„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

кочани

support-kocani-donacija

SupportKocani ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Иницијативата SupportKocani успешно ја реализираше донацијата наменета за повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во Кабаре клуб „Пулс“ во Кочани со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје.Донацијата е формализирана со потпишување на договор за донација, а вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети EXOMINE SMART KIT, 4 пакувања аминокиселини и 4 пакувања протеини. Вкупната вредност на донацијата изнесува 286.120 денари, и е целосно обезбедена преку донации од хумани граѓани и компании, кои континуирано ја поддржуваат иницијативата SupportKocani.Донираните материјални добра се наменети за третман и регенерација на кожата, забрзување на зараснување на рани и подобрување на опоравувањето кај пациентите со тешки повреди од изгореници. Нутритивната поддршка претставува дополнителна помош за јакнење на организмот во процесот на рехабилитација.Медицинската опрема и суплементи се веќе доставени на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, каде активно се користат во третманот на повредените.Во рамки на посетата, тимот на SupportKocani ги посети и пациентите кои сè уште се хоспитализирани на Клиниката и лично им изрази поддршка и желби за побрзо закрепнување.„Продолжуваме со фокусирана, директна и одговорна поддршка за секој поединец кој е засегнат од трагедијата. Оваа соработка со една од клучните здравствени установи во државата претставува важен чекор во обезбедувањето на стручна медицинска нега. Искрено им благодариме на сите хумани граѓани, компании и поддржувачи – токму тие ја направија оваа помош возможна,“ – истакнуваат од SupportKocani.Иницијативата останува посветена на транспарентност, партнерство со институциите и долгорочна грижа за сите погодени лица.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5515

„Баравме тишина кога боли“ – писмото на родителите од Кочани

Родителите на децата кои трагично го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани упатија јавно обраќање до македонската јавност, откако нивната интервенција на синоќешниот Петровденски хепенинг предизвика поделени реакции.Во писмото тие нагласуваат дека нивното појавување пред сцената во Паркот на слободата не било чин на омраза или инает, туку очаен обид да спречат веселба изградена врз незарасната болка.„Синоќа, кога излеговме пред бината во Паркот на слободата, тоа не беше протест од омраза, ниту од инает. Тоа беше очаен обид – да не дозволиме над нашата болка да се гради веселба. Да не се игра и пее таму каде што сѐ уште одекнуваат последните повици за помош на нашите деца. Нашиот гест, за жал, беше погрешно разбран. Наиде на поделени реакции, дури и на критики. Затоа сакаме да кажеме неколку зборови, не за оправдување – туку за разбирање. Пред да биде закажан Петровденскиот хепенинг, никој не нѐ праша дали можеме да го издржиме тоа. Дали сме подготвени да слушаме музика во истиот град во кој неодамна плачеше цела Македонија. Дознавме од медиумите, и се обративме до градоначалникот – прво со збор, потоа со писмено барање. Само баравме: или да се откажат забавните содржини, или да се премести местото – таму кај што болката не е толку гласна, каде може достоинствено да се слави, без да се гази по нашите незараснати рани. Но, нѐ одбија.Веруваме дека Петровден ќе се слави уште многу години, и така и треба – животот продолжува. Но оваа година, оваа прва Петровден по трагедијата, верувавме дека можеше да се обои со тишина, со светилка, со молитва. Верувавме дека нашата болка ќе биде признаена, не премолчена. Не сме против свадби, матурски прослави, веселби по кафулиња – тоа се дел од животот. Но јавна веселба организирана од Општината, токму сега, токму на неколку чекори од местото каде што сѐ се случи – тоа беше премногу за нас. Тоа не е обид да ви го ускратиме правото на радост – туку повик да не се заборави човечноста. Сѐ што бараме е емпатија. Да нѐ видите како родители кои живеат со вечна загуба. Да не мораме да се бориме и за основното – за тишина кога боли“, велат тие.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-12-at-10.22.48

(Видео) Исвиркан градоначалникот на Кочани – семејствата на жртвите од „Пулс“ гневни поради најавениот концерт за Петровден

Вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, вечерва се соочи со револтот на семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, откако се појави кај сцената во Кочани каде требаше да има забавен дел од програма за празникот „Петровден“Причината за протестот беше одлуката на Општина Кочани да организира музичка програма, во време кога и матурите се откажаа. Присутните, длабоко повредени од одлуката, му го свртеа грбот на Крстевски и го исвиркаа, и покрај тоа што тој објави дека концертот е откажан.Неколку часа подоцна, Крстевски излезе со официјално соопштение:„Животот продолжува, но трагедијата во 'Пулс' нè остави во заложништво на болката, особено за родителите кои живеат со страв и загуба. Откажувањето на музичкиот дел не требаше да се случи – не затоа што не ја почитуваме тагата, туку затоа што сме должни да се грижиме за сите и да го вратиме нормалното секојдневие.Оваа одлука, иако донесена со добри намери, ја преиспитувам водејќи се од вашите емоции и потребата да се движиме напред. Со срце и душа за Кочани!“

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-08-184234

Support Kocani обезбеди и втора пратка компресивна облека за повредените: Делата зборуваат многу погласно од зборови

Денес во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година.Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 17 повредени лица. Облеката беше испорачана во Македонија во понеделник навечер, а веќе денес е доставена на Општата болница во Кочани. Фактурата за оваа пратка, во износ од 283.802 денари, е целосно исплатена од страна на Support Kocani.Ова е втора по ред испорака на компресивна облека што ја обезбедува иницијативата. Претходно, Support Kocani целосно ја покри и првата пратка во вредност од 923.458 денари, со што вкупниот износ за двете набавки изнесува 1.207.260 денари, односно 23.560,37 евра – средства обезбедени исклучиво преку донации од хумани граѓани, фирми и поддржувачи од земјата и дијаспората.Голема благодарност упатуваме до компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои што овозможија квалитетна и навремена медицинска помош за што поголем број повредени лица.„Во време на болка, солидарноста е најголем лек. Никој нема да биде сам. Делата зборуваат многу погласно од зборови, а ние не застануваме – продолжуваме посветено и одговорно, сè додека постои потреба и сè додека има луѓе што веруваат во хуманоста”, порачаа од Support Kocani. 

Македонија | пред 5 месеци

sl

Разорна порака од мајката на диџејот Стефан Тасески: „Сине мој, ве убија – славете го Петровден таму горе“

Мита Тасева, мајката на трагично загинатиот диџеј Стефан Тасески, кој ја загуби својата младост во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“, напиша потресна објава во пресрет на празникот Петровден. Во својата порака, таа сподели болка, гнев и неизмерна љубов кон својот син:„Сине мој, додека градот се подготвува за Петровден – без вас, знам дека ако бевте тука, ќе бевте дел од таа прослава. Но ве убија, сине, не ви дозволија да го живеете животот. Затоа, сине мој, биди секогаш добар пријател и таму горе, како што беше и овде. Пуштај им музика на ангелите, славете го празникот таму – вие тоа најдобро го знаете. Сине мој, незаборавен… биди секогаш насмеан. Цеца.“Нејзините зборови се одек на болката што ја носат семејствата на сите 62 жртви, млади животи што згаснаа во една од најголемите трагедии во поновата историја на Кочани.

Македонија | пред 5 месеци

Replika-Jovana-Trencevska

Тренчевска: Семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани заслужуваат и финансиска помош и правда

Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска во рамките на амандманската расправа истакна дека власта очигледно живее во некој паралелен свет, не во светот во кој живеат граѓаните на Кочани, особено семејствата на настраданите.„Чувство на одговорност немате, чувство за поддршка и помош немате, а одговорно излегувате арогантно да забранувате да се зборува за најголемата трагедија што ѝ се случила на Македонија. Тоа е навистина безобразно, навистина срамно. Таа забрана за зборување и забрана за пристап на медиумите ја покажува вашата ароганција и покажува дека единствено на што сте спремни е да си го зачувате рејтингот“, нагласи Тренчевска.Тренчевска додаде дека доколку власта водеше барем малку грижа немаше да го блокира предлог-законот за настраданите во Кочани и ќе го прифатеше овој амандман што ветува поддршка и помош за настраданите и нивните семејства.„Шеесет и два млади животи згаснаа за миг, една школска генерација во едно населено место ја снема. 200 повредени, од кои најголем дел со траен инвалидитет, а вие зборувате дека она што СДСМ и коалиционите партнери го предлагаат во форма на предлог-закон и сега со амандмани, е квази политика. Вашето е квази политика, затоа што, 30 милиони денари имавте во буџетот за настраданите во Кочани“, нагласи Тренчевска додавајќи дека сето она што е дадено на семејствата и на повредените е направено од Црвениот крст и од Супорт Кочани, а не е направено од владата, не е направено од буџетот на државата.Тренчевска нагласи дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа невидена ароганција, покажа негрижа за настраданите и за семејствата од Кочани.„Семејствата бараат правда, бараат поддршка, бараат помош. Во овој момент им е потребна правда, меѓутоа им е потребна и финансиска помош и поддршка. Меѓутоа, тоа вас не ви е приоритет. За вас, Кочани и семејствата на настраданите не се приоритет“, нагласи Тренчевска.

Македонија | пред 5 месеци

mickoski-puls-roditel

Последниот критичен пациент од Кочани е надвор од опасност; Мицкоски: Му простувам на родителот што ме навредуваше

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за телевизија „Сител“ изјави дека сочувствува со семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани и дека му простува на родителот кој, под влијание на болката, го навредувал пред камери.„Сочувствувам со нивната болка. Трагедијата беше страшна и не задеси по само осум месеци од преземањето на власта. Она што го направивме досега, ретко кој го направил – денес добив информација дека и последниот пациент кој беше во критична состојба е надвор од опасност. Првата група веќе го заврши рехабилитацискиот третман на Пониква, а на почеток на следната недела следува втората група. Континуирано сме во контакт со повредените и со семејствата на починатите“, рече Мицкоски.Во однос на навредите што ги добил од еден од родителите, тој изјави:„Оној родител кој ме навредуваше, му простувам тоа е специфична ситуација во која не би можел да замислам како се чувствува човекот“.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-06-at-17.46.04

Потресен апел од Кочани: Ивона не беше само жртва на пожарот – таа беше оставена сама, претепана, без помош. Снимила сè“

Семејството на 21-годишната Ивона Антова, една од жртвите во трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, упати потресен јавен апел на социјалните мрежи, обвинувајќи дека нивната ќерка не загинала веднаш од пожарот, туку била оставена беспомошна и без медицинска грижа во најтешките мигови.„Ивона не беше само жртва на пожарот – таа беше оставена сама, претепана, без помош. Снимила сè – како ја буткаат, како паѓа, како моли за рака, а никој не ѝ помогнал“, напишаа нејзините родители во јавната објава.Според нив, девојката со последните сили снимала и документирала како се обидува да побара спас, но наместо подадена рака добила удари и игнорирање од луѓето околу неа.Родителите тврдат дека Ивона била пронајдена во болница, оставена сама, без кислородна поддршка, со трагични услови на интерно одделение. „Татко ѝ ја најде легната на страна, со рачето под главата, како да се обидела да стане, а не можела. Јас, нејзината мајка, не можев ни да ја видам – бев приклучена на инфузија, а срцето ми умираше со неа“, стои во нивното сведоштво.Семејството бара одговорност од институциите и од сите оние кои, како што велат, затаиле и ја оставиле Ивона да умира сама во болка и страв. Апелираат случајот да не се заборави и бараат правда за својата ќерка, нагласувајќи дека ќе се борат за неа – како што и таа се борела до последниот здив.„Љубовта кон Ивона нема никогаш да згасне. Ќе се бориме за неа, како што таа се бореше“, завршуваат Антови во јавниот апел што предизвика силни реакции во јавноста.

Коментари | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-05-at-19.34.58

(Видео) „Џабе стоиме, тие се во апартманите во Грција“, рече родителот на загинатиот син единец од пред кочанскиот суд

Молчејќи и исврикувајќи ги институциите, родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“, како и граѓаните кои бараа правда, маршираа низ Кочани за да упатат порака дека трагедијата не треба да биде заборавена, но и дека чекаат одговорност. На речиси +40 степени, со фотографиите од нивните деца, поминаа низ центарот на градот. Застанаа пред полицијата и пред Основниот суд односно Обвинителството.„Нема да зборуваме, само ќе молчиме“, рече родител на загинато дете, а потоа беа исвиркани судот и Обвинителството.„Џабе стоиме, ај да одиме, они си се во апартманите во Грција, џабе стоиме ние ајде, одете“, рече родителот кој го изгуби синот единец.Ова беше 12-ти по ред, марш за загинатите во „Пулс“. И следната сабота, родителите ќе го одржат 12-от по ред собир, кој има за цел да ги разбуди институциите и да им ги одговори прашањата.

Македонија | пред 5 месеци

puls-davidovic

(Видео) За првпат адвокатот Давидовиќ проговори за доказите за трагедијата во „Пулс“: Родителите нема да ги добијат сите одговори

Во разговор во „Претрес со Ландов“, Звонко Давидовиќ, адвокат на еден од обвинетите во случајот со трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани, првпат проговори за содржината на доказите што се дел од предметот – фрлајќи ново светло врз досегашната истрага и поставувајќи сериозни прашања за одговорноста на институциите.„Ова е криминал кој траел со години. Не може одговорноста да се ограничи само на обезбедувањето. Надлежност имаат и МВР и Обвинителството. Ако клубот работел уште од 2013 година – каде биле тие сите овие години?“, праша Давидовиќ.Тој посочи дека градежното и хемиското вештачење откриваат дека биле вградени опасни материјали во ентериерот, кои при горење создавале цијановодород – исклучително токсичен гас, и капки со температура од 250 до 450 степени. Тоа, според него, значи дека дури и ако искрите од прскалките биле безбедни, материјалите не биле.„Ако сè било изградено според прописи, немало да дојде до ова. Но, не било“, вели тој.Според Давидовиќ, сè уште нема точен одговор од вештачењата, колку лица можело да собере клубот.Тој одговори и на прашњето вратите биле заклучени, но отворено постави прашања зошто со истрагата не се опфатени други институции – меѓу кои УЈП, Пазарна инспекција...„Со вакво обвинение, без сите одговорни и со обвиненија по исти член – родителите нема да ги добијат сите одговори. Тоа е жално, но реално.“Според него, доказниот материјал е обемен – повеќе од 50.000 страници.Многу повеќе на оваа тема, но и за Мијалков, Нинџа, 27 април, најгрозоморните убиства во Македонија, слушнете во „Претрес“:?t=5463

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5515

„Ајде мајки, на +40 степени да докажеме дека нема ништо посилно од болка и љубов“, нов марш во Кочани, мајките со апел

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, во кое членуваат родителите и блиските на настраданите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“, ја најави 12-та протестна шетња под мотото „Марш за ангелите“.Маршот ќе се одржи денеска, на 5 јули, со почеток во 18:05 часот, и ќе започне од Паркот на Револуцијата, по што ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Полициската станица, Основниот суд и Јавното обвинителство.Маршот е израз на сеќавање и болка за прерано згаснатите животи, но и апел за одговорност и неселективна правда, која семејствата ја бараат речиси четири месеци по трагедијата.„Ајде, мајки Македонки, на +40 степени да докажеме дека нема ништо посилно од мајчинската љубов, тага и болка“, напиша на социјалните мрежи Мита Тасева, мајка на загинатиот диџеј, повикувајќи на масовност и солидарност.Семејствата ги повикуваат сите граѓани кои ги поддржуваат во нивната борба за вистина и правда – да се приклучат и да не дозволат трагедијата да биде заборавена или заташкана.

Македонија | пред 5 месеци

gerasimovski

Герасимовски: „Центар со срце за Кочани, кога е најтешко, мораме да бидеме заедно“

На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар на денешната 50. Седница, донесе едногласна одлука за доделување финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за рехабилитација на повредените и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Кога е најтешко, да си подадеме рака, да се поддржиме, да покажеме дека хуманоста и солидарноста се најголемата сила што ја имаме. Нашите мисли се со семејствата кои тагуваат и со сите повредени кои се во процес на опоравување. Им посакувам да останат храбри и да не се предаваат, нека знаат дека не се сами", рече градоначалникот Герасимовски.Советниците ја прифатија иницијативата на Герасимовски, испраќајќи силна порака на сочувство и поддршка за сите погодени од големата трагедија, во која згаснаа 62 млади животи, а 200 беа повредени.„Оваа помош не е само финансиска, таа е симбол на блискост, емпатија и искрена грижа. Кочани ја има нашата поддршка – од мене лично, од Општина Центар, од Советот и од сите центарци. Во овие мигови мораме да покажеме дека сме сплотени – еден народ, едно срце", додаде Герасимовски.

Македонија | пред 5 месеци

kocevski

Вештачењата за Онкологија и трагедијата во Кочани се завршени, Коцевски очекува обвинение за полициските службеници за пожарот во „Пулс“ околу септември

Вештачењата за случаите поврзани со Онкологија и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се веќе комплетирани, информираше денеска државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.Во изјава дадена по седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која се расправаше за ребалансот на Буџетот, Коцевски нагласи дека овие вештачења претставуваат значаен финансиски товар за обвинителството, со оглед на тоа што биле изработени во странство.– Сите вештачења кои се однесуваат на случајот во Кочани и на Онкологија се веќе завршени. За Онкологија, според моите информации, веќе е закажана главна расправа. Но, овие вештачења носат сериозни трошоци бидејќи се правени надвор од државата – изјави Коцевски.Во однос на предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, кој по одлука на Врховниот суд е препратен за оценка до Основниот кривичен суд Скопје, Коцевски очекува обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“ околу септември.-Таму предметот е се уште во истрага, со оглед дека нема притвор, има и законски рок за истрагата. Така да, се надеваме негде таму околу, да не дадам сега конкретни датуми, меѓутоа сигурно околу септември ќе се заврши истрагата, и тој предмет ќе се води во ОЈО за организиран криминал, со оглед дека тука нема проблем, надлежно ќе биде Кривичниот основен суд Скопје – рече Коцевски.

Македонија | пред 5 месеци

IMG_5572

Судскиот процес за „Пулс“ преселен во Скопје, ќе го суди Кривичен суд

Предметот за одговорноста за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 млади лица, денеска официјално беше префрлен од Основниот суд Кочани во Основниот кривичен суд Скопје, по одлука на Врховниот суд на Република Македонија.Како што информираат од Кривичниот суд, префрлањето е направено согласно решението на Врховниот суд, кој постапувал по предлог на Апелациониот суд Штип. Главната причина за промената на месната и стварната надлежност е недостатокот на доволен број судии од кривична област во надлежните судови во Штип и Струмица, кои би можеле законски и ефикасно да постапуваат по сложениот предмет.„Врховниот суд, ценел дека по конкретниот предмет треба да постапуваат судии од кривична област кои со стекнатото искуство и познавање на кривичната материја ќе овозможат гаранција за ефикасност, стручност, Законито постапување, а преку постапката ќе допринесат и за „сензибилизирање на јавноста“, како што е наведено во решението“, стои во соопштението.Предметот, кој е заведeн под број КООА – 13/25, е оформен по обвинителен акт поднесен од Основното јавно обвинителство – Кочани. Според постапката, обвинителниот акт ќе биде распределен преку АКМИС-системот на совет за оцена на обвинение. Откако ќе биде доставен до обвинетите, започнува законскиот рок за поднесување приговори.По истекот на роковите и доколку се исполнат сите процесни услови, судот ќе закаже седница за оцена на обвинението. Од Кривичниот суд најавуваат дека странките и јавноста ќе бидат навремено известени за сите наредни чекори.Овој потег на Врховниот суд се смета за обид да се обезбеди праведно, транспарентно и стручно водење на процесот, за случај кој веќе подолго време го следи висок јавен интерес.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-10.45.06

(Видео) Подметнат е пожарот на плацот во Кочани каде гореа возила, на камерите се гледа лицето кое го подметнало

Пожарот кој избувна на плац во близина на Кочани, бил подметнат. Ова го соопштува Обвинителството за „Скопје1“. Тие посочуваат дека биле прегледани снимки од надзорни камери, на кои е забележано лице кое го предизвикува пожарот во кои изгореа неколку автобуси. Пожарот беше во близина на бензиска пумпа, среде ноќ.„Извршен е увид на лице место, подигнати се материјални траги. Увидот го вршеа полициски екипи и стручни лица. Согласно увидот од видео материјалот, се гледа лице кое го подметнува пожарот. Дадени итни наредби до МВР за идентификација на сторител на евентуално кривично дело. Дополнително ќе има наредба за вештачење“, велат од МВР за „Скопје1“.Според МВР, изгореле три автобуси и комбе.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања