Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

(Видео) Љутков: Работата на предизвиците и можностите е начин пред светот да ја раскажеме успешната македонска приказна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ljutkov

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната трибина во рамки на Платформата „100% Посветено на тебе - Мерки и политики за развој на образованието, културата и туризмот и спортот“, говореше за проблемите и предизвиците се кои се соочи по преземањето на функцијата, а кои бараа посветеност, време и квалитетни решенија се со цел да се санираат последиците и да се постигнат важни решенија.

— реклама —

„Како последица на неефикасното и недомаќинско работење на претходната власт во текот на 7-те години управување со секторот Култура, наследивме долгови за неисплатени плати, девастирани и неосигурани институции, со раководства без стратегија, без утврдени приоритети и динамика на реализација на проектите. Се соочивме и со скратени средства за програмски активности, стопирани или заглавени проекти, како и инвестиции сведени на минимум, а поради ненавремено објавување на Јавната набавка за електрична енергија, Министерството за култура и туризам оваа година ќе плаќа поскапа струја“, информираше министерот Љутков.

— реклама —

За надминување на состојбите, со ребалансот на буџетот, рече министерот, обезбедени се дополнителни средства за регулирање на долгот по основ на неисплатени плати согласно Колективните договори на вработените во националните и во локалните установи и средства за регрес за локалните установи, средства за осигурување на институциите, за програмски активности, за намирување на долгот за континуирано функционирање на библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK во НУБ, за инфраструктурни проекти за локалните самоуправи, а посветено се работеше и на почнување или продолжување на стопираните или заглавени проекти, како и на заштита и рехабилитација на нашето културно наследство.

Љутков го истакна значењето и потенцијалот на културниот туризам и креативните индустрии како двигатели за економски развој и глобална промоција на земјава.

„Уникатното културното, духовно и историско богатство кое го поседуваме, со својот широк спектар е особено значајно за туристичката понуда. Креативните индустрии пак ги гледаме можност за економски развој и промоција на земјава како препознатлива дестинација на културната карта на Европа и пошироко“, рече министерот Љутков.

Предизвиците и можностите кои со себе ги носи туризмот, според министерот, се начинот пред светот да биде раскажана македонската приказна и ќе овозможат системско подобрување на условите во овој сектор. Во тој контекст беше истакната и соработката со германскиот туроператор, компанијата „РСД“ , партнерство кое почнувајќи од февруари идната година ќе донесе 35 илјади туристи од Европа годишно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1d94i7nmlvg9cd6YDA5

Oколу 25 милиони евра ќе бидат распределени во културата, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 седмици

ljutkov

СКРМ со остра реакција до министерот Љутков: Задоволен е тој од себе, но дали се задоволни работниците во културата?

Македонија | пред 3 седмици

media-library8lr9pkl5nglg2N9k8ki

Драмата во МОБ продолжува: Синдикатот на културата пробува да допре до Љутков за итно да реагира

Македонија | пред 1 месец

media-libraryrtt3n01tp0i97dq9Jay

Првата обоистка од МОБ: 30 години служам на МОБ, а денес сум жртва на тортура и мобинг

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања