„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ковачевски

Screenshot-2022-03-28-at-12.01.49

Ковачевски: Војната во Украина ги создаде најголемите проблеми, со Петков се слушам и во викенди

Немаме недостиг на пченица во Македонија, им рече на регионалните новинари, премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски. Тој им посочи дека со Кирил Петков, премиер на Бугарија, се слушаат дури и во викенди, за да се осигура дека во најголемата криза поради војната во Украина, ќе има доволно храна, бидејќи тоа е нивната одговорност.„Војната во Украина ги создаде најголемите проблеми по Втората светска војна. Најниски се резервите во цела Европа. Недостатокот на гас става притисок врз производството на ѓубриво, па имаме и таков недостаток. Ѓубривото може да се купи по четиристотини пати повисока цена. Пораснаа и цените на храната со најголем процент по втората светска војна. Тоа се случува бидејќи Украина и Русија, најголемите производители на пченица, се во војна. Некои земји во регионот имаат вишок пченица, а други немаат, па купуваат од други земји. Добра работа е солидарноста“, рече Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

14032022_PVRSM_Kovacevski_pres-konferencija_1

Ковачевски: Со политиките на СДСМ растат платите, трудот на жените работнички го вреднуваме

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска се обрати на завршниот семинар од седмата генерација на Школата за женски активизам во организација на Форумот на жени на партијата.Ковачевски зборуваше за родова еднаквост, поддршка на жената, економска и политичка, како и женскиот активизам кој е важен дел од политиките на СДСМ.„Денеска одбележуваме 2 години од членството во НАТО алијансата. Значењето на успехот во исполнувањето на стратешката определба на државата од денешна перспектива можеме многу подобро да го согледаме. За жал, периодов со воената агресија врз Украина и загрозувањето на нејзиниот суверенитет се покажа колку безбедноста и сигурноста на граѓаните може лесно да биде загрозена. Но, истовремено, тоа ни покажува колку е важно тоа што Северна Македонија е членка на НАТО. Благодарение на тој успех, денес нашите граѓани можат да бидат спокојни затоа што ја уживаме заштитата на НАТО Алијансата. А една од клучните институции кои активно партиципираат во практичната реализација на членството во НАТО е Министерството за одбрана. На чело на тоа министерство имаме жена – министерка. Тоа доволно говори за СДСМ но и за способноста на жената во нашето општество.“ рече Ковачевски.Ковачевски зборуваше и за политиките на Владата предводена од СДСМ за подобрување на животниот стандард на жените.„Десетици илјадници жени – работнички со мерките и политиките на СДСМ добиваат повисоки месечни примања. Денес сведочиме на се повеќе успешни жени претприемачки, жени кои носат промени. СДСМ ја зголеми минималната плата за 100%, од 8.800 денари во време на ВМРО-ДПМНЕ на 18.000 денари. Трудот на работничките го цениме, го почитуваме и го вреднуваме особено на оние кои работат во трудоинтензивните дејности кои беа дискриминирани со години. Расте просечната плата, растат платите во сите сектори. Денес традоционално женските професии како наставничките, воспитувачките, негувателките, медицинските сестри земаат сериозно зголемени плати, а преку грантови и неповратни средства вложуваме во жените претприемачки и во жените кои решаваат да останат да работат во руралните краеви.“ рече Ковачевски.Сето ова е наш заеднички успех на кој треба да сме горди но истовремено треба да биде и дополнителен мотив за уште повеќе да работиме за поголема еднаквост меѓу мажите и жените во секој сегмент на општеството а особено во економскиот дел, заклучи претседателот Ковачевски во обраќањето пред учесницички на седмиот Семинар за женски активизам во организација на Форумот на жени на СДСМ.На учесничките на овој Семинар, претседателот Ковачевски им додели и сертификати за успешно завршување на школата за женски активизам.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-24-at-10.49.26

Ковачевски: Самитот има за цел е да го одврати Путин од тоа што го прави во Украина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе учествува на состанокот на Северно-атлантскиот совет во рамките на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО што денеска се одржува Брисел.Премиерот Ковачевски, кој на состанокот е заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, во изјавата за медиумите пред почетокот на Самитот, ги соопшти очекувањата од состанокот.Во продолжение на ова соопштение, ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Димитар Ковачевски во целост:„Денес сме сведоци пред голем предизвик за Европа и за целиот свет. Бевме убедени дека мирот во Европа никогаш нема да биде прекинат со ваквата агресија на Руската Федерација кон Украина. Тоа претставува невидено кршење суверенитетот и територијалниот интегритет на една независна држава. Ова предизвикува бегалска криза.Денес сите сојузници на НАТО се обединети и ќе ја дадеме нашата поддршка за народот на Украина. Ќе останеме обединети и Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ и ги донесовме сите одлуки со земјите членки на НАТО и на ЕУ.Самитот има за цел е да го одврати Путин од тоа што Русија го прави во Украина. Сметаме дека мирното решение е единствениот начин за решавање на ова прашање.Во насока да им помогнеме на Украинците ги донесовме сите потребни одлуки во земјата за да ги прифатиме сите бегалци кои би побарале засолниште во нашата држава.На состаноците кои претходеа на овој самит во НАТО беше разговарано за зацврстување на источното крило и тоа секако ќе биде дискутирано и на овој вонреден самит.Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе понуди соодветна помош на украинскиот народ. Сега е време кога слободниот народ на Украина има потреба од помош од демократскиот свет.“

Македонија | пред 3 години

17012022_PVRSM_PRSM-1

Премиерот Ковачевски ќе учествува на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска и утре е во работна посета на Брисел каде што ќе учествува на Вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО.Премиерот Димитар Ковачевски, во придружба на министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска и постојаниот претставник на Република Северна Македонија во НАТО амбасадорот Дане Талески, ќе земе учество состанокот на Северноатлантскиот совет на шефови на држави и влади кој ќе се одржи утре, на 24 март.

Македонија | пред 3 години

275991188_1853120364880208_7698396079190821101_n

Ковачевски за преговорите со Бугарија: Има резултати

Кога ќе има документ прифатлив од двете страни, ќе биде споделен. Ова е ставот на премиерот Димитар Ковачевски за преговорите меѓу Македонија и Бугарија. Посочува дека соработката меѓу двете држави е унапредена и додаде: „Оваа воена агресија дека мора да бидеме силни и унапредени“.„Ние со Бугарија отворивме процес на разговори од доаѓањето на оваа Влада во С. Македонија и новата во Бугарија. Имаме нов процес на комуникација за да се зголеми довербата меѓу општествата во целина. Тие групи работат и имаат резултати. Се одржаа и работни конференции. Има и резултати за зголемување на транспортните квоти. Сметам дека соработката со Бугарија е унапредена од претходно. Граѓаните знаат дека при воената агресија на Русија кон Украина, дека евакуацијата на нашите граѓани, голем удел имаше и МНР на Бугарија. Тие имаат големо малцинство таму, половина милион жители“, кажа Ковачевски.За тоа како го коментира фактот што Македонците се најнесреќна нација споредено со соседните држави, тој посочи дека се обезбедува помош за сите, се помага, се зголемува минималната плата, како и пензиите.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања