КИСЕЛА ВОДА

22112019_fotovoltaichni-sistemi-na-108-javni-objekti-1

Левица поднесе иницијатива за поставување на фотоволтаични системи на јавните објекти во Кисела Вода

Поради ценовниот шок со кој се принудени да преживуваат граѓаните, Левица поднесе иницијатива за поставување на фотоволтаични системи на сите јавни објекти во сопственост на општина Кисела Вода.„Со поставување на овие системи, значително би заштедиле голема сума на финансиски средства кои би се пренамениле во други проекти значајни за жителите на Кисела вода.Поради лошата финансиска состојба во која се наоѓаат општините со зголемените сметки за струја, потребно е рационално и економично работење со парите на граѓаните.Избраните власти не можат како изговор за своето неработење да се повикуваат на општинскиот долг - туку истите се должни да изнајдат решенија, за што се платени од самите граѓани.Апелираме градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да не ја одбие и оваа иницијатива на Левица, како што беше случајот со иницијативата за бесплатни градинки. Додека неговиот колега од Кавадарци најави од септември бесплатни градинки, благодарение на Левица, градоначалникот Ѓорѓиевски не дозволи ниту да се стави точката на дневен ред, под изговор дека службите треба да се произнесат.Наместо Советот да изгласа насока за работа на службите, очигледно градоначалникот опструира решенија, од кои жителите на Кисела Вода би имале корист.

Скопје | пред 3 години

Koce-Trajanovski

За паднатиот ѕид во Пинтија Орце Ѓорѓиевски да спроведе истрага и да бара одговорност од Коце Трајановски, порача советник од Кисела Вода

„Потпорниот ѕид што вчера се урна овде во населба Пинтија, уште еднаш на дело ја покажа неспособноста на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Дарко Филиповски, советник во Советот на општина Кисела Вода.Тој додаде:„Додека потрошија над 600 милиони за споменици, барок и палми ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Коце Трајановски фушерски изведуваа проекти каде очигледно побитни биле провизиите отколку квалитетот.Показател за тоа е и овој потпорен ѕид кој вчера се урна и чиста среќа е што при тоа нема човечки жртви.За овој катастрофален пропуст мора да им одговорност и од изведувачот, но и од поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.Градоначалникот Ѓорѓиевски исто како и Данела Арсовска освен што ја партизира општината, народните пари ги троши на непродуктивни трошоци, во првите седум месеци од мандат не сработи ништо за граѓаните и општината.Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните“.

Скопје | пред 3 години

Lidl_US_store_exterior

ЛИДЛ е заинтересиран да инвестира во Кисела Вода, тврди Ѓорѓиевски

„ЛИДЛ е заинтересиран да инвестира во Кисела Вода! Денес имавме прилично конструктивна средба со претставниците на „Лидл“ од претставништвата во Бугарија и Македонија, кои пројавија интерес за инвестирање во општина Кисела Вода“, Орце Ѓорѓиевски.Тој додава:„Подискутиравме околу достапните локации на кои би можеле да се отворат маркети, но и регионален дистрибутивен центар на германскиот гигант кој е присутен секаде во нашето соседство, освен во Македонија.На овој работен состанок им ги презентиравме погодностите кои општина Кисела Вода ги нуди, како средина која има добра местоположба и развој кој одговара на потребите на оваа компанија.Задоволен сум што потенцијалните инвеститори ја препознале новата енергија со која функционира оваа локална самоуправа и ги согледале актуелните перспективи, инвестициските можности и новите проекти кои ги спроведуваме во различни области со цел унапредување на општината.Конкретно, инвестицијата би вредела неколку милиони евра и би значела вработување на огромен број лица.Вреди да го споменам и фактот дека вработените би имале плати кои се околу или над просечните во Македонија“.

Скопје | пред 3 години

277455806_281539174155477_2312349533132484803_n

Пожарот во Пржино е локализиран, нема жртви, а можеби е подметнат

Изјава на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој веднаш по добиената информација за опожарен објект во населбата Пржино, излезе на терен заедно со општинските служби, со цел да помогне во справување со пожарот.-Во попладневните часови изби голем пожар во населба Пржино. По добиената информација дека гори објект, веднаш со службите излеговме на терен да им помогнеме на пожарникарите и од она што тука го дознавме е дека се работи за објект на старо училиште кое во моментов е во приватна сопственост.Сакам да се заблагодарам на екипите на Противпожарната бригада и МВР кои и покрај отежнатите временски услови беа на висината на задачата и пожарот е локализиран и што е најважно нема човечки жртви, ниту повредени. Нема зафатени ниту други домаќинства наоколу.Исто така сакам да изразам благодарност и на соседите кои излегоа во пресрет и ги ставија на располагање хидрантите од своите објекти. Ние како Општина, исто така на располагање го ставивме и хидрантот од градинката што е во непосредна близниа.Апелирам до МВР сериозно и до крај да го истражи овој случај бидејќи како што добив информација овде, не станува збор за постоечка инсталација која била под напон, туку претпоставувам дека се работи за човечки фактор кој влијаел да дојде до сето ова, а доколку сето тоа се потврди – да одговара пред лицето на правдата-изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.33

Дете неколку пати тепано во училиште, снимано и омаловажувано

На 31.03.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син, ученик во основно училиште, во неколку наврати, на игралиштето во дворот на училиштето, бил физички нападнат од тројца малолетници, соученици во училиштето. Според пријавеното, малолетниците ги снимале настаните, а снимките ги споделувале на социјални мрежи и помеѓу другите ученици.За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања