Промени тема
Контакт

Во Косово уапсен убиецот на Турчинот во Чаршија: го убил со четири прободувања во срце и граден кош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
media-librarylrht6l3hhfbp4EWSPWh

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен турски државјанин, осомничен за убиство и убиство во обид, сторени во новогодишната ноќ во кафе-бар во Старата скопска чаршија.

— реклама —

Според обвинителството, осомничениот, со престојувалиште во Тетово, започнал расправија со двајца турски државјани на возраст од 22 и 23 години. По првичниот конфликт, оштетените заминале кон плоштадот, но поради неможност да најдат такси, повторно се вратиле во чаршијата и поминале во близина на истиот објект.

— реклама —

При повторната средба, расправијата ескалирала, по што осомничениот извадил нож и му нанел четири убоди во градниот кош и срцето на 22-годишниот Ахмет Мерт Доган, кој починал на лице место. Со уште еден убод во грбот го повредил и вториот оштетен, со намера и него да го лиши од живот, по што избегал.

— реклама —

Во текот на истрагата биле преземени повеќе дејствија: наредена е обдукција, подигнати се траги за вештачење, извршени се разговори со сведоци и обезбедени се снимки од видео-надзор, врз основа на кои е идентификуван осомничениот.

Истражните органи утврдиле дека тој се наоѓа во Косово, каде бил лишен од слобода од тамошните органи. Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор во отсуство, по што веднаш ќе биде иницирана постапка за екстрадиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

kosovo-1

Татко го убил синот, два смртоносни инцидента за три дена во Косово

Балкан | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Двојно убиство во Косово: Маж ги убил сопругата и пријателот

Балкан | пред 3 дена

media-libraryla2u454csflvbyQ2q32

Брисел со предупредување до Косово по измените на законот за Специјализираните совети во Хаг

Балкан | пред 4 дена

media-librarypmqmhuflbhjj4Q7T0wr

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени злосторства против Тачи

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања