„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

култура

thumbnail_Ljutkov-15.11-2

Синдикатот за култура алармира: „Плата нема“ – Министерството ги крши законите и ги остава вработените без примања

Синдикатот на културата на Република Македонија остро реагира на, како што вели, системското прекршување на правото на плата за вработените во културниот сектор. Во јавно објавено соопштение, Синдикатот обвинува дека Министерството за култура и туризам упорно одбива да ги почитува одлуките на Управните одбори во две културни институции, оставајќи ги вработените без исплата за месец мај.Според Синдикатот, Министерството дава телефонски насоки за пресметка на платите што се спротивни на Колективните договори и важечката законска регулатива, без притоа да даде каква било писмена потврда. Тие велат дека кога институциите бараат писмен документ како основа за таквите постапки, добиваат закани – дека „нема да земат плата со месеци“.„Безобразието оди дотаму што, покрај кршењето на правото на плата, се загрозува и правото на здравствено осигурување по 30 јуни“, предупредува Синдикатот во својата реакција.Во објавата се повикуваат и на конкретни законски одредби од Законот за извршување на буџетот, со кои, според нив се потврдува дека одговорноста за законитоста на исплатата ја сносат исклучиво Министерството за култура и директорите на институциите, а не Министерството за финансии – кое, како што наведуваат, се користи само како изговор.„Јасно е дека Министерството за култура и туризам, односно министерот за култура и туризам, како и директорите кои постапуваат согласно неговите насоки, се единствено одговорни за кратењето на правото на плата на вработените во културата“, стои во соопштението на Синдикатот на културата.Тие бараат итна исплата на платите согласно одлуките на Управните одбори. Доколку Министерството повторно се повика на Министерството за финансии како кочничар, Синдикатот бара јавно да се објават конкретните одредби што би го поткрепиле тоа тврдење.Во знак на протест, Синдикатот ја прекрсти институцијата во „Министерство за (култура) и туризам – Плата нема“, алудирајќи на, како што велат, хроничната пасивност на министерот и институционалната негрижа кон културните работници.

Македонија | пред 6 месеци

stojcevska-ljutkov

Вие бевте министерката која нѐ направи загубари, ѝ рече Љутков на Стојчевска откако го праша за платите во културата

Ексминистерката Бисера Костадиновска-Стојчевска го праша сегашниот министер за култура и туризам, Зоран Љутков, дали и сега мисли дека колективниот договор е незанкоски, но и дали поради негово отсуство од Македонија платите за вработените во културата не се исплатени на време. Тој рече дека бил во Македнија и дека не бегал.„Можеби вас ќе ви биде прв и последен пат што поставувате прашање, ама јас постојано ќе ве потсетувам за поморот кој го оставивте во културата. Никогаш не сум рекол, иако сум бил и член на СКРМ, дека овој колективен договор е незаконски. Секогаш сум кажувал дека овој колективен договор нема поддршка од Министерството за финансии. Го потпишал министер кој поима немал што потпишува и не знаел дека ќе нѐ донесе до момент да земаме 90 отсто плати, 10 отсто програмски активности. А кога нема поддршка од Министерството за финансии, средствата треба сами да си ги обезбедиме“, рече Љутков.Тој рече дека претходно се крателе пари од програми, за да има за плати.„За првпат не скративме од програмските активности, а институциите продолжија да работат, првпат по потпишување на колективниот договор. И во 2025 година го предвидовме истото, по оваа пресметка, нема да се крати од програмите и ќе има плус од 40 отсто во некои институции. Кога некој ги решава проблемите, тоа не ви се допаѓа, оти по седум години првпат почнавме со реформи. Вие бевте министерката која нѐ направи загубари. Фелата не коментираше за ништо друго, вие од партиска говорница коментиравте. За поединците и неработниците нема да зборувам. Кога почнуваме да работиме за вас има проблем“, додаде Љутков и најави нов колективен договор.Реплицираше Костадиновска-Стојчевска.„Нема да одговарам на вашите навреди, ги слушнавте реакциите. И рековте на Сања дека 'дрндупка културата'. На ребаланс парите кои ги добивте за инспекторатот за македонски јазик не ги употребивте, џабе имате директорка. Лани ја имавте најголемата програма и ја завршивте годината, и со мојот буџет ја завршивте годината. Мило ми е што од вас слушнав, тој што го потпишал не знаел што потпишува, на штета е на културата и е недоречен. Зборувате за долгови, а кажете ми ги имавте на завршна сметка? Не. Од програма никогаш не се кратело во култура. Можете да споредите. Вие на сам почеток рековте дека културата треба да институционална, дека независната сцена треба да биде тргната настрана. Ако за вас најголема реформа е продажбата на културното наследство, жалам!“, рече таа.

Македонија | пред 8 месеци

toni-mihajlovski

Тони Михајловски: За пуста функција и преку трупови ќе газите, јаден министер, јадна култура - ќе играме престава заради публиката

Актерот Тони Михајловски, упати остри критики за состојбата во културата. Го спомена и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков за кој напиша „јаден он и јадна култура сосе туризам“. Реакцијата доаѓа откако откако вработените во културата останаа без плати за Велигден.„Смешни, и расипани, сте како Нушич да ве составувал. Кога ќе се поткачите една скала над другите веднаш почнувате да серете врз нив. За пуста функција и преку трупови ќе газите. Заборавате кои сте биле и сите што ве знаат ги бришете од “живи” за да “умре” со нив и вашата вистина. Ама не умира пустата туку о.ц “како шило врти врти и ќе излезе на другата страна” з.ц. Авторот на цитатот добро познат на “војводите”. А еве ја вистината“, напиша Тони Михајловски и додаде:„Ја умревте културата. Ја распнавте и заковавте клинци и ја оставивте да умре. Симболично или не баш пред Велигден. Знаете што следува, нели. Таа ќе “воскресне” и ќе ви покаже дека е поголема и побитна од сите вас во институциите оптан топтан. Се гледаме на “барикадите” пошто на сцена не заслужувате да се гледаме, а реално и слабо одите у театар. Вечерва имаме претстава. Онаа популарната. Онаа што “министерот” не ја гледал пошто била добра. Јаден он и јадна култура со се туризам. Најверојатно ќе играме за да не ја изневериме публиката која платила карти а ние сеуште немаме плата. И најверојатно заради среќните робови кои се најголеми непријатели на Слободата“.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-22-at-13.52.01

(Видео) Го исвиркаа Љутков и порачаа „ако државата не сака да нѐ чуе преку институциите, ќе нѐ гледа на улциите“ - вработените во култура лути оти пак немаат плати

Министерот за култура Зоран Љутков ги остави вработените во културата без плата за време на велигденските празници. Токму поради оваа причина денес беа организирани протести пред министерството за култура.„Храбро се бореа да зачуваат една специфична традиција, традиција на протести во април на културните работници. Како и секоја година и оваа, министерот се појавува како инструмент во нивните раце, а овојпат е културен деец, кој се самоопредели дека е ненадлежен, кој со едно извинување по свршен чин не го поправи самиот чин“, рече Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот за култура, а присутните извикуваа „уа, уа!“.Тие порачаа дека бараат крај на понижувањето.„Културата нема да молчи, нема да се плаши, ние сме културата, ние сме гласот кој не можете да го загушите. Културата не е ваш проект, културата е народот, културата сме сите ние тука, кулутрата е отпор. Ако државата не сака да нѐ чуе преку институциите, ќе нѐ гледа на улица“, додаде Атанасовска.

Македонија | пред 8 месеци

ministerstvo-za-kultura-5

Вработените во културата ќе слават Велигден без плата, Министерството чека пресметки од колегите во Финансии

Вработените во културата останаа без плати за најголемиот христијански празник, Велигден.„За државата и институциите или е спорно усогласувањето со минималната плата, според КД за култура, или се спорни 10% според општиот колективен договор дадени пред 2 години на цел јавен сектор без исклучок. Иако и двете права законски им следуваат на вработените во културата беа пуштани спинови дека културните работници не ја заслужуваат платата што ја земаат, дека не работат ништо, се манипулираше со висините на платите во културата и сл. Цел март и почетокот на април наративот насочуван спрема вработените во културата беше дека платата која ја земаме е незаконска, потоа неуставна, дека КД за култура е истечен, дека е штетен, дека вработените треба сами да се откажат од своите права. Следеа и стандардните игри со пресметките за плата, кои институциите ги направија според законите и колективните договори, но кои не беа прифаќани од Министерството за култура и беа враќани назад. Според КД за култура платата требаше да се исплати до 10ти во месецот, а според законите во Република Македонија до 15ти. Вчера беше 17ти и последен работен ден пред продолжениот викенд во очи на најголемиот Христијански празник Велигден, а плата за сите културни работници немаше. Нема никакво официјално образложение зошто, само бледи, нелогични, неповрзани и конфузни изјави на министерот за култура по различни медиуми. Во еден медиум ги обвини институциите за ненавремено изготвување на пресметките, а во друг кажа дека тие како министерство на 11 април одлучиле дека ќе ја исплатат платата „како и до сега“, за да не доцнела, па „ќе сме се договарале за понатаму“, велат од Синдикатот на културата на Македонија.Од Министерството за култура и туризам велат дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно Законот и Колективниот договор.„Причините за доцнењето се заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии, стои во соопштението од Министерството за култура и туризам“ велат оттаму.

Македонија | пред 8 месеци

unesko_paragvaj_gajda

„Традиционална изработка и свирење на гајда“ впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото

Културното добро „Традиционална изработка и свирење на гајда“ од денеска е впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.Мултинационалната номинација, поднесена од РС Македонија и Турција, беше разгледана и усвоена на денешната сесија на 19. СОМ на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство, што се одржува во Асунсион, Република Парагвај.Ова е важен момент во македонската култура бидејќи дури по 7 години нашата држава впишува уште едно нематеријално културно добро на листите на УНЕСКО, со што вкупниот број на впишани заштитени добра од нашата држава е 6, од кои веќе 2 заеднички со Република Турција.Номинацијата беше подготвена со меѓусебна координација на македонскиот тим, составен од претставници од Управата за заштита на културното наследство и од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, и експертскиот тим на Министерството за култура и туризам на Република Турција.Впишувањето на добрата на листите на УНЕСКО претставува обврска за државите, но и можност за промоција на националното богатство во глобални рамки и зачувување за идните генерации.Сесијата на Комитетот има цел да ги промовира целите на Конвенцијата, да обезбеди насоки за најдобри практики и да даде препораки за мерки за заштита на нематеријалното културно наследство. Со годинашната сесија на Комитетот претседава Н. Е. Ненси Овелар де Горостиага, амбасадор и постојан делегат на Република Парагвај во УНЕСКО, и на неа учествуваат претставници од земјите членки, невладини организации, културни институции и други учесници од целиот свет.Потсетуваме дека Република Македонија стана дел од светската карта на држави со впишано нематеријално културно наследство на листите на УНЕСКО во 2013 година со впишувањето на „Чет`рсе – празнувања на Светите Четириесет маченици во Штип“, потоа „Копачката“ – машко соборско оро од село Драмче, Пијанец“ (2014 г.), заедничката апликација на Република Македонија и Република Турција „Пролетна прослава Х’дрлез“ и мултинационалната апликација на Република Македонија, Бугарија, Романија и на Молдавија „Културни практики поврзани со 1 Март“ (2017 г.) на Репрезентативната листа на УНЕСКО на нематеријално културно наследство на човештвото, и со впишувањето на „Гласоечко – двогласно машко пеење во Долни Полог“ (2015 г.) на Листата на УНЕСКО на нематеријално културно наследство за ургентна заштита.На сесијата присуствуваше делегација од нашата држава во состав: г-ѓа Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство, и м-р Ивона Опетческа-Татарчевска, виш соработник за фолклорни добра и национално контакт-лице за Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство.Македонската делегација на маргините на 19. СОМ на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО оствари повеќе неформални средби, и тоа со делегациите на Норвешка, Словенија и на Камерун, како и со Ненси Овелар де Горостиага, амбасадор и постојан делегат на Република Парагвај во УНЕСКО. Претставничките од Македонија, Честоева и Опетческа-Татарчевска, остварија средба и со генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле, при што фокусот беше ставен на актуелните теми поврзани со Охридскиот Регион.

Магазин | пред 1 година

Нема фотографија

Министерот Љутков на доделувањето на „Ability awards“: Уметноста може да ја надмине секоја пречка

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер присуствуваше на првото издание на манифестацијата „Ability awards“, каде што на реномираната пијанистка Ема Ананиевска ѝ ја врачи наградата за култура и уметност.Министерот Љутков упати честитки до Ананиевска, која е дипломирана пијанистка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, истакнувајќи дека нејзиниот придонес во македонската музичка култура е бесценет, а нејзиното музицирање покажува дека уметноста може да ја надмине секоја пречка.„Бескрајно ѝ благодарам за нејзиниот придонес во македонската музичка култура и ѝ посакувам да продолжи вака успешно да создава, да биде голем афирматор и промотор на македонската култура“, рече министерот Љутков, кој упати и честитка по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.„Министерството за култура и туризам продолжува да работи на зголемување на застапеноста на лицата со посебни потреби во областа на културата. Наша заложба е лицата со посебни потреби да се вклучат во општествениот и културниот живот и со дарбата или талентот што ги поседуваат, да станат учесници во градењето на културното живеење на нашата држава“, истакна Љутков, кој ги поздрави заложбите на Здружението „Абилитис нет“ (Abilities Net) за организацијата на овој настан, апелирајќи до сите здруженија на граѓани и во иднина да аплицираат на конкурсите на Министерството за да се обезбеди поголема застапеност на културни содржини за овие лица.„Министерството за култура и туризам и институциите од областа на културата се отворени за соработка и за иницијативи, со една заедничка цел – да го унапредиме културното живеење на лицата со попреченост, да градиме заеднички вредности, да градиме општество на еднаквост“, рече министерот Љутков.На манифестацијата „Ability awards“, што се одржа во хотелот „Хилтон“, организаторот додели награди во 10 различни категории на 10 поединци и 10 компании кои постигнале најголем успех во светот на инклузијата, изгласани од страна на публиката.

Магазин | пред 1 година

rabotilnica_borba-protiv-nelegalni-aktivnosti_zastita.1

Станчевска-Ѓоргова на работилница: Се фокусираме на безбедносна заштита на културното наследство

Државната секретарка во Министерството за култура и туризам, Марија Станчевска-Ѓоргова, денеска во Музејот на македонската борба се обрати на тридневната работилница која е посветена на примената на законодавството во Северна Македонија за засилување на борбата против нелегалните активности насочени кон културното наследство.Станчевска-Ѓоргова упати благодарност за заложбата и поддршката за реализација на оваа работилница, што произлегува од успешно одржаната обука во јули годинава во Скопје во рамките на проектот „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“, финансиран од Европската комисија и имплементиран од УНЕСКО преку Регионалното биро за наука и култура во Европа, со седиште во Венеција, и Канцеларијата во Сараево.„Со проектот, чија примарна цел е координација и интегриран пристап меѓу сите чинители во борбата со нелегалната трговија со културното наследство на регионално и на меѓународно ниво, уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност и обединетост за заштита и зачувување на културното богатство што го поседуваме“, истакна пред присутните државната секретарка во Министерството за култура и туризам.Нагласувајќи дека учесниците на претходната работилница дојдоа до заклучок дека на национално ниво не се преземени сите мерки за координиран и интегративен пристап кој ќе обезбеди поголема безбедносна заштита на културното наследство, Станчевска-Ѓоргова информираше дека се започнати активности насочени кон зајакнување на институционалните капацитети и втемелување меѓуресорска мрежа, преку која координирано ќе се преземат активности за спречување на уништувањето на културното наследство. Таа најави дека во претстојниот период, Владата и ресорното Министерство ќе дадат фокус на засилување на безбедносната заштита на културното наследство.„Со зацврстување на капацитетите за борба против нелегалните активности со културни добра, применувајќи јасни законски одредби, работилницата ќе придонесе за создавање меѓуресорска мрежа во која ќе дејствуваат Министерството за култура и туризам, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Царинската управа, заводите, музеите, галериите и конзерваторските центри“, рече Станчевска-Ѓоргова, акцентирајќи дека значајна компонента во борбата со нелегалната трговија со културното наследство, но и во спречувањето и казнувањето незаконски активности против културното наследство, се и обвинителствата и надлежните судови.Таа ја посочи и имплементацијата на меѓународните конвенции од областа на заштитата на културното наследство.„Ќе нагласам дека нашата земја, кандидатка за членство во Европската Унија, демонстрира сериозна посветеност во почитувањето на меѓународните конвенции, како и на други важни европски документи од областа на заштитата на културното наследство“, рече Станчевска-Ѓоргова.На отворањето на работилницата, присутните ги поздравија и Алма Мрган-Слипичевиќ од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа и Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство.Тридневната работилница е посветена на градење капацитети за подобрување на законодавните рамки за културното наследство за различните категории на клучни институционални партнери и други национални чинители. Присутни се домашни експерти, претставници од: Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, Министерството за внатрешни работи (т.е. полициската служба), Царинската управа, Јавното обвинителство и судството, како и стручни лица вработени во заводите, музеите, галериите, конзерваторските центри и експерти од релевантните невладини организации.

Македонија | пред 1 година

ministerstvo-za-kultura-5

Министерството за култура и туризам го објави конкурсот за Град на културата за 2025 година

Министерството за култура и туризам денеска го објави Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2025 година“.На Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во РС Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во Градот Скопје.Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, почнувајќи од 22.11.2024 г. во 14:00 часот, заклучно со 22.12.2024 г. во 14:00 часот.Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата на uslugi.gov.mk (https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на овој национален портал за е-услуги.Еден од приоритетите на Министерството за култура и туризам е унапредување и достапност на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава.„Град на културата“ во 2024 година беше Крива Паланка, која во текот на целата година презентираше богата програма и издржан програмски концепт, со различни жанрови и естетика од традиционалното и од современото творештво, со учество на релевантни домашни и странски уметници.

Македонија | пред 1 година

Ohrid-naodi-5

(Фото) Љутков: Ексклузивните наоди од пред 2 илјади и петстотини години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион.На прес-конференцијата, на која ексклузивно беа изложени дел од пронајдоците, министерот Љутков рече станува збор за голем научно-истражувачки успех кој не само што фрла нови светла на археолошката историја на нашата земја, туку и претставува значаен придонес во европското и светското археолошко наследство.„Пред нас и пред целата јавност денеска ексклузивно ги презентираме вредните наоди откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион. Истражуваниот локалитет на ова место претставува некропола од архајскиот период (6 век пр. Христа), која по многу нешта наликува на далеку попознатата Требенишка некропола која е во непосредна близина. Во рамките на гробната целина регистрирани се околу 80 наоди, од кои дел се пред нас. Откритијата се резултат на последните археолошки ископувања кои го осветлуваат животот на цивилизациите што оставиле траги од минатото, но чија култура и влијание се и понатаму значајни за нашето разбирање на историскиот контекст“, рече министерот Љутков.Тој информираше дека археолошките истражувања се дел од проектот за „Систематски археолошки истражувања на архајската некропола Корошишта“ на Археолошкиот музеј, што се одвиваат на локалитетот Расница во атарот на с. Корошишта, Струшко. Се започнало во 2020 година кога Шефит Шемшедини при извршување на земјоделски работи во атарот на с. Корошишта, Струшко открива бронзен шлем кој потоа го предава во Завод и музеј Охрид.Министерот изрази голема благодарност за одговорниот пристап кон културното наследство и за несебичната помош и соработка.„Зачувувањето на нашето културно наследство, не е само наша обврска, туку и одговорност кон идните генерации. Со овие откритија, не само што го прошируваме нашиот историски контекст, туку ја зацврстуваме нашата позиција како важен чинител на регионалната, балканската и европската археолошка сцена“, рече Љутков.Археологот Перо Арџанлиев раководител на истражувањата информираше дека во 2023 година тимот од Археолошкиот музеј Скопје добива согласност од сопственикот на нивата Букури Шемшедини за вршење археолошки истражувања.„Во рамки на гробната целина откриени се бронзен шлем; златни прстени, килибарни и стаклени перли; златни фолии со различни форми и декорација; сребрени игли; бронзен сад за вино; сребрен кантарос; бронзени чинии и др кои подоцна ќе бидат конзервирани и претставени пред јавноста. Овие наоди се од посебно значење за научниот и културниот аспект на истражувањата туку тие ја надополнуваат и сликата за нашето познавање за културно-историските и општествени прилики во овој регион“, рече Арџанлиев.Инаку во Охридско-струшкиот Регион досега се истражувани голем број на некрополи од архајскиот период, со богати гробни наоди што сугерира на активен живот на високо организирана социјална елита на овој простор во тоа време.На прес-конференцијата на која беа изложени ексклузивно дел од пронајдоците присуствуваа и директорите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, НУ Археолошкиот музеј од Скопје и на НУ Музеј Д-р Никола Незлобински од Струга, Горан Патчев, Славица Бабамова и Цветлана Василевска како и археологот Перо Арџанлиев со дел од тимот археолози.

Македонија | пред 1 година

ljutkov-kinoteka-1

Министерот Љутков во посета на Кинотеката: Нашето филмско наследство е многу значајно, ќе издвојуваме повеќе средства за негово одржување

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната работна посета на НУ Кинотека на РС Македонија, потенцираше дека македонското аудиовизуелно наследство е многу значајно, но значајно е да се одржува и да има средства за тоа.„Изминатите седум години, токму оваа институција, која е најстара институција задолжена за чување на аудиовизуелното наследство, во споредба со периодот пред 2017 година, имаше намален буџет за речиси 50 – 60 проценти, што ја покажува и недоволната посветеност на претходното раководство за грижата кон филмското наследство“, рече министерот Љутков, најавувајќи зголемување на буџетот за оваа национална установа.Министерот Љутков потсети дека Кинотеката на Македонија во 2009 година беше меѓу водечките европски филмски архиви обезбедувајќи климатизирани депоа по меѓународни стандарди за чување на македонското филмско наследство, а во 2011 година беше меѓу првите европски филмски архиви од регионот коишто започнаа со реализација на долгорочниот проект за дигитализација и дигитална реставрација на аудиовизуелното наследство.На средбата со новиот в. д. директор на оваа установа, Бошко Грујоски, беше истакнато дека во изминатите три месеци е завршена реставрацијата на дигиталната копија од краткиот игран филм „Писмо“, во режија на Васил Христов, а заврши и скенирањето на филмската копија на филмот „Мис Стон“, во режија на Жика Митровиќ, по што следува дигитална реставрација на овој игран филм. Во 2025 година следува дигитална реставрација на наслови од „златното време“ на македонскиот анимиран филм, како и дигитална реставрација на играниот филм „Македонска крвава свадба“, во режија на Трајче Попов.Во фоајето на Кинотеката, заедно со новинарските екипи, министерот Љутков ги разгледа и фотографиите кои даваат приказ како изгледал запуштено пред три месеци и како изгледа сега споменикот на културата „Хавзи-пашини конаци“ во с. Бардовци, кој во изминатите години, како што рече, очигледно целосно бил заборавен.При посетата беше истакнато дека овие три месеци е расчистен просторот пред депоата во Хавзи-пашините конаци каде што се чува фондот од светската продукција на 35-милиметарски филмови, со што е зголемена безбедноста на објектот и пристапот до зградата во која се чува дел од националното филмско наследство е непречен. Направена е интервенција на водоводната мрежа во Хавзи-пашините конаци и се презедоа мерки за санација на проблемот за да се спречи поголема штета.На средбата со раководството на Кинотеката стана збор и за јубилејот 50 години од започнувањето на нејзината значајна културна активност, кој ќе се прослави во 2026 година, кој за што в. д. директорот Грујоски информираше дека вработените во оваа институција работат и на монографија за Кинотеката по повод прославата на 50-годишнината, а во наредниот период ќе се договорат сите филмски програми, гостувања, изложби и настани за одбележување на годишнината, со цел да се обезбеди пригодна програма во текот на целата јубилејна година.

Македонија | пред 1 година

ljutkov-sovet-1

Формиран Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков

Во Порта Македонија вчера се одржа конститутивна седница на Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков.Членови на Советот за култура се: проф. д-р Ганка Цветанова, проф. академик Вера Битракова Грозданова, проф. Атила Клинче, проф. Андријана Јаневска, оперскиот првенец Игор Дурловски, проф. Рефет Абази, проф. д-р Јован Донев, м-р Дејан Пројковски, проф. Антони Мазневски, Сузана Спасовска – пејач солист првенец, режисерот Сашко Мицевски и писателот Блаже Миневски.На првата конститутивна седница, министерот Љутков се заблагодари за присуството и за посветеноста да бидат дел од оваа значајна и одговорна работа, истакнувајќи дека ова тело ќе има клучна улога во обликувањето на културната политика на нашата земја.„Денешнава седница претставува важен момент не само за Министерството, туку и за целата културна сцена на нашата земја, бидејќи вашата улога не е само советодавна, туку и стратешка, зашто вашите препораки и иницијативи ќе бидат основа за важни одлуки кои ќе влијаат врз обликувањето на културните процеси во земјава. Од вашите забелешки, анализи, препораки и сугестии ќе зависат многубројни одлуки и затоа сум убеден дека Советот ќе биде основен столб за трансформација на културата, како и за препознавање и вреднување на нашето културно наследство“, рече министерот Љутков.Членовите на Советот се од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и лица од јавниот и општествениот живот.Според Законот за култура, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот за култура во врска со прашања од неговата законска надлежност.

Македонија | пред 1 година

komisii

Министерот Љутков им пожела успешна работа на членовите на комисиите кои ќе ги оценуваат апликациите на Годишните конкурси

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ги поздрави членовите на комисиите за оценување на пријавите пристигнати на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата и на нацрт-годишните програми за работа на националните установи од областа на културата, пожелувајќи им успешна работа во креирањето на националната програма за култура за 2025 година.На Годишните конкурси, кои завршија вчера, пристигнаа околу 2 илјади и 900 пријави кои ќе бидат оценувани од комисиите што годинава се формирани во согласност со препораките од Државниот завод за ревизија. Во таа насока, Министерството за култура и туризам за првпат изготви Упатство за критериумите за именување на членовите на комисиите во кое е јасно утврдено дека за членови на комисиите може да бидат именувани лица кои имаат најмалку 10 години професионално искуство, потоа лица кои имаат реализирано, организирано или продуцирано најмалку 5 проекти од соодветната дејност во која ќе вршат евалуација на проектите, лица кои имаат стекнато стручно звање во согласност со прописите за заштита на културното наследство итн.Членови на комисиите за секоја дејност одделно се следниве: за музичка дејност: проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска, м-р Весна Малјановска и Сарана Адеми; за ликовна дејност: редовен проф. Антони Мазневски, професор во пензија, академски скулптор Томе Аџиевски и Исмаил Мислими; за драмска дејност се актерите: Крсте Јовановски, Рубенс Муратовски и Вулнет Кучи; за издавачка дејност: проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, д-р Марина Мијаковска и м-р Флорентина Фетахи; за фолклор: Филип Арилон, Мирко Стефановски и Емин Гаџа; за музејска дејност: проф. д-р Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ, проф. д-р Елизабета Димитрова и проф. Мустафа Куртиши; за заштита: проф. д-р Драги Митревски, проф. д-р Марјан Јованов и Ерон Белули; за библиотечна дејност: проф. д-р Солзица Поповска, д-р Иван Заров и проф. д-р Шенер Билали.Министерот Љутков, поздравувајќи ги членовите на комисиите, им пожела успешна работа на Годишните конкурси и изрази уверување дека на крајот ќе добиеме програма која ќе донесе нов и повисок квалитет на културните содржини во државава. Тој истакна дека годинава, Министерството изготви и Упатство за утврдување на видовите на проектите, условите за учество, мерилата и критериумите за оцена на проектите во кое јасно и прецизно се утврдени видовите на проектите што ќе бидат поддржани, како и приоритетите за 2025 година, што ќе придонese за квалитативно оценување на проектите.

Македонија | пред 1 година

ljutkov-konferencija-1

Љутков: Со спојувањето на културата и туризмот ќе ги мотивираме кретивните индустрии да делуваат надвор од институциите

Потребно е да ги задржиме туристите со културните манифестации, со добра стратегија тоа е можно, согласни се панелистите.Првата јавна дискусија, по трансформација на ресорот култура во Министерство за култура и туризам, се отвори на денешната Конференција во просториите на Јавна соба, како најава за утрешниот почеток на фестивалот Skopje Design Week. Првиот конференциски панел го отвори министерот за култура и туризам Зоран Љутков, а воведен збор имаше организаторот на Skopje Design Week, и модератор на конференцијата Александар Велиновски.Колку е природно и органско спојувањето на двата ресори, како култура и туризам и на кој начин ќе оформи стратегија која ќе ги вклучи сите чинители, беше акцентот со кој Велиновски ја отвори конференцијата.„Со развојот на креативните индустрии, во една поинаква стратешка рамка во интегрирано министерство за култура и туризам, ќе овозможиме луѓето, оние кои се занимаваат со култура, иднината да ја гледаат надвор од институциите. Можноста да се отворат приватни театри и слични установи е патот што треба да го следиме. Еден од важните аспекти е мапирање на конкретните културни вредности и во делот на фолклорот и туризмот, бидејќи ние самите малку сме запознаени какви се самостојни иницијативи постојат. Ќе ни бидат потребни повеќе вакви јавни дебати за да можеме да оформиме стратегија и посебни програми што ќе ги спојат двата сектори.“, рече Зоран Љутков.На првиот панел од оваа конференција на темата „Културните оператори двигатели на локален економски раст и развој – привлекување странски посетители“ како панелисти зборуваа Логин Кочишки, Д Фестивал Дојран и Таксират Скопје, Владица Младеновски, Грга, МКЦ Скопје, Тодор Ивановски, Локумфест, Битола Тошо Чочороски, КУД Дримкол, општина Вевчани – Вевчански карневал Марија Ѓоргова, државен секретар, Министерство за култура и туризам.Панелистите кои се со многугодишно искуство во менаџирање на културни настани, беа согласни дека ни е потребно спојување на секторите, но со сериозна и внимателна стратегија.Кочишки од Таксират и Д фест Дојран, рече дека поддршката од државата досега е минимална, додека бенефитот кој го носат фестивалите во економијата е далеку поголем.„Ние сме постојано лимитирани од поддршката од конкурсите на Министерството за култура, додека инвестираме многу во економскиот бенефит преку фестивалите. Конкретно во Дојран, самите создаваме и инфраструктура, немаше ни табла на автопатот, се трудевме да дадеме насоки каде е Дојран. Денеска мислам дека Д фест е најголемиот економски покренувач во градот, и тоа те тој импакт што го направивме.“, рече Кочишки.Младеновски - Грга од МКЦ, рече дека фестивалите што ги организираат стануваат атрактивни за регионот.„Носиме големи имиња на фестивалите, и имаме најниски цени на билетите во регионот. Станавме конкурентни и интерсни и за грчки посетители, што остануваат секако како туристи во Скопје. Се надева, дека во иднина ќе направиме подобра платформа за да ги споиме искуствата.“, рече Младеновски – Грга.Тоше Ивановски, културен работник, арт директор на Локум фест кој постои 19 години ја поздрави иницијативата за спојување на ресорите, за која рече чека 30 години а за него е шокантно во позитивна смисла. „Локум фест“ има голем потенцијал во насока на фестивал кој може да го раздвижи туризмот во Битола, но за ова е потребно внимателно интегрирање на искуствата на сите линители“, рече Ивановски.Тоше Чочороски, претставник на туристичкото стопанство, рече дека спојувањето на секторите е голем предизвик но се надева дека тоа нема да остане само на ентузијазам. „Туристите треба да ги препознаат културните манифестации, да се стремиме туристите да останат тука заради културните настани. Потребна ни промоција, креативните индустрии се многу важни, но кога ќе станат дел од програмата на тур операторите“, рече Чочороски.Марија Ѓоргова, државен секретар, Министерство за култура и туризам рече дека треба да се следат и искуствата на соседните земји во начинот на кој го менаџираат културниот туризам, и дека е потребно да се најдат модели за субвенционирање и надвор од буџетските пари.Вториот панел ќе биде посветен на темата “Како да ги разбереме туристите кои ни доаѓаат? А панелисти се Аккан Махмут, национален коодинатор за туризам во Влада на Македонија Владимир Граматиков – ТАВ Македонија, директор на маркетинг Зоран Тодоровски Паладиум груп Македонија Ивана Брдаровска, Balkan Prime Tours Јованка Ѓорѓевска.Од оваа конференција се очекува да произлезат идејни проекти за понатамошна соработка на поле на култура и туризам.

Македонија | пред 1 година

ministerstvo-za-kultura-5

Се продолжува рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година

Министерството за култура и туризам информира дека поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот, рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2025 година се продолжува до 5 ноември (вторник), до 16:00 часот.Исто така, потенцираме сите заинтересирани апликанти да обрнат особено внимание и да аплицираат во соодветните пријави и во соодветните дејности, во смисла на избегнување на можноста за евентуално неподдржување на одреден проект или активност поради несоодветно пополнета апликација, соопшти Министерството за култура.Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања