„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

кочани

adgasgd

„Ни крема за рани не ни дадоа“ – преживеан од пожарот во „Пулс“ со јавен апел за незаинтересираноста на државата

Дарко Златев, повреден во „Пулс“ кобната вечер, кога животот го загуби неговата внука, со јавен апел се обрати до јавноста. Тој тврди дека тие немаат добиено никаква помош од државата, а ниту биле посетени. Се жали дека немаат поддршка ниту грижа, особено потенцира, во Кочани нема ниту најосновни средства.„Со голема болка и тешко срце ја споделувам трагедијата што не' снајде. Во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани, животот го загуби мојата внука од сестра, заедно со уште 61 млад човек. Вкупно 62 загинати, и 200 повредени. И покрај огромната загуба, немаме добиено никаква помош од државата. До ден-денес, ниеден претставник од владата не не посети, ниту во болниците, ниту во домовите. Нема поддршка, нема грижа, нема ни најосновни медицински средства. Сè што имаме се донации од хумани луѓе – државата не обезбеди ни обични креми за раните, а камоли сериозна медицинска помош, дури и опремата односно двете маси за вежбање во физикалната се донации а без нив просториите беа потполно празни! Имаше доволно време да се обезбедат услови во болницата. Ние, повредените, бевме испратени на лекување во странство уште од таа кобна ноќ. Јас лично бев хоспитализиран во Белград, каде што веќе наредниот ден дојде премиерот Александар Вучиќ лично да не посети, да не слушне и да ни даде целосна поддршка – и психолошка, и медицинска,која во тој момент ни беше најзначајна“, пишува Златев и додава:„А кај нас? Нашиот премиер не најде време да дојде и да не види, ниеден од повредените. Ни збор за поддршка. Ни чекор за лекување. Ниту правда, ниту одговорност! Затоа прашуваме: До кога вака? До кога жртвите ќе се игнорираат, а институциите ќе молчат? До кога ќе живееме во држава каде што човечкиот живот ништо не вреди?Бараме: Итна и јавна истрага за причините за пожарот. Поддршка за семејствата на загинатите и повредените. Одговорност за сите што затаија. Достоинство за жртвите, и вистинска грижа за преживеаните. Ова не е само наша болка – ова е срам за една цела држава“.

Коментари | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-20-at-16.49.15

(Видео) Условите се на минимум, нема каде да се мијат раните, тоа се прави во умивалник, вели повредениот Дарко за кочанската Болница

Кочанчанецот Дарко Златев е еден од повредените во дискотеката „Пулс“, кој се лекуваше во Белград и има тешки изгореници на двете раце. Нему му била извршена и трансплатација на кожа. Сега, грижа и нега добива во Болницата во Кочани. Посочува дека условите таму се на минимално ниво, а пожртвуваноста на персоналот е максимална.„Условите не се толку добри, докторите се добри. А условите се на минимум. На се имаме приговор, нема како прво лепенки кои ни ги препишуваат докторите, немаме ластици, односно стегачи. Нема кај да нѐ премие докторката, во обичен умивалник ни ги мие раните. Нема никакви услови“, рече Лазев.Прашан дали е обврска на болницата да ги набавки преврските тој рече: „Завоите од тука се од болницата. И мислам дека баш вчера кажа докторката, тие што се ластиците, сами ги нашла во Битола. Од сите аптеки купила да донесе за нас. Иначе, од болницата немаме“, додаде тој.Повредениот, посочува дека лекувањето ќе трае најмалку две години, според насоките кои ги добиле од докторите во Белград.„Сѐ е скоро на наш трошок. Докторите во Белград ни кажаа дека ќе трае најмалку две години. Не смее на сонце, треба да се пазиме од комарци. Задоволен сум од докторките и персоналот, ептен. Даваат сѐ од себе“, заклучи тој.Претходно, Министерството за здравство тврдеше дека се обезбедни сите услови за третирање на пациентите.

Македонија | пред 6 месеци

puls-40

(Видео) Дали постои снимка на која се гледа дека Петрушев ги заклучува вратите на „Пулс“? Тој е втор кој е заштитен, вели Илиевски

„Мицкоски и Коцевски ја продолжуваат голготата на родителите од Кочани кои речиси три месеци бараат правда за нивните починати деца“, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додава:Христијан Мицкоски не може да ги погледне овие луѓе во очи затоа што прави се за вистинските виновници за смртта на нивните деца да ги заштити и никогаш да не го видат лицето на правдата.Родителите на починатите и повредените деца од Кочани јавно ги посочуваат виновниците во институциите, но поради политички притисок од власта ниту еден актуелен државен функционер не е опфатен со истрагата на обвинителството.Коцевски и Мицкоски им должат одговор на родителите од Кочани зошто досега нема обвинение против Драган Казак Петрушев сменоводител кој вечерта раководел со акциската контрола во дискотеката Пулс?Дали е точно дека постои снимка на која се гледа дека лично Драган Петрушев спротивно на стандардните оперативни процедури ги заклучува вратите на дискотеката Пулс и не дозволува никој да го напушти објектот?Ако обвинителството поседува ваква снимка од безбедносните камери на дискотеката зошто досега нема обвинение против Петрушев?Дали Драган Петрушев има објаснување зошто акциската контола на објектот Пулс не ја прави во 12:30 часот на почетокот на забавата туку спротивно на добиената наредба прави контрола во друг објект, па дури при крајот на забавата во Пулс прави контрола во објектот кој бил должен да го контролира согласно наредбата уште во 12:30 часот?Мицкоски и Коцевски мора да им одговорат на родителите дали постоела комуникација помеѓу сопственикот на дискотеката и Драган Петрушев и дали барањето од газда Деко било да се прави акциска контрола пред крајот на забавата со цел да го зголеми профитот?Дали е точно дека против Петрушев се води уште една постапка за издавање на службена тајна и контакт со криминалци кои наместо да ги гони ги информирал за постапките кои се водат против нив?Дали Драган Казак Петрушев е заштитен затоа што е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и ги врши валканите работи на партијата во градот со години?Дали можеби Петрушев е заштитен затоа што поседува компромитирачки материјали за истакнати функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои и пратеници?Зошто Петрушев присуствува на речиси секој протест во Кочани во формален капацитет како полицаец, дали целта на Панче Тошковски и Христијан Мицкоски е да ги заплашува родителите на починатите од Кочани да не говорат за што се случувало кобната вечер?Колку време е оставено на вистинските виновници за трагедијата во Кочани да прикриваа и уништуваат докази?Колку време им е оставено вистинските виновници да прават притисок врз сведоците и оштетените, да им се закаануваат на родитиелите на починатите во Пулс?СДСМ остави повеќе од доволно време институциите да донесат правда за жртвите на ова власт, но по се изгледа залудно.СДСМ нема да дозволи да нема правда за 62 починати млади деца и 200 повредени кои се директни жртви на институциите со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ!СДСМ на целата македонска јавност ќе и ја обзнани вистината за трагедијата во Кочани.Продолжуваме со објавување на Вистината за трагедијата во Кочани.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-31-at-20.58.50

(Видео) Семејствата на жртвите од „Пулс“ во Кочани: „Не бараме милост, не ги штитете полицијата и виновниците“

На осмиот „Марш за ангелите“, семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно упатија остри пораки до институциите, барајќи правда и одговорност.„Не ја штитете полицијата, не ги штитете виновниците. Не сме слепи, ни глуви. Не бараме милост – бараме правда. За секое дете што нема да се врати, за секоја мајка што навечер гушка воздух“, порачаа родителите.Тие упатија прашања: зошто дискотеката – импровизирана и без лиценца – не била затворена навреме, и кој сè дозволил таа да работи спротивно на законот?“. Прстот беше вперен во Министерството за економија, МВР, Обвинителството, УЈП, Пазарниот инспекторат и Општина Кочани, како институции што, според родителите, затаиле и придонеле за трагедијата.„Да ве потсетиме – на 16 март Кочани замолкна. Во огнот на ‘Пулс’ живи изгореа 62 млади души. Над 200 беа повредени, половина од нив беа деца, без наполнети 18 години. Таа вечер, во објект без дозвола, беа натрупани 500 лица. Газдата ги пушти од алчност“, изјави една од мајките.Таа рече и дека полицијата наместо да ги заштити, им ја затворила вратата, мислејќи дека бегаат од инспекција: „Тоа беше масовно убиство. Не ги штитете убијците – ако ви останало нешто човечно“.Друг родител ја критикуваше истрагата, откако беше објавено дека од првично 73 осомничени, само 46 остануваат под сомнение – а половина од нив, според семејствата, не биле ниту повикани на распит.„Апелираме да се следат доказите, не позициите. Вистинските виновници мора да бидат откриени, без оглед кој се кријат зад нив. Ако вие не ги гледате, ние сме тука да ви ги покажеме“, порачаа родителите.Сите изјави, како што најавија, ќе бидат објавени на заедничката страница на здружението „16.03“.„Во сета болка, ние моравме да ги следиме сите правни норми. Но, нема да молчиме“, завршија родителите.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-31-at-16.25.32

(Видео) Родителите од Кочани со порака до вас: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“

Молчејќи, со фотографиите од загинатите чеда во рацете, родителите, семејството, пријателите и јавноста излезе на осмиот по ред марш преку кој се упатува порака дека се чека правда. Зад родителите, транспаренти. Овојпат со порака до јавноста: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“. На протестот освен жители на Кочани, дојдоа и од другите градови.Ова е осми по ред марш кој го организираат. Тие не ја кријат болката, а очекуваат јавноста да ја почувствува и да застане рамо до рамо со нив, за да ваква трагедија не се повтори. Постојано повторуваат дека молчат и се следат, бидејќи даваат шанса. Минатата сабота порачаа до институциите - дека трпението им е при крај.

Македонија | пред 6 месеци

puls-35-1

Тешки обвинувања од СДСМ: Кој го штити разрешениот началник на СВР Штип, има снимка кај што се гледа пред „Пулс“ ноќта пред трагедијата

„Власта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во дискотеката Пулс во кој 62 деца го загубија својот живот, а 200 беа повредени“, вели Каја Шукова“, потпретседателка на СДСМ и додава:Христијан Мицкоски ги искористи сите механизми на власта, закани, уцени и присоци со единствена цел да ги заштити своите луѓе, односно оние кои се најодговорни за трагедијата која го снајде Кочани, а тоа се актуелните функционери на власта.Токму обвинителот Љубомир Коцевски кој беше под закана дека ќе биде сменет од актуелната власт, вчера ја затвори истрагата без ниту еден осомничен или обвинет актуелен функционер на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Со што ли го држи Мицкоски Коцевски под своја целосна контрола?СДСМ остави простор истрагата да биде завршена целосно и се надеваше дека ќе има правда. Денес е јасно дека правда нема. Ниеден од актуелните финкционери не е обвинет!Од денес ги поставуваме клучните прашања и ги изнесуваме клучните докази кои очигледно се кријат за да се заштитат оние од власта. Прво заштитено лице е Дејан Салтировски.Обвинителството мора да одговори:Дали постои пишана наредба за акциска контрола во која стои дека вратите на дискотеката Пулс треба да бидат затворени? Ова е спротивно на стандардните операциски процедури. Прашуваме кој бил потпишан на таквата наредба?Зошто ако обвинителството поседува ваков документ нема ниту еден обвинет актуелен полициски функционер од таа вечер?Понатаму, Обвинтелството и Власта мора да одговорат зошто нема обвинение против тогаш актуелниот началник на СВР Штип, Дејан Салтировски? Тој знаел или морал да знае дека во наредбата за акциска контрола спротивно на СОП стои дека ќе бидат затворени вратите во дискотеката Пулс?!Понатаму, зошто обвинителството не го објави јавно видеото на кое се гледа началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски во периодот 12:30 до 01:20 част пред дискотеката Пулс во Кочани.Дали обвинителството го запраша Салтировски што барал во овој период пред дискотеката и зошто полицијата не влегла да врши акциска контрола како што било предвидено во 12:30 часот кога започнува забавата наместо на крајот од истата?Дали Дејан Салтировски во меѓувреме фалсификувал документација дека вечерта не бил на работа или за тоа постојат конкретни докази?Дали Дејан Салтировски е заштитен од кривичен прогон затоа што ее во кумовска врска со Орце Тодоровски - Ефто еден од најблиските соработници и бизнис партнери на Христијан Мицкоски со кој градеше хидроцентрални и кој беше обвинет за милионски криминал во случајот Делчевски ниви?Дали Дејан Салтировски е заштитен лично од Панче Тошковски кој што бил негов адвокат и не само што правно го застапувал туку како вработен во гранична полиција на полицајците им нудел потпишано полномошно од адвокат Панче Тошковски со цел да испумпуваат пари од буџетот на државата?Дали е точно дека Дејан Салтировски подолго време не можел да добие безбеносен сертификат и ако е така како е можно да биде поставен на една така висока позиција во МВР?Мајките завиени во црно и стотиците повредени најмалку што заслужуваат е правда!Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има!Вистината за трагедијата во Пулс мора да излезе на виделина! Јавно го повикуваме обвинителството да се ослободи од стегите на властазатоа што селективната правда е неправда!Во меѓувреме СДСМ ќе продолжи јавно да ги објавува сите информации кои ги има поврзани со трагедијата во Кочани се додека нема одговорност за актуелните функционери на власта.Ова е само првиот во серијалот пресови за она што се случувало во кочанската дискотека Пулс.

Македонија | пред 6 месеци

FA7F9C6D-5D57-4B53-91C1-D1C262968A1D_1_105_c

Болката одново ќе се излие на кочанските улици, родителите на загинатите и денеска на улиците

Денеска во 16 часот и 5 минути, семејствата на загинатите во трагичниот пожар во кочанската дискотека ќе го одржат осмиот по ред „Марш за ангелите“. Toj ќе започне од Паркот на револуцијата и ќе се движи низ централните улици – преку Трговскиот центар, пред зградата на Општина Кочани, Полициската станица, Основниот суд и Јавното обвинителство.Организаторите упатија јавна покана до сите граѓани кои сакаат да ја поддржат нивната борба за вистина и правда, да им се придружат на маршот. Мајките на загинатите деца се обратија до мајките. Машрот се организира секој викенд, во истиот термин.На минатиот марш, тие порачаа правосудните институции да не си играат со нивното трпение, а дека нивниот молк кажува многу.Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека истрагата за пожарот е завршена. Вкупно 46 лица се осомничени за тешки кривични дела против општата сигурност, меѓу кои и 14 полициски службеници, чии предмети се водат од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_5583

Кој е одговорен за трагедијата во „Пулс“? Заврши истрагата, испрашани 400 сведоци, 46 се осомничени, следува обвинение

Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја заврши истражната постапка во врска со пожарот во клубот „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.„Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.Во истражната постапка постапуваа вкупно 13 обвинители од основните јавни обвинителства во Кочани, Скопје, Штип и Куманово кои презедоа голем број дејствија со кои обезбедија докази со цел утврдување на фактичката состојба.По наредба на јавните обвинители, полициски службеници и истражители од истражните центри на обвинителството, на лице место на трагичниот настан и на повеќе други локации, прибраа материјални докази и документација кои беа предмет на вештачење. Обезбедени се детални обдукциски вештачења за причините за смрт на секој од починатите, како и за видот и карактерот на повредите кај повредените лица. Изготвени се градежно и хемиско вештачење, со кои се испитаа околностите во самиот објект, безбедносните стандарди, како и начинот на настанување и ширење на пожарот. Во однос на определен дел од документацијата за клубот се вршеше и графолошко вештачење. Извршени се распити на околу 400 сведоци и оштетени, а испитани се и осомничените. Од бројни електронски уреди (компјутери и мобилни телефони) се вршеше извлекување и анализа на податоци, кои се вкрстуваа со останатите информации добиени во текот на истрагата. Во однос на работата и функционирањето на клубот проверки по насока на јавен обвинител вршеше и Управата за финансиска полиција.Доказите кои се прибрани во текот на оваа истражна постапка, а се однесуваат на постапувањето на полициските службеници, обвинителскиот тим ќе ги достави на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде Специјализираното одделение до овој момент спроведува истрага против 14 полициски службеници. Овој дел од истрагата ќе продолжи и во следниот период со цел целосно испитување на сите факти и околности.Јавнообвинителската одлука за секој од осомничените поединечно ќе биде донесена врз основа на целокупниот доказен материјал. Дополнително, доколку од анализата на овие или други докази се утврдат елементи на кривично дело и кај други лица, кои до овој момент не се опфатени со истражната постапка, обвинителството ќе постапува согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 6 месеци

majki-naunova-taseva

Нова сабота, истата болка: мајките на загинатите Стефан и Надица со емотивно обраќање до другите мајки

Нов марш на родителите на загинатите деца е најавен за утре, а мајките јавно ги повикуваат другите мајки да им се приклучат. Истиот ќе се одржи во Кочани, како и секоја сабота, од 16:05 минути.„Ајде мајки, без разлика на вера, нација, припадност, партија, придружете нѐ нас мајките, за нашите ангели и ангелите во иднина што треба да го живеат животот, иднината е во ваши раце, нашите деца веќе ги нема“, напиша мита Тасева, мајка на загинатиот Стефан Тасевски.Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова исто така преку емотивна објава ги повика мајките.Сакам да се обратам до сите мајки кои не излегоа со нас на маршевите за правда - за нашите починати и повредени деца. Дали тие мајки не чувствуваат болка кога ќе слушнат за изгубено младо срце? Дали нивните срца се од камен? Дали тие чуваат деца дома и мислат дека никогаш нема да бидат на нашето место? Ова не е борба само за нашите деца, туку за сите деца. Молам, разбудете се пред да биде доцна за неко ваш! Ние не бараме ништо повеке од правда и безбедна иднина“, напиша Наунова.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_5583

Заминувањето на докторката Кате отвора нова рана кај повредените од пожарот во Кочани

По трагичниот пожар што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, неколкумина повредени граѓани се соочуваат со долготраен процес на физичко и психолошко закрепнување. Токму во тие најтешки моменти, здравствената поддршка што ја добиваа во ЈЗУ Општата болница – Кочани беше од суштинско значење. Меѓу медицинскиот персонал, клучна улога одигра докторката Катерина Паниќ – препознатлива по својот професионален, но и човечки пристап. Сепак, од понеделник, 1 јуни 2025 година, докторката Паниќ повеќе нема да биде дел од болницата, што кај повредените предизвикува сериозна загриженост за континуитетот и квалитетот на нивната здравствена нега. Во продолжение го пренесуваме нивното јавно обраќање, во кое ги истакнуваат причините за својата вознемиреност и апелираат до надлежните институции за итна реакција:„Ние, повредените лица од пожарот што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, чувствуваме должност и потреба да се обратиме јавно поради сериозна и загрижувачка промена во нашата здравствена нега.Ја информираме јавноста дека од овој понеделник, 1 јуни 2025, докторката Катерина Паниќ (позната како докторката Кате), која беше наш главен доктор и поддршка во целиот период на опоравување, повеќе нема да биде дел од ЈЗУ Општата болница - Кочани. Таа заминува во друга болница, и иако никој нема да може да ја замени, ние сè уште немаме информации кој ќе дојде на нејзино место и каков ќе биде понатамошниот пристап кон нашето лекување.Вистината е - не знаеме што нè чека утре. Никој не ни кажува кој ќе дојде после неа, или како ќе изгледа нашата понатамошна грижа. А ние веќе се прашуваме – дали пак ќе останеме сами? Повеќе не веруваме и сакаме да знаете дека не е исто. Не е исто кога некој само ја пополнува смената, и кога некој навистина се грижи. Ние тоа го чувствуваме – секој ден, на секој преглед, во секој здив од болка.Докторката Кате не беше само лекар - таа беше наша надеж, сила и стабилност. Начинот на кој ни пристапуваше - со човечност, посветеност и разбирање – не може да се замени. Во неа стекнавме длабока доверба - доверба што не доаѓа лесно кога се поминува низ период на траума и неизвесност.Апелиравме, зборувавме, информиравме. Нè игнориравте. Наместо да добиеме подобри услови – ги изгубивме единствените што вредеа. Наместо поддршка – добиваме молк. Наместо стабилност - неизвесност. И покрај бројните јавни апели директно од нас за субстандардните условите во болницата и хроничниот недостаток на медицински персонал - нашите гласови не беа слушнати. Наместо дополнителна нега и зголемување на медицински персонал ние остануваме без единствената докторка која 24/7 се грижи за нас. Наместо итно решавање на санитарните проблеми во болницата, ние сè уште ги третираме нашите рани во мијалници од пред 50 години. Ќе имаме ли институционален одговор на тие апели? Дали некој реално се справува со овој проблем? Дали некој ќе го слушне нашиот глас?Нашата намера не е да критикуваме, туку да апелираме. Ова не е личен, туку општествен проблем. Заминувањето на докторката Кате остава сериозен вакуум, а ние – директно засегнатите - ја носиме целата тежина од тоа. Со оваа изјава сакаме да испратиме силна порака - не сме невидливи. Имаме право на континуирана и квалитетна здравствена грижа. Бараме институциите итно да реагираат, да понудат одржливо решение и да ѝ овозможат на докторката Кате, да продолжи со прегледите - дури и на волонтерска основа, како што самата изрази подготвеност.Ние не бараме сочувство - бараме одговорност. Ние не сме статистика. Не сме тивко минато. Заслужуваме подобро, заслужуваме вистинска грижа, не половична. Заслужуваме сигурност, не само надеж. Заслужуваме иднина. Немојте повторно да нè оставите“, велат повредените лица од пожарот во Кочани

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-14-at-15.19.41

Има и полоши болници од кочанската, ниту еден пациент нема да остане незгрижен или нетретиран, рече Мицкоски по забелешките од пациенти

По забелешките на дел од повредените од дискотеката „Пулс“, дека во кочанската болница нема ниту услови да се третираат отворените рани, како и дека им ги мијат во обични мијалници - премиерот Христијан Мицкоски вели дека ниту еден пациент нема да остане нетретиран. Најави дека планираат проект насловен како „Кочани 2030“ кои би го спровеле со Европската комисија, а преку кој ќе се инвестира во објекти како што е кочанската болница и другите инфраструктури.„Ќе вложиме многу пари, подготвуваме огромен проект. Ниту еден пациент нема да остане незгрижен или нетретиран“, додаде Мицкоски.Тој потоа објасни дека има и полоши болници од кочанската.„Условите во кочанската болница, со жалење констатирам, дека има болници и со полоши услови. И ние во овие 11 месеци не успеавме сѐ да реновинраме. Прв приоритет се тие луѓе. Тоа го покажвме од прв ден, застанавме зад тие луѓе. Направивме сѐ што можеме, за да бидат згрижени надвор од државата, како и во државата. Не сакам за овие работи јавно да зборувам што правиме и како правиме, за да не се злоупотребува оваа трагедија. Се праќаат специјални тимови. За жал, од тие повеќе од 200 луѓе кои беа жртви на овој ужасен настан и последиците кои ќе ги сносат - изгубивме двајца пациенти. Ние се трудиме како Влада, максимално“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 6 месеци

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

,,Сите за Кочани – Трчаме заедно“, хуманитарна трка во седум градови

Денеска ќе се одржи хуманитарна трка за настраданите во трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани.Организатор е Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус, со што оваа година ќе го одбележат „Денот на Европа“.Мотото на трката е ,,Сите за Кочани – Трчаме заедно“,,На 25 мај, истовремено во седум града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани. „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!“ е хуманитарна иницијатива во која може да учествува секој, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Трките се наменети за сите: рекреативци, спортисти, аматери, помлади и повозрасни, бидејќи не се работи за километри, туку за солидарност”, велат од Делегацијата на ЕУ.Пријавувањето може да се врши преку платформата https://sitezakocani.mk, каде што секој заинтересиран може да избере град и да стане дел од најважната трка оваа година.Сите средства собрани од котизациите ќе бидат донирани преку Црвениот крст, кој ќе ги даде за Кочани, таму каде што се најпотребни.,,На 25 мај, нема да трчаме за резултати, ниту пак за награди, ќе трчаме за солидарност и за вредностите кои нѐ дефинираат како општество и како заедница. Сите за Кочани – да трчаме заедно! Придружете ни се”, стои во повикот за настанот.Во Скопје, трките ќе се одржат на Средно Водно. Трката од 5 километри започнува во 10:00 часот, додека трката на 10 километри ќе започне во 11:00 часот. Пристапот со возила кон Средно Водно ќе биде регулиран, а паркингот нема да биде достапен за возила. Затоа ќе биде обезбеден организиран бесплатен автобуски превоз од паркингот кај Цветен пазар до Средно Водно.

Македонија | пред 7 месеци

Kocan-protest-24.05-2

(Видео) Порака од родителите до правосудството: Молкот нема да трае долго како вашето судење

Во Кочани од ,,Маршот на ангелите“, родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ на правосудството му порачаа: „Нашиот глас е гласот на оние кои трагично заминаа во огнот, молк што зборува повеќе од илјада зборови. Но нашиот молк нема да трае долго како вашето судење”.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-24-at-16.27.29

(Видео) Потресни сцени на маршот во Кочани: солзи и лелеци по загинатите деца

Денес, улиците на Кочани беа обвиени со тишина, болка и солзи. Десетици родители, роднини, пријатели и граѓани се собраа на протестен марш во чест на децата кои трагично ги загубија животите. Маршот, организиран како знак на почит, но и како повик за правда, помина низ централното градско подрачје, оставајќи силен впечаток кај сите присутни.На видеата, споделени од skopje1.mk, можат да се видат потресни сцени – мајки во солзи, луѓе кои со скршени гласови повикуваат на правда, како и тишина што зборува повеќе од илјада зборови. Лелеци, свеќи и цвеќе во рацете на учесниците сведочат за длабоката болка и загубата што ја чувствува целата заедница.Настанот не беше само израз на тага, туку и апел до институциите за брза и ефикасна реакција, за поголема безбедност и одговорност. Граѓаните испратија силна порака: „Децата се нашата иднина – нивниот глас никогаш нема да биде замолчен.“Кочани денес беше симбол на солидарност, болка и непоколеблива љубов кон најмладите.

Македонија | пред 7 месеци

Kocan-protest-24.05-1

(Видео) Родителите на загинатите деца прашаа: Законот е ист за сите…или?

Со слики и транспаренти од трагично загинатите чеда, родителите и блиските и денеска низ улиците на Кочани, со солзи во очите бараат правда. Изразија неблагодарност за пратениците.Со транспарентите порачаа: „Ефективен притвор”, „Секој може да е следен”, „Системот убива”.Укажаа дека судиите се со валкани раце но и „Народ со скршени соништа”, „Не чекајте катастрофа-дејствувајте сега”, „Моќта на луѓето е посилна од луѓето што се во моќ“.Прашаа: „Законот е ист за сите… или?”.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања