Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

КУЛТУРА

ministerstvo-za-kultura-5

Министерството за култура и туризам го објави конкурсот за Град на културата за 2025 година

Министерството за култура и туризам денеска го објави Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2025 година“.На Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во РС Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во Градот Скопје.Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, почнувајќи од 22.11.2024 г. во 14:00 часот, заклучно со 22.12.2024 г. во 14:00 часот.Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата на uslugi.gov.mk (https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на овој национален портал за е-услуги.Еден од приоритетите на Министерството за култура и туризам е унапредување и достапност на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава.„Град на културата“ во 2024 година беше Крива Паланка, која во текот на целата година презентираше богата програма и издржан програмски концепт, со различни жанрови и естетика од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници.

Македонија | пред 1 година

Ohrid-naodi-5

(Фото) Љутков: Ексклузивните наоди од пред 2 илјади и петстотини години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион.На прес-конференцијата, на која ексклузивно беа изложени дел од пронајдоците, министерот Љутков рече станува збор за голем научно-истражувачки успех кој не само што фрла нови светла на археолошката историја на нашата земја, туку и претставува значаен придонес во европското и светското археолошко наследство.„Пред нас и пред целата јавност денеска ексклузивно ги презентираме вредните наоди откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион. Истражуваниот локалитет на ова место претставува некропола од архајскиот период (6 век пр. Христа), која по многу нешта наликува на далеку попознатата Требенишка некропола која е во непосредна близина. Во рамките на гробната целина регистрирани се околу 80 наоди, од кои дел се пред нас. Откритијата се резултат на последните археолошки ископувања кои го осветлуваат животот на цивилизациите што оставиле траги од минатото, но чија култура и влијание се и понатаму значајни за нашето разбирање на историскиот контекст“, рече министерот Љутков.Тој информираше дека археолошките истражувања се дел од проектот за „Систематски археолошки истражувања на архајската некропола Корошишта“ на Археолошкиот музеј, што се одвиваат на локалитетот Расница во атарот на с. Корошишта, Струшко. Се започнало во 2020 година кога Шефит Шемшедини при извршување на земјоделски работи во атарот на с. Корошишта, Струшко открива бронзен шлем кој потоа го предава во Завод и музеј Охрид.Министерот изрази голема благодарност за одговорниот пристап кон културното наследство и за несебичната помош и соработка.„Зачувувањето на нашето културно наследство, не е само наша обврска, туку и одговорност кон идните генерации. Со овие откритија, не само што го прошируваме нашиот историски контекст, туку ја зацврстуваме нашата позиција како важен чинител на регионалната, балканската и европската археолошка сцена“, рече Љутков.Археологот Перо Арџанлиев раководител на истражувањата информираше дека во 2023 година тимот од Археолошкиот музеј Скопје добива согласност од сопственикот на нивата Букури Шемшедини за вршење археолошки истражувања.„Во рамки на гробната целина откриени се бронзен шлем; златни прстени, килибарни и стаклени перли; златни фолии со различни форми и декорација; сребрени игли; бронзен сад за вино; сребрен кантарос; бронзени чинии и др кои подоцна ќе бидат конзервирани и претставени пред јавноста. Овие наоди се од посебно значење за научниот и културниот аспект на истражувањата туку тие ја надополнуваат и сликата за нашето познавање за културно-историските и општествени прилики во овој регион“, рече Арџанлиев.Инаку во Охридско-струшкиот Регион досега се истражувани голем број на некрополи од архајскиот период, со богати гробни наоди што сугерира на активен живот на високо организирана социјална елита на овој простор во тоа време.На прес-конференцијата на која беа изложени ексклузивно дел од пронајдоците присуствуваа и директорите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, НУ Археолошкиот музеј од Скопје и на НУ Музеј Д-р Никола Незлобински од Струга, Горан Патчев, Славица Бабамова и Цветлана Василевска како и археологот Перо Арџанлиев со дел од тимот археолози.

Македонија | пред 1 година

ljutkov-kinoteka-1

Министерот Љутков во посета на Кинотеката: Нашето филмско наследство е многу значајно, ќе издвојуваме повеќе средства за негово одржување

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната работна посета на НУ Кинотека на РС Македонија, потенцираше дека македонското аудиовизуелно наследство е многу значајно, но значајно е да се одржува и да има средства за тоа.„Изминатите седум години, токму оваа институција, која е најстара институција задолжена за чување на аудиовизуелното наследство, во споредба со периодот пред 2017 година, имаше намален буџет за речиси 50 – 60 проценти, што ја покажува и недоволната посветеност на претходното раководство за грижата кон филмското наследство“, рече министерот Љутков, најавувајќи зголемување на буџетот за оваа национална установа.Министерот Љутков потсети дека Кинотеката на Македонија во 2009 година беше меѓу водечките европски филмски архиви обезбедувајќи климатизирани депоа по меѓународни стандарди за чување на македонското филмско наследство, а во 2011 година беше меѓу првите европски филмски архиви од регионот коишто започнаа со реализација на долгорочниот проект за дигитализација и дигитална реставрација на аудиовизуелното наследство.На средбата со новиот в. д. директор на оваа установа, Бошко Грујоски, беше истакнато дека во изминатите три месеци е завршена реставрацијата на дигиталната копија од краткиот игран филм „Писмо“, во режија на Васил Христов, а заврши и скенирањето на филмската копија на филмот „Мис Стон“, во режија на Жика Митровиќ, по што следува дигитална реставрација на овој игран филм. Во 2025 година следува дигитална реставрација на наслови од „златното време“ на македонскиот анимиран филм, како и дигитална реставрација на играниот филм „Македонска крвава свадба“, во режија на Трајче Попов.Во фоајето на Кинотеката, заедно со новинарските екипи, министерот Љутков ги разгледа и фотографиите кои даваат приказ како изгледал запуштено пред три месеци и како изгледа сега споменикот на културата „Хавзи-пашини конаци“ во с. Бардовци, кој во изминатите години, како што рече, очигледно целосно бил заборавен.При посетата беше истакнато дека овие три месеци е расчистен просторот пред депоата во Хавзи-пашините конаци каде што се чува фондот од светската продукција на 35-милиметарски филмови, со што е зголемена безбедноста на објектот и пристапот до зградата во која се чува дел од националното филмско наследство е непречен. Направена е интервенција на водоводната мрежа во Хавзи-пашините конаци и се презедоа мерки за санација на проблемот за да се спречи поголема штета.На средбата со раководството на Кинотеката стана збор и за јубилејот 50 години од започнувањето на нејзината значајна културна активност, кој ќе се прослави во 2026 година, кој за што в. д. директорот Грујоски информираше дека вработените во оваа институција работат и на монографија за Кинотеката по повод прославата на 50-годишнината, а во наредниот период ќе се договорат сите филмски програми, гостувања, изложби и настани за одбележување на годишнината, со цел да се обезбеди пригодна програма во текот на целата јубилејна година.

Македонија | пред 1 година

ljutkov-sovet-1

Формиран Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков

Во Порта Македонија вчера се одржа конститутивна седница на Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков.Членови на Советот за култура се: проф. д-р Ганка Цветанова, проф. академик Вера Битракова Грозданова, проф. Атила Клинче, проф. Андријана Јаневска, оперскиот првенец Игор Дурловски, проф. Рефет Абази, проф. д-р Јован Донев, м-р Дејан Пројковски, проф. Антони Мазневски, Сузана Спасовска – пејач солист првенец, режисерот Сашко Мицевски и писателот Блаже Миневски.На првата конститутивна седница, министерот Љутков се заблагодари за присуството и за посветеноста да бидат дел од оваа значајна и одговорна работа, истакнувајќи дека ова тело ќе има клучна улога во обликувањето на културната политика на нашата земја.„Денешнава седница претставува важен момент не само за Министерството, туку и за целата културна сцена на нашата земја, бидејќи вашата улога не е само советодавна, туку и стратешка, зашто вашите препораки и иницијативи ќе бидат основа за важни одлуки кои ќе влијаат врз обликувањето на културните процеси во земјава. Од вашите забелешки, анализи, препораки и сугестии ќе зависат многубројни одлуки и затоа сум убеден дека Советот ќе биде основен столб за трансформација на културата, како и за препознавање и вреднување на нашето културно наследство“, рече министерот Љутков.Членовите на Советот се од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и лица од јавниот и општествениот живот.Според Законот за култура, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот за култура во врска со прашања од неговата законска надлежност.

Македонија | пред 1 година

komisii

Министерот Љутков им пожела успешна работа на членовите на комисиите кои ќе ги оценуваат апликациите на Годишните конкурси

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ги поздрави членовите на комисиите за оценување на пријавите пристигнати на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата и на нацрт-годишните програми за работа на националните установи од областа на културата, пожелувајќи им успешна работа во креирањето на националната програма за култура за 2025 година.На Годишните конкурси, кои завршија вчера, пристигнаа околу 2 илјади и 900 пријави кои ќе бидат оценувани од комисиите што годинава се формирани во согласност со препораките од Државниот завод за ревизија. Во таа насока, Министерството за култура и туризам за првпат изготви Упатство за критериумите за именување на членовите на комисиите во кое е јасно утврдено дека за членови на комисиите може да бидат именувани лица кои имаат најмалку 10 години професионално искуство, потоа лица кои имаат реализирано, организирано или продуцирано најмалку 5 проекти од соодветната дејност во која ќе вршат евалуација на проектите, лица кои имаат стекнато стручно звање во согласност со прописите за заштита на културното наследство итн.Членови на комисиите за секоја дејност одделно се следниве: за музичка дејност: проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, м-р Весна Малјановска и Сарана Адеми; за ликовна дејност: редовен проф. Антони Мазневски, професор во пензија, академски скулптор Томе Аџиевски и Исмаил Мислими; за драмска дејност се актерите: Крсте Јовановски, Рубенс Муратовски и Вулнет Кучи; за издавачка дејност: проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, д-р Марина Мијаковска и м-р Флорентина Фетахи; за фолклор: Филип Арилон, Мирко Стефановски и Емин Гаџа; за музејска дејност: проф. д-р Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ, проф. д-р Елизабета Димитрова и проф. Мустафа Куртиши; за заштита: проф. д-р Драги Митревски, проф. д-р Марјан Јованов и Ерон Белули; за библиотечна дејност: проф. д-р Солзица Поповска, д-р Иван Заров и проф. д-р Шенер Билали.Министерот Љутков, поздравувајќи ги членовите на комисиите, им пожела успешна работа на Годишните конкурси и изрази уверување дека на крајот ќе добиеме програма која ќе донесе нов и повисок квалитет на културните содржини во државава. Тој истакна дека годинава, Министерството изготви и Упатство за утврдување на видовите на проектите, условите за учество, мерилата и критериумите за оцена на проектите во кое јасно и прецизно се утврдени видовите на проектите што ќе бидат поддржани, како и приоритетите за 2025 година, што ќе придонese за квалитативно оценување на проектите.

Македонија | пред 1 година

ljutkov-konferencija-1

Љутков: Со спојувањето на културата и туризмот ќе ги мотивираме кретивните индустрии да делуваат надвор од институциите

Потребно е да ги задржиме туристите со културните манифестации, со добра стратегија тоа е можно, согласни се панелистите.Првата јавна дискусија, по трансформација на ресорот култура во Министерство за култура и туризам, се отвори на денешната Конференција во просториите на Јавна соба, како најава за утрешниот почеток на фестивалот Skopje Design Week. Првиот конференциски панел го отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, а воведен збор имаше организаторот на Skopje Design Week, и модератор на конференцијата Александар Велиновски.Колку е природно и органско спојувањето на двата ресори, како култура и туризам и на кој начин ќе оформи стратегија која ќе ги вклучи сите чинители, беше акцентот со кој Велиновски ја отвори конференцијата.„Со развојот на креативните индустрии, во една поинаква стратешка рамка во интегрирано министерство за култура и туризам, ќе овозможиме луѓето, оние кои се занимаваат со култура, иднината да ја гледаат надвор од институциите. Можноста да се отворат приватни театри и слични установи е патот што треба да го следиме. Еден од важните аспекти е мапирање на конкретните културни вредности и во делот на фолклорот и туризмот, бидејќи ние самите малку сме запознаени какви се самостојни иницијативи постојат. Ќе ни бидат потребни повеќе вакви јавни дебати за да можеме да оформиме стратегија и посебни програми што ќе ги спојат двата сектори.“, рече Зоран Љутков.На првиот панел од оваа конференција на темата „Културните оператори двигатели на локален економски раст и развој – привлекување странски посетители“ како панелисти зборуваа Логин Кочишки, Д Фестивал Дојран и Таксират Скопје, Владица Младеновски, Грга, МКЦ Скопје, Тодор Ивановски, Локумфест, Битола Тошо Чочороски, КУД Дримкол, општина Вевчани – Вевчански карневал Марија Ѓоргова, државен секретар, Министерство за култура и туризам.Панелистите кои се со многугодишно искуство во менаџирање на културни настани, беа согласни дека ни е потребно спојување на секторите, но со сериозна и внимателна стратегија.Кочишки од Таксират и Д фест Дојран, рече дека поддршката од државата досега е минимална, додека бенефитот кој го носат фестивалите во економијата е далеку поголем.„Ние сме постојано лимитирани од поддршката од конкурсите на Министерството за култура, додека инвестираме многу во економскиот бенефит преку фестивалите. Конкретно во Дојран, самите создаваме и инфраструктура, немаше ни табла на автопатот, се трудевме да дадеме насоки каде е Дојран. Денеска мислам дека Д фест е најголемиот економски покренувач во градот, и тоа те тој импакт што го направивме.“, рече Кочишки.Младеновски - Грга од МКЦ, рече дека фестивалите што ги организираат стануваат атрактивни за регионот.„Носиме големи имиња на фестивалите, и имаме најниски цени на билетите во регионот. Станавме конкурентни и интерсни и за грчки посетители, што остануваат секако како туристи во Скопје. Се надева, дека во иднина ќе направиме подобра платформа за да ги споиме искуствата.“, рече Младеновски – Грга.Тоше Ивановски, културен работник, арт директор на Локум фест кој постои 19 години ја поздрави иницијативата за спојување на ресорите, за која рече чека 30 години а за него е шокантно во позитивна смисла. „Локум фест“ има голем потенцијал во насока на фестивал кој може да го раздвижи туризмот во Битола, но за ова е потребно внимателно интегрирање на искуствата на сите линители“, рече Ивановски.Тоше Чочороски, претставник на туристичкото стопанство, рече дека спојувањето на секторите е голем предизвик но се надева дека тоа нема да остане само на ентузијазам. „Туристите треба да ги препознаат културните манифестации, да се стремиме туристите да останат тука заради културните настани. Потребна ни промоција, креативните индустрии се многу важни, но кога ќе станат дел од програмата на тур операторите“, рече Чочороски.Марија Ѓоргова, државен секретар, Министерство за култура и туризам рече дека треба да се следат и искуствата на соседните земји во начинот на кој го менаџираат културниот туризам, и дека е потребно да се најдат модели за субвенционирање и надвор од буџетските пари.Вториот панел ќе биде посветен на темата “Како да ги разбереме туристите кои ни доаѓаат? А панелисти се Аккан Махмут, национален коодинатор за туризам во Влада на Македонија Владимир Граматиков – ТАВ Македонија, директор на маркетинг Зоран Тодоровски Паладиум груп Македонија Ивана Брдаровска, Balkan Prime Tours Јованка Ѓорѓевска.Од оваа конференција се очекува да произлезат идејни проекти за понатамошна соработка на поле на култура и туризам.

Македонија | пред 1 година

ministerstvo-za-kultura-5

Се продолжува рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година

Министерството за култура и туризам информира дека поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот, рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2025 година се продолжува до 5 ноември (вторник), до 16:00 часот.Исто така, потенцираме сите заинтересирани апликанти да обрнат особено внимание и да аплицираат во соодветните пријави и во соодветните дејности, во смисла на избегнување на можноста за евентуално неподдржување на одреден проект или активност поради несоодветно пополнета апликација, соопшти Министерството за култура.Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ѓоргова: Изложбата „Австриската уметност по 1945“ е потврда за важноста на меѓудржавните културни политики

Државниот секретар во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска-Ѓоргова, вчеравечер во Даут-пашиниот амам, пред многубројните љубители на уметноста, екселенции и други гости, се обрати на свеченото отворање на изложбата „Австриската уметност по 1945“, за која потенцираше дека ќе остане забележана како потврда за долгата историја на одличните односи меѓу двете држави и култури.„Одржувањето на пријателските односи и меѓу македонската и австриската култура е резултат на силниот влог и длабоката посветеност на разбирањето и отвореноста, на одржување на континуитетот во ткаењето на односите кои бележат несомнено голема традиција“, истакна Станчевска-Ѓоргова, напомнувајќи дека овој настан е потврда токму за важноста на меѓудржавните културни политики.На изложбата, која се организира по повод 30 години воспоставена дипломатска соработка меѓу двете држави, Станчевска-Ѓоргова истакна дека оваа изложба е знак на почит меѓу двете држави, знак за поддршка на културниот идентитет на народите, но и врска за меѓусебно продлабочување на односите на повеќе нивоа.„Со овој пресек на современата австриска уметност, делата и авторите кои извршиле своевидно влијание врз европската и врз балканската модерна, одбележуваме 30 години од воспоставувањето на дипломатските врски меѓу нашите две држави“, рече државната секретарка во Министерството за култура и туризам, која додаде дека вакви сериозни проекти даваат нов квалитет во градењето на билатералните односи, укажувајќи на значењето и силата на уметноста во споделувањето на европските вредности.Потенцирајќи го спознавањето на современата австриска уметност по 1945 година, како и влијанието и одразот на овие ликовни дела врз развојот на политичкиот, социјалниот и технолошкиот живот во 20 и 21 век, Станчевска-Ѓоргова истакна дека изложбата овозможува богатство на сознанија за културните влијанија и потенцијалот на минатиот творечки одраз во денешницава.„Вака подготвената изложба со дела кои обележуваат широк распон на творештво од периодот на повоена Австрија па сè до денес, згрижени во приватните колекции на австриските љубители на уметноста, укажуваат на посветеност и љубов во грижата и промоцијата на сопственото културно наследство“, рече Станчевска-Ѓоргова, потенцирајќи дека тоа е една од најважните алки која, меѓу другите, гради мост на соработка и желба за продлабочување на културните врски меѓу два пријателски народи.На свеченото отворање на изложбата во Даут-пашиниот амам, се обратија и: Маја Неделкоска-Брзанова, в. д. директор на Националната галерија; Мартин Памер, амбасадор на Австрија во нашата држава; Кристоф Тун-Хоештајн, амбасадор и раководител на Директоратот за културна соработка при австриското Министерство за европски и меѓународни прашања; Волфганг Бандион, куратор на изложбата, како и Весна Ѓорчева, член на Управниот одбор на Македонија осигурување АД Скопје, Виена Иншуранс груп.

Македонија | пред 1 година

ljutkov

(Видео) Љутков: Работата на предизвиците и можностите е начин пред светот да ја раскажеме успешната македонска приказна

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната трибина во рамки на Платформата „100% Посветено на тебе - Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“, говореше за проблемите и предизвиците се кои се соочи по преземањето на функцијата, а кои бараа посветеност, време и квалитетни решенија се со цел да се санираат последиците и да се постигнат важни решенија.„Како последица на неефикасното и недомаќинско работење на претходната власт во текот на 7-те години управување со секторот Култура, наследивме долгови за неисплатени плати, девастирани и неосигурани институции, со раководства без стратегија, без утврдени приоритети и динамика на реализација на проектите. Се соочивме и со скратени средства за програмски активности, стопирани или заглавени проекти, како и инвестиции сведени на минимум, а поради ненавремено објавување на Јавната набавка за електрична енергија, Министерството за култура и туризам оваа година ќе плаќа поскапа струја“, информираше министерот Љутков.За надминување на состојбите, со ребалансот на буџетот, рече министерот, обезбедени се дополнителни средства за регулирање на долгот по основ на неисплатени плати согласно Колективните договори на вработените во националните и во локалните установи и средства за регрес за локалните установи, средства за осигурување на институциите, за програмски активности, за намирување на долгот за континуирано функционирање на библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK во НУБ, за инфраструктурни проекти за локалните самоуправи, а посветено се работеше и на почнување или продолжување на стопираните или заглавени проекти, како и на заштита и рехабилитација на нашето културно наследство.Љутков го истакна значењето и потенцијалот на културниот туризам и креативните индустрии како двигатели за економски развој и глобална промоција на земјава.„Уникатното културното, духовно и историско богатство кое го поседуваме, со својот широк спектар е особено значајно за туристичката понуда. Креативните индустрии пак ги гледаме можност за економски развој и промоција на земјава како препознатлива дестинација на културната карта на Европа и пошироко“, рече министерот Љутков.Предизвиците и можностите кои со себе ги носи туризмот, според министерот, се начинот пред светот да биде раскажана македонската приказна и ќе овозможат системско подобрување на условите во овој сектор. Во тој контекст беше истакната и соработката со германскиот туроператор, компанијата „РСД“ , партнерство кое почнувајќи од февруари идната година ќе донесе 35 илјади туристи од Европа годишно.

Македонија | пред 1 година

Potp.-Memorandum-so-Britanski-Sovet-1

Меморандумот за разбирање со Британскиот совет е платформа за развој на културната и креативната економија

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорката на канцеларијата на Британскиот совет за Западен Балкан, Клер Сирс, денеска потпишаа Меморандум за разбирање за периодот 2024 – 2027 година, кој е важен чекор кон зајакнување на соработката во областа на уметноста, културата и креативната економија.Со потпишувањето на Меморандумот се реафирмира 30-годишното партнерство и пријателство меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство, а со тоа и можноста за поголема достапност на програмите на Британскиот совет во нашата земја и засилени кампањи за нивна афирмација.„Потпишувањето на овој меморандум е потврда за добрите односи меѓу канцеларијата на Британскиот совет и Министерството за култура и туризам. Соработката ќе овозможи размена на знаења и искуства, како и реализација на различни проекти кои ќе го зголемат влијанието на креативната економија и ќе ја збогатат културната понуда во земјава“, рече министерот Љутков.Министерот изрази уверување дека Меморандумот ќе отвори нови можности за културна размена и соработка помеѓу уметниците и нагласи дека тој ќе биде платформа за иновации и креативност, а тоа ќе придонесе за подобрување на културниот дијалог и развој на локалната културна сцена. Таквата соработка ќе им овозможи на уметниците да се поврзат, да разменуваат идеи и да учествуваат во меѓународни проекти.Со Меморандумот е предвидено да се спроведуваат проекти и активности во следниве области: градење капацитети за професионалци, филм, музика, визуелни уметности, театар, игри, технологија, културно наследство, дизајн, архитектура, мода и издаваштво.Директорката Сирс очекува потпишувањето на Меморандумот за разбирање и улогата на Британскиот совет да придонесат за продлабочување на културните врски и за зголемување на иницијативите за реализација на значајни проекти.„Овој меморандум за разбирање го означува почетокот на една нова ера во нашата соработка со Северна Македонија. Ќе бидеме непосредно вклучени во дополнителното зајакнување на енергичната креативна економија на земјата, особено во контекст на претстојните големи настани кои ќе понудат единствена можност да се прикаже талентот на Северна Македонија на пошироката сцена. Посебно сум задоволна што нашето партнерство доби нов замав благодарејќи на министерот Зоран Љутков и со нетрпение очекувам ова да биде првиот од многуте проекти што ќе ги реализираме заедно“, изјави Сирс.Амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Н. Е. Метју Лосон, кој присуствуваше на потпишувањето, рече дека овој документ е значаен чекор за долгорочна и продуктивна соработка меѓу двете земји.„Особено сум горд и се радувам што присуствував на денешното потпишување на Меморандумот за разбирање меѓу Британскиот совет и Министерството за култура и туризам. Ова е потврда за продлабочување на нашите културни врски и британско-македонските односи. Одбединетото Кралство има многу да понуди во однос на креативните економии и развој на овој сектор во земјата. Заедно ќе работиме кон реализирање на многубројни проекти со поддршка од Британскиот совет и во соработка со Министерството за култура и туризам”, истакна амбасадорот Лосон.Очекувањата се дека Меморандумот ќе придонесе за продлабочување на културните врски и за зголемување на заедничките иницијативи.

Македонија | пред 1 година

ljutkov-sobranie-1

Од годинава светот го одбележува Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска се обрати на настанот по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство, при што ја истакна неговата вредност како духовно богатство на еден народ и сведок за неговиот идентитет и опстојување.Тој потсети дека за да се заштитат нематеријалните културни вредности од глобализацијата и од брзите општествени промени, УНЕСКО во 2003 година ја усвои Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство, нагласувајќи ја неговата важност како основа на културната разновидност.Минатата година, при одбележувањето на 20-годишниот јубилеј од донесувањето на Конвенцијата, 17 октомври беше прогласен за Меѓународен ден на нематеријалното културно наследство, со што уште еднаш беше потврдена заложбата на државите членки за подигнување на свеста за зачувување и промоција на нематеријалното културно наследство во меѓународни рамки.Денеска, кога за првпат светот го одбележува овој ден, министерот Љутков ги истакна досегашните искуства на нашата држава: Македонија стана дел од светската карта на држави со впишано нематеријално културно наследство на листите на УНЕСКО, и тоа: „Чет`рсе – празнувања на Светите Четириесет Маченици во Штип“ (2013 год.), „Копачката“ – машко соборско оро од село Драмче, Пијанец“ (2014 год.), заедничката апликација на Република Македонија и Република Турција „Пролетна прослава Х’дрлез“ и мултинационалната апликација на Република Македонија, Бугарија, Романија и Молдавија „Културни практики поврзани со 1 Март“ (2017 год.) на Репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријалното културно наследство на човештвото, и со впишувањето на „Гласоечко“ – двогласно машко пеење во Долни Полог“ (2015 г.) на Листата на УНЕСКО на нематеријално културно наследство за ургентна заштита. Тој искажа уверување дека досегашните позитивни искуства и овие впишани нематеријални добра и во иднина ќе бидат предизвик за експертите кои го проучуваат нематеријалното културно наследство, затоа што тоа ни припаѓа на сите нас, но и на целото човештво.На настанот, организиран од Комисијата за култура и туризам при Собранието го отвори претседателката Саранда Имери-Стафаи, а говореа и Антониjо Милошоски, потпретседател на Собранието, Велика Стојкова-Серафимовска, членка на Комисијата за култура и туризам и акредитирана експертка на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство, Сулејман Рушити, директор на НУ Гостиварски театар и Ивона Опетческа-Татарчевска, национална координаторка за нематеријално културно наследство.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Долг аплауз за Камерниот оркестар на Националната опера и балет во Виена

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во познатата Почесна сала (Ehrbar Saal) во Виена го проследи концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, чиј настап, многубројната публика го поздрави со долг аплауз.На концертот, на кој присуствуваа и македонскиот амбасадор во Австрија, Освит Росоклија, амбасадорот на ОБСЕ, Пајо Авировиќ, како и претставници од дипломатскиот кор, Камерниот оркестар на НОБ, под диригентската палка на италијанскиот маестро Џанлука Мартиненги, изведе композиции од: Пучини, Бритен, Цанев, Аврамовски, Имери и Шуплевски.Специјална гостинка на вечерта беше истакнатата пијанистка Горјана Стојановска, чиј настап ја збогати уникатната можност да се слушне македонската музика на едно од најпрестижните места во Виена, продолжувајќи ја традицијата на меѓукултурна размена и промоција на македонската уметност во светот.

Македонија | пред 1 година

paridenari1

СКРМ бара денеска да биде исплатена платата за август за вработените во „Охридско лето“: Односот на Министерството за култура е крајно нехуман

„Министерството за култура и туризам, ги спори прекувремените саати на вработените во НУ Охридско лето, кои за време на фестивалот ги одработиле, но сега само за месец август, откако истите им ги исплати по планот за месец јуни и јули. Август, како и јуни и јули оваа година не се поразлични од ниту едно лето претходните 10-15 години наназад. Денес тие 20 вработени во Охридско лето, прават сѐ, односно ја вршат целата работа околу организацијата на фестивалот што не е малку, имајќи ја предвид програмата и посетеноста на фестивалот“, соопшти Синдикат на културата на Република Македонија.„Сегашниот однос на Министерството за култура и туризам со неисплаќањето на августовската плата, а со тоа оставајќи 20 луѓе со дел од нивните семејства без здравствено осигурување е за осуда и е крајно нехумано и непрофесионално, правејќи проблеми за ситуација која со години е непроменета и функционира.Го молиме Министерот за култура и туризам, да застане на страна на вработените, да им ја исплати платата, а со тоа и здраственото осигурување за месец август и сега веќе и за месец септември, а доколку понатаму утврди дека постоеле неправилности соодветно да ги санкционира, за што ќе ја има и поддршката на СКРМ. Вработените не се должни да ги трпат меѓуинституционалните недоразбирања и процеси кои можат да траат уште долго“, додава Синдикат на културата на Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

ljutkov-nob-1

Љутков: Ќе дадеме голема поддршка за „живата култура“ и за санација на објектот на Националната опера и балет

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните работни посети на установите, денеска ја посети Националната опера и балет каде што се запозна со проектите и активностите во оваа најстара институција од овој вид во нашата земја.Министерот Љутков ги поздрави направените интервенции во Националната опера и балет кои се однесуваат на подобрување на условите во оваа установа, за што в.д.директорот Оливер Арсовски, го посочи како пример, како за краток период, нецели сто дена, можат да се направат суштински подобрувања во една голема и обемна институција, како што е Националната опера и балет.„Во изминатиов период е извршена ургентна санација на клучните инфраструктурни проблеми“, потенцираше Љутков, додавајќи дека комплетно се реновирани службеното фоаје и тоалетите за посетителите, извршени се и молерофарбарски работи на ходниците.На средбата со новинарите беше истакнато дека во текот на вчерашниот ден е распишана и јавна набавка за реновирање на главниот влез на институцијата, кој, како што беше нагласено е во очајна состојба и во последните седум години немало никаква интервенција во овој сегмент, како и санација на покривните површини во делот на главното фоаје каде што кога врне, водата навлегува насекаде. Министерот Љутков најави дека во наредниот период ќе следат уште интервенции во атаљето на установата, каде во моментов се работи на негово расчистување.„Она, пак, што сакам да го потенцирам, а е од особено значење и се однесува на вработените, е фактот што со ребалансот на буџетот се обезбедени сигурни плати и придонеси“, рече министерот Љутков. Изразувајќи задоволство од работата на новото раководство и од вработените, министерот Љутков најави дека Владата и тој како ресорен министер ќе дадат голема поддршка на оваа институција, која, како што рече, во идниот период ќе понуди богата културна програма на задоволство на сите граѓани.Министерот Љутков изрази и јавна благодарност до целиот ансамбл на НОБ за одличната изведба на операта „Набуко“ од Верди во Софија, за која има одлични критики на сите нивоа, а особено во делот на т.н. културна дипломатија.Директорот на Националната опера и балет Оливер Арсовски информираше дека е направена и нова програма за до крајот на годината, која ќе стартува на 16 октомври со кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф.Арсовски најави дека ноември ќе биде месец на Пучини кога ќе бидат изведени четири претстави од овој композитор, со пејачи и од странство, како и дека Националната опера и балет и Камерниот оркестар на 8 октомври ќе гостуваат во Виена, каде што пред австриската публика ќе бидат изведени дела и од македонски автори.Поздравувајќи ги заложбите на министерот Љутков и на Министерството за култура и туризам за поголема поддршка на „живата култура“, директорот на Националната опера и балет најави многу промени во репертоарната политика и на операта и на балетот. Во рамките на посетата, беше споделено и дека набавен е и нов балетски под кој, како што беше посочено, ќе го подобри квалитетот на балетската продукција.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Љутков: Културните и креативните сектори се основа за мобилност меѓу земјите од Западен Балкан

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска учествуваше на тркалезната маса посветена на културните и креативните сектори, а во рамките на министерската средба посветена на управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука, истражување и иновации и култура.Министрите за култура од Западен Балкан дискутираа за предизвиците и иницијативите поврзани со: заштитата и промоцијата на материјалното и нематеријалното културно наследство како ресурс за инклузивен, економски и одржлив развој, потребата за градење капацитети и професионални вештини во оваа област, особено во однос на управувањето со ризикот во време на климатски промени.Културното наследство и неговото ставање во функција на одржлив економски и социјален развој, според Љутков, отвора низа можности за соработка и размена на знаења и искуства меѓу Западен Балкан и Европската Унија.– Земјите од Западен Балкан, со поддршка од меѓународните организации, веќе соработуваат во областа на заштитата на културното наследство, а кај нас добар пример на автентична конзервација и презентација на културното и природното наследство и остварување на економско-социјалниот потенцијал претставува Музејот на вода во Заливот на коските на Охридското Езеро – рече Љутков.– Климатските промени на глобално ниво, пак – додаде тој – се сериозни предизвици кои наметнуваат нови пристапи за заштита на културното наследство. Во тој контекст, како што рече, новите стратегиски документи за културно наследство го опфаќаат и делот за влијанието на климатските промени врз археолошките локалитети и сите други заштитени објекти и културни целини.Министрите за култура разменија информации и искуства и за успешните иницијативи поврзани со регионалната соработка и мобилност на уметниците и културните професионалци, а воедно ги изнесоа и своите предлози за регионална и европска соработка.Како предуслов за поширока соработка на уметниците во регионот, вклучувајќи ја и нивната мобилност, беше посочена поголемата афирмација и користење на поволностите што произлегуваат од потпишувањето на билатералните договори. Во тој контекст, беше потенцирано и значењето на програмата „Креативна Европа“ и нејзините иницијативи и акции „Ај-портунус“, „Културата ја движи Европа“ и „Изведбена Европа“, но и на европските мрежи кои подетално ги третираат прашањата поврзани со мобилноста.Во однос на мобилноста на уметниците, Љутков ја потенцираше и важноста од прогласувањето на Скопје за европска престолнина на културата за 2028 година.– Свесни сме дека сите ние во нашата држава имаме исклучителна одговорност во реализацијата на активностите што ќе следуваат, а со цел да го претставиме Скопје во европско светло. Активностите во овој процес несомнено ќе ги стимулираат и ќе ги поддржат мобилноста на уметниците и размената на знаења и искуства на културните професионалци, но и на професионалците од сродните релевантни сектори со нивните колеги од регионот, Европа и пошироко – рече министерот.Според Љутков, Министерската конференција е уште една потврда дека регионот на Западен Балкан и евроинтегративните процеси се високо во агендите на актуелните и на идните политики на Европската Унија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања