„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ковачевски

Нема фотографија

Ковачевски: На 9 Мај гордо ги славиме победата над фашизмот и големата идеја за Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски се обрати на свеченоста по повод 9 Мај – Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа, што се одржа во дворот на Владата.Пригодната свеченост по повод 9 Мај, започна со положување венци свежо цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“ за чествувањето на празниците – Ден на победата над фашизмот и Денот на Европа, како два историски настани кои се вградени во битието на Република Северна Македонија и кои граѓаните на нашата земја, заедно со народите на нашите сојузнички и партнерски држави во НАТО и ЕУ ги славиме како заеднички вредности.На свеченоста пред Владата свои обраќања имаа и претседателот на Сојузот на Борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна на Македонија д-р Никола Стојановски, амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мери Брнз и амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир.Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски во целост.„Денеска одбележуваме и славиме голем ден – 9 Мај, како Ден на победата над фашизмот и како Ден на Европа.9 Мај е еден датум за два големи настани во историјата на Европа и на нашата земја.Денешниот ден е запишан со златни букви во историјата на напредна Европа и на Европејците.Ова е ден кога ги чествуваме и се поклонуваме пред големото дело на припадниците на партизанските единици од Народно ослободителната војна кои со двете заседанија на АСНОМ ја заокружија вековната борба и стремеж на македонскиот народ за своја самостојна држава.Дело кое денес го славиме како наша заедничка победа со сојузничките сили над фашизмот и со прогресивните народи на Европа и на Соединетите Американски држави.Втората светска војна на територијата на Македонија заврши со околу 25.000 загинати борци и други жртви.Нашите сограѓани од тоа време, припадници на сите етнички заедници, ги дадоа своите животи затоа што избраа да застанат на страната на сојузничките, антифашистички сили, кои решија да се обединат и да им застанат на патот на фашистичките окупатори.Од денешен аспект, од огромно историско значење е што создавањето на македонската држава се оствари и низ учеството на партизанските единици на страната на антифашистичкиот сојуз. Тоа учество беше и останува вистинската страна на историјата и единствениот и вистински избор.Изборот на македонскиот народ, заедно со сите други народи беше македонската држава да биде создадена како дом на слободата. Дом на слободата за сите нејзини граѓани без исклучок. Држава на сите и за сите.Дом каков што е денеска Европската Унија, како што е напредна и прогресивна Европа.Затоа денеска имаме силни, големи причини да славиме и да бидеме дел од прославите ширум Европа.Да ја славиме победата над фашизмот и да ја славиме големата идеја за Европа.Затоа 9 Мај е ден кога чествуваме и еден друг историски настан вграден во темелите на повоената историја на Европа.Денеска одбележуваме 72 години од денот кога на 9-ти мај 1950 година, после двете катастрофални светски војни што ја фрлија Европа на колена и фашизмот кој го згрози човештвото, францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, повика да започне изградбата на нова Европа.Чувствувајќи одговорност за важноста каква иднина ќе им обезбедат на своите граѓани, европските земји коишто го прифатија овој повик, прифатија и дека споделуваат заедничка историја и влегоа во решавање на разликите меѓу себе.Седум години подоцна, шест европски земји ја основаа Европската економска заедница со Договорот од Рим и го отпочнаа процесот на европската интеграција кој ќе биде крунисан со она што денеска претставува Европската Унија.Европа денес не е само географија. ЕУ не се само институциите во Брисел и Стразбур. Европа и Европската Унија се концепт кој е заснован на заедничките основни верувања и убедувања за слободата, за демократијата и човековите права, за пазарна економија, како и за остварување на фер економски можности врз темелите на солидарноста.Обединети и единствени околу овие вредности можеме да се соочиме со предизвиците на нашето време. Да покажеме заеднички дека сме подготвени да го направиме историскиот исчекор и да започнеме со преговорите за проширување на ЕУ со земјите на Западен Балкан.Со новите граници, Европската Унија ќе стане уште поголем економски и политички играч на светската сцена зашто Европа научи дека стабилноста на континентот е во стабилноста на неговата целост.Ние, граѓаните на Република Северна Македонија ја избравме Европа и Европската Унија зашто се изградени на вредностите во кои веруваме и ги практикуваме и ние.Оттаму, кога велиме дека ЕУ е избор на граѓаните на Северна Македонија, велиме и дека тоа е избор за економски посилна Европа. Избор за поправедна и побезбедна Европа која ни припаѓа на нас, на сите нас.Затоа сме горди и на овој избор. Ја избравме иднината. Иднината на Европската Унија - иднина што му припаѓа на секој европски граѓанин.Почитувани,Со идејата за Европската Унија лидерите на европските земји избраа дека сите разлики ќе ги решаваат на масата, а не на воените боишта. Затоа и сметавме дека нема да има војна повторно на европско тло. Но денес за жал сме сведоци дека правото секоја земја да го чува својот суверенитет и правото слободно да ја избира својата надворешнополитичка ориентација и сопствените безбедносни политики е повредено.Затоа, заедно со нашите сојузници во НАТО стоиме цврсто на позициите за превенирање на безбедносните кризи кои ги загрозуваат мирот, стабилноста и просперитетот во светот. Ги следиме и се спротивставуваме на операциите кои целат да предизвикаат безбедносна криза која ќе влијае на стабилноста и просперитетот и да создадат дилема околу стратешката улога на НАТО и ЕУ во нашиот регион.Во таа насока, нашето сојузништво со Соединетите Американски Држави продолжува и понатаму да ја гради нашата успешна приказна на заедништво и на споделување на вредностите на кои е изграден најмоќниот воено-безбедносен сојуз, НАТО.Со нашето заедничко учество во мисиите на НАТО и со поддршката на другите активности на Алијансата, заедно се справуваме со гео-политичките предизвици и даваме придонес кон намалување на ризиците и заканите кои потенцијално би можеле да донесат нестабилност во нашиот регион или во Северна Македонија.Во изминатите пет години, после сите премрежија и искушенија, презедовме крупни, храбри чекори да направиме од нашата држава европски дом за сите зашто Северна Македонија била и секогаш ќе биде Европа.Тоа е нашиот избор за посигурна, безбедна и просперитетна иднина за нашите млади и за сите наши идни генерации.Обединети и единствени во овој избор околу европските вредности, можеме да се соочиме со предизвиците на нашето време.Денеска тоа е нашиот патриотизам.Со такво чувство и со таков пристап, денеска можеме гордо да си ги честитаме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.Нека ни е честит – 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа!“.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-Kovacevski

И Ковачевски со услови за да седне со Мицкоски: Со закани и уценувања нема средба

И премиерот Димитар Ковачевски ја услови лидерската средба со претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој тврди дека со закани и уценувања нема да има лидерска средба. Само за теми од стратешко значење, може двајцата да седнат на маса.„Неодговорно е да се бојкотира Собрание, во време на војна и кризи, во време кога цените на енергенсите постојано растат, кога не може да се обезбеди транспорт на жито во Украина. Во вакви услови да барате предвремени е неодговорно и е за политички цели. Лидерска средба за стратешки прашања и подобар живот на граѓаните, справување со енергетската криза може да има. Лидерска средба за претење (закани) и уценувања, а претседателот на опозицијата одбројува како во акционен филм – нема да има. Дека постои комуникација меѓу сите партии – постои“, порача Ковачевски.Тој на прашање дали Владата ќе понесе одговорност доколку не биде решено прашњето со Бугарија, одговори дека нема рокови, а тоа би значело дека нема ниту зошто да понесат одговорност.„Кога зборуваме за успех на одредени преговори, треба да се знае дека кога преговараат две страни, треба да се договорат две страни. Јас уште првиот ден кажав дека преговорите треба да се водат врз баз на европски вредности, да се почитуваат вредностите. Доколку не се дојде до решение, тие разговори ќе продолжат. Јас кажав дека за датуми не се врзувам. Јас не кажав дека има рок во кој треба да се постигне решение. Проширувањето на ЕУ не е само економско и политичко прашање туку и геостратешко прашање“, додаде Ковачвески.

Македонија | пред 3 години

08032022_PVRSM_8mi-Mart-2

„Не очекува и најтешката зима со којашто се има соочено нашата генерација“, вели Ковачевски

Пратениците треба да бидат одговорни бидејќи се избрани од народот и треба да работат за потребите и унапредувањето на животот на граѓаните, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.Тој ги повикика пратениците од сите политички партии на одоговорно постапување во време кога Европа и светот се соочуваат со најголема криза од Втората светска војна чии последици се рефлектираат и кај нас.„Пратениците мора да бидат одговорни бидејќи се избрани од народот и треба да работата за потребите и за унапредувањето на животот на граѓаните. Ова е можеби најкризната година после втората светска војна, а според она што го гледаме во моментов не очекува и најтешката зима со којашто се има соочено нашата генерација и генарациите пред нас.“ рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.СДСМ е партија којашто докажала дека секогаш низ дијалог ги носи своите политики, а тоа може да се види особено во мандатот на оваа нова влада, додаде претседателот Ковачевски.„Јас кажав дека сум отворен и сум отворен и Владата е отворена, ако ги погледнете првите 100 дена од работењето на оваа Влада тогаш ќе заклучите дека сите одлуки кои се носеа, се носеа низ еден инклузивен процес. Би започнал со зголемувањето на минималната плата, таа се носеше низ инклузивен процес со сите синдикати, потоа зголемувањето на пензиите низ процес со сите здруженија на пензионери односно со најголемата асоцијација на пензионери, воведувањето односно подготовката на 26 анти-кризни мерки пакет тежок 400 милиони евра се направи низ инклузивен процес со сите стопански комори, со сите претставници на академската заедница со најеминантните економисти од државата. На тие консултации не дојдоа единствено двајца еминентни економисти меѓутоа членови на тела на ВМРО - ДПМНЕ, не дојдоа, не ја прифатија поканата да дојдат. Исто така во парламентот се одвива најнормална парламентарна дебата во која учествуваат сите политички партии. Јас имам дневни контакти со претставници на политички партии. Што се однесува до соработката во парламентот и вашето прашање во однос на најавите на опозицијата. Јас, кажав вчера и пред тоа дека се работи за неодговорен односно, инфантилен однос од страна на претседателот на опозицијата кој врши мобинг на неговите пратеници да блокираат во Собрание нешто што не треба да се блокира. Собранието треба да претставува место каде се носат закони, каде се унапредуваат закони. Тие закони се носат за граѓаните и компаниите кои ја унапредуваат оваа држава. Само како пример, веќе има во Собранието неколку закони коишто се подготвени на барање на инвеститори како што е инвеститорот каде што сме денес коишто го унапредува неговото работење и којашто законска измена ќе им овозможи забрзување на нивниот производен процес и на логистичките процеси и ќе ја зголеми нивната продажба, а тоа ќе значи зголемување на бројот на работни места и секако зголемување на платите на постојните вработени“ рече Ковачевски.Со блокирање не се прави штета на Владата, на Собранието, туку се прави штета единствено на компаниите и на граѓаните на државата рече претседателот Коваевски.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ковачевски ги повика градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ конечно да почнат да работат

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска во одговор на новинарско прашање ги повика градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ конечно да почнат да работат, порачувајќи дека уцени не прифаќа и дека нема да дозволи ограничување на Собранието за носење на потребните закони и одлуки во интерес на граѓаните по најавите за блокади од опозицијата.„ВМРО-ДПМНЕ пред скоро една година доби мандат во најголем дел од општините во државата и гелдате што се случува во општините немаат ниту еден проект. На почеток почнаа да прават некои презентации ама тоа беа проекти коишто беа оставени од градоначлниците од претходно. Сега гледате дека нема ништо. Во градот Скопје освен што како во хокеј се менуваат директорите на секои 2 месеци ништо друго не се случува. Затоа нека ја земат одговорноста во свои раце, нека покажат дека можат да работат во општините, за тоа што ветуваа а ниту едно ветување не е остварено. Парламентот да функционира. Владата има зголемена парламентарна поддршка во Собранието виз-а-ви претходната Влада, бидејќи сега имаме 64 пратеници поддршка, нова партија којашто се приклучи во коалицијата. Не постојат никакви ограничувања за носење на потребните одлуки за граѓаните.“ рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.Претседателот Ковачевски рече дека тој е во постојана комуникација со повеќе претседатели на политички партии како и со премиери од соседните држави за справување со последиците од економската и енергетскстата криза, и додаде дека може да се разговара со сите политички партии но, за теми кои се од интерес на граѓаните и решавање на проблемите.„Ние може да разговараме со сите партии. Јас и денеска имам состаноци со претседатели на политички партии за унапредување на решенија, за справување со последиците од енергетската криза, со економската криза. Јас сум во дневна комуникација со претседателите и премиерите од земјите на соседните држави се со цел да овозможиме полесно пребродување на кризата. Но уцена со одбројување 5 дена, 4 дена, единствена точка на дневен ред предвремени избори, таква средба не може да има.„ рече претседателот Ковачевски во одоговр на новинарско прашање.

Македонија | пред 3 години

28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja

„Имаме управни одбори што генерираат загуби, а имаат поголеми плати од Претседателот на државата“, вели Ковачевски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во интервју за ТВ 21 истакна дека е отпочнат процес за реформа во администрацијата и дека веќе има пилот министерства каде што ќе започне реорганизација и унапредување на процесите.„Веќе е отворен процес на усогласување на општиот колективен договор со цел за дефинирање прво на износ на средства кои што ќе бидат искористени за зголемување на платите, како и нова методологија за порастот на платите која што ќе овозможи и зголемување на продуктивноста во јавниот сектор“, рече Ковачевски.„Тоа не значи априори дека некој ќе го загуби работното место, меѓутоа во секој случај значи оптимизација, значи унапредување на работењето, вреднување на најдобрите, зголемување на перформансите, бидејќи вие можете да барате цело време поголема плата, меѓутоа таа треба да биде поддржана со одредени перформанси“, објасни премиерот Ковачевски.Премиерот Ковачевски нагласи дека заедно со процесот за постигнување на нов општ колективен договор се работи и на подготовка на нов закон за платите во јавен сектор.„Во овој момент имаме членови на управни одбори што генерираат загуби, а коишто имаат поголеми плати од Претседателот на држава, од претседателот на Врховен суд и од претседателот на Владата. Јас како претседател на Владата побарав да ги достават менаџерските договори кои што ги имаат јавните претпријатија и добивме одговор дека тие биле строго доверливи менаџерски договори. Затоа на Комисија за економски систем на Владата доби задача да ги обезбеди овие договори со јасна задача: Во период до крајот на годината да се изработи закон за плати, со сите потребни консултации, во кои ќе се знае во јавниот сектор која е највисоката плата и потоа да бидат усогласени другите плати“, посочи премиерот Ковачевски.Тој дополни дека ова е начин применет во многу европски држави.„Постои една голема неконзистентност кај платите кај раководниот кадар, меѓутоа и кај вработените во различни министерства. Се користат неревидираните општи колективни договори на различни гранкови синдикати коишто на различен начин ги дефинираат платите. Тоа треба да биде усогласено бидејќи е добро и за вработените, меѓутоа е добро и за зголемувањето на нивото на услуги кои ги даваат на граѓаните. Да не заборавиме платата во јавниот сектор ја плаќаат луѓето од приватниот сектор. Ние имаме 435 илјади вработени во приватниот сектор, кој што им плаќаат плата на 132 илјади од јавниот сектор“, посочи премиерот Ковачевски.9

Македонија | пред 3 години

struja-2

Ковачевски: Производството на електрична енергија е поставено на максимално ниво

„За да се справиме со најтешката зима која што ни претстои, од аспект на снабдување со енергенси, од аспект на цени на храна, од аспект на цени на суровини, присуствуваме на сите регионални и европски средби за изнаоѓање на најдобри решенија во однос на заштитата на основните потреби на граѓаните и во таа насока беше и она што се случуваше во Александропулис, односно почетокот на изградба на гасниот терминал“, истакна претседателот на Владата Димитар Ковачевски во емисија на ТВ 21.„Ние во моментов имаме снабдување само со руски гас и секоја алтернатива дополнителна како што што е течниот гас којшто треба да биде овозможен преку Александропулис е добредојдена. Рокот зададен на инвеститорите е 20 месеци за да биде завршено. Дополнително на тоа ние сме подготвени веднаш да влеземе во проектот за изградба на гасоводот од Александропулис преку Солун до Неготино и тоа во истиот период за да се реализира снабдувањето со гасот во нашата земја“, објасни премиерот Ковачевски.Тој дополни дека како држава веќе донесовме одлука да се закупат одредени количини гас потребни за државата и дека следно е поврзувањето со Бугарија со интерконектор за азербејџанскиот гас кој што ќе треба да овозможи трета алтернатива за снабдување.„Во тој случај би имале снабдување со гас непречено и по цени кои што се пониски бидејќи секогаш кога имате повеќе алтернативи цената паѓа. Дополнително на тоа енергетските компании во државата работат и на обезбедување, односно осигурување на алтернативни горива“, потенцираше премиерот Ковачевски во интервју за ТВ 21.Ковачевски посочи дека на максимално ниво е поставено производството на електрична енергија во државата и дека во полна функција се ставени РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино.„Дополнително, пред три недели ја пуштивме 10 мегаватната фотоволтаична централа во Осломеј каде што се потпишани договорите за уште една 10 мегаватна централа во сопственост на ЕСМ и 100 мегавати кои што ќе бидат изградени од страна на партнери, едниот турски, другиот бугарски партнер со што ќе имаме дополнителни 120 мегавати производство на електрична енергија“, рече Ковачевски.Премиерот укажа и на фактот дека проектот ХЕЦ Чебрен е во втора фаза и дека нуди можност за енергетски капацитет кој што ќе овозможи базна енергија за државата и дополнителна можност за изградба дополнителни обновливи извори на енергија.Од капацитетите од обновливи извори на енергија, како наша определба на нашата стратешка енергетска транзиција, премиерот Ковачевски ги истакна стратешките инвестиции за ветерен парк од Куманово до Крива Паланка на германската компанија ВПД, како и изградбата на голема соларна централа во штипско на француската „Акуо“.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-888

Ковачевски: Не е време за предвремени парламентарни избори

Парламентарното мнозинство е стабилно, со оглед на тоа дека неговата поддршка е поголема во однос на претходната влада, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.„На една страна имаме парламентарно мнозинство кое има јасна западна ориентација, која едногласно го поддржа усогласувањето на нашата политика со ЕУ, едногласно го осуди нападот на Русија врз Украина и едногласно ги донесе и се уште ги носи антикризните мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Тоа е парламентарно мнозинство кое уште сега се подготвува за најтешката зима што ја очекува Европа по Втората светска војна. Од друга страна имаме политички партии што заговараат активна соработка со Путин. Тоа е основната разлика во стратешката ориентација меѓу тие две коалиции - владината коалиција која е западно ориентирана, ориентирана кон заштита на стандардот на граѓаните и од друга страна коалиција која е ретроградна, неодговорна и се грижи единствено за своите политички поени во време на најголемата економска криза.“ порача претседателот Ковачевски.Ковачевски истакна дека сега не е време за предвремени парламентарни избори, дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин, односно во 2024 година, додавајќи дека и анкетите на јавното мислење покажуваат дека огромно мнозинство од граѓаните не се за одржување на предвремени избори во овој момент.

Македонија | пред 3 години

auto_teuta-arifi_1507805030-34107451507806751

Уште од каде треба да ја вратат Арифи, за Ковачевски да престане да ја бламира државата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Уште од каде треба да ја вратат Теута Арифи, за Ковачевски да престане да ја бламира државата со обидите да ја наметне по секоја цена, вели ВМРО-ДПМНЕ„Очигледно е дека ниту во Вашингтон, ниту во Анкара, ниту пак во Брисел сакаат за амбасадори лица кои на платен список имале над 800 лица кои фиктивно се воделе како вработени или вршители на разни дејности, само за да земат плата, а не доаѓале на работа.Никој не сака за амбасадор политичар кој договарал спорна бетонизација како таа на ШИК Јелак, со контроверзниот Миодраг Давидовиќ Дака.Ковачевски да не ја бламира државата, амбасадорските позиции, особено во држави наши стратешки партнери треба да бидат заземени од дипломати со долго искуство“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_1

Ковачевски да побара заштита за македонскиот јазик, идентитет и историја, вели ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски да каже кои се тие бугарски барања кои тој ги прифаќа, а за кои доколку се согласи наеднаш може да падне владата, вели ВМРО-ДПМНЕ„Ковачевски молчи за изјавата на Петков дека во Македонија има влада која ќе ги прифати бугарските барања, но дека против бугарските интереси е тие наеднаш да се реализираат, зошто така ќе падне таа влада, па наместо тоа истите тие барања сака да ги стави во рамката за преговори за влез во ЕУ. Ковачевски молчи исто како што молчеше и за отворањето на клубот Ванчо Михајлов.Ковачевски наместо да молчи треба да побара заштита за македонскиот јазик, идентитет и историја.Ковачевски треба да се грижи за македонските интереси, и заштита и на правата на Македонците во Бугарија, чии здруженија имаат добиено бројни пресуди во ЕСЧП во Стразбур, а кои Бугарија не ги почитува.Наместо да работи во интерес на Македонија, Ковачевски молчи, и чека проблемите да се решат сами од себе“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

08032022_PVRSM_8mi-Mart-2

Го чекаме денот кога Македонците во Бугарија ќе можат на ист начин да ги практикуваат своите уверувања, вели Ковачевски

Ковачевски за МИА: Владата и јавноста очекуваат реципроцитет во пристапотПретседателот на Владата, Димитар Ковачевски, за МИА како одговор на прашањето во врска со отворањето на културниот центар во Битола, ,,Ванчо Михајлов”, вели дека Владата и јавноста очекуваат реципроцитет во пристапот.„Се работи за контроверзна историска личност, која во Република Северна Македонија е доживувана на различен начин од различни групи на граѓани. Сепак, бидејќи се работи за граѓанска иницијатива, согласно Европската конвенција за човекови права, со која ние сме целосно усогласени, ваквите проекти не се предмет на државен надзор“, вели премиерот Ковачевски.Премиерот истакнува дека тој пристап е нешто зад кое ние како Влада стоиме и ќе продолжиме да го практикуваме и понатаму, бидејќи тоа е нашиот белег и како држава и како општество.„Воедно и Владата на Република Северна Македонија како и јавноста со нетрпение го очекува денот кога и кај нашите соседи ќе созрее времето кога и таму оние граѓани кои имаат, на пример, македонско самосознание, ќе можат на ист таков слободен начин да ги практикуваат своите уверувања“, вели премиерот Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-at-12.01.49

Наставниците да ги стават интересите на децата на прво место, апелира Ковачевски

Ги повикувам наставниците од основните и средните училишта да ги стават интересите на децата на прво место и да се погрижат да не се наруши образовниот процес, вели Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.„Учениците треба да бидат во училиштата, таму каде што припаѓаат. По долгото пандемиско отсуство од клупите, ова е и морална обврска кон вашите професионални задачи како наставници и педагози. Ова е потребно најмногу како поддршка на вашите ученици во еден многу важен дел од нивниот живот.Правото на штрајк е загарантирано право и јас целосно го почитувам. Но социјалниот дијалог е единствениот пат да дојдеме до заеднички решенија. Така постигнавме договор за минималната плата и за пензиите, тој е начинот на кој треба да се реши и овој предизвик.Оваа Влада докажа дека има слух за барањата и не бега од решенија. Докажавме и дека клучен приоритет е токму зголемувањето на платите, па така платите на наставниците кумулативно се покачени за 21% во последните четири години. Но, Владата мора одговорно да го менаџира буџетот и да се грижи за економијата. Нема да добиеме ништо ако ја покачиме инфлацијата, а токму тоа ќе се случи ако се реализираат барањата вака како што се поставени.Затоа, апелирам да не запира процесот на образование и да се продолжи со дијалогот за да се изнајде прифатливо решение. Во време на огромна економска криза апелирам на разум и поддршка за заедничко надминување на проблемите.Законските прописи ги штитат и интересите на учениците, и затоа настава мора да се организира и за време на штрајк. Да не оставаме празнина во образованието на децата, за сѐ има решение, но времето поминато надвор од клупа нема како да се надополни“, вели тој.

Македонија | пред 3 години

hrvatska-ukida-popis-stanovnistva-uvodi-registar-stanovnistva-popis_5d6e176779a8d

Пописот го критикуваат тие што правеа најголеми опструкции, вели Ковачевски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во интервју за емисијата „360“ за ТВ Алсат-М, истакна дека пописот е статистичка операција, а не етничка, ниту политичка операција, и државата го спроведе со цел да ги имплементира своите економски и развојни политики врз основа на бројки.„Јас имам работено 22 години во реалниот сектор и секогаш кога се прави деловен план за почетокот на следната година се земаат податоци за резидентното население во државата. Податоците од официјалниот последен попис за население даваа погрешни инпути во старт во деловното планирање и во други планирања во општествени сфери, и тоа едноставно повеќе не беше одржливо“, нагласи премиерот Ковачевски.Ковачевски додаде дека што се однесува до етничката застапеност намалувањето на бројот на населението и тоа намалување е исто распределено кај сите етнички заедници, и дека тоа е заедничко за сите земји од Балканот.„Затоа овој попис е од значење за да креираме економски политики кои што ќе се свртат кон човечкиот капитал, кон инвестициите и кон отворање на поголеми можности, особено за младите да останат во земјата“, рече Ковачевски во емисијата „360“.Пописот е спроведен врз основа на методологија која што е одобрена од страна на „Евростат“ и со присуство на експерти од ЕУ со користење на најсовремена техника и плус се работи за комбиниран модел на попис при што се користени 9 бази на податоци од најразлични институции од државата со цел да се добијат вкрстени податоци.Сега кога се објавија податоците, посочи премиерот Ковачевски, пописот го критикуваат тие што правеа најголеми опструкции, и додаде дека освен што пописот се спроведе во услови на ковид, тој се соочи со активен и скриен бојкот од опозицијата, односно од Левица и ВМРО – ДПМНЕ.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-215836

(ВИДЕО) Сите тераат мајтап со изјавата од Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски вчера ги испрати фудбалерите на аеродромот во Скопје.Дел од неговиот говор пред нив како и мешањето на англискиот и македонскиот јазик наиде на мајтап од страна на поединци.Снимката се поделува масоно на сцијалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

28032022_PVRSM_sredba_Chuka-3

Ковачевски - Чука: Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е приоритет

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари средба со премиерот на Република Романија, Николае Чука.Двајцата премиери кои ја остварија средбата на маргините на Состанокот на премиерите на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа, изразија задоволство од одличните билатерални односи засновани на пријателство и меѓусебно почитување и заклучија дека остануваат можности за дополнително унапредување на врските меѓу Романија и Северна Македонија во повеќе области.Пријателството на Романија, рече на средбата претседателот на Владата Ковачевски, Северна Македонија го препознава и во силната поддршка на оваа земја во остварувањето на нашата стратешка цел за интеграција во ЕУ.Премиерите Ковачевски и Чука се согласија дека војната во Украина е уште еден доказ за итноста од проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан и дека тоа денес е безбедносно прашање за регионот и за Европа.

Македонија | пред 3 години

28032022_PVRSM-Kovacevski_Sostanok-vo-Sofija-2

Ковачевски: Договоривме координирано регионално справување со последиците од војната во Украина

Премиерите на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Црна Гора Здравко Кривокапиќ, на Република Романија Николае Чука и на Република Бугарија Кирил Петков како домаќин на Состанокот на шефовите на влади на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа, одржаа прес-конференција после работниот дел на нивната средба во Софија.Бугарскиот премиер Петков информираше за заклучоците од состанокот меѓу кои ги издвои согласноста на премиерите за важноста на овие координации и на регионално ниво имајќи ги во фокусот ризиците од војната во Украина, при што вниманието на средбата била посветена на соработката за справување со бегалската криза, на кризата во снабдување со енергенси и со основните стратешки прехранбени производи, кои се посебно значајни и како логистика на мобилноста на воените капацитети.Во продолжение на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во целост:"Најпрво благодарам за организирањето на овој важен состанок кој доаѓа само неколку дена по вонредниот Самит на НАТО во Брисел.Денес како сојузници пративме уште една силна порака на поддршка и солидарност со Украина, но и за идна координација и зголемена комуникација помеѓу овие четири држави во регионот.Состанокот на шефовите на Влади на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа е наш регионален придонес за посилна отпорност и координација во врска со потенцијалните ризици и закани од последиците на војната како и безбедносната и хуманитарна криза во Украина.Оваа војна во Украина создаде нова реалност во сите сфери на нашиот живот, а особено во поглед на координирањето на сите напори во производство на храна и синџирите на набавка, како и нивната стабилизација, испораката и производството на енергија, како и во полето на одбрана и воена координација.Уште еднаш ја осудивме воената агресија на Русија против Украина.Како премиер на Северна Македонија сакам да истакнам дека го почитуваме територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Сега одговорноста е да се соочиме со новата стратешка реалност во европската и трансатлантската безбедност.Сојузниците решително одговорија на овој воен конфликт и исто така сите земји дадоа своја поддршка, не само на украинскиот народ којшто е во Украина, туку и на украинскиот народ кој побегна од својата земја и којшто наеднаш стана бегалци.Северна Македонија соодветно се усогласи со надворешната и безбедносна политика на ЕУ затоа што ние ги споделуваме истите вредности со ЕУ и земјите на НАТО.Потенцирав дека проширувањето на ЕУ во суштина е безбедносна политика и дека застојот во овој процес остава дополнителна нестабилност за регионот затоа што има неколку негативни тенденции и создава простор за злонамерно влијание на трети земји.Одложување на пристапниот процес кон ЕУ за земјите од регионот создава дилеми што може да резултираат со намалување на довербата кај граѓаните во ЕУ. Сепак дури и со вакви предизвици Северна Македонија останува силно посветена на одржувањето добрососедски односи и промовирање соработка меѓу земјите од нашиот регион.Наша обврска е да останеме фокусирани на промовирање на тие вредности и принципи.Во текот на нашето претседателство со ОБСЕ во 2023 година ќе настојувам да го искористиме потенцијалот и на другите регионални иницијативи за подобро поврзување, разбирање и меѓусебна координација.“

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања