„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ковачевски

tasevski-kovacevski

Тасевски до Ковачевски: Околу тебе у партија 90 посто се УДБА или деца на удбаши

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција истакна дека во нашето Собрание се уште има пратеник кој доаѓа од редовите на поранешната УДБА и додаде дека не очекува тој да сака да ја види државава во Европска Унија.„Тој изградил кариера државата да не биде во ЕУ и да биде скарана со сите соседи. Од него не може да се очекува да ја носи државата во ЕУ. Државата во ЕУ може да ја однесат новите млади политичари кои виделе што сакаат новите генерации. Нашите млади сакаат да работат во ЕУ заради поголем стандард, подобро социјално осигурување, подобро владеење на демократијата. Тие сакаат да имаат коридори и патишта“, порача Ковачевски.Актерот Сашо Тасевски реагираше на оваа изјава на премиерот.„Ковачевски: Има пратеник во Собрание од УДБА.А бе торко, околу тебе у партија 90 посто се УДБА или деца на удбаши“, вели Тасевски.

Коментари | пред 2 години

asevski-kovacevski-osmani-pendarovski

Тасевски до Пендаровски, Ковачевски и Спасовски: Не се осеќате навредено што Курти ви организира приватна журка на која се негира државата

Горам од желба да знам ти Пендаровски, ти Таче и ти Обиџуко, а бе како се осеќате у дубини душе кога го јадете Курти со картата на Голема Албанија среде Скопје, вели актерот Сашо Тасевски.„Не ви е малку непријатно? Не се осеќате навредено и како луѓе и од позиција на функциите што ги имате? Не ви е срам од вас самите?Тој Курти ви доаѓа како премиер на протекторат, ви организира приватна етнофашистичка журка на која се негира т.н. држава која ја водите и вие излегувате со соопштенија од типот: Ќе го фатиме тој со картата на Голема Албанија, згрозени сме....Ќе го фатите жими Курти!Да сте држава таа журка немавте да дозволите да се случи. Или ќе им влезете со полиција. Замислете среде Загреб Шешељ да прави митинг со картата на Голема Србија. Уште колку секунди живот ќе му остане по таков кикс?Го*на мекотелски. Вие излегувате со соопштенија само ко ќе видите дека Македонците се бесни, инаку ве боли Курти секогаш кога некој сосед ги негира или понижува МакедонцитеСе срамам што живеам во ова франкештајнска творба наречена држава“, вели Тасевски.

Коментари | пред 2 години

kovacevski-telefon

Од кабинетот на Ковачевски контактирале со косовскиот амбасадор по посетата на Курти

Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски информира дека по посета на премиерот на Косово, Албин Курти, е контактирано со косовскиот амбасадор. Од таму коментираат дека се работи за приватна посета на која Владата не била организатор, како и на тоа дека се бара истакнувачот на знамето на „Голема Албанија“ во Тетово.„Кабинетот на премиерот смета дека истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји. Воедно, видот на иконографија забележан на настанот во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја членка на НАТО и во таа насока ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот. Дополнително ве информираме дека од Кабинетот на премиерот во текот на денот е исконтактиран амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, во врска со споменатата иконографија користена при приватната посета на косовскиот премиер на земјата.“, информираат од таму.Од кабинетот го осудуваат и тоа што не е интонирана македонската државна химна и не било истакнато македонското државно знаме, како и на отсуството на заемно почитување. Коментар има и за настанот со улицата во Чаир.„Дополнително, иако локалната самоуправа во Северна Македонија има целосна слобода во донесувањето на одлуки кои ја засегаат општината, сепак, Кабинетот на премиерот Ковачевски посочува дека не се согласува со преименување на улица која го носи името на херојската Втора Македонска Бригада. Посочуваме дека локалната самоуправа требало изминатиот период поревносно да си ја врши својата работа и досега да изгради нова улица која ќе ја именува согласно законските процедури“, се вели уште во реакцијата.

Македонија | пред 2 години

BOGOJESKI-KOVACEVSKI

Богојески до Ковачевски: До каде сте со Заедницата на косовски општини во Македонија, колегата од Приштина беше тука да обележи граници?

По неофицијалната посета на Македонија, на косовскиот премиер Албин Курти, Петар Богојески преку социјалните мрежи му се обрати на премиерот Димитар Ковачевски.„Димитар Ковачевски до каде сте со Заедницата на косовски општини во Македонија?Денес колегата од Приштина беше тука да обележи граници?Онака во стилот на кучињата што мочкаат по столбови?!?#измеќари #подкосовље“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

kekenovski

Кекеновски до Пендаровски и Ковачевски: Вака ли се гради соживот? Во која држава Чаир е општина?

Професорот Јове Кекеновски по посетата на косовскиот премиер Албин Курти, ги праша претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски дали вака се гради соживот. Тој вели дека вчера по којзнае кој пат била погазена Репупблика Македонија.„ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ПЕНДАРОВСКИ И ПРЕМИЕРЕ КОВАЧЕВСКИ ВАКА ЛИ СЕ ГРАДИ СОЖИВОТ?Денес во Општина Чаир по кој знае кој пат се погази Република Македонија.1. Не се вееше Македонското државно знаме.2. Не се интонираше Македонската химна,3. Не се почитува Законот за употреба на јазиците, а во врска со него и член 7 од Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на друго инфраструктурни објекти4. Не присуствуваше ниту еден македонски политичар.5. Не беше обезбеден превод на македонски јазик за присутните новинари и пошироката јавност.Претседателе и премиере ќе одговорите ли јавно и гласно дали вака се гради соживот?Ваша обврска е јавно да побарате одговорност од политичарите кои го организираа настанот за непочитување на законите.Овие политичари мора да покажат минимум лојалност и почит кон државата во која живеат, работат, опстојуваат и од која го јадат лебот.П.С. Патем не е лошо да одговорите во која држава Чаир е општина ?“, вели Кекеновски.

Коментари | пред 2 години

danela-arsovska-1

Арсовска за Ковачевски: Како некој што не може да си помогне себеси би можел да помогне на Градот Скопје

Досега нема покана од Владата за средба на која би се разговарало за помош од централната власт за главниот град, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во вчерашното гостување на Канал 5, коментирајќи ја изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе ја повика неа и нејзините соработници на состанок во Владата затоа што „градот на ништо не личел“.Според неа, најавената покана е спорна од два аспекта.- Првиот аспект е дека можеби доколку му се чини на премиерот дека градот на ништо не личи и најголем придонес имаат неговите советници во Градот, коишто се официјално и коалиција со ДПМНЕ, со што не гласаат за проектите да се реализираат коишто се во интерес на граѓаните. И доколку навистина тој би сакал да му помогне на Градот, можеби една од најдобрите решенија е да ги охрабри своите советници, кои ги има навистина во голем број во Град Скопје, да ги гласаат овие проекти што граѓаните ги бараа, меѓутоа исто така овие проекти се и од програмата којашто е избрана од нашите граѓани на последните локални избори, рече Арсовска.Вториот аспект, наведе Арсовска, е „како некој што не може да си помогне себеси би можел да помогне на Градот Скопје“, додавајќи дека ниту еден капитален проект во државата не е реализиран, посочувајќи ги како примери автопатот Кичево-Охрид и клиничкиот центар за коишто нагласи дека не се реализирани со години.

Скопје | пред 2 години

03112022_PVRSM_IRL

Македонците не се руски ботови, туку достоинствен народ кој со право реагира кон лошата политика, вели Милошоски

Денеска премиерот Димитар Ковачевски изјави дека Македонија е пред вето одвнатре, а против уставни измени се руски ботови и платени политичари, по што на социјалните мрежи реагираше пратеникот Антонио Милошоски.„Со ваквата изјава за "руски ботови" премиерот Ковачевски многу ги потценува македонските граѓани, а најмногу македонскиот народ. Големото мнозинство Македонци се против отворањето на Уставот заради понижувачките услови кои лекомислено ги прифати премиерот, со кои Македонија е доведена во потчинета положба, а процесот на евроинтеграции е доведен во состојба на крајна неизвесност.Ковачевски нема ниту изборен легитимитет, ниту политички капацитет за да постигне национален консензус за решавање на проблемот кој го создаде. Македонците во Македонија не се руски ботови, туку достоинствен народ кој со право реагира со фрустрации кон лошата политика која ја води Ковачевски и во дипломатијата, и во образованието, и во економското назадување.Ако веќе Ковачевски сака да се занимава со руски ботови нека си ги праша службите:- Кои функционери од СДСМ му овозможија на Онишченко да добие македонско државјанство и кои функционери од ДУИ го примија на највисоко ниво Абдул-Вајед Нијазов поранешен пратеник во руската Дума и основач на здружението “Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин”“, вели Милошоски.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2022-09-12-at-13.08.12

Ковачевски ќе ја викне Данела за да помогне Скопје да заличи на метропола

Премиерот Димитар Ковачевски денеска посочи дека ќе ја повика градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за да помогне околу тоа градот да заличи на метропола.„Тоа е обврска на опозицијата која се фалеше дека ќе го направи Скопје Метропола но за жал денес погледнете какво е. Не може да се доправи ништо што е започнато и од таа причина планирам да го повикам раководството на Град Скопје за да разгледаме што можеме ние како Влада да помогнеме бидејки граѓаните на Скопје заслужуваат да живеат во Метропола, а не заслужуваат ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат да се караат секој ден кој бил во право“, посочи Ковачевски.

Скопје | пред 2 години

thumbnail_23052022_Kovacevski_izjava_Vatikan_1

Жителите на Слупчане се семејни луѓе, станува збор за поединци кои треба да бидат санкционирани, вели Ковачевски

За проблемите со прекинот на струјата во Слупчане, премиерот Димитар Ковачевски рече дека во ова липковско село се плаќа струја, но дека се работи за одредени поединци кои прават проблеми.„Не станува збор за револт кај жителите на Слупчане, тие се семејни луѓе. Станува збор за некои поединци кои треба да бидат идентификувани и санкционирани. Сите производи на нашите маркети доаѓаат од руралните места како Слупчане и тие луѓе плаќаат струја. Се работи за повеќе лица“, рече Ковачевски.

Македонија | пред 2 години

kovacevski

Најчевска до Ковачевски: Ма ти не си само безобразно глуп, ти си арогантно глуп

Професорката Мирјана Најчевска со остар тон кон премиерот Димитар Ковачевски по неговата фамозна изјава за внукот на Али Ахмети, кој стана нов сопственик на трговскиот центар „Соравија“.- Ма ти не си само безобразно глуп, ти си арогантно глуп.Граѓаните те прашуваат како премиер за корупцијата направена од страна на министри и функционери кои се одговорни пред тебе.Те прашуваат како премиер кој наводно отвори војна на корупцијата и како премиер кој е задолжен да спроведува одредена политика која треба државата да ја внесе во ЕУ.Ич не ни е гајле за твоите внуци освен ако не се дел од коруптивнат мрежа создадена и заштитена од власта - пишува Најчевска на својот Фејсбук профил.Таа исто така дополнува „Дај престни да тресеш зелени и однесувај се како премиер ако воопшто имаш интелектуален капацитет да разбереш што е тоа или тргни се од функцијата од која правиш непоправлива штета на државата“.- СДСМ како една од нјголемите партии треба да се засрми премиер од нивните редови да биде овој лик.И ова воопшто не значи дека на твое место треба да дојде Мицковски како твој пандан по сите основи.Треба да дојде човек со два грама мозок и два грама принципи и два грама морален интегритет - заклучува Најчевска.

Коментари | пред 2 години

Kovacki

Ковачки до Ковачевски: Видовме колку сте самостоен во одлучувањето кога Ви ја искинаа оставката

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека ако тој бил ставен на црната листа на САД, не само што ќе дал оставка, туку ќе го сметал и за најголем пораз. Оваа изјава доаѓа откако беше прашан дали струшкиот градоначалник Рамиз Мерко треба да се повлече од функцијата која ја извршува.„Јас да се најдам на листата на САД, не само што ќе дадам оставка, јас тоа ќе го сметам за најголем пораз во мојата лична и професионална кариера“, рече Ковачевски, по што на социјалните мрежи се огласи Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.„Неизбран премиере, Вие се најдовте на црната листа на македонскиот народ кога одбивте да облечете униформа и лажно се претставувате дека имате трајно ограничување.Вие го предадовте македонскиот народ во 2001 година, го предадовте и со бугарскиот договор и сега зборувате за чест и морал.Пародија.* А кога зборувате за оставки, видовме колку сте самостоен во одлучувањето кога Ви ја искинаа оставката.Не смеете ниту оставка да поднесете ако не Ви дозволат Али Ахмети и Талат Џафери“, напиша Ковачки.

Коментари | пред 2 години

kovacevski

Ковачевски за изјавата на Црвенковски: Секогаш зависи од која перспектива гледате

Премиерот Димитар Ковачевски ја проследил изјавата од експретседателот Бранко Црвенковски. Тој смета дека излагањето било корисно, иако се спротивни на тезите кои Владата ги застапува. За песимистичкиот став дека на Црвенковски кој кажа дека Македонија нема шанси до 2030 година да биде членка на ЕУ, Ковачевски искоментира: „Секогаш е од која перспектива гледате. Имаше луѓе кои беа песимисти дека никогаш нема да станеме членка на НАТО – ние станавме. Така што, важно е да се остане верен на целта која ја сакаат граѓаните и да се работи таа цел да се оствари“.„Кога ќе погледнете од временска перспектива, тогаш во еден момент некои работи можат да ви се чинат неостварливи или тешко остварливи. Јас сум зборувал со негови колеги кои биле советници во неговиот кабинет, кои се мои блиски пријатели, кои велат: ‘За нас од тогашна перспектива беше несфатливо да се дојде до договор со Грција и државата да стане членка на НАТО. Од оваа перспектива гледаме дека можело да се постигне договор’. Исто така, никој не очекуваше дека минатата година ќе добиеме преговарачка рамка, по 17 години, но ние заедно со пратениците и 27 членки усвоивме преговарачка рамка. Јас верувам дека до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ ако ги донесеме одлуките кои се очекуваат од нас. Подоцна, да го довршиме и процесот на скрининг, да ги отвориме поглавјата и да ги затвориме поглавјата. Има отворен прозорец од ЕУ“, рече Ковачевски.Посочи дека ги цени ставовите на Црвенковски и другите експретседатели и експремиери.

Македонија | пред 2 години

26082022_pres_PVRSM-Kovacevski_Nikolovski_1-1

Ковачевски: Сега е моментот да се обединиме и заедно да донесеме одлука за европска иднина

Претседателот на СДСМ во интервју во емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат посочи дека со приклучување на ВМРО-ДПМНЕ во процесот државата има единствена можност за обединување околу врвниот национален интерес.„Сега е моментот да се обединиме, рамо до рамо, сите, да ја донесеме оваа одлука, заради иднината на сегашните и идните генерации. Оваа одлука е за граѓаните на државата, оваа одлука е за обичниот граѓанин на државата, за оној граѓанин кој што станува секое утро и оди на работа. Ова е за оние граѓани кои што работат во медицинските центри во државата, ова е за наставниците, ова е одлука за младите, ова е одлука за земјоделците, ова не е одлука за една мала група на луѓе кои што и со ЕУ и без ЕУ, живеат на висока нога, повисока и од некои земји членки на ЕУ. Ова е за граѓаните, за обичниот граѓанин кој што си ја сака својата држава, кој што си ја сака иднината на своите деца да им биде во ЕУ, ама во земја членка на ЕУ, Северна Македонија. А не децата да ни одат во туѓина да живеат во ЕУ, ама во туѓа држава, тоа го заслужуваат граѓаните. Тоа е одлука на највредниот и ова е одлука за највредниот граѓанин на државата, за оној кој што со труд, со пот, со мака, со работа, ја гради државата 32 години“ порача Ковачевски.

Македонија | пред 2 години

grubi-kovacevski

Домазетот во владата Ковачевски и Груби ќе потрошат дополнителни 11 милиони за специјалисти со плата од 36.500 евра за надзор над коридорите, вели ВМРО-ДПМНЕ

Домазетот во владата Ковачевски и Груби ќе потрошат дополнителни 11 милиони за специјалисти со плата од 36.500 евра за надзор над коридорите, вели ВМРО-ДПМНЕ„Според деловите од договорот помеѓу изведувачот и владата кои до ВМРО-ДПМНЕ ги доставија свиркачи може да се заклучи дека ќе бидат исплатени дополнителни 11 милиони евра за ангажирање на најмалку пет специјалисти за надзор за период од пет години со месечна плата од 36.500 евра.Домазетот Ковачевски и Груби се обврзале дека изведувачот има право да ангажира специјалист или специјалисти во множина чии што број ќе биде договорен помеѓу изведувачот и Владата, кој што ќе имаат четири насоки на работа, создавање на спецификации за автопатите, создавање на студии за влијание врз животната средина, понатаму студии за влијание врз заштитеното богатство од УНЕСКО во Охридскиот регион, како и разгледување на спецификациите на автопатите.ВМРО-ДПМНЕ од сам почеток кажува дека изградбата нема да чини 1.3 милијарди. Првин власта се обврза на пенали од над 150 милиони евра, а сега секој ден излегуваат нови детали од договорот, со кој гледаме нови ставки кои ќе треба да бидат платени од буџетот.Дополнително на сето тоа, се става и сумата која ќе биде потрошена на покривање на експропријациите на недвижниот имот на трасата, што може да оди и до неколку стотина милиони евра.Домазетот во владата Ковачевски и Груби го прават грабежот на векот, и за тоа одговорност ќе има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-05-26-124517

Ќе направам граѓаните пак да имаат стандард како што имавме во Југославија, вели Ковачевски

Ние во Југославија имавме подобар стандард од сите земји од источна Европа кои станаа членки на Европската унија и јас ќе ги донесам сите потребни одлуки нашите граѓани пак да имаат подобар стандард од нив, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, зборувајќи за американските инвестиции во Македонија.„Нашата држава потекнува од поранешната југословенска федерација. Во тоа време имавме поголем стандард и од Словачка, и од Чешка, и од Романија, и од Полска, и од Бугарија, и од сите земји кои стана земји членки на Европската унија. Јас ќе ги донесам и ќе ги предводам сите потребни одлуки кои што ќе обезбедат граѓаните на Северна Македонија повотрно да имаат поголем стандард од сите граѓани од кои порано сме имале поголем стандард, бидејќи тоа нашите граѓани го заслужуваат и на тој пат сметам на поддршката на нашите стратешки партнери, пред сè САД, и земјите членки на ЕУ“, изјави Ковачевски, на заедничката прес-конференција со американскиот сенатор од Конектикат Крис Марфи.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања