(ВИДЕО) Од Ковачевски стана Таче, па со незгоди го минува и мандатот: Сите гаф моменти на премиерот
Уште пред да седне во премиерската фотелја, Димитар Ковачевски во јавноста стана познат од средбата во Тирана помеѓу Заев, Рама и Вучиќ на која пресустуваше и тој.На крајот на средбата, тогашниот премиер Зоран Заев му дофрли на Ковачевски „Таче дојди бе со нас“, за да се фотографира со останатите државници од Западен Балкан. Така, Ковачевски се реши да се најде на фотографијата, но го спречија кога се обиде да застане меѓу Вучиќ и Рама. Во дел од секунда го застанаа и му покажаа каде може да стои.И тоа беше неговото првно славно појавување во јавност по кое е запаметен. Но тоа не е се.Во поздравно обраќање по повод одбележување на празникот Свети Сава, Ковачевски ја згреши и државата која ја претставуваше министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ. Ковачевски го именуваше Селаковиќ како министер за надворешни работи на ентитетот во Босна и Херцеговина – Република Српска.Како појаснување, Република Српска, како дел од БиХ нема свој министер за надворешни работи.Видеото од гафот на Ковачевски може да го видите на следниот ЛИНК.Следеше средбата со државнот секретар на Соединтетите Американски Држави, Ентони Блинкен. На средбата покрај Димитар Ковачевски, присуствуваше и премиерот на Бугарија, Кирил Петков.Двајцата премиери се сликаа со Блинкен, но Петков го скрати Ковачевски од фотографијата и истата ја објави на социјалните мрежи.„Вчера веќе имаше изјава од страна на прес-службата на бугарската влада дека се работи за ненамерен пропуст“, изјави Ковачевски веднаш потоа.Неодамна Ковачевски одржа говор во чест на Денот на македонскиот јазик. Но токму кога сакаше да покаже дека е максимално посветен на писменоста и на македонската литература, тој направи комичен гаф. Писателот Видое Подгорец, автор на Ајдучка Чешма, Белото Циганче и многу други книги за деца и младинци, според Ковачевски, стана ВИДЕО Подгорец.?t=102Пред само неколку дена албанскиот премиер Еди Рама се вмеша во ракувањето на германскиот канцелар Олаф Шолц со премиерот Димитар Ковачевски на самитот на ЈИЕ во Солун.Имено, додека домаќинот-грчкиот премиер Мицотакис на Шолц му ги претставуваше албанскиот премиер, а потоа и Димитар Ковачевски како премиер на Македонија, Рама се приклучи на разговорот со забелешка, „идната, западна Бугарија“.Ова понижување му беше интересно на премиерот Ковачевски па во отсуство на било каков коментар само се изнеасмеа.Денес за време на литургијата во Вселенската партијаршија, Ковачевски беше заинтересиран дали работи микрофонот. Па така, додека стоеше, прво погледна наоколу, по што, потчукна на него за да провери дали е вклучен.Овој негов чекор многумина го споредија со најпознатите моменти на Мистер бин. Па така, се коментираше и: „Прва епизода од Мистер Бин“. Други пак, сметаат дека Ковачевски веќе има страв од камери и микрофони, откако неколкупати досега беше уловен со гафови кои сериозно влијаеа на неговиот кредибилитет.Некако се чини дури и нормално премиерот да проверува дали микрофонот работи, особено ако се има во предвид дека често знаат „бисери“ да излезат од неговата уста.За време на церемониите за Западен Балкан кои се одржуваа во Охрид, присутни беа високи државници на соседните држави. Меѓу нив и Александар Вучиќ од Србија. За топло добредојде имаше погача, за која Ковачевски сакаше да знае дали е тазе. Ова видео се најде на владиниот инстаграм канал.
Коментари
|
пред 3 години