Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Јас нема да попуштам на притисок, ќе одам до крај во оваа работа, им порача министерот Љутков на колегите кои бараат кривично да одговара

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library95ev74pnn0fnfD7sPyp

Министерот за култура Зоран Љутков на денешната прес-конференција изјави дека Министерството во повеќе наврати побарало дијалог со Синдикатот на културата, но дека разговорите завршиле без договор. Тој посочи дека биле одржани два состанока со претставниците на синдикатот, при што, според него, наместо разговор за унапредување на правата на културните работници и нов колективен договор, се инсистирало Министерството да признае грешка во пресметката на платите, прашање кое во моментов се разгледува на суд.

Овдека го имам документот, којшто им е даден. И во тој документ стои дека ова решение е возможно. Но, како и сè друго, се разбира дека можеле да се надминат проблемите. Како и сè друго, синдикатот за култура на Република Македонија не преговара со институцијата Министерство за култура. Пред малку го слушнав и пресот каде што таа изјави дека никогаш не било побарано од страна на Министерството за култура да се оствари дијалог. Еве, ги имам преписките овде и сите барања. Овдека не гледам дека имаше и еден новинар којшто беше присутен како лично, значи како лично, пред него се јавувам на претседателката и барам да се сретнеме на дијалог, а тоа беше на прес-конференцијата претходната година на Охридско лето во Охрид, и каде што се договоривме дека ќе продолжиме со дијалог. Потоа, следеше, еве го документот каде што го барам, потоа следеше и мејл којшто беше испратен до СКРМ и одржавме два состаноци коишто беа неуспешни. Значи, не отворивме дијалог за унапредувањето на правата на културните работници, да го отвориме колективниот договор. Туку се инсистираше ние да признаеме грешка во пресметките на платите, вели Љутков.

— реклама —
— реклама —

Тој изјави дека тие се на суд за пресметките на платите, и сè додека не заврши процесот на судење, нема да коментира судски пресуди.

— реклама —

Додека трае целиот процес, ние можеме да продолжиме со дијалогот, да разговараме за другите проблеми. Бидејќи овој колективен договор е истечен веќе неколку години. Ние мораме да преговараме, да се унапредат правата и на другите. Не само како што си ги напишале правата на одредена група на луѓе. Каде се правата на актерите? На балетаните? Каде е бенефицираниот стаж? Зошто не е ставен во колективниот договор за балетските играчи? Зошто теренски додатоци не се обезбедени за актерите, за музичарите? Зошто само за одредена група? За тоа треба да разговараме. Да ги отвориме работите внатре, а не да се гледа тесниот интерес внатре во синдикатот и да се делува политички и да се врши притисок врз судии. Бидејќи, како што знаете, тие судските пресуди ги добиваат 10-15 дена пред да бидат донесени. Од каде ги добиваат тие судски пресуди? Така да, дијалог постоеше од наша страна. Побаравме, одржавме два состаноци. Но, не најдовме заедничко решение. Како што не најдовме заедничко решение, уште на самиот почеток, бидејќи тие доаѓаат во кабинетот кај мене со ултиматум. Јас под притисок и со ултиматум не функционирам. Ако претходен министер во 2023 година потпаднал врз такво влијание и донел погрешно решение и паднал под притисок од која причина, не знам, јас тоа нема да го направам. И ќе одам до крај во оваа работа“, изјави Љутков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu96bdehsife84a2EmxC

„Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност“, вели Љутков

Македонија | пред 1 седмица

media-librarylss1vn2hl1u742GwoMt

Љутков: Две години системски реформи – културата и туризмот повторно станаа државен приоритет

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryqbcqcnim3aqb3HDGtjn

Љутков и Перински од Струмица: Нов проект ќе ги поврзе Банско, Дојран и Килкис во туристичка рута

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryb9t5h2gdev038zZXJfG

„Македонскиот јазик е поважен од личните пресметки“: Љутков со остар одговор до Груевска-Маџоска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања