Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

ЛАМБЕ

Screenshot-2022-06-07-at-22.59.27

„Ламбе во ваква држава чест е да се биде во затвор“, Јане Ченто со поддршка за Алабаковски

Јане Ченто даде поддршка за Ламбе Алабакоски кој доби осум дневен притвор. Ченто пишува дека го знае осомничениот за палењето на вратата од бугарскиот клуб од 2004 година. Тој посочи дека двојните стандарди го тераат да има ваков став.Писанието објавено на страницата Слобода за Јане Ченто во целост:Во Јануари 2005 со моите другари како средношколци држевме дискотека во Прилеп се викаше Габијано ние решивме да се вика Аристократ, денешно Калипсо и на газдите Диме и Папазо им рековме да му се јават на Димитров кој му беше менаџер за да го донесеме во Прилеп и да направиме концерт иако имаше една песна со која победи, се викаше СПАСИ МЕ.Дојде денот за концертот Ламбе дојде со Димитров и мислам дека тоа му беше прв настап откако победи на М2.Диското беше преполно, девојки најмногу, бидејќи беше најмногу популарен меѓу женската популација. Ако се сеќавам добро продадовме повеќе од 1500 карти.Дојде се запознавме за прв пат, прекрасен скромен дечко патриот.Поминавме одлично таа вечер и потоа имавме и повеќе соработка.Оваа слика што е споделена со него е во 2009 година кога организиравме хуманитарен концерт и кога му се јавивме на Ламбе прифати веднаш да учествува.Дечкото јавно ни даваше поддршка кога не затворија, од Америка се јави и ни даваше поддршка и лична и преку социјалните мрежи.Зошто му давам поддршка на Ламбе, поради двојните стандарди кои ги имаа оваа власт:🔴 Во Тетово се запалија живи луѓе, КАЗНА НЕМА, одговорни нема.🔴 Автобуската несреќа со многу жртви КАЗНА НЕМА.🔴 Шарената револуција ја ЗАПАЛИ КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА. КАЗНА НЕМА за инспираторите и оние кои ја запалија пола Македонија и срушија легално избрана власт.🔴 За пучистите од 27ми Април казна нема!🔴 За терористи кои ја запалија Македонија и убиваа македонска полиција и војска, кои дигнаа во воздух со динамит живи луѓе врзани на стубовите од хотел КАЗНА НЕМА!🔴 За Карпалак КАЗНА НЕМА!🔴 ЗА Вејце КАЗНА НЕМА!И да не редам други случаи каде што има селективна правда а ги има многу.🎈НАШИОТ случај е доказ какви двојни стандарди има оваа власт и како селективно работи.Крсто и оние што го сменија името на слобода и наградени со тендери а ние по затвори со монтиран судски процес.Затоа и му давам поддршка на Ламбе, бидејќи има двојни стандарди во оваа држава, затоа што го знам лично од моите средношколски денови и знам дека се работи за човек патриот воспитан во духот да си ја сака Македонија, второ затоа што има селективна правда во оваа држава.Трето, затоа што им ги затвори устите на МНОГУ самопрогласени фејсбук "патриоти" кои само лаат а не прават ништо.Македонија имала јунаци кои покажале пркост кон неправдите што и се прават на Македонија.Ова од Ламбе е пркост и крик на Македонецот кон неправдите што и се прават на Македонија и Македонците подолго време од страна на оваа власт.🔴 Ламбе, кажав на суд и верувај така е, ВО ВАКВА ДРЖАВА СО КОЈА РАКОВОДИ ВАКВА ВЛАСТ ЧЕСТ Е ДА СЕ БИДЕ ВО ЗАТВОР!Тоа значи дека се бориме за македонските национални интереси против оние што ја окупираа Македонија и го репресираат македонскиот народ.Затоа Македонци, не прашувајте за кого бијат камбаните. Тие бијат за вас.Време е да излезете од вашиот комфор и страв и да ја спасите Македонија.Не можат сите да нѐ затворат 🙏🇲🇰

Македонија | пред 3 години

286406737_5706219066063290_8969078072716909126_n

Ламбе оди во притвор, одлучи судијата од Битола

Според извори од Обвинителството судија на претходна постапка му определил осум дена притвор на Ламбе Алабаковски, осомничен дека го подметнал пожарот во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.Пејачот Ламбе Алабаковски е осомничениот дека подметнал пожар во бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола. Тој со велосипед и капа, пришол до клубот и ја запалил влезната врата. Неговите иницијали Л.А. (34) се најдоа и во соопштение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој е во полициска станица, каде го признал делото. МВР ќе го гони Ламбе за предизвикување општа опасност поради палењето на клубот.

Македонија | пред 3 години

lambe-klub

Протест за слобода на Ламбе ќе се одржи утре попладне

Левица велат дека се згрозени од како што велат, неоврховизмот на актуелната власт и министерот Оливер Спасовски, кој веднаш побара притвор за палењето на бугарскиот клуб кој го нарекуваат фашистички. Локалниот огранок на Левица во Битола повикува на протест за ослободување на Ламбе Алабаковски. Протестот е закажан за утре, (СРЕДА 08.06.2022 година) пред Полициската Станица во Битола, во 18:00 часот.„Бараме отфрлање на кривичната пријава поднесена против Ламбе Алабаковски.Бараме итно процесуирање на кривичната пријава на Левица против претседателот на клубот „Ванчо Михајлов”, поради излагање на подбив на македонскиот народ и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.Бараме Министерството за надворешни работи да врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор во Република Македонија, поради континуирано негирање на македонскиот народ, кое кулминираше со отворањето на клуб во чест на крвникот на македонската кауза, Ванчо Михајлов.Ја повикуваме целокупната здраворазумна јавност, Битолчани и Битолчанки, кои се гордеат со антифашистичкото минато на градот на Стив Наумов, да покажат дека Битола е град на антифашизмот!“, велат од Левица.

Македонија | пред 3 години

286085495_1164194940788802_8882344881900776234_n

Бугарскиот клуб со писмо до амбасадите и навреди за Македонците: Кој е сега фашист?

Љубчо Георгиевски, претседател на бугарскиот културен центар Ванчо Михајлов од Битола, објави писание на фан страницата на здржуението. Тој го сподели текстот од писмото кое како што вели го испратил до сите странски амбасади во Македонија. Во него наведува дека во Македонија има кампања против бугарскиот народ. Нему не му е јасно зошто странските амбасади не реагираат на чинот на палење на бугарскиот културен центар.Писмото кое Георгиевски го испраќал, го пренесуваме интегрално:„Како што веројатно знаете пред неколку дена во Битола беше извршен уште еден чин на насилство врз културниот центар на бугарската заедница во Битола. Центарот „Иван Михаилов“ среде бел ден беше преплавен со бензин и запален. Овој нов чин на заплашување доаѓа по целата злобна кампања против бугарскиот народ во Северна Македонија. Во јавните обвинувања против клубот најактивно учествуваа претседателот Пендаровски, премиерот Ковачевски и министерот Османи, кои до вчера нагло тврдеа дека Ванчо Михаилов бил хитлерист, а по истата логика - и ние Македонските Бугари. Но еве - оваа лага доведе до уште еден чин на национална омраза баш во стилот на Кристалната ноќ во ноември 1938 година. Кој е сега фашист? И зошто никој од Вас - нашите европски партнери не реагира на овој срамен чин. Тоа е директен и докажан резултат на државно субвенционираната кампања на омраза против нашиот бугарски народ во Северна Македонија ! Ова е резултат на замената на нашиот бугарски национален идентитет од југословенската окупација во 1944 година до денес. Подметнувачите на пожари се од круговите кои со децении пишуваат глупости во учебниците, кои ги конфронтират нашите деца со сопствениот бугарски народ. Доколку Вие, на кои се надевавме дека ќе помогнете за започнување на демократизацијата на скопскиот режим, не го прифатевте премолчено фалсификувањето на пописот, денес немаше да бидеме сведоци на ова беззаконие. Оти ​​да бевме само 3.500, очигледно немаше да се плашат од нас и да не запалат. Денеска се прашуваме дали ќе молчевте ако беше запалена албанска џамија?! Пошто ние би реагирале на секое повредување на демократските права на која било група на наши граѓани.Ние од клубот Иван Михаилов не сме бугарски државјани. Ние сме меѓу стотиците илјади кои се сеќаваат на нивното вистинско потекло и историја. Ќе останеме верни на аманетот на Гоце Делчев, Тодор Александров и Иван Михаилов. И нема да се плашиме од пироманите што праќаат против нас. Ве молиме, господине амбасадоре, како претставник на земја од европското семејство, во кое сакаме да се приклучи нашата татковина, да го заштитите нашиот бугарски народ во Северна Македонија од омразата што ја диктира владата и насилството што таа го роди“, стои во писмото.

Македонија | пред 3 години

285347448_588121299337605_8056488531798221162_n

Левица бара слобода за Ламбе, ќе понуди да ги плати трошоците: Треба да се гони претседателот на здружението!

„Единствен кој треба да се гони кривично е претседателот на здружението 'Ванчо Михајлов'!“, смета Левица.Од партијата додаваат:„Денешната објава за експресно апсење на лицето кое го запали клубот, што го носи името на фашистот Ванчо Михајлов, само потврди дека власта на СДСМ и ДУИ е во целосна служба на бугарскиот неоврховизам!Потсетуваме дека Левица пред еден месец поднесе кривична пријава против претседателот на здружението „Ванчо Михајлов”, поради „излагање на подбив на македонскиот народ“ и „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“. За оваа кривична пријава, сè уште нема никаков одговор дали е поведена некаква постапка.Повеќе од месец дена во градот на Стив Наумов, пред очите на целата јавност и органите на прогонот, незаконски и скандалозно функционира клуб кој го носи името на џелатот на македонската кауза!Во услови кога институциите на системот затајуваат да ги заштитат националните и државните интереси, целосно оправдан е потегот на веќе приведениот Ламбе Аламбаковски. Секоја друга пресуда, освен ослободителна, ќе претставува анти-државнички чин и напад врз македонската државотворност, конституирана во АСНОМ!Од тие причини, Левица ќе стапи во контакт со адвокатите кои ќе го застапуваат Аламбаковски и ќе се понуди да ги покрие трошоците на одбраната. Слобода за Ламбе Аламбаковски“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-07-at-13.02.52

Се бара притвор за Алабаковски, Спасовски со детали како фатиле дека пејачот го запалил бугарскот клуб

Ламбе Алабаковски ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка. Полицијата бара обвинителот да побара притвор. Ова го обнзани министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој кажа дека има несоборливи докази дека Алабаковски го сторил делото.„Имаше опсежна активност во Битола. Се преземаа многу активности во овој дел. Беа направени многу службени разговори, се прегледа многу видео надзор од повеќе објекти. И на основа на сите овие податоци, податоци, информации дојдовме до сторителот на ова кривично дело. Доцна синоќа по наредба на судот, а предлог на обвинител е направен претрес во домот и во неколку други објекти кои ги користи или се сопственик на сторителот. Пронајдени се облеката и други предмети се доведуваат во врска со кривичното дело. Тоа значи дека имаме несоборливи докази“, рече Спасовски.Според министерот, овој случај е третиран како сите други. За него, неточни се коментарите дека овој случај најбрзо се расчистил, за разлика од други како што се убиствата во Скопје, пожарите и слично.„Важно е дека институциите функционираат, тоа е многу важно за граѓаните, државата. Ако сакаме да имаме правда, мора да имаме функционални институции“, додаде Спасовски.

Македонија | пред 3 години

286406737_5706219066063290_8969078072716909126_n

„Немојте на ФБ, Ламбе се брани на улица“, повика Дурловски

Покрај низата коментари во одбрана на пејачот Ламбе Алабаковски кој според МВР признал дека го запалил бугарскиот клуб во Битола, зад него застана и Игор Дурловски. Тој пак, повика на улица да се брани осомничениот.„Немојте на ФБ, Ламбе се брани на улица!“, напиша Дурловски, споделувајќи негова фотографија.Претходно, адвокати се понудија бесплатно да го бранат Алабаковски на суд. Од пејач, Алабаковски стана „војвода“, „патриот“, „херој“.Пејачот Ламбе Алабаковски е осомничениот дека подметнал пожар во бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, дознава „Скопје1“. Тој со велосипед и капа, пришол до клубот и ја запалил влезната врата. Неговите иницијали Л.А. (34) се најдоа и во соопштение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој е во полициска станица, каде го признал делото. МВР ќе го гони Ламбе за предизвикување општа опасност поради палењето на клубот.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Адвокати се понудија бесплатно да го бранат Ламбе

Адвокати од Скопје јавно се понудија бесплатно да го бранат Ламбе Алабаковски пред суд. Драган Пешевски и Јанаки Митровски повикаа на организација за одбраната на Алабаковски, а откако пејачот признал во полиција дека го запалил бугарскиот клуб во Битола пред неколку денови.„Под итно организација за одбрана на Ламбе!!!! Прв се пријавувам!!!“, напиша Митровски.Слично постапи и Пешевски: „Ja и Јанаки Митровски јавно се пријавуваме за pro bono одбрана на Ламбе!!! Нека разберат клетите фашисти!!!“.Пејачот Ламбе Алабаковски е осомничениот дека подметнал пожар во бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, дознава „Скопје1“. Тој со велосипед и капа, пришол до клубот и ја запалил влезната врата. Неговите иницијали Л.А. (34) се најдоа и во соопштение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој е во полициска станица, каде го признал делото. МВР ќе го гони Ламбе за предизвикување општа опасност поради палењето на клубот.

Македонија | пред 3 години

285868464_1164194590788837_6943824726583806736_n

Спасовски: Го приведовме лицето кое призна дека го предизвикал пожарот во бугарскиот културен центар

„Со задоволство можам да обзнанам брза и ефективна разрешница на случајот од пред три дена (04.06.2022) со кривично-правниот настан - пожар во центарот „Иван Михајлов“ во Битола, кој е веќе расчистен и имаме приведено лице кое го призна делото“, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.Тој додаде:„Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода.Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема „пардон“, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил - мора да одговара!“.

Македонија | пред 3 години

lambe-3

(ФОТО) Ламбе од печај стана „војвода“, „мушкарчина“, „херој“, откако се откри дека го потпалил бугарскиот клуб во Битола

Веста дека пејачот Ламбе Алабаковски е потпалувачот на бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола од дел најголем дел на јавноста е дочекана со восхитување. Тој доби поддршка, па е прогласен од „мушкарчина“ до „патриот“, а дел пишуваат и: „да му се позлатат рацете“. Ваквите реакции доаѓаат и по нецел час откако се обнзнани веста. Според информациите кои засега се познати, Алабаковски го признал делото пред полицијата, од која бил приведен.Речиси и да нема негативни реакции, додека Алабаковски од пејач го прогласуваат за „војвода“.

Коментари | пред 3 години

lambe-klub

Познат пејач е приведениот кој го запали бугарскиот клуб во Битола

Пејачот Ламбе Алабаковски е осомничениот дека подметнал пожар во бугарскиот клуб Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, дознава „Скопје1“. Тој со велосипед и капа, пришол до клубот и ја запалил влезната врата. Неговите иницијали Л.А. (34) се најдоа и во соопштение на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој е во полициска станица, каде го признал делото.„Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода“, вели Спасовски.Инаку, Алабаковски пред една година се врати од САД. Тој е родум од Битола. Изминатиот период, гостуваше и по ТВ шоу-а во Македонија. Тој е женет и татко на две деца.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања