеди околу 50 паркинг позиции, со инвестиција вредна приближно 450.000 денари. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека ова е уште еден чекор во континуираното решавање на предизвиците поврзани со урбаното живеење:- Во изминатите три години изградивме над 1500 паркинг места низ општината, со што значително го олеснивме секојдневието на граѓаните. Со изградбата на овој паркинг, придонесуваме кон подобра функционалност и достапност во непосредна близина на училиштето, кое секојдневно го посетуваат ученици, родители и наставен кадар, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.Тој потсети дека, во истиот училишен објект е во тек изградбата на затворен базен, кој треба да биде готов до крајот на мај и дека во насока на заложбата за воведување едносменска настава во сите основни училишта во општината, ова училиште ќе биде проширено.„Само пред неколку дена заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, направив увид во тековната изградба на затворениот базен во истиот училишен објект. Очекуваме овој значаен проект да биде завршен до крајот на мај. Во контекст на нашата заложба за воведување на едносменска настава во сите основни училишта во општината, со задоволство најавувам дека истото училиште ќе биде и проширено. Веќе имаме подготвена финансиска конструкција за проширувањето, со која општината ќе аплицира на вториот јавен повик од Владата за обезбедување средства за капитални проекти“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.Во училиштето „Невена Георгиева Дуња“се обезбедени се и интерактивни панели кои ќе користат во наставниот процес. Поставен е и нов видео надзор кој ќе ја зголеми безбедноста на учениците, а набавен е и инвентар за училишната кујна.

Скопје | пред 11 месец

orce-kiselavoda-1

Градоначалникот Ѓорѓиевски и Премиерот Мицкоски на почетокот на градежните работи за реконструкција на патот Драчево-Пеленица

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денес заедно го означија почетокот на градежните работи за реконструкција и проширување на патот Пеленица-Драчево, односно реконструкција на коловозот на патот кој води кон манастирот „Пеленица“ во општина Кисела Вода.-Денес сме сведоци на уште еден значаен чекор во насока на подобрување на квалитетот на животот на жителите од Кисела Вода, Драчево и околните населени места. Со почетокот на реконструкцијата на патната делница Пеленица-Драчево, на потегот од Јустинијан Први до границата со Општина Студеничани, ја демонстрираме заедничката посветеност на локалната и централната власт за решавање на инфраструктурните проблеми кои со децении чекаа решение. Станува збор за реконструкција и проширување на фреквентна сообраќајница со должина од 3.400 метри, со изградба на тротоар од едната страна, што досега никогаш досега го немало, односно изградба на пешачка патека за рекреирање на жителите на овој дел од градот. Тука ќе се изведува и третирање на атмосферските води со ф 1000 цевки и поставување на каналетки за одведување на водите. Оваа делница, која не е обновена цели 30 години, конечно ќе добие нов лик и нов квалитет, обезбедувајќи подобри услови за жителите на Кисела Вода и Студеничани, како и за сите што ја користат оваа сообраќајница за пристап до селата.Проектот, со вредност од околу 25 милиони денари, е реализиран благодарение на средствата добиени од Владата на Република Македонија за капитални инвестиции. Сакам да изразам искрена благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски и до Владата за оваа значајна поддршка. Горд сум што за еден месец, Премиерот трет пат е присутен во нашата општина за почеток на голем капитален проект. Неодамна заедно го одбележавме почетокот на изградба на нова детска градинка во Кисела Вода. Потоа ја започнавме реконструкцијата на спортската сала Расадник, симбол на општината, а денес го објавуваме и почетокот на оваа витална патна делница.Ова е доказ дека во Кисела Вода се случува инфраструктурен бум, и дека ги споделуваме заедничките вредности со Владата и се обединуваме околу клучни проекти кои се во интерес на народот. Заедно, преку конструктивна соработка, создаваме подобри услови за живот, развој и напредок на сите жители. Убеден сум дека оваа реконструкција, ќе придонесе за подобрување на безбедноста, ефикасноста и функционалноста на сообраќајот, и дека ќе ги постави основите за понатамошен развој на регионот-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави посветената работа на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и добрите проекти како денешниот кој е финансиран од владините средства за поддршка на општините.-Ова е еден од оние проекти финансирани од Владата, односно со средствата кои се реалоцирани од централниот буџет кон општините. Во Кисела Вода во наредниот период ќе имаме уште неколку такви, се подготвуваат и други проекти за периодот што следи, односно за следниот повик. Јас сум сигурен дека со проекти како овој проект ќе додадеме вредност во квалитетот на животите на граѓаните од ова населено место , но и од соседната општина Студеничани. Му честитам на градоначалникот, на администрацијата на општината, на пратениците, на луѓето кои помогнаа сето ова да се реализира, бидејќи како што знаете треба да се подготви техничка документација, соодветни одобренија и така натаму. . . Ние продолжуваме со иста динамика, продолжуваме да го испорачуваме тоа што сме им го ветиле на граѓаните, бидејќи за тоа сме ја добиле и довербата од нив, изјави премиерот Мицкоски.

Скопје | пред 11 месец

25122024_MICKOSKI-2

Мицкоски: Започна реконструкцијата на коловозот до манастирот Пеленица

„Добро еве јас во интерес на времето ќе бидам краток бидејќи Орце градоначалникот кажа се што требаше да се каже, а е поврзано со самиот проект. Ова е еден од оние проекти што се дел од оној проект којшто Владата го финансира, односно средствата коишто се реалоцирани од централниот буџет кон општините, тука во Кисела Вода ќе имаме уште неколку такви, се подговуваат и други проекти за периодот којшто следи, односно за следниот повик“, рече премиерот Христијан Мицкоски.„Јас сум сигурен дека со овие проекти како овој ќе додадеме вредност во квалитетот на животите на граѓаните од ова населено место, од општината Кисела Вода, но како што кажа и градоначалникот и од соседната општина, Студеничани.Ние продолжуваме да ги реализираме ветените проекти, ветените работи. Јас му честитам на градоначалникот, на администрацијата на општината, на пратениците, на луѓето коишто помогнаа сето ова да се реализира, бидејќи знаете треба да се подготви техничка документација, одобрение соодветно итн итн.Продолжуваме со иста динамика, продолжуваме да го испорачуваме тоа што сме го ветиле на граѓаните, бидејќи за тоа сме ја добиле и довербата и во периодот којшто следи“, додаде Мицкоски.

Скопје | пред 11 месец

orce-1

Најважно ми е мојот народ да биде задоволен, затоа сум во кабинет и во викенд, вели градоначалникот на Кисела Вода, Ѓорѓиевски

Жителите кои во изминатиот период изразиле желба да контактираат со него, да го информираат за некаков проблем или да споделат некоја своја идеја, денес разговараа телефонски со него, а дел дојдоа и на средба во општината.-Од рано наутро сум во мојот кабинет каде што досега остварив телефонски разговор со повеќе од 80 мои сограѓани, кои имале потреба или оставиле свој контакт на службите во општината. Со оние кои имаа потреба од лична средба, веќе ја остваривме или ќе ја остваривме во текот на денешниот ден. Мојот тим ги запишува барањата и веднаш пристапуваме кон нивно решавање. Она што особено ме радува е тоа што некои граѓани немаат никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат и некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина. Пријателски разговор, чисто да се видиме и да дадат поддршка за она што досега е сработено. Некои се дури и пријатно изненадени, велат дека во минатото немале шанса да стигнат до градоначалникот, а не пак да ги побара телефонски. Приемот е многу позитивен и тоа е уште еден показател дека сме на вистинскиот пат. Ќе останам тука цел ден, а ако треба ќе продолжиме и утре. Ќе разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба, во мојот кабинет или надвор, на пријателско кафе. На проблемите ќе им погледнеме во очи и директно ќе ги решаваме. Мојот народ мора да е задоволен-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

rasadnik-kis-voda-3

Култната сала „Расадник“ ќе добие нов современ лик

Започнува темелната реконструкција на сaлaта „Расадник“. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и Министерот за спорт Борко Ристовски денес го означија почетокот на реконструкцијата на овој капитален проект , кој во изминатите 30 години, беше оставен на милост и немилост на времето, претворајќи се од најголема спортска гордост во најголем срам. Со правната битка што ја водеше градоначалникот Ѓорѓиевски, тој успеа да ја врати салата во сопственост на општината, ослободена од наследените долгови. Следниот чекор како локална самоуправа беше да се нарача проект за нејзина целосна реконструкција, по што по добиената поддршка од Владата на Република Македонија и Министерство за спорт, кое ги обезбеди финансиските средства, денес беше означен почетокот на новиот живот за салата “Расадник”.- На мое огромно задоволство денеска во нашата општина по втор пат неделава за еден од најзначајните проекти е присутен и Премиерот. Огромно е нашето задоволството од неговото присуство и од делата што ги прави во изминатиов релативно краток период откако е премиер, особено во Кисела Вода. Благодарност и до министерот за спорт за неговата заложба овој објект, каков што го гледате денеска, да го ставиме во историјата и овде повторно да никне храм на спортот за Кисела Вода, но и за цело Скопје. Како што може да ја видите состојбата, оваа сала е доказ за 30 години наназад како не функционирал системот во нашата држава и како многу ветувале, а ништо не реализирале. Благодарение на силната заложба на Владата на Република Македонија, на премиерот и на министерот за спорт, од денеска па натаму, овде се менува приказната и сликата и ова повторно ќе биде место каде што ќе се собира народот и каде што ќе се раѓаат нови спортски имиња како што било случај во минатото. Посебно ми е драго што денеска е овде и г-динот Атанас Костовски, човек кој во минатото присуствувал на отворањето на оваа сала и се договоривме на почетокот на мојот мандат дека тоа заеднички повторно ќе го направиме овде. Се надевам дека за неколку месеци и ќе ја отвориме салата заедно овде и со премиерот и со министерот. Ме радува денес и присуството и на Михајло Михајловски и сака да најавам, враќање на РК „Вардар”, овде во Кисела Вода. Ова е дом на ракометниот клуб „Вардар”, место каде што ги има направено своите почетоци. И после долги години конечно и РК „Вардар” ќе си дојде на своето место. Уште еднаш огромна, огромна благодарност до Премиерот на Владата. Со овој проект којшто има сентиментална вредност за сите наши жители овде во Кисела Вода, Претседателот на Владата и министерот се запишуваат во историјата кај сите граѓани овде, во историјата на општина Кисела Вода и се надевам дека за многу скоро од денеска ќе присуствуваме сите на еден настан којшто ќе значи преполна сала и креирање на спортски спомени овде, во оваа сала, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.- Со особено задоволство го означуваме почетокот на проектот за комплетна реконструкција на салата „Расадник“, салата која некогаш беше полна со екипи, со спортски настани, но и беше дом за многу деца и многу генерации што се занимаваа со спорт. Она што го ветивме почнуваме да го реализираме. Од понеделник почнува комплетната реконструкција на салата, проектот за реконструкција чини 120 милиони денари. Се надеваме дека со една добра соработка со изведувачот и со поддршка од локалната самоуправа и константна комуникација со Министерството за спорт, реконструкцијата ќе биде завршна и во многу пократок рок. Средствата се обезбедени, останува само да се испочитува тој динамички план којшто ќе го договориме со економскиот оператор и повторно да го вратиме сјајот на оваа сала. Со реализацијата на овој проект „Расадник“ повторно ќе биде дом на многу спортови, сала која ќе произведува нови спортисти и во која ќе се промовираат вистински вредности, а не да биде ваква руина оставена на времето во која повеќе од 15 години не е ништо направено, рече министерот Борко Ристовски.- Ова е еден посебен момент бидејќи нешто што со децении е оставено да пропаѓа, сега започнува да се реновира, да се реконструира и да добива еден современ, модерен лик. Салата „Расадник“ ќе биде дом на многу спортски клубови. Од градоначалникот на Кисела Вода слушнавме дека можно е ракометниот клуб Вардар да се пресели овде и ова да биде официјално нивниот дом. Она што можам да го кажам како претседател на Владата е дека ќе продолжиме да инвестираме. Капиталните инвестиции и реализацијата на капиталните инвестиции за нас претставува главен приоритет – истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.На настанот со кој беше означено отпочнувањето на реконструкцијата на спортската сала „Расадник“, денеска присуствуваа бројни граѓани, спортисти како и долгогодишниот претседател на РК Вардар, Михајло Михајловски, и доајенот на македонското спортско новинарство Атанас Костовски, кој во 80-тите години ја отворал салата „Расадник”.

Скопје | пред 1 година

orce-cereb-1

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се дружеше со дечињата со церебрална парализа

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес се дружеше со дечињата со церебрална парализа во нивниот клуб во Расадник. Заедно поминаа неколку часа во кој сликаа, украсуваа глинени вазнички, предмети, а средбата ја надополнија и со песна и смеа.- Денеска со големо задоволство поминав неколку незаборавни часови со дечињата со церебрална парализа во нивното катче за дружење, едукација и социјализација во Расадник. Заедно сликавме, украсувавме, а овој ден го збогативме со песна, смеа и искрени насмевки.Ова катче, кое постои веќе трета година, претставува мал, но значаен простор каде што децата со церебрална парализа можат да се изразат, да создаваат и да се чувствуваат прифатени. Лицата со попреченост се рамноправни членови на нашето општество, а ние имаме обврска да создадеме услови каде што секој поединец ќе може да го достигне својот потенцијал. Само преку заеднички напори можеме да изградиме општина и заедница во која секој ќе има еднакви можности и право на среќа и успех.Денеска од овие прекрасни дечиња добив бесценети моменти на инспирација и сила. Им благодарам и на нив и на нивните семејства за гостопримството и за тоа што ни покажуваат колку е важна човечката топлина и емпатијата. Заедно ќе продолжиме да работиме за општество без бариери и заедница која инспирира-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Катчето за дружење, едукација и социјализација деца заболени од церебрална парализа во Расадник функционира веќе трета година. За овој простор и за тековните трошоци, средствата ги обезбедува лично градоначалникот и неговиот кабинет.

Скопје | пред 1 година

orce-gj3

Кисела Вода добива уште една нова градинка во Расадник

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и директор на ЈДГ „8 Март”, Силвана Савовска денес поставија камен темелник на нова градинка во населбата Расадник со капацитет за 120 деца. Со изградбата на оваа и завршувањето на објектот „Верверичка” и градинката во Потстаница, чија изградба е во процес, Кисела Вода целосно ги затвора листите за чекање за упис во градинка, а ќе може да прими и деца од други општини.- Денес е значаен ден за нашата општина. Со огромна гордост и задоволство го означуваме почетокот на изградбата на новата детска градинка, тука, во Расадник, која ќе може да прими 120 дечиња. Меѓу нив, ќе има место и за најмладите, бидејќи во објектот кој ќе се протега на површина од 795 квадратни метри, со 6 занимални, од кои две се за јасли, што значи исполнување на едно огромно барање на жителите на Расадник. Вредноста на овој капитален проект е 35 милиони денари. Она што сакам да го нагласам е дека со завршувањето на изградбата на овој објект, листите на чекање во градинката “8 Март” целосно ги затвораме. Едновремено, ќе потсетам дека од почетокот на мојот мандат, со наследена листа на чекање со 450 деца, во изминатите три години вложивме во отворање на две нови детски градини и проширување на капацитетите и обнова на дури седум други објекти. Со тоа, во општина Кисела Вода, сега за упис чекаат само околу 40 деца. Во моментов, во завршна фаза е изградбата на градинката „Верверичка“, во близина на општинската зграда, а веќе сме во процес и за изградба на нова градинка во населбата Потстаница. Со завршувањето на овие објекти, вклучително и денешниот, нема само да ги елиминираме листите на чекање, туку ќе обезбедиме поголем простор, комфор и подобри услови за децата од Кисела Вода, а ќе имаме можност да примаме и дечиња од други општини. Сакам искрено да се заблагодарам на Владата на Република Македонија и на Премиерот Христијан Мицкоски за инвестициите и заложбите во сите сфери на општественото живеење кои и на локално ниво значат огромен напредок за секоја заедница. Ова е потврда дека само со заеднички напори можеме да постигнеме трајни резултати, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, упатувајќи благодарност и надеж за успешна соработка и со Министерството за труд и социјална политика и министерот Лимани и зам. министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, со кои, рече дека силно верува дека делат заедничка благородна цел- со иста посветеност, да создаваат услови за посреќно и безгрижно детство на нашите најмлади.Претседателот на Владата Христијан Мицкоски му честиташе на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за посветената и неуморна работа што ја прави секојдневно во Кисела Вода, како и на сите советници, пратеници, директори, административни служби кои се дел од големите проекти во интерес на граѓаните. Најави нов инвестициски бран во општините кој ќе се одвива во февруари.„Проектите како оваа градинка, се прават за најмладите, за оние на кои им е потребно, своите најрани години да ги поминуваат во објекти каков што е овој. Тој според рокот ќе биде готов за две години, но убеден сум дека ќе биде и порано. Ние продолжуваме да инвестираме на цела територија на Македонија. Продолжуваме и понатаму, како Влада преку оној проект за децентрализација, од буџетски средства кон општините, да инвестираме на цела територија на Македонија. Веќе неколку проекти во Кисела Вода се потпишани во оној прв бран, сега во февруари ќе има уште еден, втор бран проекти кои ќе бидат потпишани и на тој начин ја заокружуваме онаа инвестициска активност за оваа и за следната 2025 година, по што, веќе почнуваме да правиме планови за следната 2026-та година. Импресионира посветеноста на градоначалниците, чекор што го поздравувам и ги повикувам и понатаму да бидат дел од проектите кои ќе ги финансира Владата“, изјави Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.

Скопје | пред 1 година

orce-kisela-voda-4

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски даде отчет: „Најдоброто допрва доаѓа“

Под слоганот „Најдоброто допрва доаѓа”, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера вечер, во преполната спортска сала “Независна Македонија”, даде отчет за сработеното во изминатите три години.Во своето обраќање пред околу 1000 граѓани, тој истакна дека се реализирани 95% од програмата, но и и проекти што не биле планирани, но во комуникација со жителите, се појавиле како итни и неопходни. Низ бројки, реконструирани се улици со должина од над 59 км, во сите населби и населени места.Изградени и обновени се над 11 kм фекална канализациона мрежа, 5,5 km атмосферска канализација, како и 3,6 km нов водовод. Како капитален го издвoи проектот за водовод и фекална канализација во населбата Стаклара Каменик, на кој ниедно претходно раководство не се нафаќаше поради сложеноста на зафатот и превисоката цена за негова реализација.Информираше дека Општина Кисела веќе ја реализира фекалната канализација, а со одлуката на Владата на Република Македонија и Премиерот Христијан Мицкоски одобрени се 600.000 евра за изградба и на водоводот во Каменик-Стаклара. Градоначалникот Ѓорѓиевски информираше и за инвестициите во образованието: дигитализација,сензорни соби и пречистувачи за сите училишта, проектот „Ранче за секое прваче“, проектот за бесплатни училишни униформи, доделените парични награди, бесплатни летувања и спортски кампови за најуспешните ученици и за децата од социјално загрозените семејства за кои се обезбедени бесплатни ужини, часови по странски јазици, спорт и информатика и низа други погодности.- Како капитален проект, би ја издвоил изградбата на нов училишен објект за ООУ „Св. Климент Охридски“ во Драчево, кој ќе овозможи уште подобри услови за учениците. Претходно целосно го реконструиравме ООУ “Кузман Јосифовски Питу” кое сега е првото целосно инклузивно основно училиште во земјава. Вложуваме и во сите останати училишта во реновирање и доградби, со цел наскоро сите да преминат на настава во една смена. Реализирани се и 9 поголеми инфраструктурни зафати за изградба на нови градинки и проширување на постоечките капацитети и сега, за упис чекаат само околу 40 дечиња. Со изградбата на двете нови градинки кои се во процес, листата на чекање конечно ќе се затвори-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.Во своето излагање тој ги спомена двата нови пазари, отворањето на кино и библиотека во Кисела Вода, но посебно се задржа на дигитализацијата, меѓународниот конкурс за Расадник и бројните проекти во сферата на урбанизмот кои го сменија поранешнит лош имиџ на општината.- За само три години, Кисела Вода е пример на целосно нова реалност. Со дигитализација на многу административни услуги, таа стана првата дигитализирана општина на Балканот и како таква, препознаена од многу релевантни институции за својата транспарентност. Ние сме горди што сме избрани како единствената македонска општина која е дел од повеќе меѓународни здруженија што ја имаат транспарентноста како главен столб, како што се OGP (Отворено владино партнерство) и Б40 мрежата на градови - лидери од Балканот. Покрај тоа, нашата општина се запиша во историјата како првата што по катастрофалниот земјотрес во Скопје распиша меѓународен конкурс за идејно решение за Детален урбанистички план за Расадник. Таму, каде што претходното раководство имаше намера да изгради 99 згради, ние создаваме модерно, одржливо и хумано урбанистичко решение. Наместо Расадник да се спомнува во негативна конотација, сега за него пишуваат светски реномирани архитектонски списанија, а го поддржуваат и граѓаните и македонската стручна јавност. Проектите што победија, се изработени од истакнати светски архитекти, со активно учество на жителите на Расадник, кои беа вклучени во целиот процес-истакна Ѓорѓиевски додавајќи дека очекува новиот проект “Кисела Вода-адреса за заеднички дом”, преку кој општината ги ослободува од плаќање на комунални такси младите брачни парови, да помогне да ги задржиме младите во нашата земја и да помогне во намалување на депопулацијата. Говоеше и за инвестицијата во спортската инфраструктура, изградбата на 13 спортско рекреативни центи, 6 спортски сали, 7 паркови, 19 детски катчиња.- Како круна на овие спортски проекти, би сакал да ја издвојам целосната реконструкција на спортската сала "Рaсадник," која долго време беше симбол на спортскиот дух на Кисела Вода и прв дом на ракометниот клуб Вардар. По долга правна битка, успеавме општината да го преземе управувањето со оваа сала, а сега, во соработка со новосоздаденото Министерство за спорт, го започнавме процесот на целосно реновирање на овој значаен објект. До крајот на оваа пролет, завршената сала ќе им биде предадена на граѓаните, а надежта е дека ракометниот клуб “Вардар” повторно ќе се врати во “Расадник” и ќе го врати овој простор на мапата на спортските успеси.Се заблагодари на тимот со кој работи, на Советот и сите советници, на Владата на Република Македонија и Премиерот Христијан Мицкоски, на бизнис заедницата, невладиниот сектор и меѓународните партнери, но најмногу на граѓаните со својата поддршка, доверба и идеи. Им порача дека најдобрите денови допрва доаѓаат.-Овие три години беа само почетокот. Со заедничка посветеност, храброст и визија, ќе ги надминеме сите предизвици и ќе го изградиме најдоброто за нашата општина. Ќе продолжиме да се грижиме за вашите потреби и заедно да ја градиме иднината која сите ја заслужуваме. Ви благодарам од срце! Најдоброто допрва доаѓа –истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

orce2

Децата со атипичен развој од Кисела Вода ќе добиваат бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација

Како дел од мерките за детска и социјална заштита и заштитата на лицата со попреченост, градоначалниот Орце Ѓорѓиевски потпиша меморандум за соработка со Деканот на Филозофскиот факултет од Скопје, проф. д-р Оливер Бакрески и Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Согласно договореното, во сензорните соби низ основните училишта во општината ќе се одвива стручна пракса на студентите и наставниот кадар од институтот, што ќе овозможи поддршка, згрижување и стручна помош за децата со атипичен развој вон наставата и во попладневните часови.-Општина Кисела Вода е една од водечките општини во Македонија, која максимално е посветена во делот на детската и социјална заштита. Посебен фокус е ставен во делот на заштитата на лицата со попреченост. Во изминатиот период опремивме 6 сензорни соби во основните училишта, реализиравме многу едукативни настани како и трибина во партнерство со Македонското научно здружение за аутизам и стручно-научен конгрес со Центар за психофизичко здравје Гаспар од Скопје со кого од септември 2024 им овозможивме пристап до дефектолошки, логопедски и психолошки индивидуални третмани на жителите на општината.Денес, на наше огромно задоволство, официјално го потпишуваме меморандумот за соработка со Деканот на Филозофскиот факултет од Скопје, со проф. д-р Оливер Бакрески и Институтот за специјална едукација и рехабилитација.Во рамките на оваа соработка ќе има стручна пракса со студентите и наставниот кадар од институтот при што ќе се користат сензорните соби кои ни се комплетно опремени. Целта на оваа соработка е да им овозможиме на родителите поддршка и згрижување на децата со атипичен развој вон наставата и во попладневните часови и да им овозможиме стручна помош од страна на стручни лица. Остануваме посветени во грижата на оние на кои сме им најпотребни, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

465915054_1100718808348074_5234446635701737420_n

Одбележување 80 години слободно Драчево и формирање на 12-тата скопска ударна бригада

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со Здружението на продолжувачи на борци од Кисела Вода ја открија спомен-плочата, подигната во чест на загинатите партизани кои учествувале во битките за ослободување на Драчево и Скопје.„Најпрво дозволете ми да го честитам денешниот ден, 12 ноември – Денот на ослободувањето на Драчево и денот кога во 1944 година во селото Војница, велешко, се формирала дванаесеттата македонска-скопска ударна бригада. Пред 80 години на овој ден, храбрите партизани не ги штедеа своите животи за слободата на наше славно Драчево, а ден потоа – и за слободата на Скопје. На самиот почеток, 500 храбри борци со прилично малку оружје но со голема желба за слобода на Татковината, придружени од Четвртиот скопски партизански одред кој бил составен од полетни младинци, решиле да одат до крај колкава и да биде цената за слобода, ако треба тоа да биде и животот. Првата битка која ги одзела и првите јуначки животи се одвивала на неколку стотина метри од тука, ноќта помеѓу 29 и 30 септември на железничката станица во Драчево, каде при нападот паднале многу жени, дечиња и повозрасни лица кои пожртвувано јуришале.На оваа битка и храброста на партизаните се препишува заслугата што хидроцентралата Матка останала неурната. Веднаш по ослободувањето на Драчево, хероите се упатиле во битка за ослободување на Скопје и на 13 ноември, во најтешката и најкрвавата битка, храбрите партизани од Дванаесеттата македонска-скопска ударна бригада ја донеле слободата на главниот град. Во борбите за ослободување на Драчево и Скопје паднале многу херои кои чии имиња се трајно врежани во колективната меморија на македонскиот народ. Чест ми е што денес тука, ја откриваме спомен-плочата која ќе остане да сведочи за храбрите македонски воини кои го положија животот пред олтарот за слободата на Македонија. Нивното херојство ќе остане наш аманет да го пренесеме на генерациите после нас.Нека им е вечна слава!“, истакна Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

pintija-pat-1

Ѓорѓиевски: После половина век нов асфалт добива улицата "1438" во Пинтија

Со голема динамика се одвива инфраструктурната обнова на општина Кисела Вода. Во Пинтија, во моментов после 50 години нов асфалт добива улицата “1438” на површина од околу 2000м2. Само годинава, во ова населба досега се асфалтираат улици во должина од над 3000 метри или за овие три години, околу 5400 метри.-После половина век нов асфалт добива улицата 1438 во Пинтија! Со засилено темпо се одвива обновата на Кисела Вода. Во овој момент, се работи на улицата “1438” во Пинтија на површина од 2000m2, која повеќе од пет децении не била предмет на интерес на ниту еден од моите претходници, што е евидентно од големите оштетувања. Овој отпочнат проект е само уште од низата докази дека не застануваме, дека моите ветувања не се само празни зборови а барањата на граѓаните се мој приоритет. Ликот на Кисела Вода го менуваме секој ден кон подобро. Продолжуваме во сите урбани и месни заедници. Мојот народ заслужува, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања