„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

кочани

Crven-krst-za-Kocani

Црвениот крст објавува каде завршија донациите за Кочани

Црвениот крст се огласи со статус на социјалните мрежи:„Почитувани,Во рамките на апелот на Црвениот крст на РСМ за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16.03.2025, досега се собрани 156.542.967,00 денари.Заклучно со 23.05.2025 година, Црвениот крст на РСМ во неколку наврати изврши исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани.Со овие средства досега е обесбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите лица во вкупен износ од 52.038.593,00 денари.За настраданите лица од пожарот кои се лекуваа во странство вкупно се исплатени 44.163.258,00 денари а за настраданите кои се лекуваа во земјата вкупно се исплатени 11.247.250,00 денари.Вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 107.449.101,00 денари.Преостанатите средства во износ од 46.593.866,00 денари на сметката на Црвениот крст, по направените проценки кои се во тек, за тежината на повредите и прогнозите за времетрање на лекувањето и потребите на повредените, направени од стручни и компетентни институции во државата, а со цел објективизација и постигнување на целите и задоволување на реалните потреби на настраданите лица, Црвениот крст навремено ќе пристапи кон распредлба на средствата, за што благовремено ќе информираме.Црвениот крст уште еднаш се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и сеуште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и нивните семејства.Црвениот крст продолжува со своите активности на терен со акцент на обезбедување на психолошка поддршка во обид да дадеме скромен придонес во надминување на последиците од катастрофалниот настан.“

Македонија | пред 7 месеци

naunova

Мајка на жртва од Кочани до Мицкоски: Ве повикуваме да дојдете, да запалите свеќа и да бидете со народот

Се заострува јавната реакција по трагедијата во Кочани. Мајка на едно од починатите деца, Габриела Наунова, јавно му се обрати на премиерот, Христијан Мицкоски, со емотивна и остра порака објавена на Фејсбук. Таа го повика да дојде лично во Кочани, да запали свеќа на гробовите на загинатите и да се соочи лице в лице со болката на семејствата.Време е да покажете одговорност и човечност. Дојдете лично во Кочани. Запалете свеќа на гробовите на нашите убиени ангели. Не беа болни – беа убиени. Немате изговор да не бидете тука, со народот, со семејствата, лице в лице со болката. Знаеме дека се видовте со дел од родителите, но другите не беа ни во психичка состојба да дојдат. Тоа не е оправдување за вашето физичко отсуство. Доста беше манипулации со нас. Ако имавте барем малку грам жал и човечност, како што го охрабрубвате сопствениот син да продолжи напред – знаете дека патот ќе му биде тежок на Машински факултет – така и мојата ќерка имаше сон. Таа следната година требаше да матурира и да се запише на Економски факултет во Словенија. Наместо денес да ја бодрам и подготвувам за животот, со мајчинско, скршено, но борвено срце ветувам: Правдата за нејзиното убиство ќе биде тешка, но мора да излезе на виделина. Од таа кобна ноќ добивме само молк, игри и празни зборови“, напиша Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица.На крајот, мајката додаде: „Народот не е глуп, бараме вистина, правда и одговорност“.[caption id="attachment_329136" align="alignnone" width="711"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 7 месеци

puls-kocevski

Истрагата за Кочани при крај: На распит биле над 300 лица

Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, посочува дека истрагата за пожарот во Кочани, од кој животите ги загубија 62 лица, е при крај. Засега, нема нови лица кои се осомничени. Распити се направени на над 300 лица, тврди тој.„За десет дена треба да заврши истрагата, а кон средината на јуни, се очекува јавно обвинителска одлука. Во моментов се испрашуваат сведоци, осомничени, се прибираат докази. Распрашани се можеби над 300 лица“, рече Коцевски.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-14.09.40

„Не прашувај каде треба да бидеш во сабота, одиме во Кочани, не смееме да ги оставиме сами!“, велат од „Кој е следен?“

Иницијативата „Кој е следен?“ и оваа сабота најавува дека ќе оди да ги поддржи родителите во Кочани, за што организира и превоз.„Ниеден човек не е остров сам за себе, секој човек е дел од континентот, дел од светот. Смртта на секој човек нè намалува сите нас, бидејќи и ние сме опфатени од општеството. Затоа не прашувај каде треба да бидеш во сабота? Одиме во Кочани. Не смееме да ги оставиме сами! Протестот во Кочани почнува во 16:05 кај Паркот на Револуцијата“, стои во најавата.Ова е втора сабота по ред, како тие им се придружуваат на родителите кои ги изгубија своите чеда во страшната трагедија. Тие на улиците, со молк испраќаат силна порака - дека следат и чекаат одговорност.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-10.55.05

(Вознемирувачкo видео) Исповед: Самохрана мајка од Кочани напуштила работа за да се грижи за повредениот син

Предупредување: Во снимката има сегменти од раните на повреденото момчеСилвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, за „Support Kocani“ објасни за тешката состојба во која се наоѓа. Таа посочува дека има возрасна мајка со два мозочни удари, мало дете од 10 години и сега треа целосно да се посвети на повреденото дете. Силвана е самохрана мајка.„Јас му облакам чорапи, го мачкам, масирам.. морав работата да ја напуштам за да се посветам на детето. Е сега колку сѐ може за тие некои работи, поврзани со него - јас што имам ќе дадам, ама морам да имам нешто и помош. Од државата треба да имаме ние помош. Ние ништо немаме од државата“, рече Петрова.Таа рече дека кога го пуштиле од болницата во Грција, рекле дека ништо не е готово. Туку дека од тој момент почнува процесот на заздравување.„Многу хигиена, многу средства, пазење од сонце...Они мислат набрзина ќе помине, ама нема..Не може ни да работи моментално.. јас му сечкам јадење, за да тој со левата рака може да пренесе до устата“, додаде Петрова.

Македонија | пред 7 месеци

kocani-6246245

Молитви во тегла за продажба: Измамници профитираат на сметка на жртвите од Кочани

Струмичката епархија на МПЦ-ОА предупредува на измамничка шема во која е злупотребено името на епископ Јаков, а дополнително измамниците ја користат трагедијата на семејствата на загинатите од кочанската дискотека. Од Епархијата алармираат дека станува збор за грозоморна измамничка шема преку која лица под профилот Библиска Македонија продаваа „молитви во тегли“ и книги.Осомничена е фејсбук-групата „Библиска Македонија“.-До нас стигнаа информации од оштетените граѓани, дел од нив роднини и родителите на загинатите деца во пожарот во Кочани, коишто, скршени од болка и барајќи утеха, подлегнале на лагите кои им ги пишувале луѓето кои се кријат зад профилот Библиска Македонија и порачувале од спорните реквизити. Целосно ја имаме во предвид ранливоста на оштетените, кои од небрежност, не сакајќи поверувале на оваа измамничка шема, која е сѐ, само не во духот на православното христијанство, соопштија од Епархијата.-Грозоморна измама, затоа што некои ликови, кои се претставуваа како христијани, се дрзнале преку лаги и измами, не само да прават обид за дискредитација на Преосветениот владика, а со тоа и на МПЦ ОА, туку и да заработуваат користејќи ја болката на оштетените. Грозоморна затоа што на луѓето кои барале утеха им продавале „ветер и магла“ и со тоа стекнувале бесправна материјална корист. Тука нема ништо човечко, а камо ли христијанско.Ниту Митрополитот Струмички г. Наум, ниту неговиот викарен Епископ г. Јаков дале било кому благослов да се продава каква било книга. Луѓето блиски до Црквата и Струмичката Православна Епархија знаат дека сите епархиски изданија, книги, весници, молитвеници итн, верниците и добронамерниците ги добиваат на подарок од владиците, потенцираат од Епархијата.Случајот е пријавен во полиција, информираат од таму.

Македонија | пред 7 месеци

kocani1111

(Вознемирувачка содржина) „Најтешко закрепнуваат изгорениците на грбот“, велат од „Support Kocani“ кои споделија фотографии

Иницијативата „Support Kocani“, објави нови фотографии од повредени лица од пожарот во дискотеката „Пулс“. На нив се гледаат тешките изгореници, за кои треба долго време за да заздрават, како и постојана медицинска грижа.„Изгорениците на грбот се едни од најтешките за закрепнување“, велат од Support Кочани.Но од овој, има и потешки случаи. Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска, рече дека има тројца пациенти со отворени рани, а за некој од нив ќе треба и трансплатација на кожа.„Пациентите беа во многу тешка состојба. Благодарни сме на сите земји кои ги прифатија и ги лекуваа тие пациенти. Но екстензивноста на повредите е голема, се работи за многу длабоки изгореници, со длабоки рани и кај нив ќе треба подолг третман и кај нив и рехабилитациониот период ќе биде малку подолг. равиме сè за да немаат поголеми лузни, плазма богата со тромбоцити, се даваат силиконски лепенки во Кочани кај сите пациенти, се даваат креми со заштитни фактори. Тим од Бугарија дојде во Кочани да направат индивидуални мерки за компресивни ракавици“, рече таа.Од „Support Kocani“ и претходно објавија фотографии.[caption id="attachment_328541" align="alignnone" width="1320"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-20-at-08.50.11

Мајката на загинатата Моника за средбата меѓу родители и Мицкоски: Да се претстават тие кои некрофилски ни забиваат секири во грб!

По објавата на дел од медиумите дека премиерот Христијан Мицкоски имал тајна средба со дел од родителите на загинатите деца од Кочани, реагираше Верица Трифунова, мајка на загинатата Моника Спасова. Таа бара родителите да се кажат со име и презиме.„Родителите се со име и презиме! Бараме сега јасно и гласно и јавно да се претстават пред сите нас родители на кои некрофилски ни забиваат не ножеви во грб, туку секири ни забиваат, а глодарски ни ги распарчуваат и така скршените и распарчени наши души, а тоа што ни го прават ниту нашите агнели не ни ги оставаат да почиваат во мир. Арам и срам да се нема бре!“, пишува Трифунова.Таа е лута бидејќи денот кога тие дојдоа во Скопје, тие не биле примени во Владата.„Кога идевме за Скопје зошто не малтретираа на тоа пеколно жешко и не не удостоија, а има издвоен состанок со сите родители? Секоја задоцнета реакција си има последици. И како тие жени, мајки, медицински сестри, наставнички, професорки и од други професии не ли се пронајдоа како понижени дека се враќаат во нокните часови и дена нивните деца се безбедни? И тоа не ми е јасно“, стои во објавата на Фејсбук.Од Владата за „Слободен печат“ посочиле дека семејствата барале средбата да не биде најавена во медиумите.„Како Влада имаме обврска да ги почитуваме барањата на сите граѓани кои остваруваат средба со премиерот и од таа причина остануваме на веќе изнесените ставови на претседателот на Владата. Ние остануваме во постојан контакт со сите засегнати од трагедијата, но воедно нема да подлегнуваме на желбата на неколкумина да прават политички злоупотреби од оваа трагедија“, рекле од Владата.

Македонија | пред 7 месеци

koooo1

(Видео) По сведочењата за недостатоци на медикаменти по трагедијата, ќе се испитува ли работата на болницата во Кочани?

Посетители на дискотеката „Пулс“ кои спасувале повредени кобната вечер, сведочат дека во болницата имало недостатоци на медикаменти. Родители на загинати деца, сведочеа дека немало доволно боци за кислород. Обвинителството без конкретен одговор - дали се провериле ресурсите со кои располагала Болницата во Кочани, како и дали истите се согласно законските обврски. Ова прашање се наметна откако во „Претрес со Ландов“, Дарио Трифунов просведочи за хаосот во болницата. Истовремено, Стојка Иванова-Антова, мајка на загинатата Ивона, на протестот рече дека нејзината ќерка починала оти не ѝ била пружена помош, а не ѝ бил даден ни кислород. Обвинителството вика дека постапува и испитува кривична одговорност, кај секој што со своето постапување или непостапување можел да придонесе за трагичните последици. Досега не е поведена постапка за болницата или раководните лица.„Дали кај одредена институција или поединец може да има одговорност ќе покажат доказите и особено прибавените вештачења, а секој еден кај кого ќе биде утврдена кривична одговорност ќе биде процесуиран. За сите лица за кои до овој момент е поведена истрага јавноста е известена“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Претходно, Дарио Трифунов ни просведочи за хаосот во кочанската болница кобната вечер кога се запали „Пулс“. Снемале физиолошки раствор, немало ни ножици.„Ние влеговме во болницата, имаше 2-3. На почетокот беше смирено. Имаше уште некои повредени, викаат дека им е топло и дека се жедни. И од што немаше физиолошки течности, со ладна вода ги потуравме, од што немаше со што друго, за да не се каче температура и да се онесвестат. Памтам, имаше таму едно дете, блузата му беше изгорена, не можевме да најдеме ножички, немаше ножички во болницата. После тоа снема вода. Потоа, дојдоа многу деца. И полицаецот го донесоа. Имаше многу онесвестени...“, рече Дарио Трифунов, кој кобната вечер бил гостин во дискотеката, а сега е дел од „Support Kocani“.Мајката на Ивона Антова, планинарка која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а која е единствена жена пожарникар во градот, вели дека детето ѝ било оставено без кислород и медицинска грижа.„Да, беше оставена во кецот, полицијата не нѐ пушти да влеземе. После отиде мажот ми и он ја најде, покриена со ќебе, легната на перница, свртена на страна. Сакала да слезе од кревет, била со ногата надолу падната. Не ѝ е пружено, не ѝ е дадено кислород. Така ја најдовме“, кажа Стојка Иванова-Антова.И семејството на загинатиот Андреј Стојанов трагаше по одговори - дали болницата не му пружила помош или не се изборил уште во диското.

Македонија | пред 7 месеци

kocani-6246245

(Видео) Неутешни, гласна тишина и пораки од родителите во Кочани: „Прошка нема, правда мора да има, време е!“

По два месеци од најголемата трагедија, и оваа сабота, родителите на загинатите во “Пулс”, потсетија дека чекаат правда и разврска на случајот. Порака упатија и до пратениците: голема (не)благодарност до нив.Преку транспаренти укажаа дека “Системот убива, додека институциите молчат”. Родителите, наместо своите деца, во преграгка ги држеа нивните фотографии.На овој марш се приклучи и иницијативата “Кој е следен?”.Томче, чие семејство го посети и екипата на „Претрес“, и денеска беше на „Маршот за ангелите“ во Кочани. Ја повтори пораката, чекаат на виделина да излезе сѐ што претходните 30 години било криено.

Македонија | пред 7 месеци

koj-e-sleden

(Видео) Два месеци од трагедијата во Кочани; „Кој е следен“: Ни порачаа да не ги вознемируваме семејствата, а тие не се грижеа за нивниот спокој

Со транспарент на кој се испишани имињата на жртви од повеќе несреќи во Македонија, и оставен простор за поминување на луѓе, иницијативата “Кој е следен?” направи герила акција пред седиштето на Обвинителството. Со ова, потсетуваат на сите кои животот го загубиле во големи трагедии, меѓу кои е последната во Кочани.„Да ве потсетиме дека поминаа два месеци од најголемата трагедија во нашата историја, најголемата трагедија која се случи пред наши очи. Зад бројките стојат човечки животи, а зад секој живот празно столче на трпезата и болка на која и нема крај. Во овие два месеци, хуманоста исчезна. Партиите се впуштија во препукувања, пратеници си земаа одмор, а медиумите на системот на правија сѐ за да ги демонизираат оние кои бараат правда. Семејствата на загинатите и повредените беа оставени сами, во прегратките на тишината. Системот секојдневно не повикуваше да не зборуваме, да не бараме правда. Ни порача: не ги вознемирувајте семејствата. Но тие никогаш не се грижеа за спокојот на семејствата. Тие беа загрижени за нивниот спокој, за нивниот партиско политички спокој и сакаа да ја прифатиме амнезијата како нова национална доблест“, рече претставничка на „Кој е следен?“.Тие рекоа дека нема да се помират со ова секојдневие, туку ќе има отпор против системот.„Хуманоста е нашето последно прибежиште, кое системот се обиде да го присвои и проба да нѐ убеди дека се менува. Системот не е хуман, хуманоста не е нивна, херојството не е нивно. Денес во ниво име зборува „Кој е следен?“, но важна е пораката која ја испраќаме, а не од кого доаѓа. Да не дозволиме болката да стане навика“, додадоа од иницијативата.

Македонија | пред 7 месеци

puls-35

По 80 илјади евра за семејствата кои имаат загинат во „Пулс“, работен ангажман за родителите, покривање трошоци - што има во законот за Кочани

Парламентарната група на СДСМ и коалиција поднесе Предлог-закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани што се случи на 16 март во која кога животот го загубија 62 лица, а над 200 беа повредени.„Овој закон предвидуваше сеопфатна, праведна и итна поддршка за жртвите, преживеаните и нивните семејства, со конкретни мерки и гарантирани права. За жал, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против – со што свесно ги ускратија семејствата од правична и заслужена поддршка“, велат од СДСМ и додаваат:Еве што точно одбија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ:*80.000 евра надомест за секое семејство на починат во трагедијата – еднократен паричен надомест за душевна болка и нематеријална штета*Финансиска поддршка за повредените според степен на инвалидитет– од 1.200.000 до 5.000.000 денари, во зависност од утврдениот степен*Покривање на трошоци за лекување – дома и во странство – хируршки интервенции, психолошка рехабилитација, лекови, помагала, сместување и транспорт*Образовна поддршка за ученици и студенти– онлајн настава, ослободување од приемни и матурски испити, стипендии до крај на студии*Платено отсуство за родители на повредени деца – најмалку 6 месеци платено отсуство и можност за продолжување по лекарска препорака*Скратено работно време за родители до една година – со покривање на придонеси за родителите кои работат во приватниот сектор*Психосоцијална и правна помош – за повредените и за семејствата на загинатите, најмалку една година*Домашна нега и поддршка од социјални работници– за лица со инвалидитет стекнат од несреќата*Државна поддршка за преквалификација и самовработување – за повредени кои не можат да се вратат на претходното работно место*Можност за адаптација на домот и набавка на возило– за лица со траен инвалидитет*Воспоставување на независна Комисија за проценка и следење– со стручњаци, претставници на институции и членови од семејствата на жртвите*Законот е применлив и за претходни трагедии со македонски граѓани– Ласкарци (2019), Тетово (2021), „Струма“ во Бугарија (2021)[pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/05/Предлог-на-закон-за-поддршка-на-настраданите-во-несреќата-во-дискотеката-во-Кочани-и-на-членовите-на-нивните-семејства-по-скратен.pdf" title="Предлог на закон за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на членовите на нивните семејства, по скратен"]

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-14-at-15.19.41

Има услови за третман на изгорениците во кочанската болница, се прави во посебни сали, тврдат од Министерството за здравство

Министерството за здравство, тврди дека во Болницата во Кочани, има сали каде се третираат пациентите со изгореници. Според нив, станува збор за двајца вакви пациенти, кои лекувањето сепак го продолжуваат во Клиниката за пластичка хирургија во Скопје. Ова доаѓа откако организацијата „Support Kocani“ објави за овој проблем во текот на вчерашната вечер.„Од болницата информираат дека во меѓувреме се обезбедени и услови и за набавка и монтирање када за подобар треман на пациентите кои имаат потреба да бидат третирани на овој начин (станува збор за двајца вакви пациенти). Инаку, овие двајца пациенти го продолжуваат лекувањето на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија до заздравување на раните. На одделот за хирургија во ОБ Кочани има посебни сали каде се третираат пациентите со изгореници, меѓу кои и за миење и преврзување и тоалетата се врши навремено и соодветно“, велат од Министерството за здравство за „Скопје1“.Тие посочуваат дека тимови од Клиниката за пластична хирургија веднаш по враќањето на првите пациенти од странство, во договор со хирурзите од ОБ Кочани секојдневно се во контакт и се врши редовна контрола на повредените.„Специјалисти од Клиниката за пластична хирургија повеќепати во неделата редовно одат во ОБ Кочани и вршат преглед, преврски и тријажа на повредените пациенти. Исто така и специјалисти по физикална медицина и соецијалисти од психијатрија се вклучени во третманот на лицата со изгореници“, додаваат тие.Тие признаа дека хипербарната комора комора уште не е во употреба, но имаат свое објаснување зошто е тоа така..„Согласно информација од ОБ Кочани, во моментот е во тек сертификација на кадарот за користење на капсулата на хипербарната комора, по што пациентите ќе бидат третирани со овој апарат. Значи веднаш по добивање на апаратот, се преземени неопходните чекори за обука на кадарот за негово користење. Во кочанската болница во тек на 24 часа има континуирано присуство на хирург и стручно лице за физикална терапија.

Македонија | пред 7 месеци

kocani1111

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Support Kocani“: Медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат раните на повредените!

Организацијата „Support Kocani“, која им помага на повредените од „Пулс“, алармира дека пациентите кои се вратиле со отворени рани, не можат да бидат третирани во кочанската болница. Доцна синоќа, тие објавија и фотографии од ужасните повреди на нивните сограѓани. Посочуваат дека тоа е вистината за повредените и дека ќе продолжат со такви објави, со цел, државата да преземе одговорност.„Ове е вистината за повредените. Повредените во нашата болница ги пречекале со отворени рани. Медицинските лица немаат каде да ги мијат и третираат раните. Хипербаричната комора се уште не е во употреба“, стоеше во кусата објава на организацијата.[caption id="attachment_328539" align="alignnone" width="1320"] Screenshot[/caption]„Скопје1“ побара одговори од Министерството за здравство, зошто не се обезбедени услови за третирање, како и зошто комората не е во употреба, а потоа прашавме дали има доволно персонал и соодветна апаратура за третирање на повредените. Штом добиеме одговори, ќе ги проследиме.[caption id="attachment_328540" align="alignnone" width="1320"] Screenshot[/caption]Во меѓувреме, од „Support Kocani“, споделија две вознемирувачки фотографии.„Во следните денови редовно ќе споделуваме сведоштва од повредените и нивните најблиски. Фотографии од раните. Доколку не можете да гледате експлицитна содржина, можете да го отследите профилот, бидеќи за жал, ова е реалноста во Кочани“.[caption id="attachment_328541" align="alignnone" width="1320"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-12-at-12.26.21

(Видео) Се одлучувало за животите на повредените од „Пулс“: Мицкоски вели тоа била најтешката одлука во неговиот живот

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека на негова одговорност, биле транспортирани повредените, бидејќи дел од медицинарите му укажале дека во таква состојба тие не можат да бидат пренесени во болниците во соседството. Посочува дека ако не биле пренесени, ќе имало повеќе жртви.„Јас имам 47 години, но кога би анализирам кој бил најтежок ден во мојот живот, тоа беше тој ден. Беше 3:30 наутро, кога човек тропаше на вратата од мојот дом. Тоа беше човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи, бидејќи не го гледав телефонот. Нормално, спиете тогаш. Веднаш се совземав и ги повикав луѓето од мојот тим да одиме веднаш во Кочани. Во 05 часот стигнавме таму“, рече Мицкоски.Тој рече дека најтешки биле одлуките кога доаѓала понуда за помош од секаде, а особено од регионот, а ние немаме брилијантни односи со некои од соседите.„И тогаш кога треба да носите одлука мора да водите сметка за сите последици. А од друга страна дел од медицинските лица ви велат дека пациенти во таква тешка состојба не се за транспоритрање. Кога прашав кога е опцијата - тие рекоа ние да ги негуваме, а веројатно ќе имаме повеќе жртви од сега. И тогаш размислив неколку секунди. Им реков да ги спремат пациентите и веднаш да се транспортираат. Еден од нив рече дека е на моја одговорност, а јас реков: да, на моја одговорност“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања