Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЉУТКОВ

media-library95ev74pnn0fnfD7sPyp

Јас нема да попуштам на притисок, ќе одам до крај во оваа работа, им порача министерот Љутков на колегите кои бараат кривично да одговара

Министерот за култура Зоран Љутков на денешната прес-конференција изјави дека Министерството во повеќе наврати побарало дијалог со Синдикатот на културата, но дека разговорите завршиле без договор. Тој посочи дека биле одржани два состанока со претставниците на синдикатот, при што, според него, наместо разговор за унапредување на правата на културните работници и нов колективен договор, се инсистирало Министерството да признае грешка во пресметката на платите, прашање кое во моментов се разгледува на суд.Овдека го имам документот, којшто им е даден. И во тој документ стои дека ова решение е возможно. Но, како и сè друго, се разбира дека можеле да се надминат проблемите. Како и сè друго, синдикатот за култура на Република Македонија не преговара со институцијата Министерство за култура. Пред малку го слушнав и пресот каде што таа изјави дека никогаш не било побарано од страна на Министерството за култура да се оствари дијалог. Еве, ги имам преписките овде и сите барања. Овдека не гледам дека имаше и еден новинар којшто беше присутен како лично, значи како лично, пред него се јавувам на претседателката и барам да се сретнеме на дијалог, а тоа беше на прес-конференцијата претходната година на Охридско лето во Охрид, и каде што се договоривме дека ќе продолжиме со дијалог. Потоа, следеше, еве го документот каде што го барам, потоа следеше и мејл којшто беше испратен до СКРМ и одржавме два состаноци коишто беа неуспешни. Значи, не отворивме дијалог за унапредувањето на правата на културните работници, да го отвориме колективниот договор. Туку се инсистираше ние да признаеме грешка во пресметките на платите, вели Љутков.Тој изјави дека тие се на суд за пресметките на платите, и сè додека не заврши процесот на судење, нема да коментира судски пресуди.Додека трае целиот процес, ние можеме да продолжиме со дијалогот, да разговараме за другите проблеми. Бидејќи овој колективен договор е истечен веќе неколку години. Ние мораме да преговараме, да се унапредат правата и на другите. Не само како што си ги напишале правата на одредена група на луѓе. Каде се правата на актерите? На балетаните? Каде е бенефицираниот стаж? Зошто не е ставен во колективниот договор за балетските играчи? Зошто теренски додатоци не се обезбедени за актерите, за музичарите? Зошто само за одредена група? За тоа треба да разговараме. Да ги отвориме работите внатре, а не да се гледа тесниот интерес внатре во синдикатот и да се делува политички и да се врши притисок врз судии. Бидејќи, како што знаете, тие судските пресуди ги добиваат 10-15 дена пред да бидат донесени. Од каде ги добиваат тие судски пресуди? Така да, дијалог постоеше од наша страна. Побаравме, одржавме два состаноци. Но, не најдовме заедничко решение. Како што не најдовме заедничко решение, уште на самиот почеток, бидејќи тие доаѓаат во кабинетот кај мене со ултиматум. Јас под притисок и со ултиматум не функционирам. Ако претходен министер во 2023 година потпаднал врз такво влијание и донел погрешно решение и паднал под притисок од која причина, не знам, јас тоа нема да го направам. И ќе одам до крај во оваа работа“, изјави Љутков.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryc8chnov432j6fbJTM3e

Синдикатот на културата поднесе кривична до Љутков: Кога функцијата ќе удри во глава, тогаш законот мора да приземји

На денешната прес-конференција на претставниците на Синдикатот на културата, пред Основното јавно обвинителство соопштија дека поднеле кривична пријава до министерот за култура Зоран Љутков за злоупотреба на сопствената положба и овластување и повреда на права од работен однос.Секако оваа кривична пријава ја поднесуваме со жалење, не затоа што се сомневаме во нејзината оправданост, туку затоа што станува збор за човек кој до неодамна беше и еден од нас, колега, член на синдикатот и соучесник во борбата за правата на културните работници. Денес, од позиција на министер, за жал, стои на спротивната страна од оваа борба. Министерот кој до вчера беше дел од синдикалната борба за работнички права, денес е симбол на нивното кршење.Министерот Љутков направи нешто што во правна држава не смееше да се направи. Со насоки пратени по мејл и упатство што сам го изготви и сам го потпиша, се обиде да ги поткопа правата на вработените во културата и да ги девалвира колективните договори. Упатство или мејл не е закон, а министер не е над закон. Упатството што го изготви министерот Зоран Љутков со иницијатива го поднесовме до Уставниот суд, со која бараме истото веднаш да се стави вон сила и да се поништи поради неуставност“, велат од Синдикатот на културата.Од синдикатот додаваат дека има повеќе од 800 тужби од вработените во културата против институциите и државата.Сведоци сме денес на над 50 судски пресуди во корист на синдикатот, од кои 8 се правосилни. Кога министерот не ги почитува законите и се става над нив, единственото место каде што може да се бара правдата е ова обвинителство, кое треба да го потсети дека никој не е над законите. Затоа денес сме овде и со целосна одговорност ја објавуваме кривичната пријава против министерот Зоран Љутков. Основниот суд во Битола повторно ја потврди првостепената пресуда, со што правдата уште еднаш излезе на виделина. Останува да видиме дали апелациониот судија во јавноста повторно ќе се обиде да ја поништи оваа пресуда повикувајќи се на наводен недостаток од економско вештачење во статусно-тужбено барање. Воедно, јавноста очекува и одговор дали Судскиот совет конечно ќе постапи по претставката што Синдикатот на култура ја поднесе против истиот овој апелационен судија.Со своите постапки, министерот Љутков ги доведе и директорите на институциите од културата во исклучително незавидна и правно ризична позиција, туркајќи ги да постапуваат по негови упатства, иако тие беа во спротивност со законите, одлуките на управните одбори во институциите и сега последно со судските одлуки.Поради тоа Синдикатот подготви и денес ќе поднесе кривични пријави и против директорите на институциите од културата за повреда на правата од работен однос. Важно е да се нагласи дека директорите на институциите беа претходно писмено предупредени од Синдикатот, дека доколку постапат по незаконските налози и ги прекршат правата на вработените, ќе следуваат кривични пријави. Наместо тоа, тие избраа да продолжат по погрешниот пат и сега следствено ќе мораат да се соочат со правните последици од таквите одлуки“, велат од Синдикатот.Тие директно му се обратија и на министерот Љутков дека сето ова можело да се избегне доколку се почитувале законите и колективните договори.Требаше само да се почитуваат судските пресуди. Требаше само да се слушнат луѓето со кои до вчера работевте. Требаше само да се сетите дека утре повторно ќе седите со нас, а не над нас. Требаше само малку помалку суета и малку помалку самоувереност во сопствената безгрешност. Ништо повеќе. Но кога функцијата ќе удри во глава, тогаш законот мора да приземји. Мора да потсети дека никој не е над него. Инаку, зашто ни се законите? Затоа сме денес овде. Не затоа што гориме од желба да поднесуваме кривични пријави, туку затоа што имаме должност да ги браниме правата на работниците во културата, права што се стекнувани со години, труд и борба, права кои да потсетиме и вие ги уживавте пред да станете министер“, додаваат од Синдикатот.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryletriei6lnfn3ERk1rU

Синдикатот на културата ќе поднесе кривична пријава против Љутков и директори на културни институции

Синдикатот на културата информира дека во среда пред Основното јавно обвинителство на прес-конференција ќе го објави поднесувањето кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.На прес-конференцијата јавно ќе биде објавено поднесувањето кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, поради постоење основано сомневање дека сторил кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик и „Повреда на правата од работен однос“ по член 166 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Според наводите во пријавата, министерот Зоран Љутков во текот на 2025 година свесно и спротивно на закон носел упатства и давал насоки за пресметка на платите на вработените во културата, со што незаконски воспоставил нова методологија за пресметка на плати. Со ваквите постапки, министерот директно ги дерогирал Општиот колективен договор за јавниот сектор и колективните права на вработените, и свесно ги ограничил нивните законски права од работен однос.Со ваквото постапување, министерот извршил сериозен упад во системот на работнички права и владеењето на правото, ставајќи се над законите и колективните договори.На прес-конференцијата ќе бидат објавени и кривични пријави против директори на институции од културата, кои спроведувајќи ги незаконските насоки дадени од министерот, постои основано сомневање дека сториле кривично дело „Повреда на правата од работен однос“ по член 166 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Јавноста ќе биде информирана и за нови судски пресуди донесени во корист на вработените во културата, кои дополнително ја потврдуваат незаконитоста на постапките со кои се кратат правата и платите на културните работници.Синдикатот на културата јасно порачува дека никој не е над законите и дека секоја злоупотреба на функцијата со која се повредуваат правата на работниците ќе биде институционално и јавно оспорена“, велат од синдикатот.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp0rqbqbaqcmk3kukgRF

Премиера на македонскиот филм во Брисел: „Диџеј Ахмет“ ја воодушеви европската публика

Вчеравечер во „Синема галери“ во Брисел се одржа европската премиера на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“, режисерското деби на Георги Унковски, настан што го привлече вниманието на претставници на европските институции, дипломати, филмски професионалци,  гости и љубители на седмата уметност.Пред почетокот на проекцијата, пред присутните се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој истакна дека прикажувањето на македонски филм во срцето на Европа претставува значаен успех и силна потврда за квалитетот на домашната кинематографија.Чест ми е што вечерва, овде во срцето на Европа, во Брисел, го одбележуваме  премиерното прикажување на македонскиот игран филм  „Диџеј Ахмет“. По оваа проекција, верувам дека сите ќе почувствуваме колку филмот може истовремено да биде длабоко локален по својата приказна, а сепак универзален по емоцијата и пораката што ја носи“, истакна министерот Љутков.Тој упати искрени пофалби до авторскиот и продуцентскиот тим, нагласувајќи дека филмот претставува уметничко остварување што достоинствено ја претставува државата на европската сцена и е доказ за зрелоста, креативната храброст и меѓународниот потенцијал на македонската кинематографија.Тој додаде дека филмот е резултат и на силна меѓународна соработка и доверба меѓу партнерски институции.  Тоа е потврда дека кога се работи заеднички, може да се создаде вредност што ги надминува границите и говори на јазик разбирлив за сите.Ова не е само уметничко дело, туку резултат на соработка, доверба и заедничка визија. Копродукциските проекти се одлична можност нашите автори и продуценти да станат дел од поширока европска мрежа, да добијат пристап до нови пазари и нова публика и на тој начин малите кинематографии да бидат рамноправен и видлив дел од европскиот аудиовизуелен простор“, рече министерот.По проекцијата се одржа панел-дискусија посветена на улогата и значењето на копродукциите во европскиот аудиовизуелен сектор.Премиерата и панел-дискусијата претставуваат уште една потврда за активното присуство на македонската култура на европската сцена и за континуираната заложба за продлабочување на соработката со европските партнери.

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryhu2k4voo6gk4er5LtNE

Министерот Љутков во Брисел на средба со Нела Рајхл: Фокус на младите, дигитализацијата и развојот на креативните индустрии  

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на посетата на Брисел, денеска оствари работна средба со Нела Рајхл, претседателка на Комитетот за култура и образование при Европскиот парламент.На средбата, Љутков ја истакна цврстата заложба на Министерството за култура и туризам за унапредување на културните политики, со акцент на младите, дигитализацијата и современата промоција на културното наследство, како и на системски развој на креативните индустрии.Министерот ја потенцираше активната вклученост на Македонија во користењето на европските инструменти за помош и програмите за соработка со земјите членки на Европската Унија, вклучително и ТАЕКС (TAIEX) и другите ИПА-инструменти за претпристапна помош. Тој рече дека Министерството за култура и туризам ги имплементира програмите „Креативна Европа – Култура и Медиа“, кои овозможуваат поддршка за копродукции, мобилност на уметници, европски мрежи и градење институционални капацитети, додека Министерството за образование и наука ги спроведува програмите „Хоризонт“ (Horizon) – за истражувања во технологиите за дигитално наследство и „Еразмус +“ (Erasmus+) – насочена кон образовна и младинска мобилност.Љутков нагласи дека Македонија ја препознава сѐ поголемата економска и општествена вредност на креативните индустрии, кои претставуваат стратегиски двигател на економскиот раст, иновациите и меѓународната видливост. Во таа смисла, ќе се интензивира соработката со европските земји кои ги препознаваат културните и креативни индустрии како приоритетен сектор.Според министерот Љутков, акцент е ставен врз дигитализацијата и дигиталната трансформација, особено во заштитата и промоцијата на културното наследство. Тој рече дека како земја со исклучително богато културно наследство, Македонија посветува големо внимание на зачувувањето на јазикот, фолклорот, традиционалните занаети, фестивалите и музиката како континуитет на културниот идентитет.Дополнително, тој информираше дека Министерството за култура неодамна го презеде и секторот туризам во својата институционална структура, со што се отвораат нови стратегиски цели за развој на културниот туризам и за воспоставување рамнотежа меѓу заштитата на наследството и современиот креативен развој.На средбата соговорниците ја потврдија заедничката заложба за понатамошно продлабочување на соработката, со цел унапредување на европските културни политики и зајакнување на улогата на културата во процесите за европска интеграција.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv9jvucvjsfldfQIxqzd

Љутков: „Тодорица“ е мост меѓу генерациите и народите

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Свети Николе го отвори Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ 2026.Во своето обраќање пред присутните Љутков истакна дека оваа  манифестација е значаен симбол на духовната сила, културната меморија и идентитетот на народите.„Фолклорот не е само песна или оро, туку жив јазик на традицијата во кој се втиснати историјата и мудроста на предците“, рече министерот.Тој додаде дека фестивалот претставува мост меѓу генерациите и народите, потенцирајќи дека културната различност не разделува, туку збогатува. Според него, ваквите настани ја зајакнуваат соработката и пријателството и придонесуваат за афирмација на земјата како простор на богато културно наследство.Љутков посочи дека Министерството за култура и туризам ќе продолжи и во иднина да ги поддржува манифестациите што ја негуваат автентичната традиција и ги поттикнуваат младите да ги чуваат своите корени.

Македонија | пред 2 седмици

ljutkov

СКРМ со остра реакција до министерот Љутков: Задоволен е тој од себе, но дали се задоволни работниците во културата?

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) со остро соопштение реагира на изјавите на министерот за култура Зоран Љутков, кој од собраниската говорница изрази задоволство од, како што ја нарече, „победата“ по одлуката на Апелациониот суд во Битола, поврзана со една од судските постапки што ги води СКРМ.Од Синдикатот посочуваат дека, за разлика од министерската интерпретација, судската одлука е јасна и недвосмислена – предметот е вратен на повторно судење, што, како што нагласуваат, е вообичаена судска пракса и не претставува поништување на пресуда во корист на Министерството.СКРМ потсетува дека секогаш постапувал одговорно и информирал јавноста дури по официјален прием на судските одлуки, и иронично констатира дека овојпат министерот очигледно бил побрз од нивната пошта. Воедно, Синдикатот го потсетува Љутков на периодот кога биле донесени првите пресуди во корист на културните работници, кои, според нив, тој ги игнорирал и тогаш тврдeл дека не бил запознаен со нив.„Тие пресуди вешто ги релативизиравте, баравте алиби и тврдевте дека судиите биле партиски наклонети, сведувајќи ги судските одлуки на политичка волја“, наведуваат од СКРМ, прашувајќи реторички дали оваа одлука, која веднаш била јавно истакната од министерот, сега одеднаш е прифатлива затоа што одговара на неговата волја.Синдикатот нагласува дека нема намера да ги игнорира судовите и пресудите, туку напротив – ќе продолжи јавно да ги коментира, бидејќи јавноста има право и обврска да дебатира за општествените процеси, вклучително и за судските одлуки. Од СКРМ додаваат дека е сосема очекувано дел од постапките да продолжат пред Апелациониот и Врховниот суд, а доколку е потребно и пред Судот за човекови права во Стразбур.Членството на СКРМ, како што се наведува, е свесно дека станува збор за долг и исцрпувачки процес, но и уверено дека правдата на крајот ќе биде на нивна страна, по што ќе се бара и јавно и судско утврдување на одговорноста.„Дотогаш, министре, дозволете да Ви честитаме за задоволството што го покажувате. Но од вашата работа треба да бидат задоволни сите вработени во културата, а не само Вие“, порачуваат од Синдикатот.

Македонија | пред 1 месец

ljutkov

Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Пратеникот Реџеп Исмаил, од Левица, на седницата за пратенички прашања се обрати до министерот за култура Зоран Љутков, оценувајќи дека предупредувањата упатени уште во првите сто дена од неговиот мандат, дека ќе стане најлошиот министер за култура во историјата на државата, денес, на половина од мандатот целосно се оствариле.Според Исмаил ваквата оценка не е политичка квалификација, туку емпириски факт, поткрепен со состојбата во културата, кршењето на законите и последиците што веќе се мерат во судски спорови и финансиска штета.Главен проблем според Исмаил е свесното и системско кршење на Колективниот договор за култура. „Колективниот договор е донесен многу пред вашиот мандат, повеќепати беше оспоруван и секогаш потврден како уставен и легитимен. То сѐ уште важи и вие сте должни да го почитувате“, истакна пратеникот и додаде дека со доаѓањето на Љутков на функција започнало намерно саботирање на колективниот договор преку упатство од министерот со кое биле воведени незаконски пресметки на плати.„Со тоа упатство директно го прекршивте Колективниот договор. Ова не е политика, ова е правен факт“, рече Исмаил.Пратеникот посочи дека како резултат на ваквото постапување, во моментов има околу  800 тужби за пресметка на плати низ сите судови во Македонија, а дел од нив веќе се добиени во корист на работниците. „Речиси е извесно дека и останатите тужби ќе имаат ист исход. Прашање е дали сте свесен за штетата што ја нанесовте врз државниот буџет, штета која ќе биде поголема од онаа доколку Колективниот договор се почитуваше“. Опишувајќи ги состојбите во културата Исмаил се осврна и на случајот со Филхармонија кога на средина од конкурсот името на директорот беше јавно соопштено од коалицискиот партнер во Владата, а конкурсот се претворил во фарса.  Дополнително потсети дека во март минатата година над 3.000 работници во културата останаа без плата, што, како што нагласи е директна последица на неспособното и неодговорно раководење со Министерството за култура. Укажа и на фактот дека во два последователни буџетски циклуси се намалуваат средствата за култура, додека истовремено значително расте буџетот за НАТО.На крај, Исмаил своето обраќање го заврши со прашањето: „После сето ова останува само едно прашање – кога планирате да си поднесете оставка?“.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања