Зоран Љутков, кој неодамна беше разрешен од функцијата министер за култура и туризам, доби нова функција во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Љутков е назначен за национален координатор за култура, со што наместо да се врати на актерската работа во својот матичен Драмски театар, продолжува со ангажман во државната администрација.
На негово место како министер за култура и туризам, во рамки на владината реконструкција, беше избран Седат Сулејмани, кој претходно ја извршуваше функцијата заменик-министер.