„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

кочани

premiera-fb

(🔴Видео - премиера) Да не се заборави Кочани: сведоштва за болката, трагедијата, солидарноста и надежта за правда

Ова не е само потсетник на еден црн ден — ова е повик за солидарност, за помош и за одговорност. Да не дозволиме трагедијата да избледи во тишина. Кочани не смее да биде заборавен. „Претрес“ се сретна со семејството на загинатиот Андреј Стојанов, во нивниот дом. Нема утеха за неговите мајка и татко. Очекуваат одговорност, за ова да не се повтори. Не знаат како ќе продолжат понатаму.https://youtube.com/live/bK4eLaervFU?feature=shareАна Вучева, посетителка на „Пулс“ и дел од „Support Kocani“, раскажа за критичните моменти кобната ноќ. Обидите за спасување, реакциите, сѐ што следувало по пожарот. Заклучи дека „Кочани е херој во целина“, мислејќи на семејствата на загинатите, повредените, граѓаните.Љубомир Игнатов, кој има само 18 години и е посетител на „Пулс“ и е дел од „Support Kocani“, по 40 дена се врати на работа. Свежи му се сеќавањата. Раскажа како за момент се откажал од животот кога избувнал пожарот, па вели: „Среќен бев само што нема да горам“, по што го спасиле и извлекле надвор. Бил заглавен во стампедото.Мартин Розин-Сопков кој исто бил во „Пулс“, а е дел од „Support Kocani“, посочува дека навреме излегол, но без зборови останал кога полицијата одбила да однесе повредено лице во болница. Посочува дека до ранитеу утрински часови се обидувал да помогне со сите сили.Кобната вечер во „Пулс“ бил и Дарио Трифунов, исто така волонтер во „Support Kocani“. Откако излегол од дискотеката, со другар, тргнал да носат повредено лице во болница. Тоа што таму го затекнал на почетокот биле 2-3 пациенти. Но потоа почнал хоророт. Сведочи дека недостасувале медицински средства, а немало ниту ножички кои ги барале за да му исечат маица на повреден.Мајките на загинатите деца, на протестот, просведочија како корумпирани поединци во институциите, се уште се на работните места, наместо да се под дисциплински постапки. Велат дека корупцијата им ги убила децата.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-10-at-10.16.45

Ги обвинија родителите дека протестот е политички, мајка одговори: Засрамете се, останавме без деца, ни ставате нови нервози!

Стојка Иванова-Антова, која во јавност е позната како единствена жена пожарникар во Кочани, а е мајка на загинатата Ивона Антова во „Пулс“ одговори на коментар на социјалните мрежи дека протестот на мајките е политички. Откако извесна Лидија напишала „Жално за децата, очигледно одбивањето да се сретнат со премиерот, протестот е во политички правец“, Антова напиша:„Да не си во наша кожа, па терај ја нашата политика, срамота, и вие сте жени, мајки, немате ли малку срце и друга работа, освен да коментирате. Нашите деца кои ги убија кои се закопани, сѐ од Македонија и од сите политики, и не ги прашаа од која партија се па да ги убијат. Засрамете се и вие нѐ замарате и ни ставате дополнителни стресови и нервози. Останавме без деца еј, без деца сме, сега нашите деца ќе бидат, утре вашите“, напиша Антова како одговор на коментарот.Мита Тасева, мајката на загинатиот диџеј Стефан Тасевски, пак ги праша: „Дали овде пишува политика или смрт“, објавувајќи фотографија од гробот на своето дете.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski

(Видео) Мицкоски ќе оди во Кочани да разговара со семејствата на загинатите, откако тие ја одбија поканата за средба во Влада

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен да оди во Кочани да се сретне со родителите кои ги загубија своите чеда во трагедијата. Тој рече дека ја почитува нивната одлука да ја одбијат поканата средбата да биде во Владата. Посочи дека тој досега не добил покана за средба со нив, па додаде дека неколку пати бил таму.„Жалам што е таква одлуката, немам проблем да заминам во Кочани. Ќе сторам сѐ за да им помогнам колку што можам. Лага е дека сум имал покана. Но еве ако ова е покана, ќе појдам, ќе разговарам, ќе се организираме. Стојам на располагање, јас во Кочани неколку пати бев. И дента кога се случи тој хорор, бев кога посетвував некои од семејствата. Овој случај не треба да добие статус на естрада, а некои политички глодари и некрофили се обидоа тоа да го прават. Ја прифаќам поканата, немам проблем да појдам и да помогнам во било што што можам да помогнам, за да пробам таа болка, колку толку да ја намалам“, вели Мицкоски.Претходно, семејствата на трагично загинатите млади во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје.

Македонија | пред 7 месеци

DSC_0410

Пешак прегазен во Кочани

На 10.05.2025 во 13.30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани товарно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(46) од Кочани, удрилo во пешакот Ѓ.С.(66) од Кочани.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.С., констатирани во Клиничката болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_0107

„Не чекајте твоето дете да биде следно” - нов протест на родителите на загинатите од Кочани

Со молк и високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во ужасниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани побараа правда за трагичниот случај кој ја потресе македонската и светската јавност и во кој загинаа 62 млади лица, а околу 200 беа повредени.„Бараме правда“, „Не чекајте твоето дете да биде следно“, „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“, „Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“, „Каде да фатиме врски да ги вратиме другарите“, се пораките кои семејствата на загинатите млади во пожарот на 16 март во „Пулс“ во Кочани ги подигнаа пред полициската станица, општината и пред судот во Кочани, јасно порачувајќи дека се свесни за корупцијата и корупираните одговорни лица кои замижувале за сите недоследности и криминални дејства кои се случувале во дискотеката што доведоа до најголемата трагедија со 62 загубени млади животи.Утринава, родителите преку соопштение до медиумите кажаа дека ја одбиле поканата од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Причината за одбивањето е доцнењето на поканата бидејќи тие уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани. Родителите велат дека дел од нив не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата. Во соопштението додаваат дека нивниот став не е израз на целосен консензус, туку одраз на мислењето на мнозинството меѓу нив.„Ова е наш начин да ја одбележиме болката, да побараме правда и да ги потсетиме институциите дека не смееме да дозволиме ваква трагедија да се повтори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 месеци

semejstva-kocan

Нов марш за загинатите во „Пулс“: Ова е наш начин да ја одбележиме болката

Семејствата на трагично загинатите млади во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје. Во соопштение испратено до медиумите, родителите наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани.„Сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан, особено затоа што дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата“, наведуваат во писмото.Од семејствата појаснуваат дека нивниот став не е израз на целосен консензус, туку одраз на мислењето на мнозинството меѓу нив. Повикуваат јавноста на солидарност и најавуваат мирен собир – „Марш на ангелите“, што ќе се одржи на 10 мај (сабота), со почеток во 16:05 часот во Кочани.„Ова е наш начин да ја одбележиме болката, да побараме правда и да ги потсетиме институциите дека не смееме да дозволиме ваква трагедија да се повтори“, се вели во соопштението.Пожарот во дискотеката „Пулс“ ја потресе јавноста и отвори сериозни прашања за безбедносните стандарди, инспекциските контроли и институционалната одговорност. Истрагата сѐ уште е во тек, а јавноста со внимание го следи исходот.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-09-at-13.38.08

(Видео) Човекот што висеше на бандера во Скопје: Толку брзо ли го заборавивте Кочани? Дојдоа деца без прсти, дај да им помогнеме!

Прво висеше на бандера за да го привлече вниманието, за потоа да ги праша „големците“ – „толку ли брзо го заборавивте Кочани?“. Ваква герила акција се случи на плоштадот „Македонија“ од „Support Kocani“, за да повикаат на свесност кај институциите.„Се обраќам до големите луѓе на оваа држава. Уште што треба да ни се случи на нас во Кочани за да се освестат дека тој град постои? Толку ли брзо не заборавија. Пред некој ден си дојдоа деца кои немаат прсти на рацете. Тие деца ќе немаат цел живот раце. Па ако ништо друго, дај на нив да им помогнеме. Толку ли брзо не заборавивте нас од Кочани. Зошто тој град во овие 30 години никогаш не бил битен? Дај да биде ова пример, да направиме нешто за овој град“, рече кочанчанецот Мартин Кировски кој претходно висеше на бандера, во центарот на Скопје.Тој кажа дека пет другари му загинале во пожарот во „Пулс“.„Ако ништо не се преземе, работата ќе оди на полошо. Мора нешто да се преземе, за тој народ да може да живее. Мене ми загинаа пет другари. Ме прашуваа: нема ли да ти биде срам што ќе бидеш врзан? Јас секако сум духовно врзан. Немам ни јас што да правам, кај да живеам? Морам да живеам во тој град, морам да направам нешто за тој град“, додаде тој.

Скопје | пред 7 месеци

lefkov-semejstva

Зошто единствениот пратеник од Кочани, не се појави пред семејствата на загинатите: Внимавам со средби во емоционално набиени моменти за да не се влијае на истрагата

Единствениот пратеник во Собранието кој е од Кочани, Миле Лефков, денеска не се појави пред законодавниот дом, каде беа семејствата на загинатите деца од „Пулс“, а негови сограѓани. Тие упатија остри критики, посочувајќи му нему и останатите негови колеги, да излезат надвор. Го потсетија дека тој е пратеник бидејќи тие го гласале. За време на маршот рекоа дека него го виделе само на „Фејсбук“, каде се пофалил дека се донира возило од приватна фирма за кочанската болница, како и на аукцијата. По ова, Лефков за „Скопје1“ посочува дека секој ден е со сограѓаните. Тој вели дека што и да се каже, кај и да се присуствува, според него, нема да биде доволно.„Јас секојдневно сум во Кочани, таму бев и првиот ден, на денот на погребот, на секоја акција, бев заедно со нив во храмот на комеморацијата на 40-дневницата- таму сум, со нив сум, но знам дека што и да се каже и каде и да се присуствува нема да биде доволно тоа го знам и сум свесен за тоа, потребно е време и правда. Лично сум против за политичките злоупотреби и злоупотребата на судбините на луѓето кои го загубиле најмилото а особено внимавам, со среби и изјави во емоционално набиени моменти да не се влијае на истрагата или да се остави впечаток за таков обид“, вели Лефков за „Скопје1“.Тој смета дека имало обид за политичка злоупотреба во текот на денот. Посочува дека болката на родителите била поврзана со интерпелацијата на Панче Ташковски.„Нема правда ако таа се обои со политичка злоупотреба, ништо нема  споредба со болката на родителите, особено не на ден кога  таа болка се обидуваат да ја поврзат со интерпелацијата на оној кој треба да се грижи за ефективноста на истрагата. Лично, им останувам отворен и достапен за секоја средба, разговор и поддршка што е во моја моќ — на соодветно место, на начин што ќе биде соодветен и на институционалните надлежности и со полно почитување на болката на семејствата“, додава пратеникот Лефков за „Скопје1“.Дел од семејствата реагираа и на тоа што Лефков не се појавил ниту на еден нивни марш, иако тие секоја сабота се на кочанските улици.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-04-29-at-18.19.40

„За три дена не дочека 25-ти роденден, поради корупцијата и парите, нашите деца ги нема“, рече таткото на загинатиот Андреј Стојанов

Таткото на Андреј Стојанов, голем херој кој пред да се случи пожарот тргнал да си оди дома, но кога видел дека гори се вратил да помага и спасува други, пред Собранието не ги криеше емоциите и разочараноста од државата, која ја смета за корумпирана. Андреј бил со неговиот имењак Андреј Лазаров.„Полни со живот. Во името на корупцијата и парата, нашите деца загинаа. Само пари, пари и ништо друго, а сега нашите деца сега ги нема. За три дена не дочека 25 роденден. Нашето е завршено со завршување на нивниот живот“, рече таткото на Андреј Стојанов.Мајката на Андреј Лазаров, покажувајќи ги сликите од двете деца, посочи - еве ги заедно, заедно дојдоа, заедно загинаа.„Заедно си дојдоа од Скопје и заедно загинаа, а никој нема одговори зошто“, рече мајката.

Македонија | пред 7 месеци

toskovski-51235

(Видео) Имате право да не ми верувате, но и мене душава ми плаче и јас сум гневен и бесен, Тошковски седна со семејствата на загинатите

Семејствата и пријателите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со пашачење од Собранието до МВР, отидоа на средба со министерот Панче Тошковски, на која беше и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Тие побараа тој да излезе надвор, а по кусо време, тој тоа го направи. Потоа ги покани во седиштето на МВР, каде разговараа и им кажа за истрагата, но и дека има разбирање за нивната тага и гнев.„Толку голем пат минавме, од почит кон нас, нека дојде тука. Без душа сме, без сила, без деца останавме. Нека излезе овде“, рече една од мајките, а таткото на трагично загинатиот Андреј рече: „Немаа ли услови, едно литро нафта да дојдат пред Владата? Изгубени деца, изгубени ние, да доаѓа“.Надвор, излезе министерот Панче Тошковски. Тој им кажа на родителите дека се сочувствува со нивната болка.„Болката не се опишува со збор“, рече Тошковски, а таткото кој го изгуби синот единец, рече „Не знаете како е да го изгубите дете. Сум спечалил една куќа и кола да му дадам“.Потоа, беше побарана и морална одговорност од него.„Нели може да понесете барем морална одговорност?“, го праша кочанчанец кој изгуби посинок.Потоа се надворза и мајка со прашање: „Дали се безбедни нашите деца?“, а министерот рече: „Не сум човек како што побараа некои луѓе.. ве замолувам да седнеме да разговараме, да ја тргнеме политиката, да разговараме за сите работи кои ве интересираат, цел ден ако треба, цела недела, цела година. Ве замолувам“.Потоа, посочи дека по трагедијата, навистина сакал да даде оставка од морални причини и објасни зошто тоа не го сторил. Според минситерот, предомислувањето дошло по погребот на полицаецот кој исто така загина во трагедијата додека бил на должност критичната вечер.Им вети дека за два месеци ќе може да зборува и ќе им каже сѐ, а сега би ја загрозил истрагата. Посочи дека и тој е револтиран, дека и него му плаче душата, исто како што плачеле и неговите две деца по трагедијата.„Ве разбирам дека имате гнев и немате доверба. И јас немам доверба, и јас сум немал доверба. И јас сум гневен и јас сум бесен и мојава душа плаче, и моите деца плачат“, рече Тошковски.Потоа една од мајките кажа уште не добиле обдукциски извештаи.„Истрагата нема никого да поштеди, никого, а за кого има докази. Да ми верувате на зборот“, рече Тошковски, а кога некои од лицата рекоа дека не веруваат, тој рече „Имате право и на тоа“.Министерот Панче Тошковски им укажа на родителите на загинатите деца за истрагата, па настанаа тензии.„Актуелен министер е осомничен, актуелен командир на полициска станица е осомничен, актуелен директор на ДЗС е осомничен, актуелен градоначалник е осомничен, и претходните градоначалници. Јас се извинувам што морам да бидам на ниво на позицијата која ја имам, и не можам да споделам се што знам и да ја нарушам истрагата. Не можам сега, ама ќе можам. Правда од овој случај мора да имаме. Ако сакаме да имаме нормална држава, мора да има правда“, додаде Тошковски.

Македонија | пред 7 месеци

puls-roditeli

(Видео) „Кој нѐ чува? Имате ли вие деца бе?“, родителите ги прашаа пратениците, дел од нив се симнаа и меѓу нив

Солзи, тага и пораки до сите политичари. Вака изгледаше денешниот марш на семејствата од Кочани кои ги загубија децата во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Сѐ започна од пред Обвинителството, продолжи пред Собранието, заврши пред МВР. Уште на стартот кажаа дека пробуваат да ги контанимираат протестите. На стартот посочија дека Обвинителството„Државата се луѓето, Обвинителството е партиско дувло. Ова не е државна институција. Преку ботови нѐ убедуваат дека правнот систем е тешко да ја докаже верижната одговорност. Децата не се статистика, тие се деца! Најодговорни се МВР и Обвинителството. Јавното обвинителство дали еднаш излегло по допрен глас? Ниту еднаш. Дали фраерот така наречен јавен обвинител, кој е за партиски постави, дали кога седна на фотелјата, направи ревизија?“, рече кочанчанец кој во трагедијата загубил посинок.Затворени очи, отворени гробови - ова е само една од праките испратена до обвинителите од семејствата на жртвите кои загинаа во дискотеката Пулс.Пред Собранието ги побараа сите пратеници да излезат меѓу нив.„Има ли некој да ни објасни нешто? Каква е оваа држава, што плаќам јас 22 години данок? 22 години приватно работам! Трпам! Вчера платив еден тон пари, на нив им ги дадов, за да нѐ чуваат. Кој нѐ чува? Имате ли вие деца бе?“, рече татко на загинато дете.Потоа јасно порачаа „сакаме правда!“.„Не ние да влеземе, тие да излезат!“, рече мајка на загинато дете.Надвор излегоа пратениците од СДСМ, преводени од претседателот Венко Филипче. Група млади лица извикуваа „убијци“, додека дел од мајките побараа да нѐ го прават тоа бидејќи им предизвикуваат тензија и стрес. Им укажаа дека семејствата побарале тие да излезат меѓу нив.Потоа, родителите добија покана да одат на средба кај министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.ПРОДОЛЖУВА

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-04-29-124533

Започна протестот на родителите на загинатите деца од Кочани

Пет минути по 12 часот, симболично, започна протестот наречен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Маршот во моментов се одвива пред Oбвинителството во 12, а ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.Затворени очи, отворени гробови - ова е само една од праките испратена до обвинителите од семејствата на жртвите кои загинаа во дискотеката Пулс.

Македонија | пред 7 месеци

491466488_18026361107659085_4533786141217273944_n

Обвинителството за средбата со родителите на загинатите во Пулс

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и тимот обвинители кои постапуваат во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска се сретнаа со семејствата на жртвите и ги информираа за досегашниот тек на истражната постапка. Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан. На семејствата им беше најавена и динамиката на претстојни распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес.

Македонија | пред 7 месеци

semejstva-kocan

Во 12:05 пред Обвинителство ќе се родителите на загинатите во Кочани, повик до сите граѓани да им дадат поддршка

Во Скопје денеска ќе се одржи „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Организаторите најавуваат дека маршот ќе почне пред Oбвинителството во 12 часот и 5 минути, како симболика за, како што велат, задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.– Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат, па пуштаат. Свесни ли се за и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со „фати, па пушти“, без да има јасно образложение за таа законска процедура, и што се создава во нашите мисли кои се на работ на себеуништување, се истакнува во пишаното известување од семејствата.Во повикот тие нагласуваат дека и понатаму ќе бараат одговори за смртта на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на државата.

Македонија | пред 7 месеци

puls-kocevski

Откако им најавија протест, обвинителот Коцевски пројави желба да се сретне со семејствата на жртвите од Кочани

Јавното обвинителство се обрати со соопштение околу протестот на семејствата на жртвите:„Во текот на утрешниот најавен протест на семејствата на жртвите во пожарот во кочанската дискотека "Пулс", Јавното обвинителство поканува на средба со претставници на семејствата кои би сакале подетално да се запознаат со сите аспекти на истражната постапка. Доколку кај блиските на жртвите постои таков интерес, тие можат да определат свои претставници (најмногу по еден член од семејство на секоја од жртвите) кои ќе остварат средба со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и обвинителите кои постапуваат во предметите“.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања