КОСОВО

media-library6q8geqbgl291ajC4FPA

Сеизмолог за Косово предупредува: Историските податоци покажуваат ризик од потреси до 6,5 степени

Директорот на Сеизмолошкиот институт во Косово, Шемси Мустафа, во изјава за Клан Косова се осврна на силниот земјотрес што вечерва го погоди Призрен, нагласувајќи дека станува збор за потрес со средна јачина, но со значително психолошко влијание врз граѓаните.Мустафа појасни дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се наоѓал на околу 22 до 23 километри источно од Призрен, во близина на Штрпце. Според него, иако магнитудата се смета за средна, ваквиот потрес бил доволен да предизвика паника и вознемиреност кај граѓаните, кои субјективно го доживеале како многу посилен.Тој истакна дека подрачјето на Призрен припаѓа на изразито сеизмичка зона, која и во минатото генерирала силни земјотреси, а такви настани се можни и во иднина. Мустафа потсети дека Призрен бил погоден и од земјотрес со јачина од 6,8 степени, нагласувајќи дека целата територија на Косово се наоѓа во сеизмички активна област.Според него, постојат неколку зони во Косово со различен степен на сеизмички ризик, при што три од нив имаат потенцијал да бидат погодени од земјотреси со максимална магнитуда до 6,5 степени според Рихтер. Мустафа нагласи дека проценките на ризик мора да се темелат на историскиот каталог на земјотреси, кој претставува клучен параметар за ваквите анализи.Тој додаде дека мапите на сеизмички ризик се изработуваат врз основа на повеќе научни параметри, меѓу кои се тектонските и неотектонските карактеристики, сеизмотектониката, топографијата и геолошките податоци. Врз основа на овие анализи, како што рече, постои веројатност од 72,6 проценти Косово да биде погодено од земјотрес со јачина до 6,5 степени во период на повторливост од 100 години.Мустафа порача дека оваа информација треба да ја знаат сите граѓани, со цел подобра информираност и подготвеност, нагласувајќи дека разбирањето на сеизмичкиот ризик е клучно за намалување на последиците од ваквите природни појави.

Свет | пред 1 час

media-library7pqrflooq1redLcDvoy

(Видео) „Рипавме од кревет, зградите се нишаа“: сведоштва од косовски Призрен за земјотресот

„Рипнавме од кревет“, „се тресеше сè околу нас“, „мислев дека ѕидовите ќе пукнат“ – вака граѓаните од Косово го опишуваат силниот земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, кој вечерва околу 22 часот го погоди регионот и предизвика страв и паника кај илјадници луѓе. Потресот беше почувствуван во Косово, Србија и Македонија, а епицентарот, според првичните податоци, се наоѓал на околу 19 километри источно од Призрен и 15 километри северозападно од Тетово.Највознемирувачки сцени биле забележани во близина на епицентарот. Во селото Партеш, во општина Гњилане, мештаните раскажуваат дека земјата силно се тресела, а предметите во домовите се нишале и паѓале. Една жителка сведочи дека сè во куќата се тресело, цвеќето на прозорецот почнало силно да се ниша, по што саксија паднала на подот.Во Призрен, каде што граѓаните за тамошните медиуми велат дека ударот бил многу силен, се слушала бучава, а зградите се нишале неколку секунди.„Беше многу страшно, се тресеше и правеше силна бучава, траеше околу осум секунди“, вели еден жител за Индекс онлајн, додека друг кратко опишува: „Многу се тресеше“. Некои од граѓаните сведочат дека биле разбудени од силниот удар и дека во паника станале од кревет.Потресот предизвика вознемиреност и во јужниот дел на Србија, особено во Ниш и Лесковац, а, според сведоштвата, се почувствувал и во Белград. Жителка на Нови Белград раскажува дека додека гледале телевизија, одеднаш почувствувала вртоглавица, а потоа забележала дека лустерите почнале да се нишаат.Надлежните институции во земјите од регионот информираат дека состојбата се следи, а засега нема информации за повредени или за поголеми материјални штети. Граѓаните се повикуваат на смиреност и да ги следат исклучиво официјалните информации.

Свет | пред 1 час

media-libraryff221a9d8e2dcJvo9I9

Властите во Приштина со апел за смиреност по земјотресот кај Призрен, досега нема пријави за жртви

Градските власти на Приштина вечерва информираа дека земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погодил јужниот дел на Косово, во подрачјето меѓу Призрен и Штрпце. Потресот бил регистриран околу 22:05 часот и, според официјалните информации, бил почувствуван во повеќе делови на земјата.Во соопштението се наведува дека досега нема пријави за повредени лица или за сериозни материјални оштетувања. Надлежните институции, како што се посочува, и понатаму ја следат состојбата на терен.Граѓаните се повикуваат на смиреност и почитување на безбедносните препораки, особено во случај на нови потреси. Од градските власти апелираат лицата да се држат подалеку од прозорци и објекти кои би можеле да се урнат, а во затворени простории да побараат засолниште под цврста маса или покрај носечки ѕид. Доколку се најдат надвор, граѓаните се советуваат да се задржат на отворен простор и да избегнуваат непотребно движење.Надлежните служби исто така апелираат јавноста да се информира исклучиво преку официјални канали и да им помогне на лицата на кои им е потребна поддршка. За итни случаи, граѓаните можат да се јават на службените телефонски броеви за итни интервенции.Од институциите порачуваат дека сите нови информации ќе бидат навремено објавени преку официјалните канали и дека безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет.

Свет | пред 2 часа

media-library9225ngvb69k426nREl7

(Видео) Боксови, клоци, туркање: наставник приведен поради физичка пресметка со ученик во Приштина

Случај на физичко насилство е регистриран во основното училиште „Паваресија“ во Приштина, откако во јавноста се појави видео-снимка на која се гледа наставник како удира ученик за време на настава. На снимката се забележува и реакција на ученикот, кој во еден момент возвраќа со удар кон наставникот.Инцидентот го потврди директорот на училиштето, Халил Брахај, додека од Основното обвинителство во Приштина информираа дека преземени се конкретни мерки. Главниот обвинител Зејнулах Гаши за медиумите изјави дека е издаден налог за задржување од 48 часа за наставникот, кој е осомничен дека извршил физичко насилство врз ученикот.Надлежните институции најавуваат дека случајот се истражува, а видеото кое кружи на социјалните мрежи се разгледува како доказен материјал. Јавноста во Косово остро реагираше на настанот, со повици за одговорност и заштита на учениците во образовниот систем.

Свет | пред 1 ден

Zemjotres

Земјотрес почувствуван во Тетово и околината, епицентар во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23 часот и 9 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Република Косово, на околу 46 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.0Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 ден

vojska

Трилатерален состанок на т.н. Косово, Албанија и Хрватска: Почнува забрзано вооружување

На основа на Заедничката тристранска декларација, која во 2025 година ја потпишаа министрите за одбрана на Косово, Албанија и Хрватска, се одржа состанок на ниво на директори за одбранбена политика и вооружување.Состанокот се одржа во Хрватска, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Косово.„Делегацијата на Република Косово ја предводеше директорот за одбранбена политика Фарук Гечи, а разменети беа мислења за можностите за унапредување на заедничката соработка во областа на одбранбените капацитети, соработката помеѓу одбранбените индустрии на потписничките земји, како и понатамошните чекори за спроведување на Декларацијата“, се наведува во соопштението.Декларацијата одредува четири главни области на понатамошна соработка, кои вклучуваат: промоција на соработка во областа на одбранбените капацитети и одбранбената индустрија, зголемување на интероперабилноста преку образование, обука и заеднички вежби, справување со хибридни закани и јакнење на отпорноста, како и обезбедување континуирана и целосна поддршка на евроатлантските интеграции.

Свет | пред 6 дена

kurti-640x427

Курти од Давос: Србија подобро од кога било знае дека Косово е држава

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, кој престојува во швајцарски Давос по повод Светскиот економски форум, изјави дека Србија денес подобро од кога било ја разбира реалноста дека Косово е држава, иако и понатаму одбива формално да ја признае неговата независност, пренесува Анадолу.Во разговор со поранешниот британски дипломат и политичар Рори Стјуарт, Курти истакна дека, и покрај континуираното непризнавање, српските власти се свесни за променетата состојба на терен. Според него, од четирите соседи на Косово, три држави ја признале независноста, додека само Србија останува на спротивната позиција, без јасни индикации дека тоа наскоро ќе се промени.Курти предупреди дека Русија претставува закана за регионот, делувајќи преку Србија, оценувајќи дека соништата за повторно воспоставување доминација или враќање на стари имперски концепти мора да згаснат. Тој посочи дека, како што е невозможно оживувањето на руската империја, така е нереално и очекувањето за некакво враќање на Косово под српска контрола, бидејќи современата политичка реалност е значително изменета.Осврнувајќи се на состојбите во северниот дел на Косово, Курти рече дека пред пет или десет години таму не постоела ниту основна слобода за слободно движење или користење на албанскиот јазик, додавајќи дека денес ситуацијата е суштински поинаква.Тој повика на поголема солидарност во рамки на Европа и НАТО, истакнувајќи дека, според неговите оценки, Русија има за цел да ја поткопа и Европската унија и Алијансата, додека Кина настојува да ја достигне моќта на САД. Курти нагласи дека секој што му помага на соседот во обидите за дестабилизација индиректно придонесува за создавање проблеми и за Косово, предупредувајќи дека регионалната безбедност е тесно поврзана и меѓусебно зависна.

Свет | пред 3 седмици

kurti

Курти победник со 57 пратенички места, најголем губитник Демократскиот сојуз на Косово

На Косово заврши пребројувањето на сите гласови од вонредните парламентарни избори одржани на 28 декември, а се очекува Централната изборна комисија наскоро да ги соопшти конечните резултати, потврди нејзиниот портпарол Ваљмир Ељези.Движењето „Самоопределување“ на Албин Курти освои 51,11 отсто од гласовите и обезбеди 57 пратенички места во идниот состав на собранието.Демократската партија на Косово освои 20,19 отсто од гласовите и во Собранието ќе има 22 пратеника.Демократскиот сојуз на Косово е најголемиот губитник на изборите од 28 декември. Оваа партија падна на 15 пратенички места, со освоени 13,23 отсто од гласовите.Во Собранието, Алијансата за иднината на Косово ќе има шест пратенички места, со 5,5 отсто од гласовите.Од 10-те загарантирани места за Србите, Српската листа ќе има девет пратеници, додека партијата „За слобода, правда и опстанок“ ќе има едно пратеничко место.Следните 10 места ги обезбедија: Косовската демократска турска партија – две места, а „Вакат“, Нова демократска партија, Нова демократска иницијатива на Косово, Социјалдемократската унија, Египетската либерална партија, ПСА, Единствената горанска партија и Прогресивното ромско движење на Косово ќе имаат по едно пратеничко место.По пребројувањето на сите гласови, портпаролот на Централната изборна комисија, Ваљмир Ељези, изјави дека политичките партии имаат рок од 48 часа да поднесат жалби за наводни прекршувања на правилата за време на пребројувањето.Ељези додаде дека Демократската партија на Косово веќе поднела жалба за дел од гласовите испратени по пошта, тврдејќи дека пристигнале по истекот на законскиот рок.

Свет | пред 4 седмици

media-librarym53llh1mra4hf32jJYe

Кoмодита се огласи по уништувачкиот пожар во нивната фабрика

Дел од фабриката на „Комодита Хоум“ во Ѓаковица денес попладне беше зафатен од пожар. За среќа, сите работници беа евакуирани на време и никој не е повреден.На местото на настанот веднаш интервенираа полициски екипи и противпожарни единици, обидувајќи се да го локализираат пожарот. Причините за настанот сè уште не се утврдени, а штетата на имотот не може да се процени.„Комодита Хоум“ им се заблагодари на Министерството за внатрешни работи, Министерството за безбедносните сили на КБС, градоначалникот на Ѓаковица, директорот на АМЕ, противпожарните единици од Ѓаковица, Призрен, Јуник, Дечан и Раховец, како и на припадниците на КФОР и КБС за нивната брза интервенција и подготвеност за помош.

Свет | пред 1 месец

media-librarym53llh1mra4hf32jJYe

(Видео) Гори фабриката „Комодита“ во Косово

Голем пожар попладнево избувна во објектот на фабриката „Комодита“ во Ѓаковица, Косово. Густиот чад и силните пламените јазици беа видливи од повеќе делови на градот, а на терен веднаш беа испратени сите служби за итни случаи.Портпаролот на Косовската полиција за регионот на Ѓаковица, Шеремет Елезај, за медиумот „Сињали“ изјави дека пријавата за пожарот била примена околу 16:40 часот. Пожарот избувнал во објект на улицата „Ѓерѓ Соколи“.„Полициските екипи и пожарникарите веднаш реагираа и работат на локализирање и гаснење на огнот. Пожарот е од големи размери, но екипите продолжуваат со напори за да ја стават ситуацијата под контрола“, изјави Елезај.Според првичните информации, засега нема пријави за повредени лица. Сепак, од полицијата велат дека целосната состојба и можните последици ќе бидат познати дури по целосното гаснење на пожарот.

Свет | пред 1 месец

media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

Во Косово уапсен убиецот на Турчинот во Чаршија: го убил со четири прободувања во срце и граден кош

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен турски државјанин, осомничен за убиство и убиство во обид, сторени во новогодишната ноќ во кафе-бар во Старата скопска чаршија.Според обвинителството, осомничениот, со престојувалиште во Тетово, започнал расправија со двајца турски државјани на возраст од 22 и 23 години. По првичниот конфликт, оштетените заминале кон плоштадот, но поради неможност да најдат такси, повторно се вратиле во чаршијата и поминале во близина на истиот објект.При повторната средба, расправијата ескалирала, по што осомничениот извадил нож и му нанел четири убоди во градниот кош и срцето на 22-годишниот Ахмет Мерт Доган, кој починал на лице место. Со уште еден убод во грбот го повредил и вториот оштетен, со намера и него да го лиши од живот, по што избегал.Во текот на истрагата биле преземени повеќе дејствија: наредена е обдукција, подигнати се траги за вештачење, извршени се разговори со сведоци и обезбедени се снимки од видео-надзор, врз основа на кои е идентификуван осомничениот.Истражните органи утврдиле дека тој се наоѓа во Косово, каде бил лишен од слобода од тамошните органи. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор во отсуство, по што веднаш ќе биде иницирана постапка за екстрадиција.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryd6fv9oi5jsmm3Tkz9s3

Али Ахмети со честитка до Албин Курти по изборната победа: „Косово заслужува стабилност и јасна визија“

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, му упати честитка на лидерот на Самоопределување, Албин Курти, по победата на неговата партија на вонредните парламентарни избори во Косово.Ахмети во пораката оцени дека изборниот процес во Косово поминал во демократска атмосфера.„Им честитам на граѓаните на Република Косово за изборниот процес во кој покажаа висока демократска зрелост. Процесот беше слободен, фер и целосно демократски, во согласност со европските стандарди, потврдувајќи ја силата на институциите и слободната волја на граѓаните“, наведува Ахмети.Тој порача дека Косово има потреба од стабилност, развој и јасна државна визија во интерес на граѓаните.„Како човек кој придонел за слободата на Косово и кој длабоко верува во неговата иднина, посакувам Косово да продолжи напред со сигурни чекори, зајакнувајќи ги стратешките врски со Соединетите Американски Држави и Европската Унија. Тоа е патот што гарантира мир и безбедна иднина за новите генерации“, стои во честитката, придружена со фотографија на Ахмети и Курти.Албин Курти најави брзо формирање влада, откако Самоопределување освои 49,3% од гласовите по речиси целосно преброени избирачки места, со што го обезбедува третиот мандат на премиерската функција.

Свет | пред 1 месец

kurti

Партијата на Албин Курти убедливо победи на изборите во Косово

Партијата на косовскиот премиер Албин Курти оствари убедлива победа на вонредните парламентарни избори одржани во неделата на Косово, покажуваат прелиминарните официјални резултати, со што се отвора можност за надминување на долготрајниот политички ќор-сокак што ја држеше земјата во институционална блокада.Според податоците на Централната изборна комисија, движењето Самоопределување (Ветевендосје) освоило 49,79 проценти од гласовите, по пребројани околу 95 проценти од гласачките места. На второто место се пласираше Демократската партија на Косово со 21,18 проценти, додека Демократската лига на Косово го зазеде третото место со 13,77 проценти од освоените гласови.По објавувањето на првичните резултати, Курти изјави дека е неопходно институциите да се конституираат без одлагање и упати повик до опозициските партии за соработка во Собранието. Тој порача дека стабилноста и функционалноста на државата мора да бидат ставени пред партиските интереси, нагласувајќи дека Косово нема време за нови политички блокади.Изборите беа одржани по неуспехот да се формира влада по гласањето во февруари, кога Самоопределување освои околу 42 проценти од гласовите, но не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство. Тој резултат доведе до продолжување на политичката криза и повторно излегување на граѓаните на гласање. Конечните резултати се очекува да бидат објавени по пребројувањето на гласовите од дијаспората.За самостојно формирање влада, на партијата на Курти ѝ се потребни најмалку 61 пратеник од вкупно 120 во Собранието. Излезноста на овие избори изнесувала околу 45 проценти од запишаните гласачи, што претставува зголемување во однос на февруарските избори, кога гласале 40,6 проценти од електоратот.Нов неуспех во формирањето влада би ја продлабочил кризата во момент кога Косово се соочува со сериозни институционални обврски. Новиот парламентарен состав треба да избере претседател на државата и да ратификува кредитни договори во вредност од околу една милијарда евра со Европската Унија и Светската банка, чиј рок истекува во наредните месеци.Опозициските партии и натаму одбиваат коалиција со Курти, критикувајќи го неговиот однос со западните сојузници и политиките што ги води во северниот дел на Косово, населен претежно со српско население. Од друга страна, Курти ја обвинува опозицијата за институционалниот застој и за, како што наведува, блокирање на реформските процеси.Со речиси половина од освоените гласови, Самоопределување сега е во значително посилна позиција од претходно, а политичката сцена во Косово влегува во период во кој ќе се покаже дали изборниот резултат ќе донесе стабилност или ќе отвори ново поглавје на политичка неизвесност.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysa5ctmpu3097acuDYje

(Видео) Курти победи на изборите во Косово, но според првичните резултати нема да има мнозинство

Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти освои 37,50 отсто од гласовите на денешните парламентарни избори во Косово, покажуваат првичните резултати по пребројани нешто над 50 отсто од гласачките ливчиња.На второто место се најде Демократската партија на Косово со 29,80 отсто од гласовите, додека Демократскиот сојуз на Косово освои 16,29 отсто. Алијансата за иднината на Косово (ААК) доби 7,92 отсто поддршка од гласачите.Според податоците на Централната изборна комисија, на изборите гласале 789.172 граѓани, што претставува излезност од околу 40 отсто.Во претходниот парламентарен состав, Самоопределување имаше стабилно мнозинство заедно со пратениците од етничките малцинства. Сепак, по актуелните изборни резултати, Албин Курти би можел да се соочи со потреба од нови коалициски партнери за да обезбеди мнозинство и да формира нова влада.

Свет | пред 1 месец

297938504_590012862837162_7129961007234952633_n

Косово денеска гласа

Во Косово во 7:00 часот започна гласањето на вторите парламентарни избори оваа година.Изборите се повторуваат откако по гласањето на 9 февруари ниту една политичка опција не успеа да обезбеди парламентарно мнозинство.Иако Движењето Самоопределување, предводено од премиерот Аљбин Курти, освои најмногу гласови, не беше формирана нова влада.Во изборната трка за 120 пратенички места 100 за албанските партии, 10 резервирани за српската заедница и уште 10 за другите малцинства – учествуваат 1.180 кандидати од 24 политички субјекти. Меѓу нив има 18 партии, три коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат. Право на глас имаат 2.076.290 регистрирани избирачи. Од нив, 1.999.205 ќе гласаат на избирачки места во Косово, додека 77.085 граѓани се регистрирани за гласање по пошта од дијаспората.Изборите ќе го одредат составот на 120-членото Собрание на Косово, кое се избира за четиригодишен мандат. Дваесет од местата се загарантирани за претставници на етничките малцинства – 10 за српската заедница и уште 10 за други малцинства, вклучувајќи Бошњаци, Турци, Роми, Ашкалии, Египќани и Горани.Од исходот на изборите ќе зависи идниот состав на владата и политичката стабилност на Косово, дијалогот со Белград, и односите со меѓународната заедница.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања