„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

кочани

semejstva-kocan

Семејствата на настраданите од Кочани утре ќе маршираат во Скопје

Семејствата на покојните од трагедијата во Кочани ќе организираат ,,Марш за ангелите” за ден 29.04.2025 година (вторник) со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција во Скопје. Маршот ќе започне пред обвинителството во Скопје, ќе продолжи на градскиот плоштад во Скопје и ќе се продолжи пред собранието на Македонија.„Ние заслужуваме одговори, ние не сме познавачи на правото и на законските процедури и затоа не разбираме како познавачите на правото притвораат па пуштаат, па свесни ли се дека и онака целосно разнишаната доверба во досегашното институционално работење со фати па пушти без да имаме јасно образложение за таа законска процедура што се создава во нашите мисли кои и онака се на работ на себе уништување“, истакнаа семејствата во писмено соопштение и додадоа:„Бараме одговори кои ги заслужуваме за насилната смрт на нашите деца. Се повикуваат сите граѓани на Македонија“.

Македонија | пред 7 месеци

tufegdzik-kocani

Гневот на семејствата од Кочани може да ескалира, а судска постапка со 68 обвинети може да има 68.000 проблеми, алармира Туфегџиќ

Адвокатот и екссудија, Владимир Туфегџиќ, алармира дека очајот и гневот на семејствата на настраданите, лесно може да ескалира и работите да излезат од контрола. Тој посочува дека треба да им се објасни сѐ во однос на постапката, да ја знаат реалноста и да знаат што да очекуваат. Според него, постапката со 68 осомничени е проблематична сама по себе.„Протестите на семејствата на настраданите во Кочани говорат за очајот и гневот на овие луѓе кој може многу лесно да ескалира и работите да излезат од контрола. На овие луѓе им е потребна институционална помош и потребно е веднаш да се мобилизираат организации кои се стручни за работа со жртвите од вакви и слични трагедии, доколку воопшто имаме вакви организации. Јавното обвинителство и полицијата мораат да им ја кажат реалноста и очекувањата на оштетените за да не се создава нереална слика по однос на законските можности за постапување, оштетените се странка во постапката и имаш обврска кон нив. Од секогаш сум бил поборник веднаш да ја кажеш вистината колку и да е неприфатлива и болна, подобро е на луѓето сега да им се каже дека вака унифицирано поставена равенка на одговорност по хоризонтала и вертикала како кривично дело Тешки дела против општата сигурност со 68 осомничен е проблематично самото по себе, подобро е на луѓето сега да им кажеш дека пожарот, причините и последиците од пожарот се една работа, а институционалните пропусти од 2012 година до денес и легалноста на објектот, се сосема друга правна работа, подобро е сега да им кажеш дека во судска постапка со 68 обвинети очекуваш 68 илјади проблеми и дека обвинетите имаат право на одбрана и ќе се бранат со сите законски дозволени сретства“, вели Туфегџиќ.Тој додава: „Подобро е на оштетените сега се да им се каже за да не се дојде во ситуација догодина во ова време кога со протести ќе се бара брза правда, а ти не можеш да ја испорачаш, да се префрла топката полиција - обвинителство - суд и обратно, тогаш ќе биде касно било што да се каже“.

Коментари | пред 7 месеци

Screenshot-2025-04-27-at-11.36.25

(Видео) Мајката на загинатата Ивона Антова во Кочани: Не и бил даден кислород, не е пружена помош

Мајката на Ивона Антова, планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а која е единствена жена пожарникар во градот, вели дека детето и било оставено без кислород и медицинска грижа.„Да, беше оставена во кецот, полицијата не нѐ пушти да влеземе. После отиде мажот ми и он ја најде, покриена со кебе, легната на перница, свртена на страна. Сакала да слезе од кревет, била со ногата надолу падната. Не и е пружено, не и е дадено кислород. Така ја најдовме“, раскажува мајкатаНа новинарско прашање дали имало доволно кислород во болницата, таа рече: „Па немаше кислород во болницата, којзнае и дали им давале“.По нејзиното сведоштво, со своите приказни се приклучија и други родители на жртвите. Една мајка раскажа дека нејзиниот син починал откако паднал од болнички кревет, иако немал видливи изгореници.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_4074

(Видео) Собрани се речиси 30.000 евра на аукцијата каде се надаваа претседателката, пратеници, бизнисмени, граѓани за помош на повредените од Кочани

Со продажбата на уметнички дела преку аукција, собрани се околу 1.800.000 денари односно речиси 30.000 евра од вчерашната хуманитарна акција организирана од „SupportKocani“. Парите се наменети за повредените лица, од кои дел се уште се на лекување. На наддавањето беа поканети над 50 политичари, бројни бизнисмени, како и сите граѓани. Автор на најскапото дело кое беше продадено е на Михаил Корубин кое од почетна цена 120.000 денари достигна до 300.000 денари.Во салата се појавија претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и генералниот секретар Ѓорги Божинов, претседателот на СДСМ Венко Филипче, пратеникот Миле Лефков, пратеникот од ЗНАМ Павле Арсоски, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, вд градоначалникот Венко Крстевски беа единствените функционери на аукцијата преку која се собираше пари за Кочани. Присутни беа и мал број бизнисмени, како газдата на “Ауто велт” и газда на позната штипска кофекција “ЕАМ”, како и јавни личности меѓу кои Дејан Пауновски-Паки. Делата беа донирани и познати уметници.

Македонија | пред 7 месеци

att.M4z3QghkUDHG_w_C07-BqNtaugnIdnHTr_Dfl89bHko

(Видео) Филипче од Кочани: Секоја политичка партија има некаква одговорност, веќе нема оправдување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче учествуваше на денешната аукција организирана од SupportKocani. Тој купи неколку уметнички дела, а спомна дека парите ќе бидат донирани за повредените. По аукцијата, рече дека време е да се седне со сите политички чинители за да се зајакне системот.Тој во изјава за „Скопје1“, рече дека со претседателката Сиљановска-Давкова ќe се сретнат по првомајските празници,  а се согласи дека секоја политичка партија од изминатите 30 години има некаква одговорност.„Веќе нема оправдување, нема потреба за одлагање, нема изговор дека нема буџети, ова треба да биде приоритет, ова е најголемиот тест на државата и одговорните чинители, како се менаџира ваква криза по ваква голема трагедија“, рече Филипче.

Македонија | пред 7 месеци

att.dGKyxE1NcSK_bmZ0DSgFVQ474TrcLW-rWk3V-d_PqGk

(Видео) Претседателката од Кочани: Се надевам ова ќе нѐ освести, шокирана сум од возниот парк на пожарникарите

Претседатеката Гордана Сиљановска Давкова учествуваше на аукцијата организирана од SupportKocani. Taa купи неколку уметнички дела, а собраните средства ќе бидат донирани за повредените меѓу кои дел сѐ уште се на лекување. По настанот за Скопје1 изјави дека го менувала и летот за да стигне во Кочани.Претседателката рече дека се надева дека трагедијата во дискотеката Пулс ќе не освести, но и дека била шокирана по посетата на противпожарната единица.

Македонија | пред 7 месеци

semejstva-kocan

(Видео) Семејствата неутешни: Солзи низ кочанските улици, се бара одговорност од сите инволвирани за загинатите деца: Имате ли доблест да признаете вина?

На пороен дожд, семејствата на загинатите и кочанчани излегоа да бараат правда за загинатите. Се обратија до сите институции, бараат само правда. Тие се револтирани, сметаат дека институциите пофрлиле, а Македонија само глуми држава во моменти кога граѓаните не се заштитени.Пред Општина Кочани, тие ги прашаа инспекторите, дали столчето им е толку удобно, па не работат на терен?„Инспектори, дали ви е потребна обука од наша страна за ова што е од ваша надлежност. Или пак ќе излезете со полни торби гардероба од споредна врата, ќе ве носат на ручеци? На секој од нас ни било барано мито. Дали тоа вреди повеќе од животот на нашите деца?“, ги прашаа семејствата.Порака имаше и до полициските службеници.„Имате ли доблест да си ја признаете вината за таа кобна ноќ или тоа не ве учеле? Секоја недела нашиот марш е уредно пријавен во МВР. Дали концертот на ДНК, монструмот го пријавил до надлежните институции, дали вие требаше да бидете таму по службена должност, бидејќи имало реклами, а децата поради тоа беа присутни таму?“, праша родител.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-04-19-at-12.11.15

Денеска семејствата на загинатите во Пулс излегуваат на улиците во Кочани

В сабота, 26 април со почеток од 12:05 ч. во Кочани ќе се одржи четврти протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 62 млади лица и близу 200 повредени.„Собирно место на маршот е Градскиот парк во Кочани истиот ќе продолжи кон Трговскиот центар во Кочани. Толпата од луѓе ќе застане во Трговскиот Центар како знак дека местото на покојните им е во Трговскиот Центар , за да потоа продолжи кон Општина Кочани заради изразување на револт кон институционалното работење, ќе продолжи кон МВР за да им посочиме дека задоцнија со реакција во секоја смисла на зборот и ќе продолжи пред Основен суд Кочани барајќи отчет за сработеното и неселективна правда“, соопштија организаторите.На маршот може да се приклучат сите граѓани на Македонија кои сакаат да изразат поддршка на родителите на покојните и почит спрема покојните.Протестниот марш е четврти по ред, откако претходните саботи голем број кочанчани излегоа на улиците да дадат поддршка на семејствата на настраданите и побараа правда за случајот.

Македонија | пред 7 месеци

492498158_1112844217554001_4330422571887449820_n

Собранието не ги почитува ни загинатите ни живите во Кочани, реагира в.д. градоначалникот на општината

Скандалозна е изјавата на собранискиот спикер со која се обидува да ја оправда непочитта на настраданите во трагедијата во Кочани и неработата на македонскиот законодавен дом по немилиот настан, смета в.д. градоначалникот на општината, Венко Крстевски.„Наместо да се прекинат лошите практики од минатото, парламентарците во нив наоѓаат изговор за да не организираат комеморација за жртвите на корупцијата. На овој начин се покажува елементарно непочитување и кон загинатите и кон живите луѓе во Кочани. Со ова, првиот меѓу еднаквите народни избраници докажа дека токму тие се показател на општествената летаргија во која е потоната Македонија“, реагира Венко Крстевски, в. д. градоначалник на Општина Кочани.Крстевски смета дека Собранието на Македонија со ништо не му помогна на Кочани во најтешките денови и упати повторен повик државните институции да не заборават дека на Кочани му е потребна итна рехабилитација.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-07.18.36

Системот што нѐ уби не е само политика, тоа сме ние кога премолчуваме неправда, став на ФБ групата Кочани

ФБ групата Кочани упати апел одново да го изградат Кочани. Одново со почит и љубов кон сите загинати и повредени. Тоа велат, им го должиме.Еве ја објавата:„Децении наназад не учеа да молчиме. Да слушаме. Да веруваме. Не во себе, туку во партиите. Ни зборуваа дека тие знаат што е најдобро за нас. Ни ветија иднина, па ни ја одзедоа сегашноста. И додека тие се менуваа на функциите, ние останувавме исти разделени, апатични, разочарани. А најстрашно од сѐ: почнавме да веруваме дека така треба да биде.Системот што не уби не е само политика. Тоа е начинот на кој живееме, начинот на кој прифаќаме, начинот на кој молчиме. Тоа сме ние кога премолчуваме неправда, кога гледаме само партија, а не човек, кога прифаќаме дека на функција треба да биде 'некој наш', наместо некој способен. Овој трул систем живее преку нас. И само ние можеме да го срушиме.Не постојат добри партии. Постојат добри луѓе. А добрите луѓе мора конечно да престанат да чекаат. Зашто колку повеќе молчиме, толку повеќе умира Кочани.Трагедијата што ни ги одзеде 62 млади животи не направи разлика меѓу 'нашите' и 'нивните'. Смртта не праша кој за кого гласал. Злото не го познава партискиот билтен. И токму затоа, оваа болка мора да не обедини. Ако не сега кога?Овие деца беа нашите деца. На градот. На улиците низ кои оделе, парковите во кои се смееле, училиштата во кои сонуваа. И сега, наш е долгот да не дозволиме да бидат заборавени. Љубовта кон нив и споменот за нив треба да го негуваме сите заеднички. Со дела. Со грижа за нивната генерација, за секое дете што расте во овој град. Да им создадеме безбедна и вредна иднина затоа што така се чува спомен, така се враќа достоинство.Кочани нема да го спаси ниту еден градоначалник сам. Но имаме можност првпат по долго време со човек кој не е залепен за никаква политичка позадина, со млад и борбен независен градоначалник кој искрено сака подобро. Тоа е шанса. Но ни тој не може сам. Му треба нашата поддршка не со слепа послушност, туку со активна, искрена, граѓанска енергија. Да му помогнеме, не затоа што ни кажала партијата, туку затоа што го чувствуваме како еден од нас. Затоа што Кочани му припаѓа на граѓаните, а не на партиските штабови.И мора веднаш да почнеме. Секоја зграда, секое маало може да стане пример. Да се поврземе меѓу себе не за политика, туку за дела. Да се создадат иницијативи по маала, да се организираат заеднички акции: чистење на запуштени површини, обновување на клупи, детски игралишта, средување на трошни ѕидови со мурали од надеж и сеќавање. Можеме да поставиме корпи за отпад каде што недостасуваат, да иницираме поставување лежечки полицајци кај што е опасно, да обезбедиме видливост на пешачките премини. Малку по малку, чекор по чекор да си го земеме градот назад.Да, ќе речат има институции за тоа. И точно е, треба да има. Но не смееме да се лажеме моментално, тие институции се нефункционални или бавно реагираат. Затоа, наместо да чекаме, ајде сите заедно да се погрижиме за она што можеме: за чистотата, за отпадот, за редот во нашите маала, улици, паркови. Тоа не бара политичка моќ, туку совест и волја. А градоначалникот, кој е независен и искрено посветен, нека ја води борбата за крупните проекти но со наша поддршка. Секој со својот дел. Така се гради град со заедништво.Да се покренат граѓански собири на отворено, каде секој ќе може да предложи идеја. Да се создадат мрежи на маалски координатори што ќе комуницираат со општината. Ако институциите не се движат доволно брзо ние ќе ги турнеме напред.Да се активираат средношколци и млади за волонтерски акции за солидарност, за почит, за живот. Да се создаде колективна свест дека градот е наш и од нас зависи. Да не чекаме да дојде некој да ни ги реши проблем. Ние сме тие. Ние сме промената.Да изградиме култура на грижа. Да се откажеме од навиките што не чинат. Да престанеме да фрламе ѓубре, да паркираме по тротоари, да се однесуваме како градот да е туѓ. Не е туѓ. Наш е. И ќе биде таков каков што ќе го направиме.Партиите нема да ни го вратат достоинството. Ни треба нова политичка култура, нова свест, нова енергија. Онаа што ќе не научи да мислиме, да делуваме, да не се плашиме. Зашто вистинскиот систем сме ние. И од нас почнува крајот на старата приказна и почетокот на новата.Наш став и наше видувања на реалните случувања во Кочани“.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Крстевски: Хаос во Кочани , школите и претпријатијата тонат во долгови, намалени плати на медицинарите кои кобната ноќ спасуваа животи

В.Д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, кој беше избран по оставката на дотогашниот Папазов кој по трагедијата во дискотеката Пулс даде оставка и е дел од истрагата, на ФБ дава одговор на прашањето кое му го поставувале: Знаеш ли на што си се нафатил?”Еве го неговиот одговор:   „Општина Кочани еден месец БЕЗ Градоначалник и Секретар, општинските инспектори под мерки за претпазливост, финансиските служби под тотално непотребна репресија, лоша клима за работа.КЈП Водовод Кочани две недели БЕЗ Директор и три месеци БЕЗ Технички, ДОЛГ над ТРИ милиони евра, дефицитарен кадар во делот на оперативци и општ хаос создаван со децении.Школите тонат во долгови, над 200 деца во предучилишна возраст чекаат ред за запишување во градинка.Територијалната противпожарна единица со број на вработени НА ПОЛОВИНА од ЗАКОНСКИОТ МИНИМУМ, опрема лимитирана, возен парк дотрајан во лоша кондиција и просечна старосна граница од 46 години.Полициска станица Кочани поради сите настани, суспензии, истраги, реално не е ниту на 20% од капацитетите.ЈЗУ Општа Болница Кочани нема елементарни услови во делот со опрема, а ИМА страшно нарушени меѓучовечки односи поради разместувања во рамките на самата институција, намалена плата на неколку лица кои беа на првите борбени редови во кобната ноќ и спасија стотина животи (поради користење на боловање).Ќе си дозволам да цитирам еден голем идеолог ‘Јас имам сон!’.Ве повикувам и охрабрувам да дадете придонес за остварување на овој сон, кој верувам дека е желба на сите млади и возрасни жители на Кочани.Споделете го овој статус сите кои можете, за да дознае цела јавност.”

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-19-at-12.11.15

(Видео) Со фотографии од загинатите чеда, родителите и семејствата маршираа и бараа правда за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

„Пулс од 2012 до 2025, истрага од 2025 до 2038, судење од 2038 до ???“, ова беше транспарентот со кој се предводеше протестот на родителите и семејствата чии блиски загинаа во дискотеката на смртта во Кочани. Тие маршираа низ градот, а пораките ги испратија преку транспарентите.„Стоп за селективна правда“, пишуваше на еден од нив, а на друг пак се додава: „Коруптивниот систем ни ги уби децата“.Претходно, вчера:

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Алармантно е по однос на дивоградбите, вели в.д. градоначалникот на Кочани

В.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, рече дека состојбата во општината е хаотична. Според него, оставени се проекти без целосна документација, не знаат дали имаат директор во Комуналното претпријатие или валидна му е оставката, а катастрофална е состојбата и во Противпожарната бригада.„Долгот на Комуналното претпријатие е 3 милиони евра, најмногу за елетрична енергија. Алармантно е по однос на дивоградбите, со тоа е нарушена и безбедноста во градот. Најавувам сериозна борба со дивоградбите, најавувам кривични пријави за секој затечен со дивоградби. Нема да има толеранција ни отстапки“, рече Крстевски.Тој побара помош од градоначалниците од другите општини, за да им дадат инспектори.Најави и состанок со Министерството за животна средина, за затворање на депонијата во Кочани, која треба да биде регионална.За опасните објекти, Крстевски за првпат зборуваше и во „Претрес“.?t=3797

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-15-at-19.02.27

(Видео) Пратениците се состанаа за надзорна расправа за Кочани, па двајца се испокараа

Не успеа обидот на ДУИ да се изгласа организирање на надзорна расправа за трагедијата во Кочани, бидејќи влајачкото мнозинство смета дека е рано за тоа. На говорницата предлогот го бранеше Блерим Беџети од ДУИ, кој се скара со претседателот на Комисијата и пратеник, Љупчо Пренџов.„Очекував да ми се извините“, рече Пренџов, а Беџети со кренат крст му мавташе и реплицираше: „Ти да се извиниш“. По ова Пренџов му рече да си ја собере раката, а Беџети му врати: „И устата таму“.Пред ова, имаше неколку остри реплики.„Ова е сведоштво на продолжувањата на ‘мојот закон’ и ‘ќе ве влечеме за уши’. Ова е отсуство на сведоштво и сите тие кои се одговорни и се оди на ретроактивност да се направи една толку голема магла“ рече Беџети.Му врати Пренџов: „Не само за Кочани ќе се разговара и за „кабелот е крив“ кога „живи луѓе ни гореа“, ќе се разговара и за Ласкарци, ќе се разговара и за сообраќајката во Бугарија каде „живи луѓе гореа“. Ова парламентарно мнозинство нема да стави ништо под тепих.Од ДУИ најавија дека нивни 15 пратеници во писмена форма ќе побараат од претседателот на Собранието да се одржи расправата.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Венко Крстевски е в.д. градоначалник на Кочани

Независниот советник Венко Крстевски е избран за вршител на должноста Градоначалник на Кочани.За Крстевски гласаа девет од присутните советници, додека еден советник беше воздржан.Тој е избран во вториот круг на поединечно изјаснување на советниците, откако во првиот круг ниту еден од двајцата кандидати не освоија мнозинство од вкупниот број советници.Во вториот круг, повеќе гласови освои Венко Крстевски, 9 гласови наспроти Гоце Марков од ВМРО-ДПМНЕ кој освои 8 гласови.Новиот градоначалник ќе ја води општината до локалните изборите во месец октомври. По трагедијата во дискотеката „Пулс“, Љупчо Папазов во која загинаа 61 лице и многу беа повредени, си поднесе оставка.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања